расчистување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 24 Aug 2022 09:48:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png расчистување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почна расчистувањето на „Треска“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/pochna-raschistuvanjeto-na-treska/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/pochna-raschistuvanjeto-na-treska/#respond Wed, 24 Aug 2022 09:40:56 +0000 https://kurir.mk/?p=723105

Почна расчистувањето на локацијата кај поранешната фабрика „Треска“. Чистењето ќе се врши плански во неколку фази. Најпрво ќе се отстранува опасниот отпад, азбестниот покрив, ќе се уриваат објектите, па ќе се отстранува кабастиот отпад. На крајот ќе се врши дезинфекција, дезинсекција и дератизација на просторот. Според очекувањата на градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, просторот би требало да се расчисти за неколку недели. Моменталната состојба на оваа локација, како што рече тој на денешната прес-конференција, освен што претставува извор на зарази за жителите од околината, претставува и нелегална депонија во срцето на општината и Градот. Герасимовски посочи дека до почетокот на месецов сите постапки биле во застој, бидејќи се чекала дозвола за почнување на активности од Обвинителството кое постапуваше по утврдување на причините за пожарот кој неодамна избувна во магацин кај „Треска“. До овој момент, како што информира градоначалникот, во општина Центар се пристигнати 36 барања за издавање решение за отстранување на објекти од кои досега одобрени се 13. Отстранувањето на објектите ќе го вршат самите сопственици кои претходно до општината доставиле барање за отстранување на објектите и начинот како ќе бидат истите отстранети. За тоа време сопствениците ќе бидат под надзор од страна на инспекциските служби за животна средина на општината. Отпадот ќе биде депониран во Дрисла каде ќе биде соодветно уништен. – Град Скопје води постапка за донесување на регулациски план за ДУП Градска четврт З 11 – локалитети Буњаковец 1 и Буњаковец 2. Носењето на овој план ќе ја олесни процедурата за одвојување и донесување на план само за просторот кај „Треска“ со што приоритет му се дава токму на овој дел од градот. Ги повикувам и останатите надлежни институции активно да се вклучат за негово поскоро донесување, рече Герасимовски. Прашан дали расчистувањето на овој дел е со цел инвеститорите да градат згради, Герасимовски појасни дека општината прави напори да се донесе нов ДУП, се со цел да се направи подобра урбанизација. – Во моментов има важечки ДУП, имавме три години мораториум чија цел беше да се изменат ДУП-овите, за жал не се успеа, но правиме напори преку регулација да се одвои овој дел и да направиме подобар ДУП. Во моментов има доставено 15 барања за доофурмување на парцели и околу четири барања за градежни дозволи. Додека не ги издадеме сите 36 одобренија за расчистување на објектите ќе се закочи целиот процес. Не зависи од Општината Центар, но сигурен сум дека за брзо време ќе ја направиме измената на ДУП-от, нагласи Герасимовски. Поради тоа што во моментов има важечки ДУП, како што појасни тој, доколку не се донесе нов, тие во меѓувреме мора да го почитуваат Законот и според тој ДУП ќе даваат одобренија за градежни дозволи. Во одговор на прашање каква ќе биде судбината на жителите во бараките на улицата „Рузвелтова“, Герасимовски посочи дека во договор со инвеститорите тие ќе бидат обесштетени. Во однос на тоа дали до општината е пристигнато ново барање за втората зграда кај „Холидеј ин“, градоначалникот рече дека е поднесено второ барање и оти висината е намалена на 11 ката и поткровје. Документите, како што рече, се поднесени и отпочната е процедура за издавање дозвола. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/pochna-raschistuvanjeto-na-treska/feed/ 0
ЈП Комунална хигиена расчистува голема дива депонија во општината Шуто Оризари https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jp-komunalna-higiena-raschistuva-golema-diva-deponija-vo-opshtinata-shuto-orizari/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jp-komunalna-higiena-raschistuva-golema-diva-deponija-vo-opshtinata-shuto-orizari/#respond Mon, 28 Mar 2022 12:47:19 +0000 https://kurir.mk/?p=654584

Во координација со Градот Скопје и Општината Шуто Оризари, екипите на ЈП Комунална хигиена во текот на изминатиов викенд започна активности за  расчистување на голема дива депонија лоцирана во скопската општина Шуто Оризари. Станува збор за голема дива депонија во непосредна близина на спортската сала во општината што досега на повеќе наврати била расчистувана, но поради несовесното однесување на жителите повторно се создава. Депонијата е  составена од мешан отпад, односно кабаст, градежен и комунален отпад. Екипите на ЈП Комунална хигиена расчистувањето ќе  продолжат и во текот на оваа недела,  а очекуваат  до крајот на акцијата да бидат подигнати приближно 400 кубни метри несовесно одложен отпад. Град Скопје и ЈП Комунална хигиена апелираат до граѓаните својот отпад да не го одлагаат на јавни површини и на тој начин да придонесат  да  се зачува јавното здравје и  да се заштити животната средина, во спротивно граѓаните кои свесно ја загадуваат животната средина ќе бидат ригорозно санкционирани. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jp-komunalna-higiena-raschistuva-golema-diva-deponija-vo-opshtinata-shuto-orizari/feed/ 0
Екипите на ЈП Комунална хигиена со координирани активности на терен го расчистуваат снегот во сите скопски општини https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ekipite-na-jp-komunalna-higiena-so-koordinirani-aktivnosti-na-teren-go-raschistuvaat-snegot-vo-site-skopski-opshtini/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ekipite-na-jp-komunalna-higiena-so-koordinirani-aktivnosti-na-teren-go-raschistuvaat-snegot-vo-site-skopski-opshtini/#respond Mon, 07 Mar 2022 11:08:38 +0000 https://kurir.mk/?p=642563

ЈП Комуналана хигиена со сите расположливи работници, во координација со Град Скопје, во текот на вчерашниот ден го чистеа снегот и мразот од сообраќајниците и од јавните површини во сите скопски општини, со цел да се овозможи безбедно движење на пешаците и одвивање на сообраќајот, информираат од Град Скопје. Целосно е исчистено од снег централното градско подрачје, плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, како и Старата чаршија. Расчистени од снег и проодни се реоните околу Градската болница, Државната болница, Владата и Собранието на РМ, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев“, и „Слобода“, како и сите пешачки мостови. Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје и на ЈП Паркови и зеленило во текот на вчерашниот ден ги расчистуваа паднатите гранки и дрвја од сообраќајни и од јавни површини низ сите скопски општини. Јавните претпријатија со своите екипи ќе бидат на терен и нивните активностите ќе продолжат да се одвиваат и во текот на денешниот ден, велат во соопштението од Град Скопје. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ekipite-na-jp-komunalna-higiena-so-koordinirani-aktivnosti-na-teren-go-raschistuvaat-snegot-vo-site-skopski-opshtini/feed/ 0
Утринава е расчистена депонијата во дворот на поранешната установа „Ранка Милановиќ“ во Гази Баба https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/utrinava-e-raschistena-deponijata-vo-dvorot-na-poraneshnata-ustanova-ranka-milanovikj-vo-gazi-baba/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/utrinava-e-raschistena-deponijata-vo-dvorot-na-poraneshnata-ustanova-ranka-milanovikj-vo-gazi-baba/#respond Wed, 10 Nov 2021 11:11:17 +0000 https://kurir.mk/?p=593571

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски преку својата Фејбсук страница ја информираше јавноста дека во соработка со надлежната институција, утринава е расчистена депонијата во дворот на поранешниот Центар за привремено сместување на бездомни лица Ранка Милановиќ кој се наоѓа на територија на Општина Гази Баба. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/utrinava-e-raschistena-deponijata-vo-dvorot-na-poraneshnata-ustanova-ranka-milanovikj-vo-gazi-baba/feed/ 0
По една година заврши акцијата за отстранување на дрвја од навремето во Долна Преспа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-edna-godina-zavrshi-akcijata-zavrshi-akcijata-za-otstranuvanje-na-drvja-od-navremeto-vo-dolna-prespa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-edna-godina-zavrshi-akcijata-zavrshi-akcijata-za-otstranuvanje-na-drvja-od-navremeto-vo-dolna-prespa/#respond Tue, 30 Jun 2020 11:51:01 +0000 https://kurir.mk/?p=365798

Припадници на Армијата и ЈП „Национални шуми“ во соработка со локалното население од Брајчино, Љубојно, Наколец, Долно Дупени, Крани и Арвати, по една година ја реализираа акција на остранување паднати и искрешени дрвја во реонот на Долна Преспа. -Со акцијата расчистени се речните корита на реките во Брајчино и Крани, врз кои имаше многу искршени дрвја и гранки, а тие пак го оневозможуваа слободниот тек на водата. Благодарение на инженериска единица на македонската армија и екипи на ЈП „Национални шуми“ сега се спречуваат евентуални поплави бидејќи отстранети се големи трупци и дрва кои освен во реките беа паднати и врз планинските патишта и патеки. Но, освен благодарност до екипите, во оваа прилика сакам да се заблагодарам на соработката со локалното население што ја поддржа и се вклучи во акцијата која формално завршува утре, истакна Гошаревски. Како што е познато, кон крајот на минатата година, во невреме во Долна Преспа беа искрешени многу дрвја кои оштетија бандери, патишта и речни корита, дел од нив Општина Ресен веднаш ги отстрани, а во изминатите две недели со поддршка на Армијата и ЈП „Национални шуми“, целосно е расчистен планинскиот предел во тој крај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-edna-godina-zavrshi-akcijata-zavrshi-akcijata-za-otstranuvanje-na-drvja-od-navremeto-vo-dolna-prespa/feed/ 0