рамазан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 12 Apr 2023 20:30:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рамазан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Џафери домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазан https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dhaferi-domakin-na-iftarska-vechera-po-povod-ramazan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dhaferi-domakin-na-iftarska-vechera-po-povod-ramazan/#respond Wed, 12 Apr 2023 20:30:25 +0000 https://kurir.mk/?p=823436

Претседателот на Собранието, Талат Џафери вечерва беше домаќин на традиционалната Ифтарска вечера по повод светиот месец Рамазан, на која, меѓу останатите, присуствува премиерот Димитар Ковачевски, собранискиот потпретседател, Горан Мисовски, координаторите на партеничките групи, пратеници и претставници на парламентарните политички партии, како и поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот г.г. Стефан, првиот човек на Исламската верска заедница, реис ул улемата, х. хфз. Шаќир еф. Фетаи и католичкиот бискуп, монсињор Киро Стојанов. - На вечерата се следеше вообичаениот ифтарски протокол на кој што се веќе навикнати и претставниците на другите верски заедници, а токму тие различни ритуали и придаваат на оваа вечера необична убавина и духовна сплотеност. Седнувањето на сите гости на заедничката трпеза, и тоа како има моќ на обединување а воедно е и одличен пример кој што треба да им биде показател на сите граѓани дека заедно можеме, и да гладуваме, и да јадеме, и да се насмееме и да си ги споделиме тешкотиите. Токму така како што правеле и нашите предци на овие простори, соопштија од Собранието.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dhaferi-domakin-na-iftarska-vechera-po-povod-ramazan/feed/ 0
Честитка од Џафери по повод првиот ден на светиот месец Рамазан https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-dhaferi-po-povod-prviot-den-na-svetiot-mesets-ramazan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-dhaferi-po-povod-prviot-den-na-svetiot-mesets-ramazan/#respond Thu, 23 Mar 2023 10:24:38 +0000 https://kurir.mk/?p=815385

Почитувани граѓани, припадници на исламската вероисповед, Дозволете ми, од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и од мое лично име, да упатам честитки по повод првиот ден на светиот месец Рамазан, со кој почнува и триесет дневниот рамазански пост. По тој повод, упатувам желби до сите граѓани кои ќе бидат дел од тоа искушение за телото, умот и душата, да најдат во себе сила, верба, желба и мотив да го пребродат со леснотија физичкиот пост и менталното и душевно прочистување, вели Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Северна Македонија во честитката по повод првиот ден на светиот месец Рамазан. -Тоа ќе ни помогне на сите да се нурнеме длабоко во себе, да го најдеме најдоброто во нас и да го шириме и споделуваме со нашите блиски членови од семејството, со соседите, соработниците и со познати и непознати околу нас. Живееме во тешко време на предизвици од сите видови како економски, енергетски, политички, безбедносен, здравствен, социјален, општествен и многу други. Многумина околу нас се изгубија или го загубија патот што го следеа. Да бидеме нивното светло, нивниот зрак на надеж кој што ќе им го осветли патот за да не се чувствуваат осамени. Да бидеме солидарни, милостиви, полни разбирање и почит за немоќните и несреќните. Тоа ќе ни ги исполни душите со радост, домовите со убава и позитивна енергија, спокој и благосостојба а добрите мисли и дела нека бидат нашата водилка секој ден, не само за време на Рамазанскиот месец од кој се надевам дека ќе излеземе подобри луѓе за нас самите и за сите околу нас. Почитувани верници, дозволете уште еднаш да Ви го честитам првиот ден на Рамазан, да ви посакам лесни и прифатени пости!, стои во честитката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-dhaferi-po-povod-prviot-den-na-svetiot-mesets-ramazan/feed/ 0
Рамазан – светиот месец на муслиманите: Постот е задолжителен за сите верници за нивно физичко и душевно прочистување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ramazan-svetiot-mesec-na-muslimanite-postot-e-zadolzitelen-za-site-vernici-za-nivno-fizichko-i-dushevno-prochistuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ramazan-svetiot-mesec-na-muslimanite-postot-e-zadolzitelen-za-site-vernici-za-nivno-fizichko-i-dushevno-prochistuvanje/#respond Sat, 30 Apr 2022 07:39:22 +0000 https://kurir.mk/?p=670020

За верниците од исламска вероисповед сè уште трае 30-дневниот рамазански пост, период во кој тие од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење. Рамазан е деветтиот месец во исламскиот календар. Според исламската религија, постот, кој е еден од исламските столбови, е задолжителен за сите верници за нивно физичко и душевно прочистување. Верниците мора да се воздржуваат од лоши зборови и дела со цел општо човечко прочистување. Постењето е верска обврска за секој полнолетен, здрав муслимански верник, но не е обврзувачки за болните, бремените жени и работниците кои вршат тешка физичка работа. Почетокот на Рамазан секоја година се поместува за 10 дена наназад, односно во престапните години за 11 дена, во однос на претходната година, поради разликата помеѓу исламскиот и грегоријанскиот календар. Садуш Тахири, оџа во Новата џамија во Чаир, во изјава за МИА објаснува дека зборот пост значи воздржување од јадење и пиење, но ова е само едната димензија од постот, бидејќи тој значи и потполно молчење на човекот. Втората димензија е духовното и физичкото воздигнување, кое го забележува човекот. Тој потенцира дека зборот пост значи воздигнување и доколку не сме постигнале воздигнување за време на постот, тогаш постот ќе биде нецелосен. Посочи дека постот датира од втората година од Хиџра (исламски календар) од преселбата на Пророкот, но, вели, тоа не значи дека постот не постоел од првиот ден од кога бил создаден првиот човек. – Постот го има и кај другите народи во различни облици и фази, сè додека Семоќниот Бог не го заврши со доаѓањето на пророкот Мухамед а.с. на 30 дена во кои муслиманите во целост се чувствуваат исполнети и им посветуваат посебна важност. Постот во себе содржи една многу посебна светлина, содржи мирис или да речеме мошус, кој не може да се опише, особено во последно време кога светот е веќе потопен во океаните на темнината поради кои повеќе не се гледаме ниту самите себеси, постот нè прави да се видиме себеси. Постот прави да бараме мир во светот, да им дадеме правда на луѓето. Постот прави луѓето да сфатат дека живеат со нас во мир и ние сме само за мир и безбедност во светот. Ова е постот, вели оџата Тахири во разговор за МИА. Тој потенцира дека во текот на постењето забележуваме дека во нашето тело се случува промена, и тоа од космички аспект, бидејќи, како што вели, во тој период и вселената се менува. – За време на постот забележуваме дека мислите ни се поинакви, душата ни е поразлична, речиси и поинаку гледаме, понекогаш дури и малку поинаку размислуваме. Постот е една светлина, која 30 дена нè прави да се преродиме од еден ембрион што го нарекуваме Куран или Божја книга, особено во Ноќта Кадр, ноќта на објавувањето на светата книга Куран, станува уште појасно кои сме и што сме. Бог во Куранот вели: „Бојата на Бог, има ли некој што бои подобро од Бога? Оваа божествена боја не се однесува само на нас муслиманите, туку оваа божествена боја важи и за сите луѓе низ светот.“ Чудно е како нашето тело може спонтано да открие дека доаѓа постот. Каква е оваа претподготовка пред да дојдат деновите на постот? Зошто ни се случува целосна трансформација? Зошто светот е помирен? Не само човечкиот свет, туку и светот на другите суштества. Оти Бог во Куранот рекол: „Бог со вас што постите го сака олеснувањето.“ Освен за муслиманите што имаат придобивка од постот и немуслиманите имаат поголема придобивка отколку што имаат самите муслимани, вели оџата. Во меѓувреме, посочува тој, постот за муслиманите е да им се докаже на луѓето дека се повоздигнати, потивки, попродуктивни, многу посмирени, поправедни или покоректни. – Ако постот не те натерал малку да замолчиш, да се вратиме на самите себе, да ја закоравиме волјата, да ја закоравиме нашата душа и нашиот живот за по Рамазан да бидеме уште подобри, тогаш значи дека имаме проблем со себе. Треба да се запрашаме дали навистина ќе почнеме да постиме како што треба. Овој пост им припаѓа на сите човечки суштества, затоа не постат само луѓето, постат и растителниот и животинскиот свет, постат и на други планети, за кои ние не знаеме. Но, главно, ние се приклучуваме на тој ред, затоа што како Бог сега ни вели: „О, човеку, ти си во редот на сите суштества, кои ме почитуваат и никако не излегуваат од тој ред, зошто ти стануваш тој што го нарушува мојот космички поредок што јас го создадов?“ Кога постиме, како да сме во редот на сите суштества кои се покоруваат на возвишениот Алах, рече Тахири. Оџата Тахири објаснуваше и за значењето на 27. ноќ на постот, односно денот кога е објавена светата книга Куранот. – За време на постот се случиле многу работи во историјата – победи, а ние муслиманите 27. ноќ на постот ја очекуваме со голема возвишеност низ светот. Во оваа ноќ се отворија рајските порти и Бог се запозна со човекот, и тоа со првиот збор икре – читај. Тоа беше ангелската прегратка, прегратката на Гаврил (во исламот тој му го открил/дал Куранот на пророкот Мухамед), кој го прегрнал нашиот Пророк со првиот збор, со кој се запознавале „Читај Мухамед“ и сега животот продолжува поинаку. Нема повеќе живот без читање, без учење и без образование. Тоа е сè што нас нè прави постот да биде, рече оџата Тахири. Овој месец е и добар повод за наше помирување, за пружање помош на оние кои имаат потреба – особено на сиромашните и изнемоштените, бидејќи само така ќе бидеме поблиску до задоволството и простувањето на семоќниот Алах. За време на рамазанските пости и овој месец на солидарноста, низ Скопската чаршија се поставуваат бесплатни ифтари за ранливите категории граѓани – сиромашните и изнемоштените. Екипата на МИА посети еден пункт на една невладина организација, која овозможува вакви ифтари. Арсим Лесковица, еден од организаторите на „Ифтарска софра“, ни објасни дека годинава 11-ти пат по ред организираат бесплатни ифтари во чаршијата, на кои дневно имаат по сто верници. – Моментално сме во ресторанот „Блаца“ во Скопската чаршија. Неслучајно го избравме ова место, ова е уличка во чаршијата, која не го попречува главниот пат и направивме традиција на соработка со сопствениците на ресторанот. Во овој ресторан служиме приближно три илјади ифтари за еден месец. Секојдневно во ресторанот се служи ифтар за приближно 100 луѓе, но не заборавајќи дека за жителите од скопската населба Дижон се испраќаат уште 50 пакети со храна. Причината зошто повеќе не можеме да се шириме е фактот што сме ограничени во средствата и не ни се обезбедени предвреме, потенцира тој. Лесковица ни рече дека посакува да им се повтори успехот од 2019 година, пред да настане пандемијата на коронавирусот, кога биле послужени вкупно 5.200 ифтари за време на рамазанската трпеза – од кои три илјади се поставени во ресторанот, а две илјади биле пакети со храна што биле испратени за граѓаните во населбата Дижон. – Наша надеж е во иднина да ја прошириме „Ифтарската софра“ со оглед на тоа што потребата е голема. Сакаме да ја прошириме дејноста со испраќањето на храната во пакувана форма и во другите населби на Град Скопје, вели Лесковица. За време на овој свет муслимански месец, најголема е радоста и среќата кај најмалите – децата, кои со нетрпение излегуваат низ улиците по маалата или пред некоја блиска џамија и го чекаат светкањето на светилките на минарето и пеењето на оџата, кои фактички го означуваат и завршувањето на постот. По ифтарската вечера, верниците во џамии клањаат терави намаз и се одржуваат предавања на оџи, имами и теолози. По рамазанскиот пост, на 2 мај е Рамазан бајрам, кој се чествува три дена. Тогаш целото семејство се собира на празнична трпеза, а се посетуват роднините и пријателите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ramazan-svetiot-mesec-na-muslimanite-postot-e-zadolzitelen-za-site-vernici-za-nivno-fizichko-i-dushevno-prochistuvanje/feed/ 0
Совети за луѓето со дијабетес кои сакаат да постат за Рамазан https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/soveti-za-lugjeto-so-dijabetes-koi-sakaat-da-postat-za-ramazan/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/soveti-za-lugjeto-so-dijabetes-koi-sakaat-da-postat-za-ramazan/#respond Tue, 05 Apr 2022 08:19:29 +0000 https://kurir.mk/?p=658548

Рамазан, периодот во којшто муслиманските верници постат од изгрејсонце до зајдисонце, започна на 2 април. Што значи ова за луѓето кои имаат дијабетес и коишто треба да го задржат шеќерот во крвта под контрола? Дијабетесот е доживотна здравствена состојба која предизвикува високи нивоа шеќер во крвта. Постојат два главни вида дијабетес – тип 1 и тип 2. Кај дијабетес тип 1, имунолошкиот систем на телото ги напаѓа клетките што произведуваат инсулин, а кај дијабетесот тип 2, телото самостојно не произведува доволно инсулин, што предизвикува клетките да не реагираат правилно на инсулинот. – Постот за време на Рамазан не се препорачува за луѓе со дијабетес тип 1. Ова важи и за оние со оштетување на бубрезите или земаат апчиња поради болеста, вели стручњакот Несрин Јавуз. Муслиманите со хронични болести како што е дијабетесот се ослободени од обврската за рамазанскиот пост, иако многумина, сепак, сакаат да учествуваат во постот. Оние со дијабетес тип 2 може да постат, но треба да бидат особено внимателни во конкретни случаи. – Дури и за луѓето кои не си инјектираат инсулин, важно е да имаат добри долгорочни нивоа на гликоза во крвта. Оние кои земаат инсулин мора да бидат особено внимателни, бидејќи во спротивно може да западнат во тешка хипогликемија, вели Јавуз. На сите дијабетичари им се советува да разговараат со својот лекар пред да почнат да постат, да си ја проценат општата здравствена состојба, постојната терапија, опасностите од постот и со тоа да си помогнат во креирањето на планот за исхрана. Задолжително е и редовно мерење на нивото шеќер во крвта. Се препорачува овој преглед да се направи еден до два месеци пред Рамазан. И постарите лица и трудниците со дијабетес, исто така, се изложени на ризик. – Ако пациентот со дијабетес е изложен на опасност од хипогликемија за време на целодневен пост, треба веднаш да престане да пости и да го врати шеќерот во крвта под контрола со земање, на пример, малку гликоза, истакнува Јавуз.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/soveti-za-lugjeto-so-dijabetes-koi-sakaat-da-postat-za-ramazan/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ со честитка по повод почетокот на светиот месец Рамазан https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-so-chestitka-po-povod-pochetokot-na-svetiot-mesec-ramazan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-so-chestitka-po-povod-pochetokot-na-svetiot-mesec-ramazan/#respond Sat, 02 Apr 2022 07:20:56 +0000 https://kurir.mk/?p=657236

ВМРО-ДПМНЕ на сите членови на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите граѓани од исламска вероисповед на Република Македонија, им посакува лесен и благословен пост, а деновите на овој свет месец Рамазан заедно со семејствата да го поминат во мир и спокој. - Овој празник нека биде поттик за граѓаните да продолжат да ги почитуваат и негуваат универзалните вредности, меѓусебно да си помагаат се со цел преку взаемно почитување, добрина, толеранција, солидарност и хуманост да се придонесе за подобра иднина на сите граѓани. Со работа и труд на сите граѓани заедно сплотени ќе се успее да се излезе од оваа исклучително тешка состојба во која се наоѓа нашата држава и нашите сограѓани. Обезбедување на подобра иднина, зголемување на животниот стандард на граѓаните и решавање на нивните проблеми е основна цел на ВМРО-ДПМНЕ за која се стреми и на која одговорно и посветено работи. ВМРО-ДПМНЕ посакува духовна исполнетост, среќа, радост и во добро здравје да Ви минат рамазанските пости, се вели во честитката на ВМРО-ДПМНЕ по повод почеток на светиот месец Рамазан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-so-chestitka-po-povod-pochetokot-na-svetiot-mesec-ramazan/feed/ 0
Порака на поглаварот на ИВЗ Фетаху по повод почетокот на Рамазанскиот пост https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poraka-na-poglavarot-na-ivz-fetahu-po-povod-pochetokot-na-ramazanskiot-post/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poraka-na-poglavarot-na-ivz-fetahu-po-povod-pochetokot-na-ramazanskiot-post/#respond Fri, 01 Apr 2022 08:47:19 +0000 https://kurir.mk/?p=656787

Во пресрет на Рамазанскиот пост, поглаварот на Исламската верска заедница, реисул-улема Х. Хфз. Шаќир ефенди Фетаи истакна дека месецот Рамазан е месец на многу благослови, случај на формирање на нашата личност, на нашето духовно и физичко прочистување, на оплеменување на нашата душа, на нашето тело, на нашето размислување, на зајакнување на нашите меѓусебни врски, негување, почит и продлабочување на љубовта еден кон друг. Тој им порача на верниците да се обраќаат со молитва кон Возвишниот Алах да се прекинат сите воени судири, бидејќи, како што вели, во такви судири страдаат невини луѓе, кај луѓето се отвораат неизлечени рани кои формираат психологија на насилство, омраза, убивање и истребување на човечкото суштество. – Овој месец е и добар повод за наше помирување, за пружање помош на оние кои имаат потреба – особено на сиромашните и немоштените, бидејќи само така ќе бидеме поблиску до задоволството и простувањето на Семоќниот Алах. Дозволете ми во име на ИВЗ на РСМ и во мое име да ги изразам моите срдечни честитки во оваа прилика, со молитва до Семоќниот Алах да ни даде сила на верата, висока свест, непоколеблива волја, дека со најголема посветеност да го извршуваме постот. Нашите искрени Ибадети и молитви – особено нашите молитви за мир и толеранција се во согласност со зборовите на Мухамед (а.с.): „Кој го пости месецот Рамазан со вера (искрено и надевајќи се дека ќе биде награден од Алах за тоа), сите претходни гревови ќе му бидат простени“. Ви посакуваме убав почеток, пријатна атмосфера на месецот Рамазан и нека е благословен овој голем и свет месец.“О верници, пропишан ви е постот како што им беше пропишан и на оние пред вас за да бидете богобојазливи” (Ел: Бекарету: 183)„, посочува Фетаху во неговата порака. Во овој месец, потенцира тој, обавуваме еден од столбовите на Исламот – постење на неговите денови, што е задолжителна обврска, каде што се воздржуваме од јадење и пиење и правење лоши дела заради Возвишениот Алах. – Преку постот ја докажуваме нашата посветеност на Создателот, формираме висока свест за нашата позиција на Земјата да бидеме во служба на доброто и да го избегнуваме злото од себе и од луѓето воопшто. Овој месец е месец на знаењето, бидејќи во него е објавен императивот да се чита, да се учи, да се истражува, за да се знае креативноста на Семоќниот Алах. Преку постот и знаењето ја разбираме главната цел на животот, а тоа е грижата за човекот, која се изразува преку мир, толеранција, хуманост и солидарност. Во оваа средина на нашата поврзаност со Создателот, ние се обраќаме кон Неговото Величество со нашите молитви да прости пропусти, грешки и гревови, истакнува Фетаху во пораката по повод почнувањето на Рамазанскиот пост.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poraka-na-poglavarot-na-ivz-fetahu-po-povod-pochetokot-na-ramazanskiot-post/feed/ 0
Мицкоски со честитка по повод почеток на светиот месец Рамазан: „Нека вашите домови и срца бидат исполнети со радост, спокој и мир“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-chestitka-po-povod-pochetok-na-svetiot-mesec-ramazan-neka-vashite-domovi-i-srca-bidat-ispolneti-so-radost-spokoj-i-mir/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-chestitka-po-povod-pochetok-na-svetiot-mesec-ramazan-neka-vashite-domovi-i-srca-bidat-ispolneti-so-radost-spokoj-i-mir/#respond Tue, 13 Apr 2021 10:06:06 +0000 https://kurir.mk/?p=496398

Почитувани граѓани на Република Македонија од исламска вероисповед дозволете ми од мое лично име и од име на членовите на ВМРО-ДПМНЕ да Ви го честитам почетокот на светиот месец Рамазан, стои во честитката на опозицискиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. - Ви посакувам од срце светиот месец Рамазан да го поминете во добро здравје Вие и Вашите семејства и нека вашите домови и срца бидат исполнети со радост, среќа, спокој и мир. Светиот месец Рамазан оваа година нека помине во благосостојба и милосрдие, но и молитви и верба дека заедно ќе ги пребродиме предизвиците на ова темно време. Љубовта кон ближните и хуманоста кон посиромашните нека биде водилка која ќе го води човекот и сега и во иднина, како во врска со справувањето со здравствената криза, така и кон градењето на подобра иднина на идните генерации, вели тој. Секој со свој личен пример и одговорен однос нека даде свој придонес во заштита на својот и животот на своите ближни, но истовремено да покажеме како и низ вековите наназад дека со заемно почитување и заедничко разбирање можеме да работиме за доброто на нашиот заеднички дом, нашата заедничка татковина Република Македонија. Нека е лесен и благословен Вашиот пост. Нека е честит светиот месец Рамазан, додаде Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-chestitka-po-povod-pochetok-na-svetiot-mesec-ramazan-neka-vashite-domovi-i-srca-bidat-ispolneti-so-radost-spokoj-i-mir/feed/ 0
СЗО: Собирите за Велигден и Рамазан да се одржуваат на отворено https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-sobirite-za-veligden-i-ramazan-da-se-odrzuvaat-na-otvoreno/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-sobirite-za-veligden-i-ramazan-da-se-odrzuvaat-na-otvoreno/#respond Wed, 31 Mar 2021 17:56:33 +0000 https://kurir.mk/?p=490442

Светската здравствена организација (СЗО) денеска препорача верските собири во Европа, имајќи ги предвид Велигден и Рамазан, да се одржуваат на отворено во земјите каде собири се дозволени. „Во земјите каде вирусот се шири повеќе, треба сериозно да се размисли за виртуелни собири, за одложувања или за намалување на големината на овие собири“, препорача СЗО во однос на верските прослави во текот на пролетта во Европа. Општо, „сите религиозни обреди треба да се одржуваат надвор, ако е можно, или да се намалат по обем и времетраење, во однос на проредот, вентилацијата, миењето на рацете и употребата на маски“, препорачува организацијата на ООН. „Уште подобро е ако се слави само со членови на домаќинството“, вели СЗО, предупредувајќи дека треба да се избегнува секој контакт во случај на симптоми и карантин. Што се однесува до собирите во затворени простори, СЗО потсетува дека тие се „особено опасни, дури и ако се помали“ затоа што се собираат членови на различни домаќинства, иако официјално не ги забранува овие собири. Во неколку земји во европскиот регион на СЗО, кој вклучува околу 50 земји, вклучително и Русија и неколку земји од Централна Азија, „бројот на заразените сериозно расте и не смееме да се откажеме од претпазливост во оваа фаза на пандемија“, соопшти организацијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-sobirite-za-veligden-i-ramazan-da-se-odrzuvaat-na-otvoreno/feed/ 0
Турција ги заострува мерките – воведува полициски час пред празникот Рамазан https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turcija-gi-zaostruva-merkite-voveduva-policiski-chas-pred-praznikot-ramazan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turcija-gi-zaostruva-merkite-voveduva-policiski-chas-pred-praznikot-ramazan/#respond Tue, 30 Mar 2021 11:33:56 +0000 https://kurir.mk/?p=489682

Турција ќе воведе полициски час за време на викендот во некои провинции и ќе ги засили санитарните мерки пред муслиманскиот свет месец Рамазан, поради нагло зголемување на бројот на заразени со Ковид-19. Во последниот месец во Турциија бројот на инфицирани лица е зголемен за трипати на дневна основа, а смртните случаи се околу 150, додека на почетокот на месецот нивниот број беше околу 60. Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган изјави дека 58 од 81 турска провинција сега се означени како „црвена“ или „многу ризична“ зона и дека полицискиот час ќе биде воведен за време на викендите, а во цела држава ќе продолжи ноќниот полициски час на национално ниво ќе продолжи. До почетокот на март имаше само 17 провинции во „црвената“ зона. Рамазан почнува на 13 април, а ќе можат да работат само рестораните и кафулињата кои нудат храна за носење. Во Турција вчера се регистрирани околу 32.400 новозаразени лица, со што вкупнниот број на заболени изнесува 3,2 милиони, од кои починаа 31.000. Околу 15 милиони луѓе примија една, а приближно 6,7 милиони луѓе во Турција примија две дози на вакцина против Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turcija-gi-zaostruva-merkite-voveduva-policiski-chas-pred-praznikot-ramazan/feed/ 0
Почнува рамазанскиот пост https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-ramazanskiot-post/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-ramazanskiot-post/#respond Fri, 24 Apr 2020 05:11:25 +0000 https://kurir.mk/?p=336439

Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го почнаа рамазанскиот пост, што трае 30 дена и завршува на 23 мај. За време на постот верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење. Според исламската религија, постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и душевно прочистување. Верниците мора да се воздржуваат од лоши зборови и дела со цел општо човечко прочистување. Постењето е верска обврска за секој полнолетен, здрав муслимански верник, но не е обврзувачко болните, бремените жени и работниците кои вршат тешка физичка работа. По рамазанскиот пост, на 24 мај е Рамазан Бајрам, кој се чествува три дена. Тогаш целото семејство се собира на празнична трпеза, а се посетуват роднините и пријателите. Рамазан е деветтиот месец во Исламскиот календар. Првиот ден од Рамазан Бајрам е државен празник. Во пресрет на рамазанскиот пост, поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи, им порача на верниците да ги почитуваат препораките на Владата за заштита и спречување на ширењето на на коронавирусот. -Апелирам и ве замолувам да се придржувате кон исламските принципи за вашето и за здравјето на другите луѓе околу вас, истовремено почитувајќи го тоа што го велат лекарите и експертите во врска со пандемијата Ковид 19. Само така ќе победиме и ќе се вратиме на нашите животи, само така ќе бидат оправдани нашите молитви за спас што ги упатуваме на семоќниот Алах, порача Реџепи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-ramazanskiot-post/feed/ 0