Рамазан Кескин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 21 Aug 2023 17:21:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Рамазан Кескин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Уапсен соработник на Звицер: „Испрал“ милиони за Кавачкиот клан – еве како падна во рацете на полицијата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-sorabotnik-na-zvitser-ispral-milioni-za-kavachkiot-klan-eve-kako-padna-vo-ratsete-na-politsijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-sorabotnik-na-zvitser-ispral-milioni-za-kavachkiot-klan-eve-kako-padna-vo-ratsete-na-politsijata/#respond Mon, 21 Aug 2023 17:21:18 +0000 https://kurir.mk/?p=869291

Холандскиот државјанин Рамазан Кескин, осомничен за врски со црногорскиот Кавачки клан и перење пари за таа криминална група, е уапсен во Санкт Петербург, објавија руските медиуми. Како што пренесува сајтот „dp.ru“, Кескин е осомничен за создавање меѓународна криминална организација и по него е распишана потерница по барање на Германија. Претставниците на судот во Санкт Петербург соопштија дека германските власти го обвинуваат наводниот шеф на криминална група за перење пари за разни картели, меѓу кои и Кавачки клан. „За својата работа, соучесниците на Кескин добивале од 4 до 6,5 отсто од износот на трансферот. Најголем дел од злосторствата биле извршени во Холандија. Оттаму парите биле извадени во готово или преку Германија со трансфер во Турција, Русија , Колумбија, Парагвај и други земји“, пренесува овој портал. Порталот „47news.ru“ пренесува дека Кескин е поврзан со организацијата на чие чело е Радоје Звицер. Се посочува бил извршен обид за атентат врз него, објави порталот. Се нагласува и дека засега не се знае каде се наоѓа Звицер. -Според податоците на агенциите за спроведување на законот во Германија, соучесниците на Кескин од 2017 до 2020 година испрале повеќе од 12 милиони евра, пишува веб-страницата „dp.ru“. Во Германија е распишана европска потерница. Кескин, кој исто така е турски државјанин, е уапсен на железничка станица во Санкт Петербург. Адвокатите на Кескин побараа тој да биде ослободен со кауција од еден милион рубљи. Тие тврдеа дека дејствијата опишани во барањето за екстрадиција не спаѓаат под ниту едно кривично дело според Кривичниот законик на Руската Федерација. Притвор е одреден до средината на ноември, додека не се реши прашањето за екстрадиција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-sorabotnik-na-zvitser-ispral-milioni-za-kavachkiot-klan-eve-kako-padna-vo-ratsete-na-politsijata/feed/ 0