ракопис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 24 Nov 2021 07:42:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ракопис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ракопис на Ајнштајн продаден за рекордни 11,6 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/rakopis-na-ajnshtajn-prodaden-za-rekordni-11-6-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/rakopis-na-ajnshtajn-prodaden-za-rekordni-11-6-milioni-evra/#respond Wed, 24 Nov 2021 07:29:12 +0000 https://kurir.mk/?p=599124

Ракописот на славниот физичар Алберт Ајнштајн во кој се зачетоците на неговата општа теорија на релативноста е продаден во вторникот на наддавање во Париз за рекордна сума од 11,6 милиони евра, пренесува AFP. Претходните рекорди за некој ракопис на Ајнштајн изнесуваа 2,4 милиони евра за писмото за Господ продадено во 2018 година и 1,39 милиони евра за двете куси белешки кои Ајнштајн му го оставил на момче во хотел во Токио во кои ја опишува неговата „формула“ за среќата продадени во 2017 година во Ерусалим. Во мај 2021 година, писмото од Ајнштајн до физичар конкурент, кое ја содржи неговата позната равенка E=mc2, беше продадено на аукција за 1,3 милиони евра. Документот продаден во вторникот првично беше проценет меѓу два и три милиона евра. За разлика од претходно продадените по рекордни цени, овој е работен документ, што е особена реткост кога станува збор за оставнината на Ајнштајн. „Ракописите на Ајнштајн од сферата на науката од тој период и воопшто пред 1919 година се извонредно ретки“, соопштија од аукциската куќа Christie’s каде се одржала аукцијата за куќата Aguttes. Станува збор за ракопис на 54 страници кои меѓу јуни 1913 и почетокот на 1914 година во швајцарски Цирих го редактирале германскиот физичар од еврејско потекло и неговиот соработник и приjател Мишел Бесо. Тоа е обид Ајнштајн и Бесо да ја објаснат космичката мистерија, односно дека орбиталниот пат на Меркур е „за влакно“ од она што било предвидено со законите за движењето на Исак Њутн, користејќи идеи и равенки кои стануваат основа на Ајнштајновата теорија на релативноста. Честите белешки на маргините укажуваат дека научниците меѓусебно ја коментирале работата на другиот, а Ајнштајн во еден момент возбудено напишал „stimmt!“, односно од германски „тоа функционира“, на страниците на кои се опишува релативната ротација на сфери. Двајцата научници на крајот не успеале да го објаснат несовпаѓањето во орбитата на Меркур, но сепак равенките што ги развиле директно довеле до равенките на Ајнштајн за општата релативност, кои сѐ уште се користат за опишување на односите меѓу објектите во Вселената.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/rakopis-na-ajnshtajn-prodaden-za-rekordni-11-6-milioni-evra/feed/ 0
Ракописот го открива карактерот, но и проблеми со здравјето: Начинот на кој пишувате крие симптом на честа болест https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/rakopisot-go-otkriva-karakterot-no-i-problemi-so-zdravjeto-nachinot-na-koj-pishuvate-krie-simptom-na-chesta-bolest/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/rakopisot-go-otkriva-karakterot-no-i-problemi-so-zdravjeto-nachinot-na-koj-pishuvate-krie-simptom-na-chesta-bolest/#respond Sun, 07 Feb 2021 14:34:53 +0000 https://kurir.mk/?p=465478

Анализата на ракописот открива многу работи за карактерот на една личност. Дали знаете дека пишувањето може да открие и каков е вашиот крвен притисок? Кога пишуваме постојат три начини на кои пенкалото или моливот го допираме до хартијата. Токму ова открива многу. Силно притискате Луѓето кои пишуваат како да сакаат да го „пробијат“ листот со пенкалото се енергични, посветени, сериозни и не сакаат да губат време. Понекогаш се под стрес или големо оптеретување бидејќи мислат дека сиот товар е на нив. Би било добро повремено да се опуштат и да побараат помош. Можно е лесно да се навредат на критика. Слабо притискате Луѓето кои пишуваат лесно, едвај оставајќи трага на хартијата се многу чувствителни. Тие се вистински емпати и одлично ги разбираат сите останати. Повремено им е потребно некој друг нив да ги разбере поради што треба да бидат погласни и поотворени. Другите понекогаш ги сметаат за премногу тивки и затворени. Притисокот варира Напишете неколку реченици и погледнете дали некои букви се послабо, а други посилно напишани. Притисокот кој варира додека го држите пенкалото може да биде индикатор за висок крвен притисок, особено доколку почнете послабо да пишувате, па потоа буквите стануваат се појасни и подебели.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/rakopisot-go-otkriva-karakterot-no-i-problemi-so-zdravjeto-nachinot-na-koj-pishuvate-krie-simptom-na-chesta-bolest/feed/ 0
Имате грд ракопис: Дознајте што зборува тоа за вас https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/imate-grd-rakopis-doznajte-shto-zboruva-toa-za-vas/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/imate-grd-rakopis-doznajte-shto-zboruva-toa-za-vas/#respond Thu, 07 Mar 2019 08:55:55 +0000 https://kurir.mk/?p=172179

Со оглед на тоа дека поголемиот дел од работите денес се завршуваат електронски и сè помалку земаме пенкало во рака, не е за чудење што се повеќе луѓе имаат грд и нејасен ракопис. Тоа понекогаш може да нè доведе во непријатни ситуации, кога луѓето не можат да прочитаат што сме напишале или дури погрешно да напишеме одредени букви. Сепак, графолозите и психолозите на грдиот ракопис му придаваат внимание и врз основа на тоа откриваат повеќе за личноста која така пишува. Според нив, таквите луѓе не мора ни да пишуваат. Мислат со своја глава Грдиот ракопис открива индивидуалци кои мислат со своја глава и тешко усвојуваат туѓи мислења, пишува „Ридерс дајџест“. Американската студија на Здружението на психолози открива дека таквите не се вклопуваат во општествените очекува и норми и дека тоа го покажуваат токму и со пишувањето. Креативци Луѓето кои грдо пишуваат обично се покреативни и таквиот ракопис може да биде знак дека имате помалку ексцентрична личност. Интелигентни Во неуредното пишува тие наоѓаат и знак на висока интелигенција. Тоа се објаснува со тоа што пенкалото не може да ја следи брзината на мозокот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/imate-grd-rakopis-doznajte-shto-zboruva-toa-za-vas/feed/ 0