рамос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 18 Dec 2020 07:45:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рамос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Рамос, Азар и Модриќ гласаа за Зидан, Бејл не, во изборот за тренер на годината https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ramos-azar-i-modrikj-glasaa-za-zidan-bejl-ne-vo-izborot-za-trener-na-godinata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ramos-azar-i-modrikj-glasaa-za-zidan-bejl-ne-vo-izborot-za-trener-na-godinata/#respond Fri, 18 Dec 2020 07:45:32 +0000 https://kurir.mk/?p=444996

Познато е како гласаа фудбалерите на Реал Мадрид во изборот на ФИФА за најдобар тренер за 2020 година. Капитенот на Реал и на шпанската фудбалска репрезентација, Серхио Рамос и играчот за врска и предводник на Белгија, Еден Азар го ставија Зинедин Зидан на првото место, додека играчот за врска на Реал и капитен на Хрватска, Лука Модриќ, го смести Зидан на второто место, по Ханс-Дитер Флик од Баерн Минхен. Капитенот на Велс и член на „кралскиот клуб“ кој во моментов е позајмен во Тотенхем, Герет Бејл, не го наведе Зидан во најдобрите тројца. Велшанецот, кој не добиваше доволно минутажа од Французинот, своите гласови ги даде на Флик, Јирген Клоп (Ливерпул) и Хулен Лопетеги (Севиља). Зидан не се пласираше помеѓу најдобри тројца во номинацијата за тренер на годината.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ramos-azar-i-modrikj-glasaa-za-zidan-bejl-ne-vo-izborot-za-trener-na-godinata/feed/ 0
Бензема и Рамос нема да играат против Интер https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/benzema-i-ramos-nema-da-igraat-protiv-inter/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/benzema-i-ramos-nema-da-igraat-protiv-inter/#respond Tue, 24 Nov 2020 09:01:35 +0000 https://kurir.mk/?p=433556

Реал Мадрид на официјалната веб-страница го објави составот на тимот за натпреварот од 4. коло во Лигата на шампионите против Интер. Напаѓачот Карим Бензема и дефанзивецот Серхио Рамос не се вклучени во составот поради повреди, додека дефанзивецот Едер Милитау е позитивен на коронавирус. Изоставен е и напаѓачот Лука Јовиќ, додека повредени се играчот за врска Федерико Валверде и дефанзивецот Алваро Одриосола. Реал Мадрид со четири бода е трет во Б-групата, Интер со два бода е на последната позиција. Средбата ќе се игра утре во Милано со почеток во 21 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/benzema-i-ramos-nema-da-igraat-protiv-inter/feed/ 0
ПСЖ му нуди на Рамос тригодишен договор https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/psz-mu-nudi-na-ramos-trigodishen-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/psz-mu-nudi-na-ramos-trigodishen-dogovor/#respond Mon, 16 Nov 2020 07:39:38 +0000 https://kurir.mk/?p=430018

ПСЖ има намера да се засили со дефанзивецот на Реал, Серхио Рамос, кој сè уште не е во можност да се договори за нов договор со мадридскиот клуб. Парижаните се подготвени на 34-годишниот Шпанец да му дадат 3-годишен договор со плата од 16,8 милиони по сезона. Покрај тоа, Пари Сен-Жермен е подготвен да додаде бонус за потпис на оваа сума, пренесува „АС“. Актуелниот договор на капитенот на „кралевите“ се пресметува до летото 2021 година. Реал Мадрид му понуди двегодишен договор на Рамос со намалување на платата за 20 проценти. Сепак, фудбалерот не сака да ја намали платата и има намера да потпише договор за три сезони. Серхио освои 22 трофеи со Реал Мадрид, вклучувајќи четири победи во Лигата на шампионите и пет шампионски титули во Шпанија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/psz-mu-nudi-na-ramos-trigodishen-dogovor/feed/ 0
Реал подготвен да му понуди договор на Рамос на само една година https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/real-podgotven-da-mu-ponudi-dogovor-na-ramos-na-samo-edna-godina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/real-podgotven-da-mu-ponudi-dogovor-na-ramos-na-samo-edna-godina/#respond Mon, 26 Oct 2020 12:08:39 +0000 https://kurir.mk/?p=420759

Раководството на Реал е подготвено да го продолжи договорот со капитенот на тимот Серхио Рамос. Сепак, клубот од Мадрид на 34-годишниот Шпанец му нуди едногодишен договор, пренесува „АС“. Актуелниот договор на дефанзивецот важи до 2021 година. Клубот има намера да ја продолжи соработката до летото 2022 година. Страните ќе потпишат нов договор кон крајот на годината, но опцијата Рамос да замине во идниот летен преоден рок сепак е можна. Рамос освои 22 трофеи со „кралевите“: пет шампионски титули во Шпанија, два Купа и четири Суперкупа на земјата, четири ЛШ, три УЕФА Суперкупа и четири трофеи на Светското клупско првенство. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/real-podgotven-da-mu-ponudi-dogovor-na-ramos-na-samo-edna-godina/feed/ 0
Рамос: Не постои судење „по желба“ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ramos-ne-postoi-sudenje-po-zelba/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ramos-ne-postoi-sudenje-po-zelba/#respond Wed, 12 Sep 2018 13:52:58 +0000 https://kurir.mk/?p=99964

Португалскиот судија Карлос Рамос се најде во центарот на вниманието, откако во финалето на Ју-Ес опен имаше вербален судир со Серена Вилијамс. Американската тенисерка во вториот сет загуби контрола над емоциите и го искрши рекетот, а по две опомени судијата и одзеде еден поен. Потоа влезе во расправија со Рамос, кого го нарече „лажливец“ и „крадец“, а тој и одзеде цел гем. Вилијамс по натпреварот го обвини судијата за сексизам, а во повеќе наврати нагласи дека на натпреварот се борела за женските права и половата еднаквост. Судењето на Рамос го подели мислењето на јавноста, при што некои го поддржа и сметаат дека постапувал според правилата, а дел сметаат дека претерал. - Тоа беше деликатна ситуација, но не постои судење „по желба“. Добро сум ако се земат предвид околностите, истакна португалскиот судија. Вилијамс за однесувањето беше казнета со 17.000 долари, но од пласманот во финалето заработи еден милион и 850 илјади долари. Од друга страна, ВТА соопшти дека Рамос направил некаков вид сексизам, бидејќи машките тенисери биле толерирани за некои работи за кои е санкционирана американската тенисерка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ramos-ne-postoi-sudenje-po-zelba/feed/ 0