ранковце – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 07 Feb 2023 14:22:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ранковце – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пробиен патот до село Герман во општина Ранковце https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/probien-patot-do-selo-german-vo-opshtina-rankovtse/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/probien-patot-do-selo-german-vo-opshtina-rankovtse/#respond Tue, 07 Feb 2023 14:22:17 +0000 https://kurir.mk/?p=797338

По три дена без сообраќајна поврзаност, жителите на селото Герман во општина Ранковце од денеска можат непречено да функционираат. Екипите на Јавното претпријатие за одржување магистрални и регионални патни правци успеа да го пробие патот. -Трет ден работевме со целата расположлива механизација, булдожер и камиони, за пробивање на патот кон село Герман, регионален пат што поради големиот снег и до еден метар на места, како и наносите од метар и половина, беше исклучително тешко да се расчисти. Сепак, денес, на задоволство на жителите на селото, расчистено е сѐ до сред село. Дечињата од утре може да продолжат со редовна настава, а и жителите на Герман да може да ги завршат неопходните потреби, изјави Боби Димитровски, раководител на секцијата на ЈП за одржување магистрални и регионални патишта, Крива Паланка. Селото Герман е оддалечено околу 20 километри од Ранковце и има околу четириесет домаќинства. Кривопаланечкото село Дренак е се уште отсечено. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/probien-patot-do-selo-german-vo-opshtina-rankovtse/feed/ 0
Се работи интензивно на пробивање на патот кон село Герман, село Дренак отсечено петти ден https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-raboti-intenzivno-na-probivane-na-patot-kon-selo-german-selo-drenak-otsecheno-petti-den/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-raboti-intenzivno-na-probivane-na-patot-kon-selo-german-selo-drenak-otsecheno-petti-den/#respond Mon, 06 Feb 2023 14:34:46 +0000 https://kurir.mk/?p=796813

Повеќе од половина од трасата на регионалниот пат Ранковце-село Герман е пробиена, а екипите на Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патни правци, секција Крива Паланка веќе втор ден интензивно го пробиваат овој правец. Како што информира раководителот на секцијата Боби Димитровски, се работи во екстремно лоши услови, висината на снежната покривка е околу осумдесетина сантиметри, а силниот ветар континуирано прави навеви на патот, високи и над еден метар. - Овој патен правец е планински, работиме интензивно, условите се отежнати, но веќе успешно е расчистен поголем дел од трасата. Машините се стасани до село П'клиште, очекувам дека до крајот на денот ќе биде пробиен и расчистен целиот пат. Инаку, сите останати регионални патни правци, кон повисоките села: Огут, Луке, се проодни, а чист е целосно магистралниот пат А2, рече Димитровски. Градоначалникот на Општина Ранковце, Борче Спасовски, информира дека селото е отсечено втор ден, а лошите временски услови ја отежнуваат работата на екипите за расчистување. Вкупно шеснаесет ученици кои учат во селото денеска не се на настава бидејќи ниту наставниците не можеа да доспеат до своите работни места. - Селото Дренак во Крива Паланка е остечено уште од четврток, по паѓањето на снегот, но овој патен правец што го поврзува селото и осуммината жители што живеат на 40- тина километри од градот, е локален,но и земјен пат, така што, истиот не може да се расчисти и речиси секоја зима е неминовна невоља што ги снаоѓа мештаните, велат од Подрачната единица на ЦУК, Крива Паланка.
Пепица Давитковска, жителка на селото, рече дека нејзиниот сопруг е во селото и информира дека снежната покривка е околу четириесетина сантиметри. Таа со своите деца е во градот, дечињата редовно се сместени во општинскиот ученички дом, од каде одат на настава, а престојуваат од понеделник до петок. Но таа има изнајмено стан под кирија и ги прифаќа за време на викендите, прва зима, бидејќи досега тие не можеле да одат дома за викенд и по неколку месеци за време на зимскиот период, па биле приморани да остануваат кај роднини или соседи во градот. Што се однесува до останатите села, и Нерав е отсечено веќе трет ден, а за зимско одржување на овој локален пат задолжени се екипите на Јавното претпријатие Комуналец од Крива Паланка кои, според директорот Миле Марковски,на терен се и вчера и денеска. - Екипите и механизација се на терен, се расчистува, но станува збор за лоша конфигурацијата на теренот, заледени површини и многу потешки се условите за работа. И нашите вработени прават напори за расчистување во што пократок рок, но вчера помагаа и мештаните, информира Марковски. Информира дека во текот на изминатите 24 часа од страна на екипи на ЈП Комуналец расчистени се локалните патишта кон селата: Подржикоњ, Странци, денес интензивно се работи на расчистување на патните правци кон село Дурачка Река, Метов и кон Трново.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-raboti-intenzivno-na-probivane-na-patot-kon-selo-german-selo-drenak-otsecheno-petti-den/feed/ 0
Кумановец со својот автомобил излетал од патот кај село Ранковце, повредени две лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kumanovets-so-svojot-avtomobil-izletal-od-patot-kaj-selo-rankovtse-povredeni-dve-litsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kumanovets-so-svojot-avtomobil-izletal-od-patot-kaj-selo-rankovtse-povredeni-dve-litsa/#respond Sun, 29 Jan 2023 14:30:52 +0000 https://kurir.mk/?p=793382

На 28.01.2023 околу 11.40 часот на пат во с.Ранковце, кривопаланечко, товарно возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ц.(28) од Куманово излетало од патот. Во несреќата возачот М.Ц. се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот А.Ц.(20) од с.Гиновци, Општина Ранковце со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Куманово. Увид извршила увидна екипа на ОВР Крива Паланка. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kumanovets-so-svojot-avtomobil-izletal-od-patot-kaj-selo-rankovtse-povredeni-dve-litsa/feed/ 0
Kино под отворено небо во Ранковце и Кратово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kino-pod-otvoreno-nebo-vo-rankovce-i-kratovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kino-pod-otvoreno-nebo-vo-rankovce-i-kratovo/#respond Tue, 09 Aug 2022 18:25:32 +0000 https://kurir.mk/?p=716230

Европската куќа Крива Паланка вечерва на плоштадот во Општина Ранковце организира кино под отворено небо, дел од летната културна програма што им ја нуди на младите од Североисточниот регион. Проекциите се реализираат во рамки на неделата на младите. – По кино-проекциите реализирани на крајот на минатиот месец на градскиот плоштад во Крива Паланка кога беа претставени едни од најдобрите европски филмови: “И тогаш танцувавме” на Леван Акин од Грузија и “Нека биде светлина” од Марко Шкоп, Чешка и Словачка продукција, продолжуваме со проекциите и одличната атмосфера за младите од соседните општини. Вечерва организираме кино под отворено небо во Ранковце, каде ќе се прикажува филмот “Олег” од Јурис Курситис, а во сабота во Кратово на програмата е “Нејзина работа” на Никос Лавот од Грција, информира Димитар Петровски од Европска куќа Крива Паланка. Кино под отворено небо во Кратово ќе се реализира на 13 август, сабота, со почеток во 20 часот, на платото пред Домот на култура ,,Лазар Софијанов”. Во текот на овој месец планирано е да се одржат кино-проекции и во Куманово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kino-pod-otvoreno-nebo-vo-rankovce-i-kratovo/feed/ 0
Мисајловски: Делата на ВМРО-ДПМНЕ се гледаат, во Ранковце се инвестираат околу 12 милиони денари во улици, патишта и канализација, но и околу 30 милиони денари за еден покрупен проект за водоснабдување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-delata-na-vmro-dpmne-se-gledaat-vo-rankovce-se-investiraat-okolu-12-milioni-denari-vo-ulici-patishta-i-kanalizacija-no-i-okolu-30-milioni-denari-za-eden-pokrupen-proekt-za-vodosnabduvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-delata-na-vmro-dpmne-se-gledaat-vo-rankovce-se-investiraat-okolu-12-milioni-denari-vo-ulici-patishta-i-kanalizacija-no-i-okolu-30-milioni-denari-za-eden-pokrupen-proekt-za-vodosnabduvanje/#respond Wed, 13 Apr 2022 13:22:03 +0000 https://kurir.mk/?p=662474

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, денес е во посета на Ранковце каде ВМРО-ДПМНЕ ја продолжува акцијата што ја започна, односно да биде повторно со народот каде што промените се случуваат. -И секогаш вака на терен да ги презентираме сите активности што ги имаат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, но и да разговараме со сите граѓани. Ние денеска тука на терен сме заедно со градоначалникот на општина Ранковце, исто така и координаторот на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, но и со многу граѓани да обележиме неколку значајни проекти во Ранковце. Еве имавме можност да видиме градоначалникот да наброи повеќе проекти што се случуваат. Денеска сме на изградба на еден локален пат во селото Радибуш каде што со други неколку мали патчиња, односно локални патчиња ги поврзува сите села тука во Ранковце, рече тој. Мисајловски потенцира дека ова е навистина за голем поздрав. -Мала општина каде што градоначалникот вложува максимални напори со неговата администрација да се завршат овие проекти. Еве слушнав дека има повеќе проекти околу не знам 12-тина милиони денари само во улици, во патишта, во канализација, но и околу 30 милиони денари за еден покрупен проект за водоснабдување. Затоа во ваква сериозна економска криза каде што градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ затекнаа празни буџети, затекнаа празни сметки и работат за граѓаните. И тоа сакаме да го одбележиме вака и пред јавноста да кажеме дека нема откажување до последен напор секој од градоначалниците треба да се бори за она што го имаат ветено во програмата. И еве на дело, на лице место може да видиме дека се тампонираат улици, а тоа се разбира и тие ќе бидат асфалтирани, рече тој. Мисајловски потенцира дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се меѓу народот за да помогнат.

-Но, од друга страна и како пратеници, јас и Никола Мицевски сме тука и утре да помогнеме преку ребаланс на буџетот да обезбедиме, да побараме да се обезбедат дополнителни средства зашто секогаш кога има ребаланс на буџет бараме за повеќе локални патишта, за повеќе улици, за повеќе градинки итн. Но секогаш ВМРО-ДПМНЕ и другите политички партии во опозиција се одбивани. Но, треба сите заеднички да ги слушнеме барањата на жителите и потоа ние амандмански да пробаме да измениме сето ова што се случува во Македонија, за да има повеќе проекти. На крајот сакам само да се заблагодарам на градоначалникот за убавата можност да се видат вака проекти на лице место. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ , тоа се делата на ВМРО-ДПМНЕ. Продолжуваме со акцијата и се разбира ќе продолжиме по сите места во Македонија, рече тој.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-delata-na-vmro-dpmne-se-gledaat-vo-rankovce-se-investiraat-okolu-12-milioni-denari-vo-ulici-patishta-i-kanalizacija-no-i-okolu-30-milioni-denari-za-eden-pokrupen-proekt-za-vodosnabduvanje/feed/ 0
ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ВОЗАЧИТЕ: Доколку возите кон ова место, вратете се – патот e непрооден поради снежна покривка https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vazna-informacija-za-vozachite-dokolku-vozite-kon-ova-mesto-vratete-se-patot-e-neprooden-poradi-snezna-pokrivka/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vazna-informacija-za-vozachite-dokolku-vozite-kon-ova-mesto-vratete-se-patot-e-neprooden-poradi-snezna-pokrivka/#respond Thu, 10 Mar 2022 17:58:16 +0000 https://kurir.mk/?p=645028

Непрооден за сите видови моторни возила, поради снежна покривка, од 7 часот денеска е Регионалниот пат R-2248 од село Ранковце до село Герман, на потегот од село П’ клиште до село Герман,Општина Ранковце. Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на 10 км пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно возење. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vazna-informacija-za-vozachite-dokolku-vozite-kon-ova-mesto-vratete-se-patot-e-neprooden-poradi-snezna-pokrivka/feed/ 0
Милошоски: Во Ранковци Борче Спасовски освои најмногу гласови во прв круг, ја очекуваме поддршката на граѓаните за победа и за вториот круг https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/miloshoski-vo-rankovci-borche-spasovski-osvoi-najmnogu-glasovi-vo-prv-krug-ja-ochekuvame-poddrshkata-na-gragjanite-za-pobeda-i-za-vtoriot-krug/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/miloshoski-vo-rankovci-borche-spasovski-osvoi-najmnogu-glasovi-vo-prv-krug-ja-ochekuvame-poddrshkata-na-gragjanite-za-pobeda-i-za-vtoriot-krug/#respond Tue, 26 Oct 2021 13:58:36 +0000 https://kurir.mk/?p=585904

Времето за промени дојде, тоа го покажа народот во првиот изборен круг и во Прилеп, и во Велес, и во Штип, и во цело Скопје, и во други 22 општини. Затоа е време за промени и во Ранковце, истакна денеска во изјава за медиумите членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски. -Благодариме за довербата во првиот круг, како водечки кандидат Борче Спасовски, покажа дека ја ужива поддршката на сите жители на Ранковце. И очекуваме во вториот изборен круг во една мирна, достоинствена атмосфера да ја направиме промената и во Ранковце, и во Кратово, и во Пробиштип и во сите останати општини во третата изборна единица. Каде што погрешните економски политики на Заев очекуваме да бидат поразени од народот, рече Милошоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/miloshoski-vo-rankovci-borche-spasovski-osvoi-najmnogu-glasovi-vo-prv-krug-ja-ochekuvame-poddrshkata-na-gragjanite-za-pobeda-i-za-vtoriot-krug/feed/ 0
Спасовски: Изградба на локални патишта и реновирање на амбулантата во Ранковце https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/spasovski-izgradba-na-lokalni-patishta-i-renoviranje-na-ambulantata-vo-rankovce/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/spasovski-izgradba-na-lokalni-patishta-i-renoviranje-na-ambulantata-vo-rankovce/#respond Wed, 13 Oct 2021 14:13:02 +0000 https://kurir.mk/?p=578392

„Со заеднички сили, со упорност и верба, со нашата непоколебливост и сплотеност  ќе ја урнеме досегашната власт, која во изминатите години работеше само за одреден  број на луѓе, лојална и фаворизирана клиентела  и привилегирани поединци. Ги знаеме  ветувањата, знаеме што направија, односно не направија  во изминатите години“, истакна Борче Спасовски, кандидат за градоначалник на општина Ранковце на митингот. Спасовски додаде дека тој како иден градоначалник ќе се залага и  неуморно ќе работи на подобрување на сите стандарди за поквалитетен и подостоинствен живот  во  Ранковце. „Се обврзувам  дека конечно ќе го изградиме водоводниот систем во с. Псача кој  го  ветуваа, а не го изградија изминативе години. Ветувам нови захвати за вода во Биљино и Пклиште за селата Радибуш, Гиновце, Ранковце и Отошница. Ќе ја изградиме канализационата мрежа во  Љубинце, Опила и дел од Псача“, вети Спасовски. Спасовски посочи дека тековно и квалитетно ќе има одржување на сите постоечки  водоводни и канализациони мрежи на територијата на општина Ранковце и нивно редовно и навремено сервисирање и одржување. „Во делот на инфраструктурата ќе се посветиме на изградба на локалните патишта во селата: Петралица, Баратлија, Псача, Гиновце, Ранковце и другите населени  места. За младите и најмалите ќе изградиме повеќе наменско игралиште и мини парк во с. Ранковце, како и игралишта за спорт и рекреација во другите населени места, а за најмалите градинка во с. Ранковце“, појасни Спасовски. Спасовски вети дека ќе се преземат и мерки за реновирање и опремување на амбулантата во с. Ранковце и создавање услови за работење на истата за потребите на граѓаните на Ранковце. „Моето име, работа мојот успешен бизнис и изградено име и бренд, посакувам и се надевам дека за вас ќе биде мотив да го дадете својот глас за мене, за ВМРО-ДПМНЕ, за иднината на Ранковце, за промени, проекти и победи во Ранковце,  гласајте за број 7, добитен број, седумка и нема да згрешите“, нагласи Спасовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/spasovski-izgradba-na-lokalni-patishta-i-renoviranje-na-ambulantata-vo-rankovce/feed/ 0
Густ чад надвисна над Ранковце, пожарот зафати големи површини (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gust-chad-nadvisna-nad-rankovce-pozarot-zafati-golemi-povrshini-foto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gust-chad-nadvisna-nad-rankovce-pozarot-zafati-golemi-povrshini-foto/#respond Mon, 02 Aug 2021 17:54:04 +0000 https://kurir.mk/?p=545206

Голем шумски пожар избувнал попладнево во Општина Ранковце. Огнот зафатил голема површина шуми, а се проширил и во дел од населените места, Радибуш и Отошница, опожарувајќи и дел од куќите. Огнот се движи кон браната во село Отошница, а надлежните стравуваат дека може да се прошири и кон околните села. Командирот на Територијалната противпожарна единица од Ранковце рече дека огнената стихија е голема, споредувајќи ја со големите пожари во Калифорнија. Рече, опасност постои и од соединување на пожарот со оној во соседната општина Старо Нагоричане. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gust-chad-nadvisna-nad-rankovce-pozarot-zafati-golemi-povrshini-foto/feed/ 0
Непречено се одвива гласањето во Крива Паланка и Ранковце https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/neprecheno-se-odviva-glasanjeto-vo-kriva-palanka-i-rankovce/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/neprecheno-se-odviva-glasanjeto-vo-kriva-palanka-i-rankovce/#respond Wed, 15 Jul 2020 08:13:01 +0000 https://kurir.mk/?p=375933

Навреме и без проблеми почна третиот ден од гласањето за предвремените парламентарни избори во општините Крива Паланка и Ранковце на вкупно 60 избирачки места на кои своето избирачко право може да го остварат вкупно 19.975 граѓани, информираат од општинските изборни комисии. Во Општина Крива Паланка право на глас имаат 16.965 граѓани, кои гласаат на вкупно 47 избирачки места, а на 13 избирачки места своето право на глас ќе можат да го остварат 3010 жители на Општина Ранковце. На првиот ден од гласањето, понеделник, гласаа пет лица со КОВИД-19 од Крива Паланка, додека вчера гласаа 347 болни и изнемоштени лица од Крива Паланка и 72 од Општина Ранковце. Вчера без проблеми се гласаше и на избирачкото место број 0942 во Одделението на казнено-поправна установа во Крива Паланка кадешто право на глас имаа седум затвореници. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/neprecheno-se-odviva-glasanjeto-vo-kriva-palanka-i-rankovce/feed/ 0