Рамуш Харадинај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 26 Sep 2023 14:25:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Рамуш Харадинај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Харадинај бара меѓународна истрага за инцидентите во северно Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-bara-megunarodna-istraga-za-intsidentite-vo-severno-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-bara-megunarodna-istraga-za-intsidentite-vo-severno-kosovo/#respond Tue, 26 Sep 2023 14:25:01 +0000 https://kurir.mk/?p=881895

Лидерот на партијата Алијанса за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај побара меѓународна истрага за нападот врз косовската полиција на северот, каде што во неделата беше убиен еден и ранети двајца косовски полицајци, јави дописникот на МИА од Приштина. Харадинај, кој е поранешен премиер на Косово, рече дека настаните на северот на државата и „терористичкиот напад врз косовската полиција се дел од сценариото подготвено во Белград“. - Настаните на север и терористичкиот напад врз косовската полиција се дел од сценариото подготвено во Белград. Реакцијата на косовската полиција претставува исполнување на должноста за заштита на редот и законот. Односот на Владата на Србија и нејзината усогласеност со криминалните и паравоените групи е многу вознемирувачки во оваа ситуација и е јасен сигнал дека државата Србија е вклучена во вооружените напади на криминалните групи на север. Затоа, во таква ситуација неопходна е меѓународна истрага за разобличување на сценаријата за дестабилизација на ситуацијата не само на Косово, туку и во целиот балкански регион, напиша Харадинај на својата страница на Фејсбук.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-bara-megunarodna-istraga-za-intsidentite-vo-severno-kosovo/feed/ 0
Харадинај: Курти да поднесе оставка по неуспехот во Брисел или да се разреши од Собранието https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-kurti-da-podnese-ostavka-po-neuspehot-vo-brisel-ili-da-se-razreshi-od-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-kurti-da-podnese-ostavka-po-neuspehot-vo-brisel-ili-da-se-razreshi-od-sobranieto/#respond Sat, 16 Sep 2023 09:33:22 +0000 https://kurir.mk/?p=878627

Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај побара оставка од премиерот Албин Курти, по средбата во четвртокот во Брисел, со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, која заврши без никаков резултат, јави дописникот на МИА од Приштина. Харадинај вели дека доколку актуелниот премиер не преземе одговорност, тогаш е должност на опозицијата да дејствува итно за да ја однесе земјата на избори, разрешувајќи го Курти преку изгласување недоверба во Собранието. На неговата страница на Фејсбук, поранешниот премиер напиша дека е време да се праша народот како да се излезе од оваа ситуација која, според него, е опасна и „со сериозни последици за народот на Косово“. - Ситуацијата создадена по вчерашниот неуспех во Брисел, со тенденција за продлабочување на кризата, со сериозни последици за народот на Косово, бара итно рефлектирање од Курти и неговата влада. Тој мора да поднесе оставка и да му го врати мандатот на народот. Тоа мора да го направи дури и ако мисли дека е на вистинскиот пат. Тој е должен да го праша народот што мисли за неговите постапки. Во демократија изборите се најдобриот одговор, напиша Харадинај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-kurti-da-podnese-ostavka-po-neuspehot-vo-brisel-ili-da-se-razreshi-od-sobranieto/feed/ 0
Харадинај ја обвини Владата на Курти за зачестените убиства во Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-ja-obvini-vladata-na-kurti-za-zachestenite-ubistva-vo-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-ja-obvini-vladata-na-kurti-za-zachestenite-ubistva-vo-kosovo/#respond Thu, 10 Aug 2023 14:35:53 +0000 https://kurir.mk/?p=865550

Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК) и поранешен косовски премиер, Рамуш Харадинај ја обвини актуелната Влада, предводена од Албин Курти, за последните убиства во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Според Харадинај, јавната безбедност во државата е тешко загрозена поради недостигот на визија на Владата и на Министерството за внатрешни работи. „Погрешниот пристап на Владата и на МВР, со поместувањето на клучниот елемент во општеството, јавната безбедност, внатре во нејзината чисто политичка агенда, доведоа до тоа елементите со криминални предиспозиции да се организираат во банди кои денес непречено го загрозуваат животот на граѓаните“, напиша Харадинај на својот Фејсбук, по последното убиство што синоќа по полноќ се случи во село Руника, општина Србица. Тој изрази сомневање дека „ова високо ниво на загрозување на јавната безбедност и небрежноста на иснтитуциите“ за спречување на злосторствата... „има за цел одвлекување на вниманието на јавноста од бројните скандали и коруптивни афери на владата“. Притоа, екс-премиерот споменува и вмешаност на владата на Албин Курти во наводно планирање меѓународен шверц со оружје, без да изнесе детали вов рска со тоа. „Недостигот на визија и посветеност на владата и на МВР буди сомнежи дека ова високо ниво на загрозување на јавната безбедност и небрежноста на иснтитуциите за спречување на овој вид злосторства, од кои секојдневно се потресува земјата, има за цел одвлекување на вниманието на јавноста од бројните скандали и коруптивни афери на владата, при што деновивме дознавме и за планирањето меѓународен шверц со оружје од страна на сексери блиски на владата“, напиша Харадинај. Според него, „појавувањето на криминалци со маски, како што беше синоќешниот случај во општина Србица, каде што беше убиено едно лице и беа ранети три други, ја изнесува на виделина немоќноста на владата, како и храброста на криминалните групи за дејствување“. Поради сето наведено, Харадинај го повтори повикот до другите парламентарни опозициски партии да му изгласаат недоверба на Курти и на неговиот кабинет. „Објективно, граѓанинот останува незаштитен, незгрижен од оваа валда која има голем недостиг на професионалност за третирање на комплексни прашања, какво што е безбедноста. Оваа влада ќе се смета за одговорна за влошувањето на безбедносната состојба во земјата. Решението е во изгласувањето недоверба“, порача Харадинај. За помалку од една недела, од минатиот петок, 5 август, до денеска, во Косово се извршени три убиства – едно во центарот на Приштина, едно во Клина (на 7 август) и едно (во првите часови на денешниот ден) во село Руника во општина Србица. Сите три убиства се извршени во угостителски објекти, а покрај трите жртви, во инцидентите има и над 20 ранети и повредени. По еден од учесниците во престрелката во Приштина, како и по сторителите на двете други убиства полицијата и натаму трага, со тоа што идентитетот на убијците во Приштина и во Клина е откриен, додека на двајцата маскирани напаѓачи во Србица сé уште не е познат. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-ja-obvini-vladata-na-kurti-za-zachestenite-ubistva-vo-kosovo/feed/ 0
Харадинај: Курти го загрозува Косово, опозицијата да се обедини за уривање на Владата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-kurti-go-zagrozuva-kosovo-opozitsijata-da-se-obedini-za-urivane-na-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-kurti-go-zagrozuva-kosovo-opozitsijata-da-se-obedini-za-urivane-na-vladata/#respond Mon, 31 Jul 2023 15:19:25 +0000 https://kurir.mk/?p=862081

Шефот на опозициската партија Алијанса за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај, изјави дека премиерот Албин Курти го втурнал Косово во длабока криза, поради што побара од другите опозициски партии да се обединат за изгласување недоверба на актуелната Влада, јави дописникот на МИА од Приштина. На денешната средба со бизнисмени, во рамките на циклусот разговори на ААК за состојбите во земјата, поранешниот премиер Харадинај изјави дека, според негови процени, „Косово е во опасна криза“ и тој ризик „веќе не е во вообичаените параметри кога владеењето не е добро“. - Ризикот е во тоа дека начинот на владеење ја загрозува и суштината на тоа кои сме ние, односно на Републиката во овој случај, рече Харадинај. Според него, Владата на Курти „го втурна Косово и ја доведе земјата во длабока криза и висок ризик“, меѓу другото и со тоа што ги влоши односите со косовските сојузници. - Опасноста не доаѓа само од начинот на кој Косово се управува одвнатре, туку и од тоа како се влошија односите со косовските сојузници. Гледајќи ја ваквата состојба која дополнително се влошува, која носи потешкотии во сите сектори, вклучително и во економијата, на Собранието му предложивме опција за промена на состојбата. Собранието како дом на народот има повеќе инструменти, а еден од најважните што ги има демократијата е гласањето недоверба, нагласи Харадинај. Претседателот на ААК побара од другите две парламентарни опозициски партии на косовските Албанци, Демократската партија на Косово (ПДК) и Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) веднаш да започнат со собирањето на потребните 40 потписи за да започне, како што рече, битката за изгласување недоверба. - Опасноста од оваа криза нè принудува и не обврзува, за она што е легитимно, да одиме на барање за гласање недоверба. А зошто овој предлог, бидејќи од моментот кога опозицијата, во случајов ПДК, ЛДК и ААК, ги обединат гласовите и обезбедат 40 потписи, веднаш започнува битката за преостанатите гласови. И тука е мобилизацијата на сите оние кои сметаат дека оваа состојба треба да се прекине. Цврсто сум убеден дека ќе успееме, рече Харадинај. На косовските бизнисмени поранешниот премиер им порача дека ААК, како десничарска партија, се залага за ниски даноци за претприемачите и смета дека профитот треба да остане кај претприемачите, бидејќи тие се генератори на инвестициите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-kurti-go-zagrozuva-kosovo-opozitsijata-da-se-obedini-za-urivane-na-vladata/feed/ 0
Харадинај: Курти е најсмешниот и најштетниот политичар во поновата историја на Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-kurti-e-najsmeshniot-i-najshtetniot-politichar-vo-ponovata-istorija-na-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-kurti-e-najsmeshniot-i-najshtetniot-politichar-vo-ponovata-istorija-na-kosovo/#respond Tue, 11 Jul 2023 07:55:17 +0000 https://kurir.mk/?p=855286

Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), поранешниот премиер, Рамуш Харадинај вели дека актуелниот косовски премиер, Албин Курти е „најсмешниот и најштетниот политичар во поновата историја на Косово“, јави дописникот на МИА од Приштина. Во објава на неговата страница на Фејсбук, Харадинај напиша дека Курти изградил „кула од карти, која ќе се урне на истиот начин како што е изградена“. -Албин Курти изгради кула од карти! Безбројните скандали на министрите и најблиските соработници на Албин Курти; курсот на наводен „тврд политичар“ на самиот Албин и неговото повлекување од сè што ветил во животот, го прават него најсмешниот и најштетниот политичар во поновата историја на Косово. Сè што има направено Курти во неговиот политички живот е тоа дека има изградено кула од карти, која ќе се урне на истиот начин како што е изградена, напиша Харадинај. Реакцијата на поранешниот премиер уследи по изјавата на шефицата на косовската дипломатија и вицепремиерка, Доника Грвала, дадена на безбедносната конференција во Дубровник, дека „Европската унија, без САД и НАТО, е само еден тигар од хартија“ и по објавувањето на снимките на разговорите на Мимоза Кусари-Лила, шефица на пратеничката група на партијата на Курти, Движење самоопределување, со лидерот на партијата Српска листа, Славко Симиќ. Во разговорот со Симиќ, Кусари-Лила потврдува дека за политички прашања контактирала со Милан Ракиќ, политичар од редовите на косовските Срби за кого се покренати кривични пријави за разни злоупотреби и кој, според приштинските медиуми, се сомничи за вмешаност во убиството на политичарот Оливер Ивановиќ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-kurti-e-najsmeshniot-i-najshtetniot-politichar-vo-ponovata-istorija-na-kosovo/feed/ 0
Харадинај: Постои сомнеж дека Курти сака да го подели Косово за да го избегне формирењето на ЗСО https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-postoi-somnezh-deka-kurti-saka-da-go-podeli-kosovo-za-da-go-izbegne-formireneto-na-zso/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-postoi-somnezh-deka-kurti-saka-da-go-podeli-kosovo-za-da-go-izbegne-formireneto-na-zso/#respond Tue, 06 Jun 2023 06:24:49 +0000 https://kurir.mk/?p=842562

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај синоќа изјави дека косовскиот премиер Албин Курти е „заљубен во планот за поделба на Косово“. -Курти мора да има мака кога сака да поттикне војна, или тоа може да биде фактот дека се заљубил во планот за поделба на Косово. Постои сомнеж дека Курти, за да го избегне формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство, ќе го подели Косово, изјави Харадинај за РТВ Дукаџини. Тој додаде дека ниту политичарите ниту криминалните банди не можат да го поделат северот. Тој додаде дека во однос на поделбата на Косово, северот не може да го делат политичарите, тоа е прашање на безбедноста, никој, ниту криминалните банди, не успеале да го поделат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-postoi-somnezh-deka-kurti-saka-da-go-podeli-kosovo-za-da-go-izbegne-formireneto-na-zso/feed/ 0
Харадинај: САД бараат намалување на тензиите и отстранување на барикадите во северниот дел на Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-sad-baraat-namaluvanje-na-tenziite-i-otstranuvanje-na-barikadite-vo-severniot-del-na-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-sad-baraat-namaluvanje-na-tenziite-i-otstranuvanje-na-barikadite-vo-severniot-del-na-kosovo/#respond Tue, 13 Dec 2022 10:32:14 +0000 https://kurir.mk/?p=774868

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово (АБК), Рамуш Харадинај денеска изјави дека американскиот амбасадор Џеф Ховенер и специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар на средба со претставници на опозицијата побарале намалување на тензиите и барикадите да се отстранат и ситуацијата да се нормализира на северот на Косово. Харадинај на својот Фејсбук профил напиша дека сериозната посветеност на САД ќе ја спаси ситуацијата и ќе ја врати на конечниот договор меѓу Белград и Приштина. -Само што ја завршив средбата со господинот Ескобар и амбасадорот Ховениер, можам да ви кажам дека тие се доста фокусирани на настаните во земјата, особено на северот, со експлицитно барање за намалување на тензиите, отстранување на барикадите и враќање на нормала во тој дел од земјата, напиша Харадинај.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-sad-baraat-namaluvanje-na-tenziite-i-otstranuvanje-na-barikadite-vo-severniot-del-na-kosovo/feed/ 0
Харадинај бара дијалог со Србите за враќање во институциите и самит во САД за договор со Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-bara-dijalog-so-srbite-za-vrakjanje-vo-instituciite-i-samit-vo-sad-za-dogovor-so-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-bara-dijalog-so-srbite-za-vrakjanje-vo-instituciite-i-samit-vo-sad-za-dogovor-so-srbija/#respond Wed, 30 Nov 2022 12:44:44 +0000 https://kurir.mk/?p=768858

Опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК) денеска побара од државното раководство да започне дијалог со косовските Срби за нивно враќање на работните места, откако на почетокот на месецов поднесоа оставки поради проблемите со регистерските таблички, јави дописникот на МИА од Приштина. Лидерот на ААК, Рамуш Харадинај, претставувајќи во Собранието резолуција за состојбата во земјата по тензиите поради табличките, предложи и да се побара неколкудневен самит во САД, што би требало да резултира со меѓусебно признавање на Косово и Србија. – Политичката и безбедносната ситуација во Косово е една од најтешките во овие 23 години. За жал и дејствијата на институциите не беа соодветни на создадената ситуација. Премиерот наместо да ги прифати барањата на меѓународните институции, започна со имплементација на одлуката во фази, со што ѝ даде на Србија можност да се прогласи за жртва, рече Харадинај. Лидерот на ААК и поранешен премиер на Косово ги обвини институциите дека состојбата во северно Косово не ја истретираа сериозно врз основа на настанатиот ризик.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-bara-dijalog-so-srbite-za-vrakjanje-vo-instituciite-i-samit-vo-sad-za-dogovor-so-srbija/feed/ 0
Харадинај бара од Курти да ја одложи одлуката за табличките https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-bara-od-kurti-da-ja-odlozi-odlukata-za-tablichkite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-bara-od-kurti-da-ja-odlozi-odlukata-za-tablichkite/#respond Tue, 22 Nov 2022 06:50:15 +0000 https://kurir.mk/?p=764503

Поранешниот косовски премиер, лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај побара од премиерот Албин Курти да го одложи спроведувањето на одлуката за казнување на лицата кои не ги смениле регистерските таблички издадени од Србија со таблички со ознака РКС – Република Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Во објава на неговата страница на Фејсбук, Харадинај побара од Курти одлуката за пререгистрација на возилата да се одложи до постигнувањето договор со Србија за меѓусебно признавање на двете држави. Тој побара и од спикерот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца и од претседателката на државата, Вјоса Османи да преземат дејствија за изнаоѓање решение за најновиот спор со Србија. Опозицискиот лидер потсетува на резолуцијата што неговата партија ја поденесе до Собранието, а во која се бара Владата на Курти да ги исполни барањата на САД и другите западни сојузници за одлагање на санкциите во врска со табличките. – Го повикувам претседателот на Собранието итно да свика вонредна собраниска седница, да се усвои резолуцијата која ја предлага ААК, со цел да се надмине создадената ситуација, а исто така ја замолувам и претседателката (на државата) да преземе активна улога во смирувањето на ситуацијата и надминувањето на застојот, напиша Харадинај. Поранешниот премиер исто така ги повика косовските Срби „да се воздржат од насилство и да не наседнуваат на политичките калкулации на режимот во Белград“. – Последен момент е владите во Белград и Приштина да седнат и да преговараат за договор за мир и признавање и да се откажат од дејствија кои ќе ги загрозат животите на луѓето, порача Харадинај. Полицијата на Косово (ПК) најави дека ќе започне да изрекува парични казни за лицата кои се движат во земјата со регистерски таблички издадени од Србија, односно за оние кои не ги пререгистрирале своите возила во предвидениот законски рок. По вчерашната средба во Брисел, со посредство на Европската унија, на Курти со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на која не се постигна договор за надминување на проблемите во врска со табличките на Србите во северно Косово, ПК соопшти дека ќе започне со применување на владината одлука за казнување на тие што не ги замениле табличките. Првичната најава беше дека санкционирањето ќе започне од денеска во 8 часот, меѓутоа Курти синоќа објави дека, на барање на Амбасадата на САД, примената на одлуката за казнување се продолжува за 48 часа. Од почетокот на месецов косовската полиција им изрекува укори на лицата кои не ги промениле табличките, а потоа ќе почнат да се изрекуваат парични казни, во висина од 150 евра. Оваа мерка е предвидено да трае до 21 април, кога ќе започне целосната примена на законот, односно ќе биде забрането движењето на возила со незаконски таблички издадени од Србија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-bara-od-kurti-da-ja-odlozi-odlukata-za-tablichkite/feed/ 0
Харадинај предлага собраниска резолуција за решавање на споровите со Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-predlaga-sobraniska-rezolucija-za-reshavanje-na-sporovite-so-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-predlaga-sobraniska-rezolucija-za-reshavanje-na-sporovite-so-srbija/#respond Fri, 11 Nov 2022 14:12:04 +0000 https://kurir.mk/?p=759249

Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), поранешниот премиер Рамуш Харадинај изјави дека во Собранието на Косово ќе поднесе резолуција за решавање на актуелната криза во северно Косово, како и за постигнување конечен договор со Србија, со меѓусебно признавање меѓу двете држави, јави дописникот на МИА од Приштина. Харадинај на денешната прес-конференција изјави дека резолуцијата, која содржи четири точки, доколку не биде усвоена, неговата партија „ќе разгледа други мерки“. ААК со резолуцијата бара одлагање на владината одлука за пререгистрација на возилата кои имаат таблички издадени од Србија со косовски таблички, да започне дебата за враќање на Србите кои ги напуштија институциите, да започне комуникација со сите домашни фактори за излез од создадената ситуација и да се одржи самит во Соединетите Американски Држави „до постигнувањето договор, кој ќе подразбира меѓусебно признавање меѓу Косово и Србија“. Харадинај изјави дека до Собранието упатил писмено барање за итна седница, поради тоа што земјата се соочува со една од најтешките кризи од завршувањето на последната војна. -Политичката и безбедносната ситуација во Косово е меѓу најтешките во овие 22 години. Србија изработила сценарио за дестабилизација на Косово, наложувајќи им на Србите да ги напуштат косовските институции, изјави Харадинај.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-predlaga-sobraniska-rezolucija-za-reshavanje-na-sporovite-so-srbija/feed/ 0