„Ракомет за секое дете“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 29 Dec 2021 09:03:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png „Ракомет за секое дете“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ѓоргоноски: Создаваме услови секое дете да ги покаже своите афинитети и развие својот талент кон ракометот https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/gjorgonoski-sozdavame-uslovi-sekoe-dete-da-gi-pokaze-svoite-afiniteti-i-razvie-svojot-talent-kon-rakometot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/gjorgonoski-sozdavame-uslovi-sekoe-dete-da-gi-pokaze-svoite-afiniteti-i-razvie-svojot-talent-kon-rakometot/#respond Wed, 29 Dec 2021 09:03:33 +0000 https://kurir.mk/?p=614379

Четири месеци од почетокот на проектот „Ракомет за секое дете“ наменет за дечиња од 7-12 годишна возраст, во организација на агенцијата КМГ Груп Спорт се одржа првиот турнир со учество на екипи од Велес, општините Аеродром, Кисела Вода, Карпош, како и градот Битола. Повеќе од 110 момчиња и девојчиња, во СЦ „Јане Сандански“ во Општина Аеродром ги одиграа своите први натпревари и имаа шанса меѓусебно да се дружат и забавуваат. – „Ракомет за секое дете“ е плод на повеќегодишниот ангажман, личен и на мојата агенција, во сегментот на работа со најмалите категории момчиња и девојчиња и искуството кое се акумулирало во изминатите шест години, истото да се насочи кон создавање услови секое дете во Скопје и Македонија да ги покаже и развие своите афинитети кон ракометот, создавајќи база на деца кои би трчале по ракометната топка и кои во иднина би се надградувале и насочувале. Самиот проект во моментов опфаќа школа за ракомет, но во иднина се предвидени и уште неколку сегменти и тоа мини лига во ракомет во која децата би се натпреварувале и би стекнувале искуство, кампови, семинари, вели Горан Ѓоргоноски, основач и менаџер на проектот. Планот е во иднина, школата да продолжи со активности во овој сегмент и да организира турнири, како во Скопје, така и во другите градови. -Ова е млад проект, но со луѓе кои се многу искусни во делот на спортскиот менаџмент и организација на настани но и со тренери кои се исклучително посветени и желни за пренесување на своето знаење, додава поранешниот македонски ракометен репрезентативец.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/gjorgonoski-sozdavame-uslovi-sekoe-dete-da-gi-pokaze-svoite-afiniteti-i-razvie-svojot-talent-kon-rakometot/feed/ 0