раселени лица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 25 May 2023 07:13:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png раселени лица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ИОМ: Повеќе од милион раселени лица заради судирите во Судан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iom-poveke-od-milion-raseleni-litsa-zaradi-sudirite-vo-sudan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iom-poveke-od-milion-raseleni-litsa-zaradi-sudirite-vo-sudan/#respond Thu, 25 May 2023 07:13:42 +0000 https://kurir.mk/?p=838407

Во Судан има над милион лица внатрешно раселени лица откако минатиот месец во оваа земја избија судири меѓу суданската армија и паравоената група Сили за брза поддршка (РСФ), наведува Меѓународната организација за миграција (ИОМ). Организацијата ги повика сите инволвирани страни „да ја осигураат безбедноста на хуманитарците и да им овозможат неограничен пристап за да можат да им помогнат на најранливите категории “, пренесе агенцијата Анадолија. „За помалку од 40 дена, повеќе од еден милион лица се раселени поради насилството во Судан. Хуманитарните потреби продолжуваат да растат, бидејќи се повеќе луѓе ги напуштаат своите домови“, соопшти ИОМ. Организацијата соопшти дека најмалку 1.361.308 лица се новораселени, вклучувајќи 1.042.114 внатрешно раселени лица и 319.194 кои побегнале во соседните земји. „Најголем број раселени лица е забележан во Западен Дарфур (23,86 отсто), Бел Нил (19,65 отсто), околу реката Нил (15,64 отсто) и северните држави (13,93 отсто)“, соопшти ИОМ и додаде дека најмалку 80.000 лица избегале од Судан во Чад, 69.112 лица во Јужен Судан, 132.364 лица во Египет, 26.818 во Етиопија, 9.823 во Централноафриканската Република и 1.077 во Либија. Според локалните лекари, во борбите што почнаа на 15 март, досега загинале најмалку 863 цивили, а 3.531 се ранети. Судан е без функционална влада од октомври 2021 година, кога војската ја собори привремената влада на премиерот Абдула Хамдок и прогласи вонредна состојба во потег што политичките сили го осудија како државен удар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iom-poveke-od-milion-raseleni-litsa-zaradi-sudirite-vo-sudan/feed/ 0
УНХЦР: Кризата со храна дополнително ќе го зголеми бројот на раселени лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unhcr-krizata-so-hrana-dopolnitelno-kje-go-zgolemi-brojot-na-raseleni-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unhcr-krizata-so-hrana-dopolnitelno-kje-go-zgolemi-brojot-na-raseleni-lica/#respond Thu, 16 Jun 2022 05:31:58 +0000 https://kurir.mk/?p=691445

Кризата со храна предизвикана од војната во Украина ќе принуди многу луѓе во сиромашните земји да емигрираат, што дополнително ќе го зголеми глобалниот број на раселени, кој моментално е на рекордно високо ниво, нагласи шефот на Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР). Извештајот на УНХЦР покажа дека до крајот на 2021 година, 89,3 милиони луѓе биле присилно раселени ширум светот поради прогон, конфликт, злоставување и насилство. Оттогаш, милиони Украинци се раселени, а порастот на цените поврзан со блокадата на извозот на жито ќе поттикне поголема миграција на други места. – Ако имате криза со храна над се што опишав, како што се војната, човековите права, климата, тоа само ќе ги забрза трендовите наведени во овој извештај, изјави шефот на УНХЦР Филипо Гранди, опишувајќи ги бројките како „неверојатни“. – Јасно е дека ако ова не се реши наскоро, влијанието ќе биде доста поразително, додаде тој. Веќе има повеќе раселени лица поради зголемените цени и насилните немири во регионот на Сахара. Генерално, бројот на раселени лица се зголемува секоја година и сега е повеќе од двојно поголем од 2012 година кога изнесуваше 42,7 милиони. Гранди, исто така, го критикуваше, како што рече, „монополот“ на ресурсите достапни на Украина, додека другите програми за помош на бегалците се недоволно финансирани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unhcr-krizata-so-hrana-dopolnitelno-kje-go-zgolemi-brojot-na-raseleni-lica/feed/ 0
Осум милиони раселени лица поради војната во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osum-milioni-raseleni-lica-poradi-vojnata-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osum-milioni-raseleni-lica-poradi-vojnata-vo-ukraina/#respond Mon, 23 May 2022 05:41:37 +0000 https://kurir.mk/?p=680294

Последните податоци на ОН покажуваат дека осум милиони луѓе биле принудени да се раселат поради воените дејствија во Украина, од кои повеќе од шест милиони ја напуштиле земајта. Извештајот на Агенцијата за бегалци при ОН покажува дека бројот луѓе принудени да бегаат од конфликти, насилство, кршење на човековите права и прогон ширум светот за прв пат ја надминал границата од сто милиони. „Сочувство постои и ни е потребен сличен ангажман и за сите други кризи низ светот. Но, на крајот на краиштата хуманитарната помош е палијативно решение, а не лек. Мирот и стабилноста се единствениот одговор за сменување на негативниот тренд, за невините луѓе да не бидат приморани да избираат меѓу живот во опасност и оној во егзил“, рече Гранди.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osum-milioni-raseleni-lica-poradi-vojnata-vo-ukraina/feed/ 0
Лани регистрирани рекордни 59 милиони принудно раселени лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lani-registrirani-rekordni-59-milioni-prinudno-raseleni-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lani-registrirani-rekordni-59-milioni-prinudno-raseleni-lica/#respond Thu, 19 May 2022 07:26:04 +0000 https://kurir.mk/?p=678756

Во светот на крајот на минатата година во светот имало рекордни 59 милиони внатрешно раселени лица. Најновиот извештај објавен денеска покажува дека новитге бранови насилство, конфликтите и непогодите предизвикани од климатските промени биле причините голем број луѓе да бидат принудени да ги напушат сцвоите домови. Според извештајот на Центарот за следење на внатрешно раселување (ИДМЦ), проект на Норвешкиот совет за бегалци (НРЦ) во Женева, минатата година се регистрирани 5,8 милиони раселени лица повеќе отколку во 2020 година. „Ситуацијата денес е полоша отколку што сугерира дури и нашата рекордна бројка, бидејќи не вклучува речиси осум милиони луѓе принудени да избегаат од војната во Украина“, рече генералниот секретар на НРЦ, Јан Егеланд. „Потребни се драстични промени во начинот на кој размуслуваат светските лидери за тоа како да ги спречиме и решиме конфликтите и да ставиме крај на човечките страдања“, вели тој. Голем дел од регистрираните раселени лица отпаѓа на влошените услови во Авганистан, Јемен и субсахарска Африка. Најголемо раселување има во северните делови на Етиопија каде се заглавени 5,1 милион луѓе поради продолжената граѓанска војна од 2020 година. Дури 80 отсто од раселените луѓе во светот се во субсахарска Африка, каде што нападите на вооружени групи присилија многу луѓе да ги напуштат своите домови, истовремено попречувајќи го инфраструктурниот развој и стабилноста како решение на проблемите на раселените. Елементарните непогоди и неповолните климатски услови се причина за раселување на 5,9 милиони луѓе минатата година. Голем е и бројот случаи луѓе да бидат принудени неколкупати да го менуваат местото на живеење во текот на една година. За минатата 2021 година тоа било случај кај дури 23,7 милиони луѓе или 60 проценти до сите случаи на раселување Особено изложени на опасност од можни принудни раселувања се Кина, Филипините и Индија во густо населените областите зафатени од урагани, поројни дождови и поплави.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lani-registrirani-rekordni-59-milioni-prinudno-raseleni-lica/feed/ 0
ОН: Во светот има рекордни 80 милиони раселени лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-vo-svetot-ima-rekordni-80-milioni-raseleni-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-vo-svetot-ima-rekordni-80-milioni-raseleni-lica/#respond Wed, 09 Dec 2020 07:59:57 +0000 https://kurir.mk/?p=440711

Кон средината на 2020 година, во екот на пандемијата на коронавирусот, бројот на бегалци и раселени лица во светот надмина 80 милиони, што е најголем досега, соопштија Обединетите нации. Високиот комесар за бегалци на ОН, Филио Гранди изрази жалење што светот го достигна тој „мрачен граничник“ и предупреди дека ситуацијата ќе се влоши доколку „светските власти не ги запрат војните“. -Меѓународната заедница не успева да го зачува мирот, рече Гранди, истакнувајќи дека во последните две децении е дојдено до двојно зголемување на присилните раселувања. На почетокот на годината, 79,5 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови поради прогон, конфликт и кршење на човековите права, а тој број надмина 80 милиони во средината на 2020 година, се наведува во извештајот на Високиот комесаријат за бегалци на ООН (УНХЦР). Бројот од 79,5 милиони вклучува 45,7 милиони раселени во нивните земји, 29,6 милиони бегалци и насилно раселени надвор од нивната земја и 4,2 милиони азиланти. „Постојните и новите конфликти, како и новиот коронавирус имаат драматични последици по нивниот живот во 2020 година“, се наведува во соопштението на УНХЦР. И покрај итниот повик на генералниот секретар на ООН во март за светско примирје за време на пандемијата, судирите и прогоните продолжија, соопштија од ОН. Насилството во Сирија, Демократска Република Конго, Мозамбик, Сомалија и Јемен предизвика нови поместувања на населението во првата половина на оваа година. Нови раселувања се пријавени и во регионот Сахел, во централна Африка, каде што цивилите биле подложени на брутално насилство, силувања и егзекуции, соопшти УНХЦР. Во извештајот се наведува дека некои мерки преземени за спречување на ширењето на Ковид-19 отежнувале бегалците да стигнат до безбедни места. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-vo-svetot-ima-rekordni-80-milioni-raseleni-lica/feed/ 0
УНХЦР: Рекордни 79,5 милиони раселени лица во светот во 2019 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unhcr-rekordni-79-5-milioni-raseleni-lica-vo-svetot-vo-2019-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unhcr-rekordni-79-5-milioni-raseleni-lica-vo-svetot-vo-2019-godina/#respond Thu, 18 Jun 2020 08:08:51 +0000 https://kurir.mk/?p=359330

До крајот на минатата година рекордни 78,5 милиони лица ширум светот ги напуштиле своите домови, бегајќи од војните и прогонствата, што е рекордна бројка во оваа турбулентна деценија на раселувања, соопштија денеска Обединетите нации. Бројот на раселени лица минатата година достигна речиси еден процент од светската популација, посочи Агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР) во Жeнева, пренесе Хина. Во 2019 година бројката е зголемена за девет милиони во однос на претходната година и е приближно двојно поголема од раселените 41 милиони лица во 2010 година, и покрај тоа што ограничувањата воведени заради пандемијата на коронавирусот го забавија ова движење, пренесува агенцијата на ОН.. Сиријците, Венецуелците, Авганистанците, Суданците на југот на земјата, Рохинџите што бегаат од Мјанмар, се наоѓаат на врвот на листата на милионите бегалци, баратели на азил и раселени лица, се вели во годишниот извештај на УНХЦР. Кон овие фрапантни бројки свој придонес имаат и кризите во Конго, Јемен и Судан, како и африканскиот регион Сахел, погодени од конфликти и климатските промени. -Бројката од речиси 80 ​​милиони, што е највисока досега откако оваа статистика систематски се води во УНХЦР, е причина за голема загриженост, изјави Високиот комесар за бегалци Филипо Гранди. „Тоа е приближно еден процент од светската популација“, истакна тој. Ова е прв годишен извештај на УНХЦР во кој се опфатени и 3,6 милиони Венецуелци, кои од 2015 година ја напуштиле својата земја поради кризата. И како што расте бројот на раселени лица, станува се потешко и потешко бегалците да се вратат во своите земји, пренесе агенцијата на ООН. Додека во текот на 90-тите години на минатиот век во просек годишно дома се враќале по 1,5 милион бегалци, оваа бројка во текот на изминатата деценија опадна под 400.000 лица. -Ова е знак на упорноста на конфликтите, појава на нови судири, немоќноста на меѓународната заедница, вклучувајќи ги и институциите како Советот за безбедност, да се справат со овие конфликти, рече првиот човек на УНХЦР на прес-конференцијата. Речиси 73 проценти од бегалците бараат азил во некоја соседна земја, што се разликува од распространето мислење дека повеќето одат на Запад, рече Гранди.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unhcr-rekordni-79-5-milioni-raseleni-lica-vo-svetot-vo-2019-godina/feed/ 0
Раселените од конфликтот во 2001 стравуваат дека ќе останат на улица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raselenite-od-konfliktot-vo-2001-stravuvaat-deka-kje-ostanat-na-ulica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raselenite-od-konfliktot-vo-2001-stravuvaat-deka-kje-ostanat-na-ulica/#respond Tue, 05 Feb 2019 15:17:48 +0000 https://kurir.mk/?p=160540

Домовите во родното село се урнати, живеат во изнајмени станови за кои државата се уште ја покрива киријата, но, сега би можеле да останат и без таа минимална сатисфакција. На Раселените од Радуша, по како што велат, бескорисни шетања низ институциите, во Министерството за труд и социјална политика им било сугерирано секој засебно да побараат да добијат социјални станови. Тие немаат ништо против тоа, но се плашат дека во начинот на кој им се предлага добивањето социјални станови се крие замка, со која би можеле да останат и без покрив над главата и без статус на Внатрешно раселени лица, анализира АЛФА. Постои и дополнителен проблем, становите кои евентуално би ги добиле, би биле целосно празни,а нивната социјална состојба е таква што немаат никакви можности самите да си набават ниту најосновна покуќнина. Од Труд и социјала им соопштиле дека не можат да се надеваат на обесштетување за изгубените домови во Радуша. Велат дека животот кој зависи од туѓа помош самиот по себе е ужасен, децата им растат како потстанари, а државата само бара начин безболно да се ослободи од нив и нивната мака. Се жалат дека комисиите кои ги испраќа министерството со нив се однесуваат нељубезно и дека одвај чекаат некој да не биде затекнат во домот за кој државата плаќа станарина, за да ги избришат од списокот на внатрешно раселени лица. Своевремено некои од нив самите конкурирале за социјални станови, но тогаш биле одбиени со образложение дека Труд и социјала ќе им го реши поинаку проблемот, но годините минуваат а тие и натаму се ниту на небо ниту на земја. Телевизија Алфа побарала одговор од Министерството за труд и социјална политик. Оттаму рекле дека продолжуваат да се грижат за преостанатите раселени лица. Потврдуваат дека било разговарано за решавање на нивното станбено прашање во други градови. Во врска со стравувањата дека би можеле да влезат во категоријата „лице во социјален ризик“, велат дека критериумите се мошне прецизно уредени со Законот за социјална заштита. Додаваат дека постапката за поднесување на барање за користење на стан во државна сопственост, е прецизно разработена во Законот за домување, а Министерството работи професионално за да гарантира дека социјалните станови припаѓаат на оние на коишто навистина им се потребни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raselenite-od-konfliktot-vo-2001-stravuvaat-deka-kje-ostanat-na-ulica/feed/ 0