ракетен напад – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 15 Oct 2023 11:19:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ракетен напад – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сирени за можен ракетен напад се огласија во Галилеја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sireni-za-mozhen-raketen-napad-se-oglasija-vo-galileja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sireni-za-mozhen-raketen-napad-se-oglasija-vo-galileja/#respond Sun, 15 Oct 2023 11:19:00 +0000 https://kurir.mk/?p=889020

По мирната ноќ низ Израел, во раните утрински часови се огласија сирените за можен ракетен напад врз градот Галилеја, јавуваат израелските медиуми. Израелските одбранбени сили соопштија дека се огласиле сирени за предупредување за ракетен напад во заедницата Сде Елиезер, во пошироката област Галилеја, додека израелскиот систем за воздушна одбрана „Железна купола“ лансирал проектил откако открил „сомнителна цел“, наведува „Тајмс оф Израел“. Сирените беа активирани по неколку часа без предупредување, но во услови на широко распространети стравувања дека либанската шиитска, проиранска организација Хезболах би можела да се приклучи на конфликтот меѓу Израел и Хамас еден ден откако минофрлачки гранати беа истрелани од Либан и ракети од Сирија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sireni-za-mozhen-raketen-napad-se-oglasija-vo-galileja/feed/ 0
Една жена загина при ракетен напад врз Израел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edna-zhena-zagina-pri-raketen-napad-vrz-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edna-zhena-zagina-pri-raketen-napad-vrz-izrael/#respond Sat, 07 Oct 2023 08:46:41 +0000 https://kurir.mk/?p=886303

Десетици ракети утрово се истрелани од Појасот Газа кон Израел, при што загина една жена. Во нападот повредени се две лица. Одговорноста за нападот ја презеде палестинската милитантна исламистичка група Хамас. Воениот командант на Хамас Мухамед Ал-Деиф изјави дека цел на нападот биле непријателски позиции, аеродроми и воени позиции, тој тврди дека се истрелани 5.000 ракети. Во првичниот извештај на израелските одбранбени сили (ИДФ) се наведува дека голем број терористи се инфилтрирале на израелска територија во Појасот Газа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edna-zhena-zagina-pri-raketen-napad-vrz-izrael/feed/ 0
Најмалку 49 загинати во руски ракетен напад врз продавница за храна во областа Харков https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-49-zaginati-vo-ruski-raketen-napad-vrz-prodavnitsa-za-hrana-vo-oblasta-harkov/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-49-zaginati-vo-ruski-raketen-napad-vrz-prodavnitsa-za-hrana-vo-oblasta-harkov/#respond Thu, 05 Oct 2023 14:50:41 +0000 https://kurir.mk/?p=885663

Најмалку 49 лица загинаа денеска во руски ракетен напад врз продавница за храна во областа Харков, североисточна Украина, јави УНИАН, цитирајќи го шефот на регионалната воена администрација Олег Синегубов. Тој истакна дека меѓу убиените во нападот, што се случи околу 13.15 часот по локално време во селото Гроза, округот Купјан, има и шестгодишно момче. „Нападнати се продавница и кафуле“, изјави Синегубов. Пред војната селото Гроза имало околу 500 жители. Непосредно пред тоа, украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека најмалку 47 лица се убиени во руски ракетен напад врз продавница во североисточниот регион Харков, објави украинската државна новинска агенција Укринформ. „Нападот е извршен во областа Купјан“, напиша Зеленски на Телеграм. Нападот се случи додека украинскиот претседател е во Гранада, Шпанија, на состанок на Европската политичка заедница. „Демонстративно брутално руско злосторство - ракетен напад врз обична продавница за храна, целосно намерен терористички чин“, рече Зеленски. Тој нагласи дека „рускиот терор мора да се запре“. „Секој лидер и секоја земја што не поддржува го штити животот“, додаде украинскиот претседател. Тој рече дека разговарал со европските лидери, конкретно за зајакнување на воздушната одбрана на Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-49-zaginati-vo-ruski-raketen-napad-vrz-prodavnitsa-za-hrana-vo-oblasta-harkov/feed/ 0
Најмалку двајца загинати во руски ракетен напад врз станбена зграда во Краматорск https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-dvajtsa-zaginati-vo-ruski-raketen-napad-vrz-stanbena-zgrada-vo-kramatorsk/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-dvajtsa-zaginati-vo-ruski-raketen-napad-vrz-stanbena-zgrada-vo-kramatorsk/#respond Thu, 02 Feb 2023 06:43:44 +0000 https://kurir.mk/?p=794934

Руска ракета доцна синоќа уништи станбена зграда во источниот украински град Краматорск, а во нападот загинаа најмалку две лица, додека седум се повредени, изјави регионалниот гувернер Павло Кириленко. „Спасувачите, полицијата и комуналните служби работат на местото на нападот за да ги проверат урнатините на уништената зграда. Веројатно се уште има луѓе под неа“, напиша Кириленко на Телеграм. Во руски ракетан напшад минатиот месец , исто така, врз станбена зграда во источниот град Дњепар загинаа најмалку 44 лица „Ова не е повторување на минатото, тоа е секојдневната реалност на нашата земја - земја со апсолутно зло на своите граници“, напиша претседателот Володимир Зеленски на Телеграм. Во посебен твит, Зеленски напиша дека „единствениот начин да се запре рускиот тероризам е да се победи – со тенкови, борбени авиони, проектили со долг дострел“. Украина, која минатата недела обезбеди ветувања за борбени тенкови, сака нејзините сојузници да ја снабдуваат со авиони ловци и проектили. Кириленко објави слика на која се гледа четирикатница која претрпела големи оштетувања. Украина ги обвинува руските сили за неселективно гранатирање на цивилната инфраструктура, обвинение што Москва рутински го негира.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-dvajtsa-zaginati-vo-ruski-raketen-napad-vrz-stanbena-zgrada-vo-kramatorsk/feed/ 0
Единаесет загинати и 11 повредени во ракетниот напад во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edinaeset-zaginati-i-11-povredeni-vo-raketniot-napad-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edinaeset-zaginati-i-11-povredeni-vo-raketniot-napad-vo-ukraina/#respond Thu, 26 Jan 2023 15:33:25 +0000 https://kurir.mk/?p=792401

Единаесет лица загинаа, а 11 други се ранети денеска во големиот руски ракетен напад врз Украина, што се случи еден ден откако Германија и САД се договорија да испратат тенкови во Украина, соопштија украинските власти. Врховниот командант на украинската армија, генерал Валериј Жалузни изјави дека украинската противвоздушна одбрана соборила 47 од 55 руски проектили, а портпаролот на службата за вонредни ситуации Олександр Хорунџи на јавната телевизија ги кажа бројките на загинатите и повредените. Според него, во Киев е убиен 55-годишен маж, а властите во Запорожје соопштија дека во руските напади загинале три лица. Жалузни, пак, рече дека само над Киев биле соборени 20 руски проектили.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edinaeset-zaginati-i-11-povredeni-vo-raketniot-napad-vo-ukraina/feed/ 0
Русија извршила најмалку 60 ракетни напади, тврдат украинските власти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-izvrshila-najmalku-60-raketni-napadi-tvrdat-ukrainskite-vlasti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-izvrshila-najmalku-60-raketni-napadi-tvrdat-ukrainskite-vlasti/#respond Fri, 16 Dec 2022 12:08:33 +0000 https://kurir.mk/?p=776594

Руските сили денеска извршиле најмалку 60 ракетни напади ширум Украина, а експлозии одекнале во најмалку четири градови, јавија украинските власти. Најмалку две лица загинале кога е погоден станбен објект во централна Украина, додека двата најголеми градови Киев и Харков останале без струја и вода. Локалните власти и социјалните мрежи јавија дека се слушнале експлозии во Киев, во јужниот град Кривји Рих, југоисточно Запорожје и североисточен Харков. Тревога за воздушни напади имало ширум земјата предупредувајќи на нов бран руски напади, како тие кои се спроведувале повремено од средината на октомври. Портпаролот на украинското воено воздухопловство Јуриј Инхат изјави дека се истрелани повеќе од 60 проектили, но не даде информации за тоа колку ракети украинската армија успеала да ги пресретне.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-izvrshila-najmalku-60-raketni-napadi-tvrdat-ukrainskite-vlasti/feed/ 0
Две лица загинаа, пет се ранети во ракетен напад во родниот град на Зеленски https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dve-lica-zaginaa-pet-se-raneti-vo-raketen-napad-vo-rodniot-grad-na-zelenski/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dve-lica-zaginaa-pet-se-raneti-vo-raketen-napad-vo-rodniot-grad-na-zelenski/#respond Fri, 16 Dec 2022 10:15:41 +0000 https://kurir.mk/?p=776516

Две лица загинаа, а пет се ранети  утринава во руски ракетен напад врз градот Кривји Рих, во централна Украина, соопшти Валентин Резниченко, шеф на воената регионална управа на областа Дњепропетровск. Меѓу повредените има и две деца, кои се хоспитализирани. Претходно денеска заменик шефот на кабинет на украинскиот претседател Кирило Тимошенко изјави дека во Кривји Рих, родниот град на претседателот, била погодена станбена зграда и дека под урнатините може да има жртви. Масовните ракетни напади од  утринава врз повеќе градови и региони низ Украина се последни во серијата што руските сили ја почнаа уште во октомври со цел да ја уништат украинската електрична мрежа и инфраструктура. Ваквите напади предизвикаа низа прекини во снабдувањето со струја, вода и парно, што е особено опасно за цивилното население во студените зимски месеци.  (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dve-lica-zaginaa-pet-se-raneti-vo-raketen-napad-vo-rodniot-grad-na-zelenski/feed/ 0
ВИДЕО: Масовен ракетен напад утринава во Украина- нападната клучна инфраструктура во Харков, Киев, Одеса https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-masoven-raketen-napad-utrinava-vo-ukraina-napadnata-kluchna-infrastruktura-vo-harkov-kiev-odesa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-masoven-raketen-napad-utrinava-vo-ukraina-napadnata-kluchna-infrastruktura-vo-harkov-kiev-odesa/#respond Fri, 16 Dec 2022 08:24:16 +0000 https://kurir.mk/?p=776406

Русија утринава изврши уште еден масовен ракетен напад врз Украина, соопштија украинските власти. Експлозии се слушнаа во источниот град Харков, а локалните власти соопштија дека е погодена клучна инфраструктура во градот. Официјални лица во црноморскиот регион Одеса, исто така, наведуваат дека руски ракети погодиле критична инфраструктура. Британските медиуми објавуваат дека силни експлозии се слушнале и во главниот град Киев, иако не е јасно дали се работи за противвоздушната одбрана или проектили што ја пробиле одбраната и ги погодиле наменетите цели. Засега нема информации за можни жртви, исто како што нема детали за инфраструктурата што е зафатена. Поради денешните ракетни напади гувернерот на северниот регион Шуми соопшти дека дошло до прекин на електричната енергија.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-masoven-raketen-napad-utrinava-vo-ukraina-napadnata-kluchna-infrastruktura-vo-harkov-kiev-odesa/feed/ 0
Најмалку една жртва во ракетен напад врз Краматорск https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-edna-zrtva-vo-raketen-napad-vrz-kramatorsk/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-edna-zrtva-vo-raketen-napad-vrz-kramatorsk/#respond Tue, 19 Jul 2022 14:09:47 +0000 https://kurir.mk/?p=707453

Најмалку едно лице загина, а шест се ранети во денешниот ракетен напад во центарот на Краматорск, град контролиран од Киев во областа Доњецк во источна Украина, што руските сили сакаат да го заземат, соопштија денеска градските власти и полицијата. – Во оваа фаза имаме еден загинат, изјави претставник за медиумите на градските власти, додека висок полициски функционер информира дека шест лица се ранети. Ракетата паднала претпладне во двор опкружен со четирикатни згради во центарот на градот. Краматорск, град со 150.000 жители пред војната, е административен центар на регионот Доњецк кој е под контрола на Киев. Се наоѓа на дваесетина километри од фронтот и редовно е цел на гранатирање. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-edna-zrtva-vo-raketen-napad-vrz-kramatorsk/feed/ 0
Шестмина загинати, 15 ранети во напад со ракетни фрлачи на Славјанск https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shestmina-zaginati-15-raneti-vo-napad-so-raketni-frlachi-na-slavjansk/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shestmina-zaginati-15-raneti-vo-napad-so-raketni-frlachi-na-slavjansk/#respond Sun, 03 Jul 2022 15:42:16 +0000 https://kurir.mk/?p=699251

Шест лица загинаа, а 15 се ранети во напад со повеќе ракетни фрлачи на Славјанск, град во источна Украина, изјави градоначалникот Вадим Лиах. „Ова беа најжестоките удари од повеќе ракетни фрлачи по подолго време. Имаше 15 пожари, имаме повеќе мртви и ранети“, рече Лиах во видео објавено на Фејсбук. Тетиана Игначенко, портпаролка на регионот Доњецк на кој припаѓа Славјанск, за украинските медиуми изјави дека „шест лица загинале, а 15 се ранети“ во гранатирањето на Славјанск. Според украинските медиуми, еден од пожарите избувнал на градскиот пазар. На југ, градот Краматорск, административниот центар на Донбас под контрола на украинските сили, втор ден по ред е цел на напади. Според градоначалникот Олександр Гончаренко, градот бил погоден од ракети Смерч. Според него, погодена е станбена зона и празен хотел, но жртви нема. Како што е наведено, Славјанск и Краматорск се под директна закана од руските сили, особено ако Киев го потврди падот на Лисичанск.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shestmina-zaginati-15-raneti-vo-napad-so-raketni-frlachi-na-slavjansk/feed/ 0