рамковен договор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 14 Aug 2022 14:09:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рамковен договор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски: Бадијала ќе им биде на СДСМ и ДУИ Рамковниот кога младите ја напуштаат државата поради нивниот криминален и корумпиран режим https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-badijala-kje-im-bide-na-sdsm-i-dui-ramkovniot-koga-mladite-ja-napushtaat-drzavata-poradi-nivniot-kriminalen-i-korumpiran-rezim/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-badijala-kje-im-bide-na-sdsm-i-dui-ramkovniot-koga-mladite-ja-napushtaat-drzavata-poradi-nivniot-kriminalen-i-korumpiran-rezim/#respond Sun, 14 Aug 2022 14:09:15 +0000 https://kurir.mk/?p=718365

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Љубанци каде што беше пуштено во употреба на ново спортско игралиште, а потоа беше дадена и изјава за медиумите. Запрашан за став околу тоа што СДСМ и ДУИ велат дека Рамковниот договор ќе обезбеди просперитет во земјава, Мицкоски одговори дека бадијала ќе им биде Рамковниот кога младите без разлика дали се Македонци и Албанци си заминуваат од Македонија бидејќи гледаат бесперспективност поради овој криминален и корумпиран режим. - Добро, оние враќаат, рециклираат теми од минатото. Тоа е затворена работа. Сега се фокусираме на иднината и е факт дека и во Љуботен и тука во Љубанци младите си одат. Зашто си одат? Затоа што за жал бесперспективност гледаат поради овој криминален и корумпиран режим без разлика што во Љуботен се Албанци а во Љубанци се Македонци. Децата си одат, младите си одат и среќа што имаме вакви амбициозни градоначалници и луѓе во политиката млади и чесни кои што сакаат да работат и сакаат да овозможат и да остават нешто позади себе за да ги задржат тие луѓе тука. Но, ако се оставиме на овие луѓе од ДУИ и од СДСМ за бадијала ќе им биде Рамковниот кога се празнат селата, односно селата дека се празнат е веќе стара вест, сега се празнат и градовите. Гостивар од 84 илјади на 59 илјади и тоа на оној попис онаков каков што беше. Тетово нема вода за пиење, Арачиново нема канализација и сега они седат и трошат 70-100 илјади евра по некакви забави таму. Шокантно, што да ви кажам, истакна Мицкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-badijala-kje-im-bide-na-sdsm-i-dui-ramkovniot-koga-mladite-ja-napushtaat-drzavata-poradi-nivniot-kriminalen-i-korumpiran-rezim/feed/ 0
Дваесет и една година од потпишувањето на Рамковниот договор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvaeset-i-edna-godina-od-potpishuvanjeto-na-ramkovniot-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvaeset-i-edna-godina-od-potpishuvanjeto-na-ramkovniot-dogovor/#respond Sat, 13 Aug 2022 07:14:03 +0000 https://kurir.mk/?p=717884

На денешен ден во 2001 година беше потпишан Охридскиот рамковен договор, во претседателската резиденција на Водно во Скопје од страна на тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, како и тогашните лидери на СДСМ, Бранко Црвенковски, на ПДП, Имер Имери и на ДПА, Арбен Џафери. Свои потписи на договорот ставија и специјалните претставници на ЕУ и на САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју. Во разговорите што започнаа во јули во Скопје, а потоа продолжија во Охрид, беа консултирани повеќе советници и експерти, а во одредени написи што излегоа во текот на годините и Али Ахмети, кој во тоа време ја предводеше ОНА. Во основните принципи на документот се наведува дека „целосно и безусловно се отфрла употребата на насилство за остварување политички цели“. - Само мирни политички решенија можат да ја загарантираат стабилната и демократска иднина на Македонија. Суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија и унитарниот карактер на државата се неповредливи и мора да се сочуваат. Не постојат територијални решенија за етничките прашања. Мултиетничкиот карактер на македонското општество мора да се сочува и да најде свој одраз во јавниот живот. Една современа демократска држава, во природниот тек на својот развој и созревање, мора постојано да обезбеди нејзиниот Устав целосно да ги исполнува потребите на сите нејзини граѓани во согласност со највисоките меѓународни стандарди, коишто и самите постојано се развиваат. Развојот на локалната самоуправа е од суштествено значење за поттикнување на учеството на граѓаните во демократскиот живот, и за унапредување на почитувањето на идентитетот на заедниците, се додава во документот. Потоа следуваат точки што се однесуваат на прекин на непријателствата, развој на децентрализирана власт, недискриминација и правична застапеност, посебни собраниски процедури, образование и употреба на јазиците, изразување на идентитет и имплементација. Договорот содржи и три Анекси: А. Уставни амандмани; Б. Измени во законодавството и Ц. Имплементација и мерки за градење доверба, како и завршни одредби. Во контекст на спроведувањето на Договорот, во 2004 година беше основан Секретаријат за спроведување на Охридскиот рамковен договор, којшто подоцна прерасна во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. Секретаријатот имаше задача целосно да го спроведе договорот и да обезбеди административна и стручна поддршка на заменик претседателот на Владата задолжен за спроведување на Охридскиот рамковен договор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvaeset-i-edna-godina-od-potpishuvanjeto-na-ramkovniot-dogovor/feed/ 0
Груби ќе потроши 70.000 евра за прославата на Рамковниот договор, ДУИ од овој фестивал сака да направи македонски „Егзит“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grubi-kje-potroshi-70-000-evra-za-proslavata-na-ramkovniot-dogovor-dui-od-ovoj-festival-saka-da-napravi-makedonski-egzit/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grubi-kje-potroshi-70-000-evra-za-proslavata-na-ramkovniot-dogovor-dui-od-ovoj-festival-saka-da-napravi-makedonski-egzit/#respond Thu, 11 Aug 2022 11:46:17 +0000 https://kurir.mk/?p=717064

Во сабота со концерт на плоштадот Скендербег во Скопје ќе се обележи 21 година од Рамковниот договор и започнувањето на преговорите за полноправно членство во Европската Унија. Настанот е организација на Министерството за политички систем, на чие чело е Артан Груби. - Првото издание на фестивалот кој се стреми да стане традиционален, ќе се одржи на плоштадот „Скендербег” во Скопје со настап на познати музички звезди, меѓу кои и Антониа Гиговска. Заедно одбележуваме 21 годишнина од Охридскиот рамковен договор како и започнување на преговори за полноправно членство во Европската Унија, се вели на фејсбук-страницата на Министерството, од каде додаваат дека овој музички фестивал би можел да прерасне во неколкудневен музички настан по примерот на Егзит во Нови Сад. Иако настап на оваа прослава требаше да има Антониа Гиговска, сепак таа денеска го откажа бидејќи како што вели младата пејачка не знаела дека настанот е од политичка конотација. - Менаџментот прифати ангажман за кој не знаев/ не знаевме дека има политичка конотација, па оттаму бев приморана да го откажам мојот ангажман, се разбира со секоја почит према организаторот и према било која политичка страна, јас не сакам да бидам дела од такви манифестации бидејќи политиката не ме интересира… Мојата работа е да правам музика која ќе остане и на фановите да им го дадам најдоброто од мене, стои во пораката од Гиговска. Покрај фестивалот, Министерството организира школа за млади лидери ,,Peace Forum Dialogue”. 4.200.000 денари ќе бидат потрошени за одбележувањето на Рамковниот договор, а од Министерството велат дека и покрај тоа што се наоѓаме во економска криза, овој договор е темел на државата и треба да се слави и во иднина. Музичкиот настан ќе се одржи на 13-ти август, во сабота, со почеток од 21 часот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grubi-kje-potroshi-70-000-evra-za-proslavata-na-ramkovniot-dogovor-dui-od-ovoj-festival-saka-da-napravi-makedonski-egzit/feed/ 0
Околу 500 се во тек на реализација: 140 од „рамковните“ на Груби ќе работат во МВР, стотина во УЈП https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/okolu-500-se-vo-tek-na-realizacija-140-od-ramkovnite-na-grubi-kje-rabotat-vo-mvr-stotina-vo-ujp/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/okolu-500-se-vo-tek-na-realizacija-140-od-ramkovnite-na-grubi-kje-rabotat-vo-mvr-stotina-vo-ujp/#respond Thu, 15 Apr 2021 20:55:45 +0000 https://kurir.mk/?p=497916

Досега околу 650 прераспоредени административци започнаа со работа на нивните нови работни места, а за околу 500 во тек е процесот на реализација на распределбата, изјави денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби, при денешната посета на увид на градежни работи на автопатот Скопје-Блаце. -Многу сме задоволни и Владата и јас. Рапортирав на последната седница на Влада за текот на распределбата. До сега веќе 650 луѓе се започнати со работа и се на нивните работни задачи секојдневно. Околу 500 други се во тек на реализација, посебно тие 140 кои во МВР коишто треба да минат низ безбедносна процедура, па потоа да започнат, изјави Груби, додавајќи дека уште 100 други треба да започнат деновиве да работат во УЈП. Според првиот вицепремиер, коментари на прераспределбата имало во „не повеќе од четири или пет“ од вкупно 250 институции коишто презамаат административци според планот К5. -Има таква несреќна изјава од челници на некои институции, мислам дека тие ќе се решат. Значи нема отпор за примање на К5-административци, туку има барање за адиминистративци коишто ги исполнуваат потребите на тие институции, а претежно бараат правници и економисти. Така што не гледам ништо спорно, истакна Груби. Тој изрази надеж дека целиот процес ќе заврши до ребаланост на Буџетот, кога средства од Министерството за политички систем ќе бидат пренаменети во другите институции кои ќе ги имаат преземат овие административци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/okolu-500-se-vo-tek-na-realizacija-140-od-ramkovnite-na-grubi-kje-rabotat-vo-mvr-stotina-vo-ujp/feed/ 0
Усвоен и вториот амандман на Уставот- Рамковниот договор дел од преамбулата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/usvoen-i-vtoriot-amandman-na-ustavot-ramkovniot-dogovor-del-od-preambulata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/usvoen-i-vtoriot-amandman-na-ustavot-ramkovniot-dogovor-del-od-preambulata/#respond Fri, 09 Nov 2018 17:14:54 +0000 https://kurir.mk/?p=125899

Мнозинството членови на Комисијата за уставни прашања одлучи Рамковниот договор да биде дел од преамбулата, а одлуките на АСНОМ да се заменат со прогласот. ВМРО-ДПМНЕ реагираше на содржината на амандманот со образложение дека, со ова се бришат државотворните одлуки. За СДСМ пак, нема ништо спорно во додавањето на Рамковниот договор во Преамбулата затоа што тој веќе е содржан во 14 измени, а не е точно и дека се губи уставно правниот континуитет на државата. Инаку, Комисијата за уставни прашања викендов ќе ги разгледува и останатите два амандмани. Пленарната седница е закажана за 1 декември, по што ќе се пристапи кон гласање за втората фаза за кое е неопходно апсолутно мнозинство, односно 61 глас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/usvoen-i-vtoriot-amandman-na-ustavot-ramkovniot-dogovor-del-od-preambulata/feed/ 0
Заев сè уште не знае дали во преамбулата ќе биде споменат Рамковниот договорот од Охрид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-se-ushte-ne-znae-dali-vo-preambulata-kje-bide-spomenat-ramkovniot-dogovorot-od-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-se-ushte-ne-znae-dali-vo-preambulata-kje-bide-spomenat-ramkovniot-dogovorot-od-ohrid/#respond Thu, 01 Nov 2018 18:03:06 +0000 https://kurir.mk/?p=122457

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите попладнево по остварена средба со пратениците кои ги поддржаа уставните промени рече дека на нивната втора средба биле дадени насоки за понатамошните постапки кои следуваат. Заев рече дека остануваат отворени за нови амандмани кои може да ги поднесе секој пратеник. Тој не сакаше да прецизира за колку амандмани станува збор, пишува Нетпрес. На поставено новинарско прашање рече дека сè уште не одлучиле дали во преамбулата ќе биде вклучен и договорот во Охрид. Рече дека вечерва ги чека долга ноќ кога ќе одлучуваат за оваа работа и се останато како предлагачи на предлог уставните измени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-se-ushte-ne-znae-dali-vo-preambulata-kje-bide-spomenat-ramkovniot-dogovorot-od-ohrid/feed/ 0
Вака ветуваа и во 2001: Членството во НАТО зависи од Охридскиот договор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vaka-vetuvaa-i-vo-2001-chlenstvoto-vo-nato-zavisi-od-ohridskiot-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vaka-vetuvaa-i-vo-2001-chlenstvoto-vo-nato-zavisi-od-ohridskiot-dogovor/#respond Tue, 18 Sep 2018 07:22:54 +0000 https://kurir.mk/?p=102361

Пред 14 години секретарот за одбрана на САД Рамсфелд изјави "членството на Македонија во НАТО зависи од Рамковниот". Денес ќе чуеме дека зависи од Договорот за менување на името и Уставот. Инаку владата лаже, ова не е прва туку трета посета на американски секретар за одбрана, објавува Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на својот Твитер профил. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vaka-vetuvaa-i-vo-2001-chlenstvoto-vo-nato-zavisi-od-ohridskiot-dogovor/feed/ 0
Седумнаесет години Охридски рамковен договор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sedumnaeset-godini-ohridski-ramkoven-dogovor-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sedumnaeset-godini-ohridski-ramkoven-dogovor-2/#respond Mon, 13 Aug 2018 05:32:37 +0000 https://kurir.mk/?p=87118

Пред седумнаесет години на денешен ден е потпишан Рамковниот договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во Република Македонија во 2001 година. Преговорите почнаа во Скопје, а потоа продолжија во Охрид, каде што завршија со парафирање на документот на 10 август. Три дена подоцна на 13 август 2001 година во претседателската резиденција на Водно во Скопје Рамковниот договор го потпишаа тогашниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски, поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Љубчо Георгиевски, претседателот на ПДП Имер Имери и тогашните претседатели на СДСМ Бранко Црвенковски и на ДПА Арбен Џафери. Охридскиот договор ја ужива поддршката од Меѓународната заедница и од поголем дел од партиите од македонскиот и албанскиот политички блок, како единствена рамка за развој на државата. Повеќе од 130 закони, законски измени и дополнувања се донесени во изминатите години од имплeментацијата на Охридскиот рамковен договор, од кои најголем дел - 59 се закони за недискриминација и правична застапеност, 40 се во сферата на идентитет, култура, образование и децентрализација на власта. Собранието на Република Македонија во март годинава со 64 гласа „за“, без против и воздржани го донесе и Законот за јазиците, без амандманска расправа. За Законот гласаа и пратениците од немнозинските заедници кои со 24 гласа го донесоа Законот. Со законот се предвидува во сите органи на државната власт во Република Македонија, централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања согласно закон и други институции, службен јазик покрај македонскиот јазик и неговото писмо да биде и јазикот што го зборуваат 20 проценти од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо, (албански јазик). Законот се уште не е објавен во Службен весник. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sedumnaeset-godini-ohridski-ramkoven-dogovor-2/feed/ 0
Седумнаесет години Охридски рамковен договор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sedumnaeset-godini-ohridski-ramkoven-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sedumnaeset-godini-ohridski-ramkoven-dogovor/#respond Sun, 12 Aug 2018 07:09:50 +0000 https://kurir.mk/?p=86947

На 13 август пред седумнаесет години беше потпишан Рамковниот договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во Република Македонија во 2001 година. Документот по повеќедневно услогласување во Охрид, во Скопје го потпишаа тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски и лидерите на СДСМ Бранко Црвенковски, на ДПА Арбен Џафери и на ПДП Имер Имери. Во својство на гаранти, документот кој е познат и како Охридски договор, го потпишаа и специјалните претставници на ЕУ и на САД Франсоа Леотар и Џејмс Пердју. Охридскиот договор ја ужива поддршката од Меѓународната заедница и од поголем дел од партиите од македонскиот и албанскиот политички блок, како единствена рамка за развој на државата. Повеќе од 130 закони, законски измени и дополнувања се донесени во изминатите години од имплeментацијата на Охридскиот рамковен договор, од кои најголем дел - 59 се закони за недискриминација и правична застапеност, 40 се во сферата на идентитет, култура, образование и децентрализација на власта. Собранието на Република Македонија во март годинава со 64 гласа „за“, без против и воздржани го донесе Законот за јазиците, без амандманска расправа. За Законот гласаа и пратениците од немнозинските заедници кои со 24 гласа го донесоа Законот. Со законот се предвидува во сите органи на државната власт во Република Македонија, централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања согласно закон и други институции, службен јазик покрај македонскиот јазик и неговото писмо да биде и јазикот што го зборуваат 20 проценти од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо, (албански јазик).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sedumnaeset-godini-ohridski-ramkoven-dogovor/feed/ 0