рама – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 20 Sep 2022 15:48:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рама – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мета бара оставка од Рама по кибернападите и објавените доверливи податоци https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-bara-ostavka-od-rama-po-kibernapadite-i-objavenite-doverlivi-podatoci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-bara-ostavka-od-rama-po-kibernapadite-i-objavenite-doverlivi-podatoci/#respond Tue, 20 Sep 2022 15:48:38 +0000 https://kurir.mk/?p=735308

Претседателот на Партијата на слободата и доскорешен шеф на албанската држава Илир Мета актуелната ситуација во земјата ја оцени како „сериозна“ откако хакерите објавија податоци и информации кои можат да и наштетат на националната безбедност и за главен виновник го смета премиерот Еди Рама, од кого побара оставка. – Цела држава ја соголија. Се е разоткриено на срамен начин. Тоа е многу сериозен момент. Само оставката на Еди Рама може да ја врати довербата на граѓаните во институциите. Тој беше гарант по првиот кибернапад, но излезе дека ги имаат сите податоци за секој поединец. Само неговата оставка може да ја врати довербата во државата и институциите, националната безбедност и јавната безбедност. Рама е лажго и измамник, изјави Мета. Тој додаде дека на вакво нешто предупредувал на седница на Националниот совет за безбедност што го свикал како шеф на државата и побара Обвинителството веднаш да почне истрага. – Што се однесува до нарушувањето на националната безбедност, нема ниту дете кое не разбира колку сериозно е нарушена националната безбедност… Но, секако неодговорна личност (Рама) која Албанија ја претвори во градски ан без порти и ја преплави Албанија со банани (се однесува на откриени и неоткриени количини со кокаин во контејнери со банани) и кули со кои се перат милијарди евра, се разбира дека националната безбедност е последната работа. Да поседуваше чувство на одговорност, Албанија немаше да биде во оваа ситуација, обвини Мета. На новинарско прашање дали ќе продолжи со протести тој одговори дека „пролетта на протести започна“. – Пролетта на протести започна. Ја разбирам нетрпеливоста и интересот, љубопитноста и револтот. Нашиот предизвик е да менаџираме со оваа нетрпеливост со цел таа нетрпеливост да се претвори во вистинска сила, и така ќе се случи, рече Мета, кому петгодишниот мандат како претседател на државата му заврши на 24 јули. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-bara-ostavka-od-rama-po-kibernapadite-i-objavenite-doverlivi-podatoci/feed/ 0
ВО ЖИВО: Започна вакцинацијата во Албанија, Рама се вакцинираше меѓу првите (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-zivo-zapochna-vakcinacijata-vo-albanija-rama-se-vakcinirashe-megju-prvite-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-zivo-zapochna-vakcinacijata-vo-albanija-rama-se-vakcinirashe-megju-prvite-video/#respond Mon, 11 Jan 2021 14:20:59 +0000 https://kurir.mk/?p=453869

Вакцинацијата против Ковид-19 во Република Албанија започна денеска околу 15:00 часот, а меѓу првите се вакцинираше и премиерот Еди Рама. Албанскиот премиер претходно најави дека ќе се вакцинира меѓу првите, а во знак на сенсибилизација за сите скептици. -Ќе се вакцинирам, можеби преку ред, зашто прво со оваа имунизација планирано е да се опфатат здравствените работници, но тоа ќе го сторам во знак на сенсибилизација за сите скептици. Секако дека тоа ќе го сторам само за да дадам јасна порака дека не само што е безбедно, туку и е оружје за уништување на овој невидлив непријател. Министерката Манастирлиу како и сите други ќе чекаат ред, зашто не може да влезат и да го земат она што им припаѓа на лекарите, медицинските сестри, полицајците, рече Рама. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-zivo-zapochna-vakcinacijata-vo-albanija-rama-se-vakcinirashe-megju-prvite-video/feed/ 0
Ердоган-Рама: Нема да дозволиме ФЕТО да ги труе односите меѓу Турција и Албанија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/erdogan-rama-nema-da-dozvolime-feto-da-gi-true-odnosite-megju-turcija-i-albanija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/erdogan-rama-nema-da-dozvolime-feto-da-gi-true-odnosite-megju-turcija-i-albanija/#respond Thu, 07 Jan 2021 14:40:36 +0000 https://kurir.mk/?p=452653 Албанија и Турција се согласија дека терористичката организација ФЕТО претставува закана за двете земји. Затоа нема да дозволиме ФЕТО да ги труе односите меѓу Турција и Албанија, ова е заедничкиот став на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и албанскиот премиер Еди Рама на заедничката прес-конференција во Анкара, пренесуваат албанските медиуми.

Како што јави дописничката на МИА од Тирана, се додава дека ФЕТО е терористичка организација која ја предводи Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави, а за чија екстрадиција Турција има доставено официјално барање.

ФЕТО се смета дека е одговорна за крвавиот обид за државен удар во Турција ноќта на 15 јули во 2016 година. Во текот на обидот за државен удар во Турција загинаа 251, а ранети беа околу 2.200 лица.

На прес-конференцијата, турскиот претседател Ердоган ги нагласи историските врски на двете земји.

– Планираме да ги зголемиме инвестициите во инфраструктурата и туризмот во Албанија. Сакаме нашата економска соработка да ја подигнеме на повисоко ниво. Договоривме изградба на болница во градот Фиер, како и бесплатно лекување во Турција на 100 албански државјани заразени со Ковид-19, основање турски универзитет во Албанија и реставрација на џамијата во Скадар, рече Ердоган.

Турција и Албанија потпишаа Договор за унапредување на билатералните односи на ниво на стратешко партнерство.

– Ги подигнавме нашите односи на ниво на стратешко партнерство. Овој чекор што го направивме денеска ќе овозможи понатамошен развој на нашата соработка на секое поле, посочи Ердоган, посакувајќи слободни и демократски избори на 25 април, кои ќе бидат во полза на албанскиот народ.

Премиерот Рама се заблагодари за помошта дадена по земјотресот од 26 ноември минатата година, нагласувајќи дека Ердоган „не делува како многу држави за време на пандемијата кои ја запреа помошта за Албанија“.

Рама, кој денеска ја завршува дводневната посета, Ердоган вчера го дочека со официјална церемонија, а денеска албанската делегација го посети и музејот на таткото на современа Турција, Мустафа Кемал Ататурк.

]]>
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/erdogan-rama-nema-da-dozvolime-feto-da-gi-true-odnosite-megju-turcija-i-albanija/feed/ 0
По насилствата во Скадар, Рама ги спореди Мета и Бериша со терористите на Боко Харам https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-nasilstvata-vo-skadar-rama-gi-sporedi-meta-i-berisha-so-teroristite-na-boko-haram/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-nasilstvata-vo-skadar-rama-gi-sporedi-meta-i-berisha-so-teroristite-na-boko-haram/#respond Sat, 12 Dec 2020 18:31:33 +0000 https://kurir.mk/?p=442488

По денешниот насилен протест во северниот град Скадар, албанскиот премиер и лидер на Социјалстичката партија Еди Рама, ги обвини претседателот Илир Мета и поранешноот претседател Сал Бериши дека ги злоупотребуваат децата и ги спореди со терористите на Боко Харам, кои ги злопуотребуваат децата како камикази. -Терористите на Боко Харам ги користат децата како бомбаши самоубијци. Историјата познава криминални случаи со деца, но да се појави во Албанија како последно прибежиште на маскенбалот на опозициската политика, ова е крајно болно! Многу посакувам и силно верувам дека нема демократски и опозициски родител кој ја прифаќа оваа крајна злоупотреба на малолетници на водачите без татковина, без знаење и вера, без душа и мозок, на ова мизерна опозиција, со нејзината морална празнина и нејзиниот криминален карактер. Никогаш не заборавјте го ова, стои во реакцјата на Рама. Во денешниот протест во Скадар, во кој главно учествуваа млади, целосно се уништени просториите на Социјалистичката партија. Од просториите беше извадено се што се наоѓаше во нив и потоа запалено. Учесниците во протестот оштетија и други објект. За смирување на состојбата интеревенираа припадниците на специјалната полициска единца за итни интервенции. На протестот учествувала и градоначалничката Волтана Адеми, која пак за последиците од протестот ја обвини полицијата која, според неа доцнела во интервенцијата. Протест е најавен во Тирана и за вечерва. Тоа ќе биде четврт протест по убиството на 25-годишниот Клодјан Раша од страна на полициски специјалец. Поради тоа главнот град целосно е блокиран од полиција, цистерни со вода, блиндирани возила.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-nasilstvata-vo-skadar-rama-gi-sporedi-meta-i-berisha-so-teroristite-na-boko-haram/feed/ 0
Рама побара од граѓаните поголема одговорност за да не дојде до целосно затворање на Албанија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-pobara-od-gragjanite-pogolema-odgovornost-za-da-ne-dojde-do-celosno-zatvoranje-na-albanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-pobara-od-gragjanite-pogolema-odgovornost-za-da-ne-dojde-do-celosno-zatvoranje-na-albanija/#respond Tue, 24 Nov 2020 12:29:31 +0000 https://kurir.mk/?p=433701

Албанскиот премиер Еди Рама побара од граѓаните да бидат посвесни и поодговорни за да се избегне пренатрупаност во болниците и затворање на земјата, што би имало сериозни последици од сите аспекти, јави дописничката на МИА од Тирана. – Барам ваша помош за да бидете што е можно посвесни и поодговорни и сите заедно да избегнеме преоптоварување на болниците, што практично ќе го отежни нормалното лекување на сите на кои им треба и ќе услови целосно затворање. Неопходно е секој од нас, секој граѓанин, да стане свесен дека треба да одигра важна одлука да го заштити сопственото, но и здравјето на неговото семејство и роднини. Да даде придонес за да се избегне затворање што би имало непожелни последици во однос на економијата, на секое семејство и на нашето заедничко семејство, порача Рама на прес-конференција. Тој зборуваше и околу можоста од затворање на основните и средните училишта, каде наставата се изведува со физичко присуство на ученици, поради зголемениот број заразени со Ковид -19 меѓу наставниот кадар, техничкиот персонал, но и на учениците. Според него, ваква одлука не е во негова надлежност, туку на Комитетот на експерти за справување со пандемијата. – Постојат повеќе гласини за затворање на училиштата. Сакам да истакнам дека она што се отвора и затвора е одговорност на нашите овластени органи кои имаат експертиза и законска обврска да донесуваат одлуки во ова тешко време. Според сите податоци и ориентации на медицинските научни власти во сите земји што внимателно ги следиме, училиштата не се сметаат за жариште, туку простор кој има потенцијален значителен ризик, но мерките треба строго да се почитуваат во секое училиште, како што и се случува, рече тој. Рама одби да одговори на прашањето што ја попречува албанската држава да воведе брзи тестови, а тие се користат во приватните лабратории и на тоа заработуваат многу пари. – Што се однесува до тестовите, простете ми, но веќе не зборувам за тестовите, стана грд и многу банален театар, што веќе немам намера да давам никаков придонес во тој театар, одговори Рама. Министерката за образование, спорт и млади Евис Куши на прес-конференцијата рече дека наставата на универзитетите ќе продолжи онлајн и покрај барањата на студентите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-pobara-od-gragjanite-pogolema-odgovornost-za-da-ne-dojde-do-celosno-zatvoranje-na-albanija/feed/ 0
Рама категоричен за Изборниот законик, владејачко мнозинството не се повлекува од измените и дополнувањата на законот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-kategorichen-za-izborniot-zakonik-vladejachko-mnozinstvoto-ne-se-povlekuva-od-izmenite-i-dopolnuvanjata-na-zakonot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-kategorichen-za-izborniot-zakonik-vladejachko-mnozinstvoto-ne-se-povlekuva-od-izmenite-i-dopolnuvanjata-na-zakonot/#respond Mon, 26 Oct 2020 12:34:47 +0000 https://kurir.mk/?p=420774

Албанското владејачко мнозинството не се повлекува од измените и дополнувањата на Изборниот законик, кој не е потпишан од претседателот Илир Мета и е вратен на повторно разгледување. Премиерот Еди Рама денеска изјави дека Изборниот законик, без никакви измени ќе биде изгласан на следната седница на Парламентот, додавајќи дека „никој не може да ја доведе во прашање волјата на Парламентот, најмалку Мета“. – Ние ќе го изгласаме што е можно побрзо, на првата пленарна седница без никаква измена, на ниту една точка или запирка. Без никаква измена ние ќе гласаме за кодексот, кој беше изгласан од Парламентот со мнозинство Тоа е значајно и никој не може да ја доведе во прашање волјата на Парламентот, најмалку Илир Мета, рече Рама. Изборниот законик, кој беше донесен со консензус на сите политички партии на 5 јуни, со посредство на меѓународните претставници по предлог на владејачкото мнозинство со одредени измени и дополнувања беше изгласан на 5 октомври, за што гласаа и дел од опозициските пратеници. Тоа беше придружено со несогласувања и обвинувања меѓу мнозинството и опозицијата, но и меѓу претседателот Мета и премиерот Еди Рама. Мета во четвртокот ја потпиша уредбата со која на повторно разгледување во Парламентот го враќа изборниот законик, усвоен со измени без постигнат консензус од сите страни. Во ситуација кога во земјата веќе три години не функционира Уставниот суд, Мета упати итно барање до Венецијанска комисија за специјализирано и објективно мислење за овој процес. Во обрзоложението, меѓу другото наведе дека направените измени на изборните правила ги кршат меѓународните демократски принципи на спроведување на изборен процес преку слободни и фер избори, дека се направени еднострано, без сеопфатен консензус и се спротивни на условите поставени од Европскиот совет на 25 март 2020 година и исполнувањето на 15-те услови пред првата меѓувладина конференција. Тој наведе дека едностраните измени ги загрозуваат условите утврдени од Европската унија, кои ќе бидат проследени со друга негативна одлука за Албанија, директно загрозувајќи го напредокот на процесот на евроинтеграција на земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-kategorichen-za-izborniot-zakonik-vladejachko-mnozinstvoto-ne-se-povlekuva-od-izmenite-i-dopolnuvanjata-na-zakonot/feed/ 0
Мета го покани Рама на дуел,ако не му порача да си оди https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-go-pokani-rama-na-duel-ako-ne-mu-poracha-da-si-odi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-go-pokani-rama-na-duel-ako-ne-mu-poracha-da-si-odi/#respond Fri, 09 Oct 2020 13:54:02 +0000 https://kurir.mk/?p=414490

Се заострува реториката во и така заладените односи меѓу албанскиот претседател Илир Мета и премиерот Еди Рама. По преписките полни со меѓусебни обвинувања и навреди, кои си ги разменуваат по социјалните мрежи, Мета попладнево преку објава на Фејсбук,го покани премиерот Еди Рама да се соочат на дуел, во спротивно му порача да си оди. -Дојди да се соочиме,во спротвно оди си, напиша Мета, додавајќи дека „актуелниот премиер може да земе со себе и засилување“.. Мета утрово се обрати со порака до Собранието на Социјалистиката партија чиј лидер е Рама, во која наведува дека „СП го прибрала Рама од бегалец и го направила министер, градоначалник и премиер“ а сега тој партијата ја направил негов заложник. Тој исто така го замолува Рама да го каже на денешната седница на партиското собрание „ името, местото и времето кога се сретнал со лице криминалниот свет, предмет на Специјалното јавно обвинителство“за кое претходно го обвинил,ако не тогаш „веднаш да си поднесе оставка“. На тоа Рама преку Твитер му одговори со прашањето „каков долг има Албанија што мора да ги трпи неговите секојдневни скалила“ и му возвраќа со „ Илир, каков долг има Албанија кон тебе што те направи премиер, претседател на парламентот, претседател на државата“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-go-pokani-rama-na-duel-ako-ne-mu-poracha-da-si-odi/feed/ 0
Повторно несогласувања меѓу Рама и Баша за изборната реформа https://arhiva.kurir.mk/svet/region/povtorno-nesoglasuvanja-megju-rama-i-basha-za-izbornata-reforma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/povtorno-nesoglasuvanja-megju-rama-i-basha-za-izbornata-reforma/#respond Wed, 22 Jul 2020 09:49:18 +0000 https://kurir.mk/?p=379528

Во Албанија продолжуваат несогласувањата околу изборната реформа,меѓу владејачкото мнознство и вонпарламентарната опозиција, откако социјалистите по постигнатиот договор на петти јуни, побара уставни измени со кои со новиот изборен законик се укинуваат изборни коалиции. Околу овие измени договор синоќа постигнаа пратенците од власта и парламентарната опозиција,на средба со премиерот Еди Рама, што следуваше по неговата средба со американската амбасадорка Јури Ким. Со тоа, како што изјави Рама, обезбедени се 84 гласови кои се потребни за изгласување на изборната реформа,што е еден од 15-те услови за почеток на преговорите со ЕУ,на што пак остро се спротивставуваат од вонпарламентарната опозиција. Во заедничката изјава за медиумите, обединетата опозицијата оценува дека „едностран уставен амандман со кој се забрануваат изборни коалиции е во спротивност со двата политички договори за изборите, од 14-ти јануари и оној на 5 јуни. „Ова е доказ за дијаболичкиот план на Еди Рама, првично да се одобри договорот од 5 јуни, да се исмеваат нашите стратешки партнери, САД и ЕУ и само една недела подоцна да се укине договорот со еднострани уставни измени, кои забрануваат коалиции како изборен субјект, стои меѓу другото во заедничката реакција на обединетата опозиција. Во меѓувреме премиерот Рама преку објава на Твитер ја повика опозицијата да не ја бојкотира денешната попладневна седница на Политичкиот совет задолжен за изборните реформи и да се приклучи„во трипатитниот дијалог“. „Денеска во 17:00 часот ќе се состане Политичкиот совет. Го повторувам апелот за вонпарламентарна опозиција да не го бојкотира Политичкиот совет и да го продолжи трипартитниот дијалог заедно со парламентарната опозиција, за уставните новини, напиша Рама на Твитер. За возрат на уставните измени парламентарната опозиција се избори за отворени кандидатски листи на изборите. Малцинствата и овој пат извисија со барањето со новиот изборен законик да се гарантираат пратенички места за нив. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/povtorno-nesoglasuvanja-megju-rama-i-basha-za-izbornata-reforma/feed/ 0
Рама: Не е мислење, туку факт дека Албанија има позитивен биланс во борбата против криминалот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-ne-e-mislenje-tuku-fakt-deka-albanija-ima-pozitiven-bilans-vo-borbata-protiv-kriminalot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-ne-e-mislenje-tuku-fakt-deka-albanija-ima-pozitiven-bilans-vo-borbata-protiv-kriminalot/#respond Thu, 18 Jun 2020 11:40:33 +0000 https://kurir.mk/?p=359437

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека „не е мислење туку факт дека Албанија денес има позитивен биланс во борбата против криминалот“. На пленарна седница на законодавниот дом во Тирана, Рама рече дека „борбата против криминалот не се мери со приказни и полувистини, кои се најголемите лаги што им се кажуваат на Албанците секојдневно, туку со статистика, со факти, со бројки“. -Секако, она што го нарекувате зголемување на убиства, на братоубиства, е бајка без крал, затоа што не постои демократска земја која убиствата ги свела на нула, нема, не постои. Нема ниту една демократска земја, па и најразвиените, најсофистицираните, кои борбата против криминалот ја претворија во дело, каде се елиминирани убиствата, ниту трговијата со луѓе, ниту криминалците или корумпираните полицајци, рече Рама. Обраќајќи и се на опозицијата, додаде дека во периодот од кога на власт се социјалистите, односно во изминатите седум години, „спроведена е војна против криминалот како никогаш порано“ а и полицијата се „чисти“ од нејзините вработени поврзани со криминалот. -Верувам дека фактот што за време на нашата влада има значителен број полицајци кои се уапсени или кривично гонети, или протерани од полицијата или суспендирани, не покажува соработка со криминал, не покажува факт како оној што го опишувате. Тоа го покажува спротивното, тоа ја покажува волја и посветеноста да се бориме – рече Рама. Тој им порача на пратениците од опозицијата дека „треба да го прочитаат извештајот за напредокот, дека Европската унија, Европската комисија се неспорни монитори на сите процеси во сите области и ако видите што велат извештаите за напредокот во борба против криминалот во Албанија ќе ја видите големата разлика помеѓу денес и вчера“. На седницата, на која по барање на опозициските пратеници одговори околу „галопирачкиот налет на криминалот“, за што обвинуваат тие, даваше првиот полицаец Сандер Лешај, изнесе идентична оценка како и Рама „ дека криминалот од секаков вид рапидно е намален“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-ne-e-mislenje-tuku-fakt-deka-albanija-ima-pozitiven-bilans-vo-borbata-protiv-kriminalot/feed/ 0
Реакции на Мета, Рама и Баша по постигнатиот договор за изборната реформа https://arhiva.kurir.mk/svet/region/reakcii-na-meta-rama-i-basha-po-postignatiot-dogovor-za-izbornata-reforma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/reakcii-na-meta-rama-i-basha-po-postignatiot-dogovor-za-izbornata-reforma/#respond Sat, 06 Jun 2020 13:41:36 +0000 https://kurir.mk/?p=354489

По постигнатиот договор за изборната реформа на политичките партии во Албанија, реагираа шефот на државата Илир Мета, премиерот и лидер на владејачките социјалисти, Еди Рама и лидерот на опозициските демократи, Љуљзим Баша. Претседателот Мета му честита на Политичкиот совет за постигнатиот договор сметајќи го за позитивна вест, но не и доволен за да гарантира слободни и фер избори. Тој, исто така, им се заблагодари на европските партнери за трпеливоста. „Ова е позитивна вест, но не е доволно за да се гарантираат слободни и фер избори. Консензус културата мора да продолжи и за други услови за да се забрза започнувањето на преговорите. Благодарност и до нашите европски партнери за нивната трпеливост! Посебна благодарност и до САД и Велика Британија кои ја поддржуваат европската иднина на Албанија, стои во реакцијата на Мета. Премиерот Еди Рама во својата реакција не ја поштеди иронијата потенцирајќи дека опозицијата конечно го прифатила Изборниот законик каков што бил, но според него, важно е тоа да се направи како што тие сакале. „По три години марширање и три непроспиени ноќи , тие ни го донесоа последниот збор: „добар беше, каков што беше“. Но, добро, јас мислев и се уште мислам дека има уште подобро, но ако опозицијата е задоволна со толку за идните избори бујрум, како што сакаат тие. Важно е дека опозицијата ќе влезе на избори со Изборниот законик каков што сака. ОДХИР се согласува дека ова не ја нарушува слободата на избори, ЕУ е задоволна, Албанија веќе нема прашања во пресрет на одлуката за официјалниот датум на започнување на преговори. Ах, да, заврши и револуцијата, напиша Рама на Твитер. Лидерот на најголемата опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша, го поздрави договорот и оценува дека тоа е „значаен чекор кој дава многу гаранции за слободни и демократски избори“. „Направивме еден чекор напред, за да обезбедиме повеќе гаранции за слободни и фер избори во Албанија. Обединетата опозиција е подготвена и работи секој ден да им го врати владеењето на Албанците. Во име на обединетата опозиција, изразуваме благодарност до нашите евроатлантски сојузници и партнери за нивната помош и придонесот за изнаоѓање договор за изборна администрација, стои во реакцијата на Баша. Договорот за изборната реформа го позрдавија и амбасадорите на САД, ЕУ, Велика Британија и ОБСЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/reakcii-na-meta-rama-i-basha-po-postignatiot-dogovor-za-izbornata-reforma/feed/ 0