ранг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 18 Nov 2020 11:19:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ранг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Коронавирусот го смени рангот на најскапи градови во светот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koronavirusot-go-smeni-rangot-na-najskapi-gradovi-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koronavirusot-go-smeni-rangot-na-najskapi-gradovi-vo-svetot/#respond Wed, 18 Nov 2020 11:19:56 +0000 https://kurir.mk/?p=431166

Цирих и Париз ги потиснаа Сингапур и Осака од водечките места на новата ранг-листа на најскапи градови во светот, приклучувајќи му се на Хонг Конг со којшто го делат првото место. Неодамнешното истражување на британски „Економист“ за трошоците за живот, покажува дека корона-пандемијата влијаела на цените на стоките и услугите во повеќе од 130 градови до септември 2020 година. Според извештајот, скокот на Цирих и Париз на прво место се должи на зајакнувањето на швајцарскиот франк и еврото. – Пандемијата на Ковид-19 предизвика слабеење на американскиот долар, додека западноевропските и азиските валути зајакнаа во однос на тоа, што резултираше со зголемување на цените на стоките и услугите, вели Упасана Дут, раководителка на истражувањето. Трошоците за живот во Њујорк се користат како основен параметар за пресметување на овој индекс. „Во Сингапур, којшто сега е на четврто место, забележан е пад на цените поради напуштањето на странските работници. Самото население на овој град-држава се намали за првпат по 2003 година, па и побарувачката падна и се појави дефлација. Сличен тренд е забележан и во Осака (Јапонија), каде потрошувачките цени стагнираат, а јапонската Влада субвенционира цени, на пр. во јавниот превоз”, се вели во извештајот. Осака го дели петтото место со Тел Авив. Следуваат Женева и Њујорк, па Копенхаген и Лос Анџелес ги заокружуваат првите десет во светот, според трошоците за живот. Цените на повеќето производи и услуги останаа главно непроменети оваа година, освен некои категории. Цените на основните намирници, како што се храната и водата, беа стабилни, но слабата побарувачка доведе до голем пад на цените на облеката. Според Дут, ваквите трендови може да продолжат и во 2021 година, бидејќи потрошувачката е сè уште ограничена, што претставува притисок врз цените. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koronavirusot-go-smeni-rangot-na-najskapi-gradovi-vo-svetot/feed/ 0
Нов пораз: Македонскиот пасош со пад од две места на светската ранг листа најмоќни патни исправи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-poraz-makedonskiot-pasosh-so-nov-pad-od-dve-mesta-na-svetskata-rang-lista-najmokjni-patni-ispravi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-poraz-makedonskiot-pasosh-so-nov-pad-od-dve-mesta-na-svetskata-rang-lista-najmokjni-patni-ispravi/#respond Fri, 10 Jul 2020 10:13:52 +0000 https://kurir.mk/?p=373175

Нов пораз за Македонија. Најверојато поради „добриот танц со короната“ на Заев и владата на СДСМ, македонскиот пасош доживеа нов пад од две места ан светската ранг листа на најмоќни патни исправи. Ова с е случува во континуитет со нашиот паосш во времето на оваа владејачка гарнитура. Македонскиот се најде на 47-мото место на листата, и пад за две позиции во однос на лани, или за четири места во однос на 2018 година. Македонскиот пасош највисоко рангиран беше во 2014 година со 36-то место. Како податоци во рангирањето се земаат земјите во кои со пасошот може да се патува без дополнителни ограничувања како што се визите. Со македонскиот пасош во моментов може да се патува во 124 земји без никаква потреба од виза. Што се однесува до соседните земји, македонскиот пасош е пред оној на Албанија, а позади Србија кој е на 40 позиција. Грчкиот пасош котира на високото 8-мо место, додека бугарскиот е на 8-мото место. Пасошот на Косово е 102-рото место. Највисоко котираат пасошот на Јапонија кој е на првото место, а по него следуваат оние на Сингапур, Германија, Јужна Кореја, Финска, Италија, Луксембург и Шпанија. На дното последен е пасошот на Афганистан, а пред него Ирак, Сирија, Пакистан, Јемен и Сомалија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-poraz-makedonskiot-pasosh-so-nov-pad-od-dve-mesta-na-svetskata-rang-lista-najmokjni-patni-ispravi/feed/ 0