рамазански пости – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 30 Apr 2022 07:39:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рамазански пости – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Рамазан – светиот месец на муслиманите: Постот е задолжителен за сите верници за нивно физичко и душевно прочистување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ramazan-svetiot-mesec-na-muslimanite-postot-e-zadolzitelen-za-site-vernici-za-nivno-fizichko-i-dushevno-prochistuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ramazan-svetiot-mesec-na-muslimanite-postot-e-zadolzitelen-za-site-vernici-za-nivno-fizichko-i-dushevno-prochistuvanje/#respond Sat, 30 Apr 2022 07:39:22 +0000 https://kurir.mk/?p=670020

За верниците од исламска вероисповед сè уште трае 30-дневниот рамазански пост, период во кој тие од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење. Рамазан е деветтиот месец во исламскиот календар. Според исламската религија, постот, кој е еден од исламските столбови, е задолжителен за сите верници за нивно физичко и душевно прочистување. Верниците мора да се воздржуваат од лоши зборови и дела со цел општо човечко прочистување. Постењето е верска обврска за секој полнолетен, здрав муслимански верник, но не е обврзувачки за болните, бремените жени и работниците кои вршат тешка физичка работа. Почетокот на Рамазан секоја година се поместува за 10 дена наназад, односно во престапните години за 11 дена, во однос на претходната година, поради разликата помеѓу исламскиот и грегоријанскиот календар. Садуш Тахири, оџа во Новата џамија во Чаир, во изјава за МИА објаснува дека зборот пост значи воздржување од јадење и пиење, но ова е само едната димензија од постот, бидејќи тој значи и потполно молчење на човекот. Втората димензија е духовното и физичкото воздигнување, кое го забележува човекот. Тој потенцира дека зборот пост значи воздигнување и доколку не сме постигнале воздигнување за време на постот, тогаш постот ќе биде нецелосен. Посочи дека постот датира од втората година од Хиџра (исламски календар) од преселбата на Пророкот, но, вели, тоа не значи дека постот не постоел од првиот ден од кога бил создаден првиот човек. – Постот го има и кај другите народи во различни облици и фази, сè додека Семоќниот Бог не го заврши со доаѓањето на пророкот Мухамед а.с. на 30 дена во кои муслиманите во целост се чувствуваат исполнети и им посветуваат посебна важност. Постот во себе содржи една многу посебна светлина, содржи мирис или да речеме мошус, кој не може да се опише, особено во последно време кога светот е веќе потопен во океаните на темнината поради кои повеќе не се гледаме ниту самите себеси, постот нè прави да се видиме себеси. Постот прави да бараме мир во светот, да им дадеме правда на луѓето. Постот прави луѓето да сфатат дека живеат со нас во мир и ние сме само за мир и безбедност во светот. Ова е постот, вели оџата Тахири во разговор за МИА. Тој потенцира дека во текот на постењето забележуваме дека во нашето тело се случува промена, и тоа од космички аспект, бидејќи, како што вели, во тој период и вселената се менува. – За време на постот забележуваме дека мислите ни се поинакви, душата ни е поразлична, речиси и поинаку гледаме, понекогаш дури и малку поинаку размислуваме. Постот е една светлина, која 30 дена нè прави да се преродиме од еден ембрион што го нарекуваме Куран или Божја книга, особено во Ноќта Кадр, ноќта на објавувањето на светата книга Куран, станува уште појасно кои сме и што сме. Бог во Куранот вели: „Бојата на Бог, има ли некој што бои подобро од Бога? Оваа божествена боја не се однесува само на нас муслиманите, туку оваа божествена боја важи и за сите луѓе низ светот.“ Чудно е како нашето тело може спонтано да открие дека доаѓа постот. Каква е оваа претподготовка пред да дојдат деновите на постот? Зошто ни се случува целосна трансформација? Зошто светот е помирен? Не само човечкиот свет, туку и светот на другите суштества. Оти Бог во Куранот рекол: „Бог со вас што постите го сака олеснувањето.“ Освен за муслиманите што имаат придобивка од постот и немуслиманите имаат поголема придобивка отколку што имаат самите муслимани, вели оџата. Во меѓувреме, посочува тој, постот за муслиманите е да им се докаже на луѓето дека се повоздигнати, потивки, попродуктивни, многу посмирени, поправедни или покоректни. – Ако постот не те натерал малку да замолчиш, да се вратиме на самите себе, да ја закоравиме волјата, да ја закоравиме нашата душа и нашиот живот за по Рамазан да бидеме уште подобри, тогаш значи дека имаме проблем со себе. Треба да се запрашаме дали навистина ќе почнеме да постиме како што треба. Овој пост им припаѓа на сите човечки суштества, затоа не постат само луѓето, постат и растителниот и животинскиот свет, постат и на други планети, за кои ние не знаеме. Но, главно, ние се приклучуваме на тој ред, затоа што како Бог сега ни вели: „О, човеку, ти си во редот на сите суштества, кои ме почитуваат и никако не излегуваат од тој ред, зошто ти стануваш тој што го нарушува мојот космички поредок што јас го создадов?“ Кога постиме, како да сме во редот на сите суштества кои се покоруваат на возвишениот Алах, рече Тахири. Оџата Тахири објаснуваше и за значењето на 27. ноќ на постот, односно денот кога е објавена светата книга Куранот. – За време на постот се случиле многу работи во историјата – победи, а ние муслиманите 27. ноќ на постот ја очекуваме со голема возвишеност низ светот. Во оваа ноќ се отворија рајските порти и Бог се запозна со човекот, и тоа со првиот збор икре – читај. Тоа беше ангелската прегратка, прегратката на Гаврил (во исламот тој му го открил/дал Куранот на пророкот Мухамед), кој го прегрнал нашиот Пророк со првиот збор, со кој се запознавале „Читај Мухамед“ и сега животот продолжува поинаку. Нема повеќе живот без читање, без учење и без образование. Тоа е сè што нас нè прави постот да биде, рече оџата Тахири. Овој месец е и добар повод за наше помирување, за пружање помош на оние кои имаат потреба – особено на сиромашните и изнемоштените, бидејќи само така ќе бидеме поблиску до задоволството и простувањето на семоќниот Алах. За време на рамазанските пости и овој месец на солидарноста, низ Скопската чаршија се поставуваат бесплатни ифтари за ранливите категории граѓани – сиромашните и изнемоштените. Екипата на МИА посети еден пункт на една невладина организација, која овозможува вакви ифтари. Арсим Лесковица, еден од организаторите на „Ифтарска софра“, ни објасни дека годинава 11-ти пат по ред организираат бесплатни ифтари во чаршијата, на кои дневно имаат по сто верници. – Моментално сме во ресторанот „Блаца“ во Скопската чаршија. Неслучајно го избравме ова место, ова е уличка во чаршијата, која не го попречува главниот пат и направивме традиција на соработка со сопствениците на ресторанот. Во овој ресторан служиме приближно три илјади ифтари за еден месец. Секојдневно во ресторанот се служи ифтар за приближно 100 луѓе, но не заборавајќи дека за жителите од скопската населба Дижон се испраќаат уште 50 пакети со храна. Причината зошто повеќе не можеме да се шириме е фактот што сме ограничени во средствата и не ни се обезбедени предвреме, потенцира тој. Лесковица ни рече дека посакува да им се повтори успехот од 2019 година, пред да настане пандемијата на коронавирусот, кога биле послужени вкупно 5.200 ифтари за време на рамазанската трпеза – од кои три илјади се поставени во ресторанот, а две илјади биле пакети со храна што биле испратени за граѓаните во населбата Дижон. – Наша надеж е во иднина да ја прошириме „Ифтарската софра“ со оглед на тоа што потребата е голема. Сакаме да ја прошириме дејноста со испраќањето на храната во пакувана форма и во другите населби на Град Скопје, вели Лесковица. За време на овој свет муслимански месец, најголема е радоста и среќата кај најмалите – децата, кои со нетрпение излегуваат низ улиците по маалата или пред некоја блиска џамија и го чекаат светкањето на светилките на минарето и пеењето на оџата, кои фактички го означуваат и завршувањето на постот. По ифтарската вечера, верниците во џамии клањаат терави намаз и се одржуваат предавања на оџи, имами и теолози. По рамазанскиот пост, на 2 мај е Рамазан бајрам, кој се чествува три дена. Тогаш целото семејство се собира на празнична трпеза, а се посетуват роднините и пријателите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ramazan-svetiot-mesec-na-muslimanite-postot-e-zadolzitelen-za-site-vernici-za-nivno-fizichko-i-dushevno-prochistuvanje/feed/ 0
ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Боговиње со честитка по повод почетокот на рамазанските пости https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ok-na-vmro-dpmne-bogovinje-so-chestitka-po-povod-pochetokot-na-ramazanskite-posti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ok-na-vmro-dpmne-bogovinje-so-chestitka-po-povod-pochetokot-na-ramazanskite-posti/#respond Thu, 23 Apr 2020 18:52:45 +0000 https://kurir.mk/?p=336345

Општинскиот Комитет _ВМРО ДПМНЕ _ - - БОГОВИЊЕ-- НА СИТЕ ВЕРНИЦИ ОД МУСЛИМАНСКА ВЕРОИСПОВЕСТ, ИМ ГО ЧЕСТИТА ПОЧЕТОКОТ НА РАМАЗАНСКИТЕ ПОСТИ И ИМ ПОСАКУВА ЛЕСНО И СМИРЕНО ДА ГО ДОЧЕКАМЕ _РАМАЗАН БАЈРАМ_....!!!! https://www.facebook.com/alisherif.shekspir/posts/3046510465372382]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ok-na-vmro-dpmne-bogovinje-so-chestitka-po-povod-pochetokot-na-ramazanskite-posti/feed/ 0
Преживеала три војни: Баба од Мостар има 111 години и по 104 пат пости за Рамазан (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/preziveala-tri-vojni-baba-od-mostar-ima-111-godini-i-po-104-pat-posti-za-ramazan-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/preziveala-tri-vojni-baba-od-mostar-ima-111-godini-i-po-104-pat-posti-za-ramazan-foto/#respond Mon, 13 May 2019 06:48:55 +0000 https://kurir.mk/?p=197190

Фата Хусиќ, која има 111 години и живее во градот Мостар, Босна и Херцеговина, многу е среќна и возбудена бидејќи оваа година по 104 пат по ред пости за време на Рамазан. Во разговорот за агенцијата Анадолија (AA), Хусиќ рече дека за првпат почнала да пости во својата седма година, а сега и покрај напреднатата возраст, продолжува да пости, и вели дека сè додека здравјето ѝ дозволува, ќе продолжи со постот. – Никогаш не сум ниту гладна ниту жедна. Тоа Алах ми го дава секоја година. Ако даде Алах, и овој Рамазан, ќе постам. Научив и петпати на ден да клањам, тоа не го пропуштам. Ми годи тоа, бидејќи навикнав и целиот мој род и пород живее со тоа. Штом ќе почнам со постот, ниту сум гладна ниту сум жедна. По цел ден нема никој, сите некаде одат, а јас со ова (покажува бројаница) разговарам, појаснува Фата. Раскажува дека поради напреднатата возраст во текот на денот често заспива и не може да стигне да ја заврши секоја работа како порано, додавајќи дека ифтарот веќе го подготвуваат нејзините снаи и внуци. И покрај тоа што тие го избрале модерниот стил на живот, таа одвреме-навреме се потсетува на старите традиции. Поради тоа често им раскажува за обичаите за да не се изгубат. Особено ѝ е важно да напомене дека алвата во текот на Рамазан има посебно значење за муслиманите. Радоста да се споделува со соседите Во семејството Хусиќ се чува и традицијата на подготвување баклава, која, како што вели, ја подготвува невестата по рецепт на својата почината мајка која била извонредна домаќинка. Но нејзе ѝ е важна традицијата на подготвување супа и јапрак или долма, бидејќи нејзините години не ја дозволуваат силната храна. Трпезата е секогаш богата, но она што нејзе ѝ е најважно за Бајрам, е доаѓањето на многу гости и искрената радост на Бајрам, која во нивното семејство и соседството се споделува. – Има соседи… За Бајрам доаѓаат многумина… И јас додека можев, не ги заборавав, кој и да се женел или мажел и родил, секому му дарував подароци, раскажува Фата за екипата на агенцијата Анадолија (AA). Сега не може, но вели дека на младите генерации секогаш им говори дека треба да се внимава на соседите и да се споделува радоста со нив. Постот е многу повеќе од одрекување од храната Старицата раскажува дека и денес има луѓе кои веруваат и додава дека е жално да се видат многу од оние кои не се свесни дека гревовите и добрите дела се мерат и дека ќе дојде денот кога сите за нив ќе одговараат. Таа потсетува на смислата на верата и учењето на Куранот. Нагласува дека е важно секој верник на почетокот на Рамазан да знае дека постот не е само одрекување од храна, туку многу повеќе од тоа. Тоа вклучува трпение и разбирање за другите и истакнува дека за постот е потребно знаење. – Кој има живот, ако има месо и силна храна, може да јаде, може малку подобро и да пости, а кој има слаба храна, огладнува, вели Фата, раскажувајќи дека е добро и да се дели милостина на оние кои имаат потреба. Преживеала три војни Хусиќ ги советува верниците муслимани, со „Бисмиле“ (Во името на Господ) да влегуваат и да излегуваат од куќите и автомобилите, бидејќи смета дека без тоа и вистинската вера нема живот. Тоа го осознала како дете во Првата светска војна, кога уште не знаела зошто плачат мајка ѝ, тетка ѝ и баба ѝ, испраќајќи го нејзиниот татко во војна, бидејќи верува дека молитвите, постот и милостината го спасиле. – Кога татко ми појде во војна, плачеа баба ми, тетка ми и мајка ми, а јас не знаев зошто тие плачат. Кога дојдоа од војна, татко ми и уште седум други луѓе со него, сите беа ранети, само тој не. Се сеќавам добро, вели Фата, напоменувајќи дека преживеала две светски војни, како и војната во БиХ, но никогаш не престанала да ја практикува верата. Поради тоа им порачува на сите, особено на младите, дека молитвата, постот и милостината се она што на Господ му е драго, а на секој човек му е потребно. Исто така порачува дека радоста на Бајрам треба да се споделува со секого. Посака за сите верници во радост да го поминат Рамазан, со полно срце да го дочекаат најголемиот муслимански празник и да ја споделат радоста со целиот свет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/preziveala-tri-vojni-baba-od-mostar-ima-111-godini-i-po-104-pat-posti-za-ramazan-foto/feed/ 0
Честитка од Мицкоски по повод почетокот на рамазанските пости https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-mickoski-po-povod-pochetokot-na-ramazanskite-posti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-mickoski-po-povod-pochetokot-na-ramazanskite-posti/#respond Wed, 16 May 2018 12:31:17 +0000 https://kurir.mk/?p=54832

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски испрати честитка до реис-ул-улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи, членови на Ријасетот и сите граѓани на Република Македонија од исламска вероисповест. - Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ да ви го честитам почетокот на Рамазанските пости. Овие денови се денови на сплотеност, семејна хармонија и добродетелство кон блиските, роднините, пријателите и соседите. Рамазан е најсветлиот месец во исламот, месец каде се покажува великодушноста спрема сиромавите со надеж за милост и бериќет. Богоугодноста, секое хумано дело и заедничко разбирање се придонес кон подобро општество и унапредување на нашето најголемо богатство, соживотот и толеранцијата. Македонија е земја на етнички, културни и верски различности и затоа взаемната почит е суштинска за нашиот напредок на секое поле. Ви посакувам светиот месец Рамазан да Ви помине во лесен пост со радосни празнични денови. Нека радоста, милоста и добродетелството Ве следат во текот на целиот пост, целата година и за целиот Ваш живот, посакува Мицкоски.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-mickoski-po-povod-pochetokot-na-ramazanskite-posti/feed/ 0