ракетни напади – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 18 Aug 2022 16:33:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ракетни напади – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во ракетните напади врз Харков загинаа најмалку 12 луѓе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-raketnite-napadi-vrz-harkov-zaginaa-najmalku-12-lugje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-raketnite-napadi-vrz-harkov-zaginaa-najmalku-12-lugje/#respond Thu, 18 Aug 2022 16:33:38 +0000 https://kurir.mk/?p=720678

Изминатите неколку часа интензивирани се ракетните напади врз Харков, а вкупно од синоќа загинаа најмалку 12 луѓе. При нападите повредени се најмалку 20 луѓе. Во денешните напади погоден е и станбен блок. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-raketnite-napadi-vrz-harkov-zaginaa-najmalku-12-lugje/feed/ 0
Израел изврши нови ракетни напади во Појасот Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-izvrshi-novi-raketni-napadi-vo-pojasot-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-izvrshi-novi-raketni-napadi-vo-pojasot-gaza/#respond Thu, 13 May 2021 07:18:51 +0000 https://kurir.mk/?p=509737

Во раните утрински часови Израел истрела ракети во северниот дел на Појасот Газа. Според „Ал Џезира“, воздушните напади се извршени во населбата Шеик Радван. Телата на две лица се пронајдени под урнатините на една куќа. Како одговор на гранатирањето на крајбрежната енклава, палестинските радикали ја проширија зоната за лансирање ракети. Според „Сараја Ал-Кудс“, вооруженото крило на организацијата Исламскиот џихад, „огнениот круг се шири и ракетите сега се насочени кон Тел Авив и околината“. Сирените за воздушен напад првпат се огласија во Хаифа, Нахарија и во северниот дел на еврејската држава. Има извештаи за ракети кои удираат во згради, како и предизвикани пожари. Според телевизијата, петмина Израелци биле повредени во предградие на Тел Авив. Бригадите „Изадин ал-Касам“, милитантно крило на движењето Хамас кое го контролира Појасот Газа, соопштија дека „град од ракети“, кој ги погоди израелските градови, претставува „одговор на гранатирањето на станбени и високи згради во Газа“. Најмалку 130 ракети се истрелани кон Ашкелон, Сдерот и неговата околина, соопшти групата. Од почетокот на судирите се убиени најмалку 67 луѓе во Појасот Газа, од кои 16 се деца, и седум лица во Израел. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-izvrshi-novi-raketni-napadi-vo-pojasot-gaza/feed/ 0
Ракетни напади на Ерменија врз хидроцентрала и градот Гања во Азербејџан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raketni-napadi-na-ermenija-vrz-hidrocentrala-i-gradot-ganja-vo-azerbejdzan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raketni-napadi-na-ermenija-vrz-hidrocentrala-i-gradot-ganja-vo-azerbejdzan/#respond Sun, 11 Oct 2020 08:02:29 +0000 https://kurir.mk/?p=414965

Ракетни напади на Ерменија врз хидроцентрала и градот Гања во Азербејџан Државното обвинителство на Азербејџан денеска соопшти дека ерменските вооружени сили извршиле ракетен напад врз хидроцентралата Мингачевир на територијата на нивната држава. Хидроцентралата е оддалечена околу стотина километри од зоната на конфликтот. Во соопштението се наведува дека азербејџанската противракетна одбрана успеала да ги идентификува, пресретне и уништи ерменските ракети пред да ја погодат целта. Тасс јавува дека токму оваа хидроцентрала е од клучно значење за снабдувањето со електрична енергија на граѓаните на Азербејџан, а нејзината безбедност е од примарно значење за националната безбедност на земјата. Според експертите, доколку се уништеше браната на акумулацијата на хидроцентралата Мингачевир, голем дел од територијата на Азербејџан ќе беше поплавен. Гања, вториот по големина град во Азербејџан, исто така, ноќеска бил цел на ракетен напад од територијата на Ерменија, соопшти азербејџанското Министерство за одбрана, додавајќи дека во него загинаа седум цивили, додека 33 се повредени, а голем број цивилни инфраструктурни објекти се оштетени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raketni-napadi-na-ermenija-vrz-hidrocentrala-i-gradot-ganja-vo-azerbejdzan/feed/ 0
ВИДЕО: Тереза Меј може да се најде во неволја поради воздушните напади во Сирија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-tereza-mej-moze-da-se-najde-vo-nevolja-poradi-vozdushnite-napadi-vo-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-tereza-mej-moze-da-se-najde-vo-nevolja-poradi-vozdushnite-napadi-vo-sirija/#respond Sat, 14 Apr 2018 08:51:05 +0000 https://kurir.mk/?p=40511

Британската прва министерка, Тереза Меј одговарајќи на прашање зошто не побарала дозвола од парламентот за воздушните напади во Сирија, вели дека почувствувала оти потреба од акција. Меј рече дека акцијата била преземена навремено во одговор за наводните напади со хемиско оружје во минатиот викенд. -Заради безбедност на операцијата моравме да реагираме на овој начин, рече Меј. Потенцираше дека во понеделник ќе се обрати во Парламентот. Британската опозиција побара за евентуалната воена акција да се гласа во Парламентот. Премиерката нема законска обврска да го направи тоа иако е вообичаена пракса.   ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-tereza-mej-moze-da-se-najde-vo-nevolja-poradi-vozdushnite-napadi-vo-sirija/feed/ 0
Сирија: Воздушните напади се закана за меѓународниот мир https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sirija-vozdushnite-napadi-se-zakana-za-megjunarodniot-mir/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sirija-vozdushnite-napadi-se-zakana-za-megjunarodniot-mir/#respond Sat, 14 Apr 2018 08:43:02 +0000 https://kurir.mk/?p=40501

Сирискиот министер за надворешни работи, Валид Муалем изјави дека нападите на Соединетите Американски Држави и сојузниците го кршат меѓународното право и принципите на Обединетите Нации. -Сирија бара од меѓународната заедница силно да ја осуди оваа агресија, што ќе доведе до ништо друго освен поттикнување на тензии ширум светот и претставува закана за меѓународниот мир и безбедност во целина, рече министерот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sirija-vozdushnite-napadi-se-zakana-za-megjunarodniot-mir/feed/ 0
Сведок: Застрашувачки е да се биде во Дамаск за време на нападите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svedok-zastrashuvachki-e-da-se-bide-vo-damask-za-vreme-na-napadite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svedok-zastrashuvachki-e-da-se-bide-vo-damask-za-vreme-na-napadite/#respond Sat, 14 Apr 2018 08:33:24 +0000 https://kurir.mk/?p=40492

Дени Меки, слободен новинар од сирискиот главен град изјави дека бил разбуден во раните утрински часови со нападите врз Дамаск. -Најпрво беше многу страшно, изјави Меки за Си-Ен-Ен, велејќи дека слушнал 12 одделни ракети. Според него, сириската воздушна одбрана почнала да лансира проектили во обид да спушти дел од ракетите кои биле упатени кон сириските капацитети за хемиско оружје. Меки рече дека веднаш по наводниот напад со хемиско оружје на 7 април, сите во Дамаск и Сирија биле на готовс. -Луѓето беа многу шокирани и изненадени од заедничкиот напад на Соединетите Американски Држави, Велика Британија и Франција, рече Меки, додавајќи дека два часа по нападите жителите на Дамаск му се вратиле на секојдневниот живот. Вели дека сириските граѓани поминале седум години во војна, па се навикнати на ваквите ситуации. Според Фирас Абдула, антивладин активист кој неодамна беше евакуиран од Гура, нападите биле само медиумски напад врз сирискиот режим. -Ние ги знаеме ефектите од нападот на терен. Ова не е доволно да се запре сирискиот претседател Башар ал Асад, изјави Абдула.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svedok-zastrashuvachki-e-da-se-bide-vo-damask-za-vreme-na-napadite/feed/ 0
Реакции на нападите на САД, Велика Британија и Франција врз Сирија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reakcii-na-napadite-na-sad-velika-britanija-i-francija-vrz-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reakcii-na-napadite-na-sad-velika-britanija-i-francija-vrz-sirija/#respond Sat, 14 Apr 2018 08:22:18 +0000 https://kurir.mk/?p=40481

Нападите што САД, Велика Британија и Франција ги извршија рано изутринава врз повеќе цели во Сирија, како одговор на обвинувањата дека сириските владини сили минатата сабота извршиле напад со хемискио оружје во градот Дума, наидоа на поделни рекации во светот. Британската премиерка Тереза Меј изјави дека извршените „координирани и прецизни напади“ имале за цел да го намалат капацитетот на сирискиот режим за производство на хемиско оружје и негова употреба. Според Меј, целта на акцијата не била мешање на западните земји во граѓанската војна во Сирија или смана на сирискиот претседател Башар ал-Асад од власта. Меј - Го сторивме тоа затоа што сметаме дека тие акции се во национален интерес на Велика Британија. Не можеме да дозволиме употребата на хемиско оружје да стане нормална работа во Сирија, на улиците во Велика Британија или каде било на друго место во светот, порача Меј. Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција се вклучила во операцијата во Сирија затоа што не може да „толерира банализирање на употребата на хемиското оружје“. - Нападите се ограничени на капацитетите на сирискиот режим, кои му овозможуваат производство и употреба на хемиско оружје, порача Макрон. Според него, нема никаков сомнеж дека „сирискиот режим е одговорен за смртта на десетици мажи, жени и деца при хемискиот напад во Дума на 7 април“. Емануел Макрон - Црвената линија, што Франција ја постави во мај 2017 година, беше премината. Затоа наредив француските вооружени сили минатата ноќ да се вклучат во меѓународната операција насочена против незаконскиот хемиски арсенал на сирискиот режим, додаде Макрон. Шефот на француската диплматија Жан-Ив Ле Дријан пак порача дека воената операција на САД, Велика Британија и Франција „била легитимна“, затоа што „хемиската ескалација во Сирија е непрфатлива“. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ги поддржа, како што нагласи, „прецизните напади“ на САД, Велика Британија и Франција во Сирија. - НАТО ги поддржува активностите на САД, Велика Британија и Франција против објектите за хемиско оружје на сирискиот режим. Тие акции ќе ги ограничат капацитетите на режимот да врши други напади со хемиско оружје врз народот на Сирија, наведува Столтенберг во писмено соопштение. Столтенберг (ЕПА) Според него, НАТО од секогаш ја осудувал употребата на хемиско оружје од страна на сириските власти, со што јавно се кршат меѓународните норми и договори. Турското Министерство за надворешни работи го поздрави „соодветниот одговор“ на САД, Велика Британија и Франција врз објектите на сириската Влада. - Таа операција е одговор на целото човештво по нападот во Дума. Се укажува на тоа дека овој напад е извршен од сирискиот режим, се додава во соопштението на турското Министерство. Израелската Влада ги поздрави нападите на трите западни земји, оценувајќи дека тие претставуваат „важен сигна“ за Иран, Сирија и либанската екстремистичка група Хезболах. - Со употребата на хемиско оржје се преминува црвената линија, која човештвото повеќе не може да ја толерира, напиша на Твитер членот на Кабинетот за безбедност на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Јоав Галант. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави дека внимателно ги следи извештаите за денешните напади на САД, Велика Британија и Франција, потенцирајќи дека сите земји се должни да дејствуваат во рамки на Повелбата на Светската организација и меѓународното право. гутереш - Каква било употреба на хемиско оружје е одвратна. Страдањата што ги предизвикува употребата на тоа оружје се стравични, оцени Гутереш. Тој ги повика земјите членки на ОН да покажат воздржаност и да избегнат чекори што би миожеле да доведат до екслација на состојбата. Од друга страна, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова оцени дека САД и нивните сојузници извршија воен напад врз Сирија, која со години се спротивставувала на „терористичката агресија“, токму во момент кога земјата имала шанса за „мирна иднина“. - Белата куќа вели дека нејзината убеденост за извршен хемиски напад од страна на Дамаск се базира на извештаите од медимите, сознанијата за симптомите, снимките и фотографиите, како и на кредибилни информации. По ова, американските и другите западни медиуми треба да бидат свесни за својата одговорност за тоа што се случи, наведува Захарова во објава на својот профил на Фејсбук. Марија Захарова Захарова денешните напади врз Сирија ги поистовети со почетокот на операцијата на западните сојузници во Ирак во 2003 година, која, како што невдува, се базираше на тврдењата дека Багдад поседува оружје за масовно уништување. - Пред 15 години Белата куќа искористи една епрувета и својот државен секретар, а сега наместо епрувета Вашингтон ги користи медиумите, доадва Захарова во објавата. Нападите ги осуди и рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов, оценувајќи дека тие „нема да останат без последици“. - Целата одговорност за нападите е на Вашингтон, Лондон и Париз. САД го поседуваат најголемиот арсенал на хемиско оружје и немаат никакво морално право да обвинуваат други земји, додаде Антонов. Иран, кој е главен сојузник на Дамаск во регионот, предупреди дека нападите на САД, Велика Британија и Франција ќе имаат регионални последици. - Соединетите Држави и нивните сојузници, без никаков доказ и дури и пред Организацијата за забрана на хемиското оружје да заземе став, извршија воена операција против Сирија и се одговорни за регионалните последици од таа авантуристичка акција, оцени иранското Министрство за надворешни работи. Али Хамнеи Иранскиот врховен верски лидер, ајатолахот Али Хамени во обраќње во врска со нападите ги оквалификува американскиот претседател Доналд Трамп, британската премиерка Меј и францускиот претседател Макрон како „криминалци“. Сириските власти ја осудија, како што нагласија, „варварската и брутална агресија“ на западните земји врз Сирија. Според Дамаск, нападите што рано изутринава ги извршија САД, Велика Британија и Франција, имале за цел да ја спречат мисијата на Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОЦВБ), која требаше да почне денеска во Дума, со задача да утврди дали во тој град минатата сабота бил извршен напад со хемиско оружје, - Главна цел на агресијата е да се спречи работата на тимот и да се изврши притисок врз мисијата во обид за прикривање на лагите и измилсиците на Западот, се наведува во реакцијата на сириските власти. Сирија напади Дамаск во соопштението посочува дека нападите нема да ја поколебаат сириската армија во нејзината решителност да ја засили борбата против бунтовниците и да воспостави контрола врз целата територија на земјата. - Таа агресија само ќе ги зголеми тензиите и ќе ја загрози меѓународната безбедност, се истакнува во соопштението. Во исто време, сириската армија соопшти дека при денешните напади врз цели во реоните на Дамаск и Хомс немало човечки жртви. - Загубите од нападите врз сириската територија се ограничени само на материјални штети, се додава во соопштението. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reakcii-na-napadite-na-sad-velika-britanija-i-francija-vrz-sirija/feed/ 0
ВИДЕО: САД и сојузниците извршија ракетни напади врз Сирија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-sad-i-sojuznicite-izvrshija-raketni-napadi-vrz-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-sad-i-sojuznicite-izvrshija-raketni-napadi-vrz-sirija/#respond Sat, 14 Apr 2018 07:53:18 +0000 https://kurir.mk/?p=40465

САД, Велика Британија и Франција рано изутрината извршија ракетни напади врз повеќе цели во Сирија, како одговор на обвинувањата дека сириските владини сили минатата сабота извршиле напад со хемискио оружје во градот Дума. Пентагон соопшти дека се нападнати цели во сирискиот главен град Дамаск и во реонот на Хомс. Станува збор за лабораторија за научни истражувања во Дамаск, во која се претпоставува дека се произведувало хемиско и биолошко оружје, две складишта за хемиско оржје во реонот на Хомс, како и воен команден центар во близната на овој град. Според сириската државна телевизија, при нападите се повредени три лица во Хомс.   Почетокот на нападите го најави американскиот претседател Доналд Трамп во обраќање во три часот по средноевропско време, нагласувајќи дека „во тек е заедничка операција (на САД) со вооружените сили на Франција и Велика Британија“. Трамп истакна дека операцијата „против варварството“ ќе трае „онолку долго колку што ќе биде потребно“, се додека Сирија не престане да користи хемиско оружје. Според него, при акцијата се нанесени прецизни напади врз „објекти од програмата за производство на хемиско оружје на сирискиот диктатор Башар Асад“.   Трамп нагласи дека сега „судбината на режимот во Дамаск е во рацете на Сиријците“, притоа упатувајќи критики на сметка на Русија и Иран за поддршката на сириските власти. - Каква е таа нација, што би сакала да биде поврзана со масовното убиство на невини мажи, жени и деца, истакна американскиот претседател, додавајќи дека последниот напад во Дума претставува „ескалација на употребата на хемиско оружје од страна на ужасниот режим“ во Дамаск. Трамп потенцира дека нападите во Сирија се директен резултат на неуспехот на Русија да ја спречи употребата на хемиско оружје од страна на сириските сили, додавајќи дека Москва треба да реши „дали ќе продолжи по тој мрачен пат или ќе се приклучи кон цивилизираните нации“. Како што јави Би-Би-Си, ова се најжестоки напади на западните земји врз силите на сирискиот претседател Башар Асад од почетоикот на граѓанската војната во Сирија пред седум години. Утрово американскиот државен секретар Џејмс Матис на вонредна прес-конференција соопшти дека при акцијата нема загуби во редовите на сојузниците, додавајќи дека нападите се завршени и оти засега нема планови за нови. Џејмс Матис Матис нагласи дека објектите кои биле цел на нападите биле внимателно одбрани и дека сојузниците се потрудиле да ги избегнат руските сили стационирани во Сирија. Тој додаде дека цел на нападите не било ликвидација на Асад, туку „ослабување на потенцијалите на сириската воена машинерија да создава хемиско оружје“. - Јасно е дека минатата година режимот на Асад не ја разбра пораката, изјави Матис, алудирајќи на ракетните напади од април 2017 година врз воената база Шајрат крај Хомс, извршени по употребата на хемиско оружје од страна на сириските владини сили во реони под контрола на бунотвниците. Матис порача дека е време „сите цивилизирани нации итно да се обединат и да стават клрај на граѓанската војна во Сирија“. На истата прес-конференција, началникот на Здружениот генералштаб на Вооружените сили на САД, Џозеф Данфорд изјави дека Русија не била претходно информирана за планираните сојузнички напади во Сирија. - Немавме никкава координација со Русите за нападите и не ги предупредивме пред време,. додаде Данфорд. Во правта реакција на нападите, Русија оцени дека туе „нема да останат без последици“. Сириските власти изминативе денови ги евакуирале опремата и луѓето од објектите што беа цел на денешните напади на вооружените сили на САД, Велика Британија и Франција, јави телевизијата „Ал Арабија“. Телевизијата повикувајќи се на висок претставник на сириксата армија, тврди дека евакуацијата била извршена по предупредување добиено од Русија. Истиот извор нагласува дека во текот на денешните напади западните сојузници истрелале околу 30 ракети врз Сирија, од кои „една третина биле пресретнати“ од сириската противвоздушна одбрана. Сирија напади Друг претставник на армијата на Сирија, како што јави ДПА, тврди дека биле уништени 20 сојузнички ракети истрелани кон местото Касва, јужно од Дамаск, додека според сириската државна телевија, владините сили ги просретнале сите проектили упатни кон реонот на Хомс. При нападите делумно е прикинато снабдувањето со електрична енергија во Дамаск. Пентагон претходно соопшти дека биле нападнати лабораторија за научни истражувања во Дамаск, во која се претпоставува дека се произведувало хемиско и биолошко оружје, две складишта за хемиско оружје во реонот на Хомс, како и воен команден центар во близната на овој град. Сирија напади Според Ал Џезира, меѓутоа, цел на нападите биле воениот аеродорм Меза кај Дамаск, база на сириската противвоздушна одбрана на планината Касин, како и објектите во кои се сместени две бригади на Вооружените сили на Сирија. Телевизијата нагласува дека биле погодени вкупно девет цели во Дамаск, неговата околина и други реони на Сирија. Нападите биле извршени со авиони и ракети лансирани од бродови во Средоземното Море, како и од едно пловило во Персискиот Залив, стационирано во блзина на Катар. Сириските власти денеска ја осудија, како што нагласија, „варварската и брутална агресија“ на западните земји врз Сирија. Според Дамаск, нападите што рано изутринава ги извршија САД, Велика Британија и Франција, имале за цел да ја спречат мисијата на Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОЦВБ), која требаше да почне денеска во Дума, со задача да утврди дали во тој град минатата сабота бил извршен напад со хемиско оружје, - Главна цел на агресијата е да се спречи работата на тимот и да се изврши притисок врз мисијата во обид за прикривање на лагите и измилсиците на Западот, се наведува во реакцијата на сириските власти. Дамаск во соопштението посочува дека нападите нема да ја поколебаат сириската армија во нејзината решителност да ја засили борбата против бунтовниците и да воспостави контрола врз целата територија на земјата. - Таа агресија само ќе ги зголеми тензиите и ќе ја загрози меѓународната безбедност, се истакнува во соопштението. Во исто време, сириската армија соопшти дека при денешните напади врз цели во реоните на Дамаск и Хомс немало човечки жртви. - Загубите од нападите врз сириската територија се ограничени само на материјални штети, се додава во соопштението. САД и нивните сојузници извршија воен напад врз Сирија точно во момент кога земјата доби шанса за мирна иднина, оцени портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Според неа, оние што стојат зад нападите сметаат дека имаат екслузивно право на морално лидерство во светот. Захарова оцени дека Сирија, која со години се спротивставувала на „терористичката агресија“, е нападната во момент кога имала шанса за „мирна иднина“. - Белата куќа вели дека нејзината убеденост за извршен хемиски напад од страна на Дамаск се базира на извештаите од медимите, сознанијата за симптомите, снимките и фотографиите, како и на кредибилни информации. По ова, американските и другите западни медиуми треба да бидат свесни за својата одговорност за тоа што се случи, наведува Захарова во објава на својот профил на Фејсбук. Захарова денешните напади врз Сирија ги поистовети со почетокот на операцијата на западните сојузници во Ирак во 2003 година, која, како што невдува, се базираше на тврдењата дека Багдад поседува оружје за масовно уништување. - Пред 15 години Белата куќа искористи една епрувета и својот државен секретар, а сега наместо епрувета Вашингтон ги користи медиумите, доадва Захарова во објавата. Нападите ги осуди и рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов, оценувајќи дека тие „нема да останат без последици“. - Целата одговорност за нападите е на Вашингтон, Лондон и Париз. САД го поседуваат најголемиот арсенал на хемиско оружје и немаат никакво морално право да обвинуваат други земји, додаде Антонов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-sad-i-sojuznicite-izvrshija-raketni-napadi-vrz-sirija/feed/ 0