рак – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 06 Sep 2023 06:59:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рак – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стапката на рак кај младите во пораст од 79 отсто за изминатите 30 години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stapkata-na-rak-kaj-mladite-vo-porast-od-79-otsto-za-izminatite-30-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stapkata-na-rak-kaj-mladite-vo-porast-od-79-otsto-za-izminatite-30-godini/#respond Wed, 06 Sep 2023 06:59:44 +0000 https://kurir.mk/?p=875041

Случаите на рак кај младите луѓе ширум светот пораснале за 79 отсто, меѓу 1990. и 2019 година, предупредуваат новите истражувања. Научниците го проучувале зголемувањето на стапките за оние на возраст под 50 години. Северна Америка, Австралија, Азија и Западна Европа се подрачјата со највисоки стапки на рак во рана возраст. Според истражувачите, иако генетиката веројатно придонесува за порастот - и пушењето, пиењето алкохол и исхраната богата со месо и сол, но со малку овошје и млеко, се главните фактори на ризик. Утврдено е дека прекумерната тежина, ниската физичка активност и високиот шеќер во крвта имале улога во тоа покачување на бројките кај младите лица. Научниот труд е објавен во списанието „БМЈ онколоџи“ (BMJ Oncology). Ракот на дојка го сочинува најголемиот дел од случаите - 13,7 на секои 100.000 луѓе. Случаите на рак на душникот и на простата, пак, растат најбрзо со 2,28 насто и 2,23 насто годишно, соодветно. А пак, случаите на рак на црниот дроб се во пад, во просек за 2,88 отсто. Раководителката на истражувањето, д-р Ксуе Ли од Центарот за глобално здравје на Институтот „Ашер“ при Универзитетот во Единбург во Шкотска, смета дека ракот во рана возраст покажува „нагорна линија“ за последниве 30 години, но дека „вкупната стапка на инциденца е стабилна“ од 2010 до 2019 година. Добротворната организација „Кансер рисрч УК“ (Cancer Research UK) потврди дека напредокот во згрижувањето на болни ракот помогнал да се спасат најмалку 1,2 милиони животи во Обединетото Кралство од 1980-тите до денес. Д-р Клер Најт смета дека ракот останува „првенствено болест на постарите лица“, но и оти, сепак, наодите од новото истражување се алармантни. - Потребни се повеќе испитувања за причините за рак на рана возраст, за одредени видови канцер, како што е и нашето истражување коешто разгледува нови начини за идентификување поголема опасност од рак на дојка кај помладите жени, додаде д-р Најт. Таа препорачува урамнотежена исхрана, непушење, многу вежбање и безбедно, умерено изложување на сонце.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stapkata-na-rak-kaj-mladite-vo-porast-od-79-otsto-za-izminatite-30-godini/feed/ 0
Англиските пациенти први во светот со пристап до „седумминутна инјекција“ за лекување рак https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/angliskite-patsienti-prvi-vo-svetot-so-pristap-do-sedumminutna-injektsija-za-lekuvane-rak/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/angliskite-patsienti-prvi-vo-svetot-so-pristap-do-sedumminutna-injektsija-za-lekuvane-rak/#respond Wed, 30 Aug 2023 08:59:33 +0000 https://kurir.mk/?p=872390

Британската Национална здравствена служба (НХС) ќе биде првата во светот што на стотици пациенти во Англија ќе им понуди „седумминутна инјекција“ за лекување рак. - Ова прво воведување на овој третман во светот ќе значи дека стотици пациенти ќе можат да минуваат помалку време в болница и заштедување драгоцено време во единиците за хемотерапија на НХС. Одржувањето најдобар можен квалитет на живот за пациентите со рак е од витално значење, така што воведувањето побрзи инјекции ќе направи значителна разлика, изјави Питер Џонсон, директор на Одделот за рак на НХС за Англија. По одобрението од Регулаторната агенција за лекови и здравствени производи (МХРА), НХС за Англија соопшти дека стотици пациенти кои ги исполнуваат условите за имунотерапија ќе ја добиваат инјекцијата секоја година. Според наводите, времето на лекување на некои пациенти кои имаат рак ќе се скрати до три четвртини. Многумина од нив сега ќе примаат терапија со новата инјекција, наместо интравенската што трае 30 до 60 минути.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/angliskite-patsienti-prvi-vo-svetot-so-pristap-do-sedumminutna-injektsija-za-lekuvane-rak/feed/ 0
Израелските научници открија потенцијален биомаркер кој може да доведе до напредок во лекувањето на ракот на белите дробови https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/izraelskite-nauchnitsi-otkrija-potentsijalen-biomarker-koj-mozhe-da-dovede-do-napredok-vo-lekuvaneto-na-rakot-na-belite-drobovi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/izraelskite-nauchnitsi-otkrija-potentsijalen-biomarker-koj-mozhe-da-dovede-do-napredok-vo-lekuvaneto-na-rakot-na-belite-drobovi/#respond Thu, 10 Aug 2023 15:30:40 +0000 https://kurir.mk/?p=865563

Израелските научници открија потенцијален биомаркер кој може да доведе до напредок во лекувањето на ракот на белите дробови. Резултатите од студијата на Институтот за наука Вајсман водат до воведување на нов метод на персонализирана медицина што може да доведе до терапија без рецидиви кај некои пациенти со рак на белите дробови. Вообичаени методи за лекување на рак на белите дробови вклучуваат операција за отстранување на тумори или делови од белите дробови, терапија со зрачење, хемотерапија и имунотерапија, кои негативно влијаат на телото. Поновите лекови имаат различни степени на ефикасност, но долгорочниот успех е неостварлив бидејќи канцерогените тумори развиваат секундарни мутации. Иако повеќето случаи на рак на белите дробови се должат на пушењето, следната најважна причина, која ги погодува непушачите, се карактеризира со мутации во генот наречен ЕГФР. Студијата, предводена од професор Јосеф Јарден од Одделот за имунологија и регенеративна биологија на Институтот Вајсман, се фокусира на генот ЕГФР, кој може да им овозможи на лекарите да ги идентификуваат пациентите со рак на белите дробови како соодветни кандидати за третман со лек врз основа на антитела. Овој лек потенцијално може да предизвика целосна ремисија без ризик од рецидиви. Научниците бараат биомаркер кој може да го предвиди одговорот на пациентите врз основа на нивните ЕГФР-мутации. Нивното внимание е фокусирано на мутацијата Л858Р, која влијае на приближно 40 проценти од пациентите со ЕГФР-мутации кај ракот на белите дробови. За да го тестираат овој концепт, научниците користеле лек со антитела наречен Цетуксимаб (Ербитукс), кој го спречува спарувањето на рецепторите. Туморите се тестирани со мутацијата Л858Р и тие регресира и не се повторија дури и по подолг временски период. Научниците сега се подготвуваат за клинички испитувања за да ја потврдат ефикасноста на третманот кај луѓето, користејќи го постоечкото одобрение за Цетуксимаб за други видови на рак. Ова откритие може да ги промени клиничките практики и да им даде надеж на пациентите со рак на белите дробови кои ја имаат соодветната мутација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/izraelskite-nauchnitsi-otkrija-potentsijalen-biomarker-koj-mozhe-da-dovede-do-napredok-vo-lekuvaneto-na-rakot-na-belite-drobovi/feed/ 0
ИЗВОНРЕДНА ВЕСТ: „Таблетки за уништување на ракот“ почнаа да се тестираат на луѓе- УСПЕШНИ СЕ! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/izvonredna-vest-tabletki-za-unishtuvane-na-rakot-pochnaa-da-se-testiraat-na-luge-uspeshni-se/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/izvonredna-vest-tabletki-za-unishtuvane-na-rakot-pochnaa-da-se-testiraat-na-luge-uspeshni-se/#respond Wed, 02 Aug 2023 13:04:36 +0000 https://kurir.mk/?p=862603

Американски научници развиле лек во форма на таблетка, кој при претклиничките тестови ги уништил сите цврсти видови на рак и ги оставил здравите клетки непроменети, пренесува германската новинска агенција ДПА. Научниците од „Сити на Хоуп“, една од најголемите американски организации за истражување и третман на ракот, објавија студија во која се детално опишани првите резултати од тестирањето „таблетки за уништување на ракот“ AOH1996. Лекот ја таргетира канцерогената варијанта на размножувачки клеточен нуклеарен антиген (PCNA) - протеин кој во својата мутирана форма, е „клучен во репликација на ДНК и поправка на сите тумори кои се шират“, соопштија од организацијата. -Нашата табелтка за убивање рак е како снежна бура која затвора клучен центар на авиокомпании, затворајќи ги сите дојдовни и појдовни летови само во авионите кои ги превезуваат клетките на ракот. Професорката ги нарече резултатите ветувачки и рече дека истражувањето покажало дека AOH1996 може да го сузбие растот на туморот во клеточните и животинските модели, а првата фаза од клиничките испитувања на луѓе е во тек. Таблетката се покажала како ефикасна во третманот на клетките кои потекнуваат од ракот на дојката, простата, мозокот, јајниците, грлото на матката, кожата и белите дробови. Тестиран е на повеќе од 70 клеточни линии на рак и е откриено дека селективно ги убива канцерогените клетки со нарушување на нормалниот репродуктивен циклус на клетките, според истражувачкиот центар. Студијата е објавена во списанието „Cell Chemical Biology“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/izvonredna-vest-tabletki-za-unishtuvane-na-rakot-pochnaa-da-se-testiraat-na-luge-uspeshni-se/feed/ 0
ГИ МОЛЕШЕ ДОКТОРИТЕ ДА НЕ УМРЕ ОД РАК: Лепа Брена итно оперирана откако и било соопштено дека има мутиран ген! https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/gi-moleshe-doktorite-da-ne-umre-od-rak-lepa-brena-itno-operirana-otkako-i-bilo-soopshteno-deka-ima-mutiran-gen/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/gi-moleshe-doktorite-da-ne-umre-od-rak-lepa-brena-itno-operirana-otkako-i-bilo-soopshteno-deka-ima-mutiran-gen/#respond Tue, 11 Jul 2023 16:13:19 +0000 https://kurir.mk/?p=855486

Пејачката Лепа Брена не сака да ги открива приватните проблеми, но открила дека се соочила со здраствен проблем, поради кој морала да оди на итна операција. Имено, Брена признала низ што морала да помине. „Имав сериозна операција на циста на јајникот во 2010 година. Мојот доктор Саша Љубиќ ми кажа да го направам тој познат БРЦ тест, кој покажа дека имам мутиран ген и големи шанси да добијам рак на дојката. Тумор маркерот ми беше доста зголемен и итно заминав на операција на циста на јајникот“ – рекла пејачката пред неколку години. „Едно два дена не можев да го кажам мојот број на телефон, бидејќи бев во шок. Имав таков страв дека нема да ги изнесам децата на пат, дека сешто може да се случи. Ужасни слики ми поминуваа низ глава. Сепак, најдобро е да ги прифатите тешките моменти на време и да знаете како да се борите со нив и да не бегате од проблемот“ – рекла Брена, која во тој момент подготвувала два солистички проблеми, но молчела за ова за да не ги вознемири луѓето кои работеле со неа. Сепак, со пријателите и семејството споделила се она што ја мачело, а болеста на Лепа Брена ги вознемирило и нив.
„Таа плачеше секој ден. Го молеле докторот да ја спаси, му велеше дека не сака да умре од рак… Низ глава и поминуваа разни мисли. Ние ја тешевме колку можевме“ – изјавила нејзина блиска пријателка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/gi-moleshe-doktorite-da-ne-umre-od-rak-lepa-brena-itno-operirana-otkako-i-bilo-soopshteno-deka-ima-mutiran-gen/feed/ 0
Еден од најчесто користените вештачки засладувачи ќе биде прогласен за можен причинител на рак https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eden-od-najchesto-koristenite-veshtachki-zasladuvachi-ke-bide-proglasen-za-mozhen-prichinitel-na-rak/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eden-od-najchesto-koristenite-veshtachki-zasladuvachi-ke-bide-proglasen-za-mozhen-prichinitel-na-rak/#respond Thu, 29 Jun 2023 08:54:31 +0000 https://kurir.mk/?p=850731

Светска здравствена организација следниот месец ќе го прогласи еден од најчестите вештачки засладувачи во светот за можен причинител за рак, јавија светските агенции, повикувајќи се на два извори запознаени со процесот. Аспартамот, кој се користи во низа производи од диетални газирани пијалоци на Кока-Кола до гуми за џвакање на Марс и некои пијалоци Снејпл, ќе биде опишан за прв пат во јули како „можен канцероген за луѓе“ од Меѓународната агенција за истражување на ракот (IARC), одделот за истражување на ракот на Светската здравствена организација (СЗО), велат изворите. Меѓународната агенција за истражување на ракот, чиј заклучок беше финализиран претходно овој месец по состанокот на надворешните експерти на групата, има за цел да процени дали нешто е потенцијална опасност или не врз основа на сите објавени докази. Таа не се занимава со тоа која количина од производот едно лице може безбедно да ја консумира. Таквата препорака е дадена од друг стручен одбор на СЗО за адитиви во прехранбените производи, познат како JECFA (Заеднички експертски одбор на СЗО и Организација за храна и земјоделство за адитиви во прехранбените производи) и национални регулатори. Слични заклучоци на Меѓународната агенција за истражување на ракот во минатото, за различни супстанции, предизвикаа загриженост кај потрошувачите во поглед на нивното конзумирање, доведоа до тужби и извршија притисок врз производителите да ги преиспитаат рецептите и да ги заменат со алтернативи. Ова доведе до критики дека проценките на Меѓународната агенција за истражување на ракот може да ја збунат јавноста. Стручниот одбор на СЗО за адитиви во прехранбените производи исто така ја разгледува употребата на аспартам оваа година. Неговиот состанок започна на крајот на јуни, а неговите наоди треба да бидат објавени истиот ден кога Меѓународната агенција за истражување на ракот го објави својот заклучок односно на 14 јули.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eden-od-najchesto-koristenite-veshtachki-zasladuvachi-ke-bide-proglasen-za-mozhen-prichinitel-na-rak/feed/ 0
Болка при легнување- можен признак за рак https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/bolka-pri-legnuvane-mozhen-priznak-za-rak/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/bolka-pri-legnuvane-mozhen-priznak-za-rak/#respond Fri, 16 Jun 2023 08:35:20 +0000 https://kurir.mk/?p=846408

Постојат разни симптоми кои се помалку познати, а нивното рано препознавање може да помогне во навремено откривање сериозни здравствени проблеми. Советот на британскиот стручњак, д-р Дебора Ли, гласи - посетување лекар ако таа болка трае повеќе од 20 дена. Болката е предизвикана од притисокот на туморот врз коските, нервите или некои други делови на телото. Исто така, болката може да биде различна, а зависи од тоа каде се наоѓа туморот и во која фаза е тоа. - Ако почувствувате болка во Вашето тело кога се обидувате да заспиете, постои можна опасност да имате некој вид рак. Болката се појавува навечер при легнување и тоа е еден од најчестите симптоми на рак... Ноќе може да има многу поголема непријатност бидејќи тогаш ракот расте побрзо. Кога ќе легнете, тој ја менува распределбата на тежината на туморот и околните ткива, што често предизвикува болка, појаснува, д-р Ли. Таа додава дека оваа болка не мора да значи дека човекот има рак, па се препорачува и проверка на други симптоми, како што се губење тежина и апетит, слабост и исцрпеност, гадење и повраќање и висока температура.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/bolka-pri-legnuvane-mozhen-priznak-za-rak/feed/ 0
Студија: Лек за рак на белите дробови го намалува ризикот од смрт за 50 отсто https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/studija-lek-za-rak-na-belite-drobovi-go-namaluva-rizikot-od-smrt-za-50-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/studija-lek-za-rak-na-belite-drobovi-go-namaluva-rizikot-od-smrt-za-50-otsto/#respond Sun, 04 Jun 2023 13:57:24 +0000 https://kurir.mk/?p=841947

Употребата на лекот Осимертиниб по операција го намалува ризикот од смрт кај пациенти со рак на белите дробови за 51 отсто. „Пред 30 години не можевме да направиме ништо за такви пациенти. Сега го имаме овој моќен лек“, рече Рој Хербст, заменик директор на Центарот за лекување рак на Јеил и главен автор на студијата за ефектите на Осимертиниб, објави Гардијан. Тој изјави дека бројката од 50 проценти е голема работа, особено во случајот со ракот на белите дробови, кој е многу отпорен на терапии. Говорејќи на Светската конференција за рак на белите дробови во Чикаго, Хербст рече дека „возбудливите резултати“ додадоа уште поголема тежина на претходните наоди кои покажаа дека лекот може да го намали ризикот од враќање на болеста на половина. Тој посочи дека некои пациенти во Велика Британија, САД и други земји веќе имаат пристап до лекот. Во извештајот на Астра Зенека, што го произведува лекот Осимертиниб, се вели дека лекот покажал невидена и многу значајна корист во однос на преживувањето на пациентите. Се додава дека по пет години, 88 отсто од пациентите кои земале дневно апче се уште се живи по отстранувањето на туморот. Ракот на белите дробови е најсмртоносниот рак, годишно убива речиси два милиона луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/studija-lek-za-rak-na-belite-drobovi-go-namaluva-rizikot-od-smrt-za-50-otsto/feed/ 0
Шефот на ChatGPT пред Конгресот: Вештачката интелигенција носи големи ризици, но и потенцијал да најде лек за ракот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-chatgpt-pred-kongresot-veshtachkata-inteligentsija-nosi-golemi-rizitsi-no-i-potentsijal-da-najde-lek-za-rakot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-chatgpt-pred-kongresot-veshtachkata-inteligentsija-nosi-golemi-rizitsi-no-i-potentsijal-da-najde-lek-za-rakot/#respond Tue, 16 May 2023 19:23:09 +0000 https://kurir.mk/?p=834974

Претседателот на компанијата што го разви софтверот за вештачка интелигенција ChatGPT Сем Алтман на денешното сослушување пред американскиот Конгрес изјави дека владината интервенција е клучна за да се ублажат ризиците од производството на сè помоќните системи со вештачка интелигенција (ВИ) од новата генерација. „Како што напредува оваа технологија, сфаќаме дека луѓето се загрижени за тоа како таа би можела да го промени животот. И ние сме загрижени“, рече Алтман. За време на својот говор, покрај потенцијалните закани, тој изјави дека „вештачката интелигенција има потенцијал да најде лек за ракот“, пренесе Би-Би-Си. „Работиме на изградба на алатки кои еден ден може да ни помогнат да направиме нови откритија и да се справиме со некои од најголемите предизвици во светот како климатските промени и лекувањето на ракот“, рече Алтман. ChatGPT брзо стана глобален успех од неговото лансирање во ноември, а конкурентските компании, вклучително и Гугл се тркаат за објавување на сопствени верзии на чет-ботови со вештачка интелигенција. Милиони корисници ја користат оваа алатка, која по дадена сугестија може да компонира песна, да напише текстови од секаков вид, од писма, рецепти до маркетинг стратегии за рекламирање и училишни и студентски задачи и семинари. ChatGPT има пристап до огромна база на податоци на онлајн текстови, од упатства за употреба до учебници и дигитализирани книги. Сепак, овој софтвер за вештачка интелигенција овозможува мамење на домашните задачи, па неговата појава предизвика загриженост во училишниот систем, што способноста на поновите генерации на оваа алатка да измамат, да шират невистини и да ја нарушат заштитата на авторските права само дополнително го подгрева. Иако нема непосредни знаци дека Конгресот ќе донесе нови правила за вештачка интелигенција, како што тоа го прават европските законодавци, загриженоста на општеството го донесе Алтман во Белата куќа. Демократскиот сенатор Ричард Блументал, кој претседава со поткомитетот на Сенатската правосудна комисија за приватност, технологија и закон, го отвори сослушувањето со емитување на снимен говор што го направи ChatGPT клонирајќи го гласот на сенаторот. „Што ако дадов поддршка за тоа Украина да се предаде на рускиот претседател Владимир Путин“, рече Блументал, објаснувајќи дека клонираниот глас на функционер може да се користи на овој начин. Главната службеничка за приватност и доверба Кристина Монтгомери побара од Конгресот да заземе пристап на „прецизна регулација“ во своето обраќање. „Ова значи воспоставување правила кои ќе ја регулираат примената на вештачката интелигенција во одредени случаи на употреба, наместо да ја регулираат самата технологија“, рече таа. Почесниот професор Гери Маркус пред почетокот на сослушувањето истакна дека човештвото создало машини кои се како „слонови во продавница за порцелан“ и дека никој не може да гарантира дека се безбедни, наведува Би-Би-Си. „Бевме премногу бавни да реагираме кога се појавија социјалните платформи, а изборот што го правиме сега ќе има трајни последици“, потенцираше тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-chatgpt-pred-kongresot-veshtachkata-inteligentsija-nosi-golemi-rizitsi-no-i-potentsijal-da-najde-lek-za-rakot/feed/ 0
Вишокот килограми носи опасност од рак на бубрезите и на дебелото црево https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vishokot-kilogrami-nosi-opasnost-od-rak-na-bubrezite-i-na-debeloto-tsrevo/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vishokot-kilogrami-nosi-opasnost-od-rak-na-bubrezite-i-na-debeloto-tsrevo/#respond Mon, 15 May 2023 14:47:57 +0000 https://kurir.mk/?p=834408

Лицата со прекумерна тежина се соочуваат со зголемена можност од рак - дури и кога се чини оти се медицински здрави, посочува истражување на Универзитетот Лунд во Малме, Шведска. Истражувачите проучувале здравствени податоци на речиси 800.000 жители на Европа. Така, откриено е дека најзагрозени се обезните луѓе со метаболички компликации. Нормалниот крвен притисок, холестерол и ниво на шеќер во крвта не се гаранција за оние кои имаат прекумерна тежина, велат наводите. „Овие наоди се дополнителен доказ против тоа дека луѓето може да бидат дебели, но фит“, нагласуваат стручњаците. Авторот на испитувањата, д-р Минг Сан смета дека многу случаи на рак веројатно би можеле да се спречат со таргетирање на коегзистенција на метаболичките проблеми и прекумерната тежина. Метаболички здрави мажи со прекумерна тежина имале 67 отсто поголема опасност од рак на бубрезите и 42 насто поголема опасност од рак на дебелото црево. Сепак, поврзаноста со ракот на панкреасот и ракот на ректумот нема таква статистички значајност, според истражувачите. Вишокот килограми го зголемуваат ризикот од рак на крвта, наречен мултипен миелом, за 50 отсто. Сепак, изненадувачки е тоа што ниту метаболички здрави, ни нездрави обезни мажи тука не биле посклони кон овој вид рак, од врсниците со нормална тежина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vishokot-kilogrami-nosi-opasnost-od-rak-na-bubrezite-i-na-debeloto-tsrevo/feed/ 0