рамиз мерко – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 11 Sep 2023 12:22:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рамиз мерко – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ДКСК со иницијатива за кривично гонење на Мерко, вработени во општината и други лица за отуѓување на земјиште во центарот на Струга https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-so-initsijativa-za-krivichno-gonene-na-merko-vraboteni-vo-opshtinata-i-drugi-litsa-za-otuguvane-na-zemjishte-vo-tsentarot-na-struga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-so-initsijativa-za-krivichno-gonene-na-merko-vraboteni-vo-opshtinata-i-drugi-litsa-za-otuguvane-na-zemjishte-vo-tsentarot-na-struga/#respond Mon, 11 Sep 2023 12:21:41 +0000 https://kurir.mk/?p=876923

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) за случај за отуѓување на 143 м2 државен имот во центарот на Струга на денешната седница донесе одлука за поведување иницијатива за кривична постапка против градоначалникот на Општина Струга Рамиз Мерко, вработени во општината, геодетско друштво, стручни лица, како и да се преиспита работењето на судии од Управниот суд и Вишиот управен суд. -Се отвораат сериозни сомнежи за искористување, поткуп, злоупотреба на службена положба и овластување кај службеното лице Рамиз Мерко, кај претседателот на Комисијата, неговата сопруга, геодетските лица, стручните лица, судиите и стручните лица од Управниот суд и Вишиот управен суд и.т.н. да се поднесе иницијатива за кривично гонење, а на подносителот ќе му дадеме предлог согласно членот 66 од нашиот закон да побара ништовност на документот издаден од катастрарот, истакна претседателката на ДКСК Билјана Ивановска. Образложувајќи ја постапката Ивановска кажа дека се работи за земјиште во центарот на Струга кое се отуѓило на Инекс Дрим АД Струга, поврзан со субјект од Австрија кој работи во областа на игрите на среќа, коцкарница и кладилница. Со тоа, како што додаде таа, пред ДКСК се отвораат и сомнежи за перење пари и поткуп заради стекнување корист по пат на отуѓување на земјиште и тоа во централното градско подрачје на Струга. -За да се одговори позитивно на барањето за отуѓување на земјиштето на Инекс Дрим АД Струга, Општина Струга започнала со пренамена од пат на градежно земјиште. Наместо тоа да биде на товар на Општината товарот го платила фирмата која што барала да го откупи земјиштето а тоа е Инекс Дрим АД Струга. Понатаму при пренамената, крајно незаконски е оформена нова катастарска парцела со спојување на означени катастерски парцели за да може јавното добро пат да се прикаже како градежно земјиште. Понатаму при пренамена геодетската фирма никогаш не излегла на терен туку верувала на документацијата што ја добила од Општината иако во геодетскиот елаборат јасно е нацртано дека под куќата на подносителот на јужната страна има премин, појасни Ивановска. Како што рече таа, со цел да се заведе оваа незаконитост, градоначалникот Рамиз Мерко заверил фалсификуван документ на кој не е евидентиран преминот на јужната страна. -Управниот суд и Вишиот управен суд ги отфрлиле тужбите и жалбите на подносителот, не се впуштиле во расправање на состојбите и не воделе сметка за ништовноста на правните акти во смисла на членот 66 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси. Исклучок е само една пресуда. Поткрепа за овие состојби наоѓаме и во новоизработениот геодетски елаборат кој што се направи во текот на постапката која што се водеше во ДКСК, а кој подносителот го достави во оригинал до нас. Во овој геодетски елаборат е наведено дека цитирам: предметната зграда е погрешно прикажана во катастраскиот план бидејќи таа во 1970 година постоела и денеска постои на теренот и како таква требало да биде евидентирана во Катастарот согласно членот 12 од Правилникот за премер којшто гласи конзолно наддените делови на зградата не се пресметуваат во површината на земјиште на зградата, рече Ивановска. Претседателката на ДКСК кажа и дека во случајот се констатирани судир на интереси на лице вработено во општината, кое било претседател на Комисијата за отуѓување на земјиштето, и кое постапувајќи по предметот за Инекс Дрим АД Струга за отуѓување на градежно земјиште со непосредна спогодба во својство на претседател, прифатил геодетски елаборат од геодетска фирма во која работела и се уште работи неговата сопруга. Тој притоа овозможил остварување имотна корист за геодетската фирма, а со тоа корист и на неговата сопруга. Подносител на барањето е лице, сопственик на куќа на чие земјиште на 10 м2 се впишани како пат. Во овие 143 м2 квадратни е влезен и патот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-so-initsijativa-za-krivichno-gonene-na-merko-vraboteni-vo-opshtinata-i-drugi-litsa-za-otuguvane-na-zemjishte-vo-tsentarot-na-struga/feed/ 0
ДКСК до обвинителство ќе достави иницијатива за кривично гонење на градоначалникот Мерко https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-do-obvinitelstvo-ke-dostavi-initsijativa-za-krivichno-gonene-na-gradonachalnikot-merko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-do-obvinitelstvo-ke-dostavi-initsijativa-za-krivichno-gonene-na-gradonachalnikot-merko/#respond Fri, 04 Aug 2023 12:34:13 +0000 https://kurir.mk/?p=863403

Државната комисија за спречување корупцијата (ДКСК) на денешната седница соопшти дека ќе достави иницијатива до Основното јавно обвинителство Струга за кривично гонење на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко за злоупотреба на службената положба и овластување. Како што посочија членовите на ДКСК, Мерко на незаконски начин на два пати назначил вршител на должност, в.д директорка на основно училиште во Струга која немала завршено високо образование, ниту го имала потребното работно искуство. Од таму предлагаат кривично да се гонат и в.д. директорката и уште неколку други вработени, кои и помогнале да фалсификува документи кои и биле потребни за изборот на функцијата директор. -Градоначалникот на општина Струга спротивно на законот на два пати ја назначил за в.д. директорка наставничката по англиски јазик, иако таа не ги исполнувала условите за тоа. Дополнително тој не го задолжил училишниот одбор да донесе одлука за објавување на јавен повик за избор на директор на училиштето. Пријавената в.д. директорка предавала предмети за кои не била стручна и за кои е потребно високо образование. Имала четири години и осум месеци работно искуство, што не е доволно за да биде назначена за директор. Дополнително во тоа време таа немала уверение за положен испит за директор, а училишниот одбор не донел одлука за распишување на јавен повик. Сето тоа го направила со фалсификувани службени исправи. Во исто време директорката сама на себе со анекс договор си го зголемила фондот на часови што е спротивно на законот. Во тоа и помагале поранешни директори. Со тоа тие ја злоупотребиле службената положба и фалсификувале слижбени исправи, рече членот на ДКСК, Шемси Салаи.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-do-obvinitelstvo-ke-dostavi-initsijativa-za-krivichno-gonene-na-gradonachalnikot-merko/feed/ 0
Не сум го гласал Мерко за да кажам дали да даде оставка, сам треба да си одлучи, смета Османи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-sum-go-glasal-merko-za-da-kazham-dali-da-dade-ostavka-sam-treba-da-si-odluchi-smeta-osmani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-sum-go-glasal-merko-za-da-kazham-dali-da-dade-ostavka-sam-treba-da-si-odluchi-smeta-osmani/#respond Sat, 01 Jul 2023 10:53:30 +0000 https://kurir.mk/?p=851514

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели струшкиот градоначалникот Рамиз Мерко по именувањето на т.н Црна листа на САД, треба сам да донесе одлука дали ќе даде оставка од функцијата. - Мислам дека Мерко треба сам да донесе одлука по однос на неговиот однос со граѓаните коишто го избрале. Да сум јас гласач во Струга, да беше тоа градоначалник од Чаир, ќе кажев мое мислење. Меѓутоа јас не сум го гласал, ниту живеам во Струга, и мислам дека тоа е прашање на односот помеѓу градоначалникот и граѓаните коишто го избрале. Во однос на партиските функции, државните функции апсолутно сме недвосмислени во тој дел, рече Османи, на новинарско прашање на прес-конференција во МНР. Тој посочи дека ДУИ го кажале нивниот став оти бараат сеопфатна домашна и меѓунардна истрага и активирање на сите можни механизми, како и дека се замрзнуваат сите позиции во партијата. -Тоа е најдобриот одговор што можеме да го дадеме во моментот. Градоначалниците се избрани на директни избори. Ниту премиерот не е на директни избори, ни министрите, сите ние сме именувани од Собранието. Тие се на директни избори. Не се неговите гласачи само од ДУИ, и Македонци, и Албанци, и од сите други политички. Тој однос е меѓу градоначалникот и граѓаните и сами треба да го решат. Нашиот став го кажавме и мислам дека од сите досегашни реакции во регионот, бидејќи имаше црни листи во Албанија и во други држави, единствена ваква реакција имате од ДУИ. ДУИ, кажува - Да, ја прифаќаме одлуката, веднаш да се активираат механизмите, се замрзнува членството во партијата, продолжете да го истражувате. И дури ги охрабруваме САД да продолжат, да именуваат доколку сметаат дека има такви коишто треба да се именуваат. Мислам дека ДУИ го прекина трендот на реакции кон ваквиот механизам којшто го донесоа САД, рече Османи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-sum-go-glasal-merko-za-da-kazham-dali-da-dade-ostavka-sam-treba-da-si-odluchi-smeta-osmani/feed/ 0
Ковачевски: Не само градоначалникот на Струга, туку оставки треба да поднесат и сите советници што ги поддржувале неговите одлуки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-ne-samo-gradonachalnikot-na-struga-tuku-ostavki-treba-da-podnesat-i-site-sovetnitsi-shto-gi-poddrzhuvale-negovite-odluki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-ne-samo-gradonachalnikot-na-struga-tuku-ostavki-treba-da-podnesat-i-site-sovetnitsi-shto-gi-poddrzhuvale-negovite-odluki/#respond Fri, 30 Jun 2023 13:22:23 +0000 https://kurir.mk/?p=851273

Институциите да ги проверат наодите по сите основи, зошто Рамиз Мерко се нашол на црната листа на Соединетите Американски Држави. Несфатливо како истражители од САД имале информации за нешто што се случило тука, а немале задолжените институции кај нас, изјави премиерот Димитар Ковачевски на седница за пратенички прашања одговарајќи му на пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ кој праша дали премиерот ќе побара оставка од градоначалникот на Струга. Ковачевски рече дека секој избран функционер треба да работи по законите и во интерес на граѓаните и повтори дека тој да бил на црна листа на САД - не само што би поднел оставка, туку тоа би било најголем неуспех во неговата лична и професионална кариера. Смета дека оставка треба да поднесат и советниците во Општината доколку не работеле во интерес на граѓаните и ги поддржувале неговите одлуки и дека најдолг период на функцијата Мерко бил во време на коалицијата на ДУИ со ВМРО-ДПМНЕ. -Доколку ги погледнете основите по кои е донесена одлуката од Стејт департментот за ставање на црната листа, во текот на извршувањето на функцијата бил во коалиција со сите политички партии, вклучително и со вашата во најдолг период од неговата кариера, тогаш мојата порака би била - доколку не работеле во интерес на граѓаните, за што треба да потврдат институциите, не само градоначалникот на Струга, туку и сите советници од сите советнички групи кои поддржувале одлуки во текот на сиот изминат период сите заедно треба да си дадат оставка, рече премиерот. Незадоволен од одговорот, Стојановски рече дека Ковачевски нема храброст да побара оставка од Мерко во страв, како што рече, дека тие (ДУИ) ќе ја напуштат коалицијата и ќе треба да оди на избори. Откако од говорницата Стојановски го нарече премиерот„циркусант“, настана расправија меѓу нив во собраниската сала, по што пратеникот на опозициската партија рече дека нема да му се извини на Ковачевски затоа што „не можел да најде посоодветен збор за неговите постапки“. Стојановски го праша и министерот за правда Кренар Лога, порано вработен во Општина Струга, зошто сѐ уште не е постапено по шест предмети против Рамиз Мерко и дали тоа се „европските вредности“ поради кои неговата партија (Алијанса за Албанците) влегла во Владата. Лога одговори дека го чека извештајот од Судскиот совет од контрола што ќе се изврши во Основниот суд во Струга. Посочи дека во времето кога ВМРО-ДПМНЕ биле на власт, од тогашниот градоначалник Зијадин Села најмалку 20 предмети биле поднесени во обвинителството во Струга и до МВР. -Во 2013-2017, кога јас бев секретар на Општината, централна власт беше ВМРО-ДПМНЕ, државниот обвинител беше избран од ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш каде беше ВМРО-ДПМНЕ? Можам да заклучам дека вие го имате заштитено бидејќи четири години немавте постапено. Во тоа време јас лично и до Гордана Јанкулоска имам пуштено писма за наводи за постоење криминал. Жал ми е што денеска прстот го вперувате кон мене, изјави Лога. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-ne-samo-gradonachalnikot-na-struga-tuku-ostavki-treba-da-podnesat-i-site-sovetnitsi-shto-gi-poddrzhuvale-negovite-odluki/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Мерко е на црна листа, а Ковачевски не смее да му побара одговорност, фали уште да го моли да им дозволи на институциите да вршат увид на документите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-merko-e-na-tsrna-lista-a-kovachevski-ne-smee-da-mu-pobara-odgovornost-fali-ushte-da-go-moli-da-im-dozvoli-na-institutsiite-da-vrshat-uvid-na-dokumentite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-merko-e-na-tsrna-lista-a-kovachevski-ne-smee-da-mu-pobara-odgovornost-fali-ushte-da-go-moli-da-im-dozvoli-na-institutsiite-da-vrshat-uvid-na-dokumentite/#respond Thu, 29 Jun 2023 07:15:45 +0000 https://kurir.mk/?p=850675

Тоа што Рамиз Мерко се најде на црната листа, е само врвот на сантата мраз на криминалот и корупцијата на оваа власт на ДУИ и СДС. За да ги собере сите прекршувања на законот, матни зделки, местени тендери, партизирања на судството, лични богатења и слично не треба црна листа, туку цел еден црн тефтер, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ. -Молкот на Ковачевски уште еднаш потврдува дека тој е безгласна буква во власта, ниту смее да критикува, а камо ли да побара одговорност од Мерко. Тоа ја покажува целата потчинетост на СДС и Ковачевски во односот со ДУИ и нивните функционери. Фали уште Ковачевски да го моли Мерко да им дозволи на институциите да направат увид на документацијата. Тоа е резултатот на уништениот систем и заробените институции. Но се е веќе разголено. Нема ден да помине, а да не добие власта шлаканица за нивната корупција и криминал. Светот ги разбра веќе дека се шампиони по мафијаштво и по урнисување на правната држава, велат од партијата. Од таму додаваат дека сега и ДУИ и СДС може да вртат да сучат, но ништо не ги спасува. Следи и политичка и кривична одговорност за сите криминали за оваа власт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-merko-e-na-tsrna-lista-a-kovachevski-ne-smee-da-mu-pobara-odgovornost-fali-ushte-da-go-moli-da-im-dozvoli-na-institutsiite-da-vrshat-uvid-na-dokumentite/feed/ 0
Обвинителството сѐ уште проучува дел од предметите против струшкиот градоначалник Мерко https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvoto-s-ushte-prouchuva-del-od-predmetite-protiv-strushkiot-gradonachalnik-merko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvoto-s-ushte-prouchuva-del-od-predmetite-protiv-strushkiot-gradonachalnik-merko/#respond Wed, 28 Jun 2023 10:23:27 +0000 https://kurir.mk/?p=850428

Јавното обвинителство информира дека Комисијата задолжена да изврши вонреден надзор на заведените предмети против Рамиз Мерко, градоначалник на Општина Струга, извршила увид во сите завршени и предмети во работа против ова лице, а поради обемноста на преземените дејствија и сложеноста, како што велат, дел од предметите сѐ уште детално се проучуваат и се анализираат. - Комисијата на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија задолжена да изврши вонреден надзор на заведените предмети против Рамиз Мерко, градоначалник на Општина Струга, изврши увид во сите завршени и предмети во работа против ова лице во Основното јавно обвинителство Струга, Вишото јавно обвинителство Битола и во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, стои во соопштението од ЈОРСМ. Оттаму дополнуваат дека заради обемноста на преземените дејствија и сложеноста, дел од предметите сѐ уште детално се проучуваат и се анализираат. - По завршувањето на проверките, Комисијата ќе изготви извештај со насоки за постапувањето во конкретните предмети, дополнуваат оттаму. Ова следува по објавената евиденција на предмети на Јавното Обвинителство против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, кој се најде на „црната листа“ на САД поради корупција и мешање во судски процеси.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvoto-s-ushte-prouchuva-del-od-predmetite-protiv-strushkiot-gradonachalnik-merko/feed/ 0
Обвинители и судии ги контролираат струшките колеги за предметите поврзани со Мерко https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obviniteli-i-sudii-gi-kontroliraat-strushkite-kolegi-za-predmetite-povrzani-so-merko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obviniteli-i-sudii-gi-kontroliraat-strushkite-kolegi-za-predmetite-povrzani-so-merko/#respond Tue, 27 Jun 2023 05:47:28 +0000 https://kurir.mk/?p=849912

Тим државни обвинители од вчера ги контролираат предметите за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко во ОЈО Струга и во Вишото јавно обвинителство во Битола, а денеска од Судскиот совет ќе вршат проверки во Струшкиот суд, откако минатата недела тој е ставен на црната листа на САД поради сомнежи за корупција. Мерко, пак, вчера преку социјалните мрежи порача дека ќе биде отворен „за поддршка на правдата и за секој процес пред правосудните органи". Премиерот Димитар Ковачевски соопштението на градоначалникот Мерко објавено на Фејсбук страницата на општина Струга го оцени како „Беседа за Вудро Вилсон“, потенцирајќи дека општината требаше веднаш да биде на располагање на истражните органи. Според струшкиот градоначалник САД се сојузник и голем поддржувач на земјата и на градот Струга.  - Од претседателот Вилсон па сѐ до ден денес, Соединетите Американски Држави се наш сојузник во секој предизвик и заедно реализиравме многу значајни проекти за државата, градот и граѓаните на Струга. Секогаш ја поздравувам и ја поддржувам континуираната американска поддршка за нашата земја и граѓаните на Струга, пишува Мерко, споделувајќи фотографии со американската амбасадорка Анџела Агелер. Тој објаснува дека по најновиот развој на настаните во врска со одлуката на американскиот Стејт департмент, не сакал да комуницира во корист на процесите, за кои вели „ќе бидам отворен како и секогаш за поддршка на правдата и за секој процес пред правосудните органи“. Секој документ и од негова страна, но и од Општина Струга, Мерко вели дека ќе биде навремено доставен до судските органи. Притоа, во интерес на процесот, како што пишува Мерко, решил да ја замрзне секоја активност во партиските структури до затворање на важните процеси за сите. Од државното Јавно обвинителство информираа дека четиричлена комисија од јавни обвинители од ЈОРСМ врши надзор на постапувањето во предметите поврзани со Мерко во Основното јавно обвинителство Струга и Вишото јавно обвинителство Битола, најавувајќи дека по целосните проверки на постапувањето, комисијата ќе изготви извештај. Од Обвинителството во четвртокот соопштија дека има шест активни предмети против струшкиот градоначалник, посочувајќи дека исклучително сериозно ги земаат предвид сознанијата на американскиот Стејт департмент за потенцијално влијание од страна на Мерко врз постапките. За случајот со струшкиот градоначалник вчера се огласи и Судскиот совет, оценувајќи ги како неосновани и неаргументирани тврдењата на Државната комисија за спречување на корупција за наводно непостапување, па дури и прикривање во овој случај. Од Судскиот совет ја повикуваат ДКСК да достави доказ дека претставката е навистина примена во Судскиот совет во 2018 година, кога сѐ уште течеле роковите за постапување. Од Советот, меѓу другото категорично одбиваат СС да биде, како што наведуваат, неправедно етикетиран и вбројуван во институции, кои наводно свесно помагале во забошотување на предмети поврзани со струшкиот градоначалник, а уште помалку дека во позадина се некакви политички влијанија. Оттаму информираат дека денеска тричлена комисија предводена од координаторот за струшкиот суд, Миљазим Мустафа, ќе го посети Судот во Струга и ќе разговара со тамошните судии за да провери дали имало притисоци, по што во најскоро време ќе биде изготвен извештај, кој ќе биде презентиран пред членовите на Судскиот совет, но и пред јавноста. - Воедно, сакаме да потсетиме и дека одлуките и процесните дејствија на првостепените судови подлежат на контрола на повисоките второстепени судови. Од своја страна, Судскиот совет апелира и до сите надлежни институции докрај да се истражи овој случај, но бара од нив да бидат внимателни во изнесувањето на информации во јавноста, со цел дополнително да не се поткопува довербата на граѓаните во правосудниот систем, посочуваат од Судски совет. Премиерот Димитар Ковачевски, пак, вчера во Свети Николе истакна дека Општина Струга требала веднаш да биде на располагање на истражните органи. -Гледав дека тој на социјалните медиуми има една беседа за Вудро Вилсон со американски знамиња, каде што кажува дека општината е отворена за сите истражни органи кои треба да ги испитаат наводите и основите врз основа на кои тој се најде на црната листа. Тоа што тој го избеседи сабајле јас всушност го бев кажал и првиот ден, дека општината треба да биде веднаш на располагање, да бидат направени сите проверки, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање во Свети Николе. И од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека струшкиот градоначалник Рамиз Мерко има обврска да соработува со институциите. -Јавното обвинителство и другите институции имаат право да извршат увид во вкупната документација на општина Струга и се што е поврзано со Мерко, ако отворат случај, и тоа не е на волја на Мерко дали ќе им дозволи или не, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Стејт Депарментот на 20 јуни го стави Рамиз Мерко на „црната листа“ поради наоди за негова вмешаност во значителна корупција, злоупотреба на фондови и мешање во судството. Санкциите на САД се насочени и кон сопругата на Мерко, како и неговите три деца.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obviniteli-i-sudii-gi-kontroliraat-strushkite-kolegi-za-predmetite-povrzani-so-merko/feed/ 0
Пејовска Дојчиновска: ДКСК до обвинителство има поднесено иницијатива за кривично гонење за Мерко, но ја нема никаде, а ни велат дека работат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pejovska-dojchinovska-dksk-do-obvinitelstvo-ima-podneseno-initsijativa-za-krivichno-gonene-za-merko-no-ja-nema-nikade-a-ni-velat-deka-rabotat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pejovska-dojchinovska-dksk-do-obvinitelstvo-ima-podneseno-initsijativa-za-krivichno-gonene-za-merko-no-ja-nema-nikade-a-ni-velat-deka-rabotat/#respond Mon, 26 Jun 2023 20:04:28 +0000 https://kurir.mk/?p=849859

Одамна требаше да бидат будни сите институции барем за Мерко, изјави Софка Пејовска Дојчиновска од Државната комисија за спречување на корупција за Анализа на ТВ 24, каде посочи дека тие како тело покренуваат иницијативи за кривични гонења и таква иницијатива за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко е покрената до обвинителството, но никаде ја нема, обвинителството кога спомена шест случаи, не ја спомна. Во однос на Судскиот совет, таа вели дека оттаму само сакаат да си ја префрлат одговорноста бидејќи до нив се е навреме испратено. - Не знам како да го искоментирам реагирањето на Судски совет за случајот со Мерко, дали е префрлање на топката, дека тие не се највиновните, зошто не сме ги прашале откако сме доставиле претставка дали си ја завршиле работата. Претставката е дадена точно навреме. Ние на прес конференција за Мерко која беше тематска ја прикажавме испратницата, препорачана со потпис од Судски совет дека е примена, рече таа. Пејовска Дојчиновска посочи дека Антикорупциската комисија ја има завршено работата за Мерко, другото е на надлежните институции. - Апсолутно како пакет. Затоа што ние сме превентивно тело, ја имаме алатката да покренеме иницијатива за кривично гонење, ако имаме сомневање. И затоа сме испратиле иницијатива за кривично гонење до обвинителство која никаде ја нема, а ни одговараат дека се работи, рече Пејовска Дојчиновска. Таа нагласи дека Антикорупциска само укажува сомневање, а кривичната пријава добива живот во обвинителството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pejovska-dojchinovska-dksk-do-obvinitelstvo-ima-podneseno-initsijativa-za-krivichno-gonene-za-merko-no-ja-nema-nikade-a-ni-velat-deka-rabotat/feed/ 0
Судски совет: Наводите на ДКСК за непостапување во случајот со Мерко се неосновани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudski-sovet-navodite-na-dksk-za-nepostapuvane-vo-sluchajot-so-merko-se-neosnovani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudski-sovet-navodite-na-dksk-za-nepostapuvane-vo-sluchajot-so-merko-se-neosnovani/#respond Mon, 26 Jun 2023 13:24:26 +0000 https://kurir.mk/?p=849765

Судскиот совет на Република Северна Македонија ги оценува како неосновани и неаргументирани тврдењата на Државната комисија за спречување на корупција за наводно непостапување, па дури и прикривање во случајот со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. - За прв пат ургенција од ДКСК до тогашниот претседател, Павлина Црвенковска е доставена на 4.06.2021 година заведена под број УПП 08 341/1, во која Судскиот совет се информира дека е оформен предмет по нивна иницијатива врз основа на наводи изнесени во медиумите за постоење сомневање дека струшкиот градоначалник ја злоупотребил својата службена положба при набавка на четири автомобили за потребите на општината со вкупна вредност од 114.000 евра, стои во соопштението од Советот. Дополнуваат дека во ургенцијата, ДКСК се осврнува и на двете решенија, донесени од ист судија, претседателот на Основниот суд во Струга, Ифет Бајрамовски, - Во ургенцијата, ДКСК се осврнува и на двете решенија со број ППНИ 24/16 од 13.05.2016 и ППНИ 84/17 од 28.11.2017 година донесени од ист судија, Претседателот на основниот суд во Струга Ифет Бајрамовски, кои како што тврдат, иако се темелат на иста фактичка состојба и исти образложени причини, различно ја решаваат правната работа.Во првиот случај, барањето на должникот –општина Струга се одбива, додека со второто решение се усвојува.Во прилог на оваа ургенција е доставена и претставка од ДКСК од 18.11.2019 година, која е насловена до тогашниот Претседател на Судскиот совет, Киро Здравев, дополнуваат оттаму. Веќе на 10.06.2021, или само неполна недела по добивањето на ургенцијата, како што наведуваат, Судскиот совет испраќа известување до ДКСК во кое се информира оваа институција дека во конкретниот случај е поминат подолг временски период, односно решенијата се од 2016 и 2017 година, поточно е истечен рокот од три години предвиден во член 61 од Законот за судски совет. - Сакаме да потенцираме дека во таа прилика, Судскиот совет за прв пат ја добива на увид спомената претставка од 18.11.2019 година адресирана до тогашниот претседател Здравев. По направените проверки во Архивата на Судскиот совет, дојдено е до сознание дека таква претставка не е воопшто заведена во електронскиот систем. Оттаму зачудува паушалното тврдење на ДКСК дека „претставката е загубена“, велат оттаму. Од Судскиот совет ја повикуваат ДКСК да достави доказ дека претставката е навистина примена во Судскиот совет во 2018 година, кога сѐ уште течеле роковите за постапување. - Зачудува фактот што на Антикорупциска и требале дури две години да реагира со ургенција за споменатиот случај и се поставува прашањето зошто не се заинтересирале дотогаш да побараат одговор дали е постапено по истата, наведуваат од Советот. Отаму категорично одбиваат Советот да биде, како што наведуваат, неправедно етикетиран и вбројуван во институции, кои наводно свесно помагале во забошотување на предмети поврзани со струшкиот градоначалник, а уште помалку дека во позадина се некакви политички влијанија. - Напротив, уште истиот ден кога беше објавена веста за ставањето на Рамиз Мерко на „црната листа на САД“, Судскиот совет одлучи да ги провери сите наводи искажани од Стејт департментот и американскиот амбасадор во Македонија за наводни влијанија врз струшките судии од страна на градоначалникот, велат оттаму. Информираат дека во текот на утрешниот ден, тричлена комисија предводена од координаторот за струшкиот суд, Миљазим Мустафа, ќе го посети струшкиот суд и ќе разговара со судиите од овој суд за да провери дали имало притисоци, по што во најскоро време ќе биде изготвен извештај, кој ќе биде презентиран пред членовите на Судскиот совет, но и пред јавноста. - Воедно, сакаме да потсетиме и дека одлуките и процесните дејствија на првостепените судови подлежат на контрола на повисоките второстепени судови. Од своја страна, Судскиот совет апелира и до сите надлежни институции докрај да се истражи овој случај, но бара од нив да бидат внимателни во изнесувањето на информации во јавноста, со цел дополнително да не се поткопува довербата на граѓаните во правосудниот систем, посочуваат од Судски Совет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudski-sovet-navodite-na-dksk-za-nepostapuvane-vo-sluchajot-so-merko-se-neosnovani/feed/ 0
Се огласи Рамиз Мерко: Не давам оставка, јас сум секогаш транспарентен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-ramiz-merko-ne-davam-ostavka-jas-sum-sekogash-transparenten/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-ramiz-merko-ne-davam-ostavka-jas-sum-sekogash-transparenten/#respond Mon, 26 Jun 2023 09:12:26 +0000 https://kurir.mk/?p=849660

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, кој се најде на црната листа на САД, првпат се огласи во јавноста Тој посочува дека ќе биде отворен за секој процес пред правосудните органи. Додава дека на располагање ја става и документацијата. „Од претседателот Вилсон, па сè до ден-денес, Соединетите Американски Држави се наш сојузник во секој предизвик и заедно реализиравме многу значајни проекти за државата, градот и за граѓаните на Струга. Секогаш ја поздравувам и ја поддржувам континуираната американска поддршка за нашата земја и граѓаните на Струга. По најновиот развој на настаните во врска со одлуката на американскиот Стејт департмент, не сакав да комуницирам во корист на процесите за кои ќе бидам отворен, како и секогаш за поддршка на правдата и за секој процес пред правосудните органи. Од страна на институцијата Општина Струга, како и од моја страна, ќе ја доставyвам навреме и што е можно побргу секоја потребна документација бидејќи секогаш сум бил транспарентен за органите на правдата и за сите други институции. Притоа, во интерес на процесот, решив да ја замрзнам секоја активност во партиските структури до затворање на важните процеси за сите“, додава Мерко. Тој уште посочува: „На крајот, сакам да му се заблагодарам на секој граѓанин за поддршката во текот на годините, но и за поддршката што не ја штедевте и овие денови, а за кои убеден сум дека ќе ги надминеме заедно за да создадеме услови за подобар живот на стружани и за Струга што ја сакаме“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-ramiz-merko-ne-davam-ostavka-jas-sum-sekogash-transparenten/feed/ 0