рашела мизрахи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Nov 2023 15:45:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рашела мизрахи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мизрахи до Јовевски: ФЗОМ правел инспекциски надзор со едно око подзамижено https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-do-jovevski-fzom-pravel-inspektsiski-nadzor-so-edno-oko-podzamizheno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-do-jovevski-fzom-pravel-inspektsiski-nadzor-so-edno-oko-podzamizheno/#respond Fri, 03 Nov 2023 15:09:20 +0000 https://kurir.mk/?p=896222

„Господине Јовевски, јас не сум правник, ниту адвокат, ниту обвинител, ниту судија, ниту сум од Вашата фела. Меѓутоа како пратеник, а и како човек во одредена држава, се снаоѓам читајќи закони и движејќи се по законите. Е, сега во аналитика дадена од политички аналитичари и луѓе кои што работеле во обвинителство во други држави се вели дека криминалот во државата особено масовниот, организиран криминал го води Владата, а само од 2 до 3% велат од криминалните дејанија можат да бидат неконтролирани од Владата на одредена држава - тоа е цитат. Меѓутоа припаѓам и сакам да припаѓам на една нова генерација на политичари па тука ги има многу од сите пратенички состави на млади политичари, неизвалкани од минатото кои што не се дел од ниедна шема од минатото, не должат на никого ништо и заради тоа имаат право да бараат вистина, систем и држава“, истакна Рашела Мизрахи, пратеник и претседател на Анкетната комисија. Мизрахи додаде дека Извештаи шестмесечни кои што треба надлежниот директор да ги достави до министерот за здравство не постојат. „Спомнавте закони дека задачата на Собранието ќе биде да донесе нови законски решенија. Закони има во оваа држава особено во здравство. Значи еден куп закони. Е, сега спомнавте исто така дека имаме нејаснотија во однос на реалните потреби, имавте емотивен говор, колку медикаменти за сите пациенти треба да се набават. Закони и реални потреби, епа вака господине Јовевски, утврдено е со записник, како и преку документација дека стручен колегиум, потврден преку закон за неговото постоење за да даден налог за кои медикаменти да се набавуваат и како ќе се користат и како ќе се аплицираат во една клиника дава стручен колегиум. Не постои. Протоколи за апликација на медикамент – биолошка терапија не постојат. Извештаи шестмесечни кои што треба надлежниот директор да ги достави до министерот за здравство не постојат“, нагласи Мизрахи. Таа посочи дека ФЗОМ правел инспекциски надзор со едно око подзамижено, па заради тоа никогаш не го информирал Јовевски, Јавното обвинителство. „МАЛМЕД никогаш ништо не видело во веледрогериите по прашање на колку, на какви медикаменти се носат и дали истите навистина се поклопуваат со материјалните картички за влез и за излез во Онкологија. Па, и тие не Ве информирале за ништо“, нагласи пратеничката. „ДЗСИ правел инспекциски надзор на кои што видело протоколи кои што никогаш не постоеле. Па, дури и разгледувало по 20 случаи на пациенти кои што се терапирани по протокол кој што никогаш не постоел. Има закони во оваа држава и според тие закони ако прашувате која би била политичката одговорност, таа е строго дефинирана во Законот за организација и работа на органите на државата каде што стои делот министерство за здравство“, појасни Мизрахи. Пратеничката рече дека се бара политичка одговорност, но по хронологија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-do-jovevski-fzom-pravel-inspektsiski-nadzor-so-edno-oko-podzamizheno/feed/ 0
Мизрахи: Вистината за канцер мафијата мора да се знае, одговорност за дивото месо во здравството ќе има – со име и презиме! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-vistinata-za-kantser-mafijata-mora-da-se-znae-odgovornost-za-divoto-meso-vo-zdravstvoto-ke-ima-so-ime-i-prezime/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-vistinata-za-kantser-mafijata-mora-da-se-znae-odgovornost-za-divoto-meso-vo-zdravstvoto-ke-ima-so-ime-i-prezime/#respond Fri, 03 Nov 2023 10:03:58 +0000 https://kurir.mk/?p=896109

Во текот на вчерашниот ден беа објавени нови сознанија за случајот со Онкологија, од кои може да се заклучи дека станува збор за основани сомневање за метастазирано диво месо во здравствениот систем и владеење на канцер мафијата. Тоа се нови информации и сознанија од кои се јасни три работи. Првата, Фондот за здравство нарачал и изготвил извештај од кој јасно се гледа дека скандалозното работење на Онкологија, основаните сомнежи за заработка на грбот на болните пациенти, и несоодветен третман на заболените од рак се случува и денес и тоа не е престанато, вели Рашела Мизрахи, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. -Втората работа е дека, и покрај доволните складирани количини на лекови, омилени веледрогерии на власта и денес набавувале огромни колични лекови за суми кои се изразени во милиони евра. Трето се сознанијата дека лековите за болните од рак на Клиниката за радиологија и онкологија биле давани на рака на пациентите, во торбиче, спротивно на медицинските протоколите. За тоа Клиниката фактурирала како таа да ги аплицирала лековите, а чија судбина и начин на употреба поматаму не е позната. почитувана јавност, ова е грозоморен скандал, каде се прави заработка од тешката болест на многу луѓе. Ова значи дека дивото месо е длабоко вкореното во здравствениот систем, вели Мизрахи. Таа порачува дека јавноста заслужува одговори. -Овде се работи за мафијашки систем на злоупотреба на скапа терапија на клиниката за Онкологија кој траел вклучително и во 2023 година, што предизвикало екстремен трошок за здравството, штета на буџетот и најстрашно од се, сето ова е правено на сметка на пациенти кои или не добивале терапија или ненавремено ја добивале. Јавноста заслужува одговори. Денес е последниот ден за сослушување на сведоци и експерти на анкетната комисија за истражување на случајот за Онкологија. Досега се сослушани 49 сведоци и експерти, а 10 лица не се појавија иако беа уредно поканети и имаа обврска да се појават. Овие нови сознанија за случувањата на Онкологија ја наметнува потребата да се испитаат сите нови информации и да се продолжи рокот на работата на комисијата и да се прошири опфатот на периодот на кој таа се однесува вклучително и тековниот период од април 2023та година на кој се однесува извештајот на ФЗО. Вистината за канцер мафијата мора да се знае. Одговорност за дивото месо во здравството ќе има, со име и презиме, вели Мизрахи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-vistinata-za-kantser-mafijata-mora-da-se-znae-odgovornost-za-divoto-meso-vo-zdravstvoto-ke-ima-so-ime-i-prezime/feed/ 0
Мизрахи до Рендевски: Ако земеме во предвид дека негирање на долгот и аферите врзани со Онкологија започнале уште масовно од 2019-та, како е можно сите контролни механизми да потфрлат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-do-rendevski-ako-zememe-vo-predvid-deka-negirane-na-dolgot-i-aferite-vrzani-so-onkologija-zapochnale-ushte-masovno-od-2019-ta-kako-e-mozhno-site-kontrolni-mehanizmi-da-potfrlat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-do-rendevski-ako-zememe-vo-predvid-deka-negirane-na-dolgot-i-aferite-vrzani-so-onkologija-zapochnale-ushte-masovno-od-2019-ta-kako-e-mozhno-site-kontrolni-mehanizmi-da-potfrlat/#respond Wed, 25 Oct 2023 12:38:41 +0000 https://kurir.mk/?p=892949

„Првиот дел од прашањето е дали Вие нешто знаевте за случувањата на Онкологија? Иако да сте имале ингеренции доколку министерот тоа го дозволува. Дали Вие низ окуларите на министерството чувте нешто за пациентите, за биолошката терапија, за што се случува во Онкологија“, го праша пратеничката Рашела Мизрахи поранешниот заменик министер Владимир Рендевски на денешната седница на Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија. „Вториот дел од прашањето или второто прашање ако сакате за мене е многу побитно, во оваа држава постои Закон за Влада, органи на Управа, па Закон за здравствена заштита, Закон за здравствено осигурување, без разлика какво е нашето мислење за истите, сите укажуваат на фактот дека министерот за здравство е должен да знае за се што се случува и тоа дали преку свој тим или не, меѓутоа тој како лик е должен да знае што се случува во здравствениот систем во државата пропишано преку законски одредби. Со што ќе ги користи контролните механизми на министерството за здравство, на Државниот здравствен санитарен инспекторат, на ФЗОМ, на МАЛМЕД. Ако земеме во предвид дека негирање на долгот и аферите врзани со Онкологија започнале уште масовно од 2019-та година, а кулминирале со еден Извештај од 2021, иако е дискутабилно дали запреле и тогаш, како е можно сите контролни механизми да потфрлат. И да функционира на начин на кој што функционира без раководители, со дистрибуција на медикаменти за кои што не знаеме каде завршуваат, со завршни листи на медикаменти за кои што не знаеме за влез и излез, се во тотален хаос без стручен колегиум“, рече пратеничката. Мизрахи додаде дека министерството за здравство има направено 5 рамковни договори за набавка на медикаменти. И тоа со листа на медикаменти кои што е дискутабилна. „Единствен логичен заклучок за мене е дека министерот за здравство знаел и го уредил ова на начин на кој што сите контролни механизми ќе ги затворат очите и Онкологија ќе прави тоа што треба да направи, под насока одозгора. А, не под насока на пациенти“, нагласи Мизрахи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-do-rendevski-ako-zememe-vo-predvid-deka-negirane-na-dolgot-i-aferite-vrzani-so-onkologija-zapochnale-ushte-masovno-od-2019-ta-kako-e-mozhno-site-kontrolni-mehanizmi-da-potfrlat/feed/ 0
Мизрахи за Онкологија: Според документацијата на ДЗР, директорот без стручен колегиум со своерачен потпис одлучувал кои пациенти ќе добијат биолошка терапија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-za-onkologija-spored-dokumentatsijata-na-dzr-direktorot-bez-struchen-kolegium-so-svoerachen-potpis-odluchuval-koi-patsienti-ke-dobijat-bioloshka-terapija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-za-onkologija-spored-dokumentatsijata-na-dzr-direktorot-bez-struchen-kolegium-so-svoerachen-potpis-odluchuval-koi-patsienti-ke-dobijat-bioloshka-terapija/#respond Fri, 20 Oct 2023 18:05:03 +0000 https://kurir.mk/?p=891429

Претседателката на Анкетната комисија за скандалот на Онкологија и пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека Анкетната комисија не бара кривична туку политичка одговорност и дека при сведочењето пред комисијата двајцата министри Беким Сали и Фатмир Меџити велеле дека доколку тоа се случувало во времетраење на нивните мандати, тие се подготвени да сносат лична одговорност, додека пак екс министерот Венко Филипче имал плејада на одговори „Не знам“, меѓу кои и дека не знаел за постоењето на КАТО системот за следење и контрола на лековите, а бил советник на тогашниот министерот за здравство, Никола Тодоров кога системот е набавен. „За мене интересно беше што, во однос на тројцата министри за кои разговараме, министрите Беким Сали и Фатмир Меџити рекоа ‘доколку ова се случувало во времетраење на моето раководење со министерството, ќе сносев лична одговорност, ќе сметав дека сум одговорен и ќе сносев политичка одговорност напуштајќи ја функцијата‘, само еден министер Венко Филипче на многу од прашањата во времетраење од 2 часа и 45 минути имаше плејада на одговори „Не знам, не знам, не знам“ меѓу кои и беше и одговорот не знам за постоењето на КАТО системот, што е исклучително интересно со оглед на тоа дека бил советник на тогашниот министер Тодоров кога е набавуван самиот КАТО систем“, вели Мизрахи. Додаде дека за нејзе, „Не знам“ е најстрашниот одговор за политичка фигура која што била на раководна позиција, каде што политичката функција не ви овозможува да правите што сакате, туку ви овозможува да раководите политички во рамки на законите кои што се предвидени во дадениот сектор, значи се раководи согласно закони. “Минситерот за многу работи е должен, така е пропишано во законот, тука го имаме Законот за здравствена заштита, Законот за здравствено осигурување и други подзаконски акти и документи во кој што тој е должен да знае што се случува во неговиот сектор. Одговорот „Не знам“ за мене е апсолутно неприфатлив и сметам дека господинот Венко Филипче, и можеби и подоцна во текот на сослушувањата ќе биде уште еднаш повикан, согласно документацијата која што ќе ја разгледуваме, да можеби се потсети на некои од работи од минатото. Интересно е што на пример од раководителите на ФЗО имавме убави солидни одговори, меѓутоа кои што не се поклопуваа во делот на контролната улога на ФЗО. Значи министерот бил должен да знае и бил должен да знае за функционирањето на целокупниот систем, вклучувајќи го и Фондот за здравствено осигурување, меѓутоа и директорите на фондот биле должни, преку своите надлежности, да знаат што се случува. Зошто? Заради тоа што во фондот имате сектор ‘контрола’“, истакна Мизрахи. Мизрахи посочи дека, согласно извештајот на ДЗР, кој што е доставен до сите членови и заменици членови на комисијата, директорот со свој потпис одлучувал кои пациенти ќе добијат биолошка терапија на Онкологија. „Во извештајот на Државниот завод за ревизија, ние допрва ќе ја отвориме и целата документација на онкологија која што е доставена до сите членови, заменици членови на Анкетната комисија. Јас лично ја имам разгледувано, меѓутоа не е помината на седница формално за да давам исказ по истата. Согласно извештајот на Државниот завод за ревизија кога терапијата била препишувана за одреден пациент, зборувам за биолошката терапија, не стигало до требување во депо на самата терапија, туку се барало, била централизирана моќта, директорот конечно да овласти со своерачен потпис преку целиот лист хартија, дали тој пациент ќе ја добие или нема да ја добие“, рече Мизрахи на што новинарот запраша, значи директорот на клиниката одлучувал кој пациент ќе добие терапија, а кој не, при што Мизрахи одговори „Биолошка терапија, да, апсолутно да“. Понатаму новинарот констатира дека сепак за тоа морало да има стручен колегиум, на што Мизрахи јасно посочи дека во овој случај таков колегиум немало, што, меѓу другото, преставува прекршување на статутот на самата клиника. Таа додаде дека остава можност, Анкетната комисија да утврди што точно се случувало на клиниката, ќе ги видат документи и ќе ги ислушаат сите сведоци, меѓутоа согласно документацијата од ДЗР е ова што до сега го кажува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-za-onkologija-spored-dokumentatsijata-na-dzr-direktorot-bez-struchen-kolegium-so-svoerachen-potpis-odluchuval-koi-patsienti-ke-dobijat-bioloshka-terapija/feed/ 0
Мизрахи до Филипче на Анкетната за Онкологија: Како сте правеле тендери за набавка на лекови кога Клиниката никогаш не ви доставила спецификација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-do-filipche-na-anketnata-za-onkologija-kako-ste-pravele-tenderi-za-nabavka-na-lekovi-koga-klinikata-nikogash-ne-vi-dostavila-spetsifikatsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-do-filipche-na-anketnata-za-onkologija-kako-ste-pravele-tenderi-za-nabavka-na-lekovi-koga-klinikata-nikogash-ne-vi-dostavila-spetsifikatsija/#respond Tue, 17 Oct 2023 12:54:16 +0000 https://kurir.mk/?p=889839

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи која е и прв човек на Анкетната комисија за онкологија денеска со прашање до поранешниот министер за здравство, Венко Филипче. Мизрахи го праша Филипче како спроведувал тендери кога бил министер за здравство кога не добивал спецификација од Клиниката за онкологија за тоа какви лекови треба, колкава количина. „Како сте правеле тендери за набавка на лекови кога никогаш не ви доставила спецификација за лекови, количини за лекарствата“, го праша Мизрахи, поранешниот министер за здравство, Филипче кој денеска беше на распит во Анкетната комисија. Мизрахи посочи дека ова е тема на која не смее да има било какви политизирања. „,Ниту се обидувам, ниту би се обидела да политизирам ваква тема и ваква расправа во Собранието. Рековте дека немате забелешки на ревизорскиот извештај за Онкологија кој вели дека немало стручен колегиум кој би ја има соодветна листа, а ревизорот достави листа до сите пратеници и доказ за тоа еве ја листата нема ништо. Како правите тендер за одредени лекови за количини кога никогаш не ви доставиле спецификација“, му посочи Мизрахи на Филипче. На Анкетната комисија на распит минатата недела беше и претходниот министер за здравство, Беким Сали. Анкетната комисија беше формирана на иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ со цел да се разреши овој монструозен случај на Онкологија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-do-filipche-na-anketnata-za-onkologija-kako-ste-pravele-tenderi-za-nabavka-na-lekovi-koga-klinikata-nikogash-ne-vi-dostavila-spetsifikatsija/feed/ 0
Мизрахи: Спасовски сведочеше пред Анкетната комисија, но зошто МВР молчело шест години за вакви злоупотреби на Клиниката за онкологија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-spasovski-svedocheshe-pred-anketnata-komisija-no-zoshto-mvr-molchelo-shest-godini-za-vakvi-zloupotrebi-na-klinikata-za-onkologija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-spasovski-svedocheshe-pred-anketnata-komisija-no-zoshto-mvr-molchelo-shest-godini-za-vakvi-zloupotrebi-na-klinikata-za-onkologija/#respond Thu, 12 Oct 2023 17:34:41 +0000 https://kurir.mk/?p=888182

Анкетната е таа која ќе го каже последниот збор, а за работата на истата има интерес. Има интерес да се најде разрешница. Како прв човек на Комисијата нема да дозволам истата да стане парасуд или параобвинителство, ние бараме политичка одговорност, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи која е и претседател на Анкетната комисија за случајот Онкологија на вечерашното гостување во емисијата За или против што се емитува на телевизија Алфа. Мизрахи информираше дека се знае точната бројка на лица кои ќе бидат испрашувани од Комисијата или 44 се на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, 27 лица се на предлог на СДСМ и еден на предлог на Левица. Таа укажа дека следен е Венко Филипче и оти доколку има можности во ист ден ќе биде и актуелниот министер за здравство Фатмир Меџити. „Треба да се знае дека има добар одзив и дека некои предлози се поклопуваат, ама ќе направиме распоред за наредната недела. Секако еден од повиканите ќе биде и поранешниот директор Васев“, кажа Мизрахи. Како што и познато на јавноста, рече Мизрахи, досега беа министерот за здравство Беким Сали и за внатрешни работи Оливер Спасовски за кој рече дека е симптоматично зошто МВР молчело шест години. „Мојот впечаток е дека Сали даде придонес и кажа зошто беше таква разрешницата со директорот Васев, но потоа беше и Сали разрешен што дава една сенка. Почнал да разрешува неправилности, па и тој бил разрешен. Спасовски пак спомена дека МВР имало интервенција во работата на Клиниката за онкологија, но Спасовски е шест години министер за внатрешни работи. За мене затаила функцијата на МВР, што правеше до септември 2023 година МВР. Зошто немало ништо од МВР, доколку постоел сомнеж МВР требало да ги стопира неправилностите во работата“, рече Мизрахи. Според неа работата не е да ги оцрниме белите мантили бидејќи како што рече во здравството има и луѓе кои работат посветено. „Заклучоците од Анкетната комисија ќе се достават до Собранието и кога ќе се усвојат треба да бидат и коректив за понатамошното работење како на оваа Клиника, така и воопшто“, вели Мизрахи. Мизрахи посочи дека роковите прават притисок да се заврши работата, но и се добри затоа што не треба да се разводнува работата. Претседателката на Анкетната комисија за случајот Онкологија, Мизрахи потенцираше дека во целата оваа работа важна улога имаат и други институции, не само клиниките или клиниката во случајов и министерството за здравство. „Фондот за здравство исто е многу важен дел генерално во здравството, како и во овој случај, тука е и Агенцијата за лекови, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државната ревизија, која на пример во овој случај ни даде многу информации од типот дека се суспендирани сите контролни механизми“, кажа Мизрахи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-spasovski-svedocheshe-pred-anketnata-komisija-no-zoshto-mvr-molchelo-shest-godini-za-vakvi-zloupotrebi-na-klinikata-za-onkologija/feed/ 0
Мизрахи: Директорите на Онкологија со тоа што молчат за неправилностите во ревизорскиот извештај за работа на Клиниката, ги потврдуваат истите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-direktorite-na-onkologija-so-toa-shto-molchat-za-nepravilnostite-vo-revizorskiot-izveshtaj-za-rabota-na-klinikata-gi-potvrduvaat-istite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-direktorite-na-onkologija-so-toa-shto-molchat-za-nepravilnostite-vo-revizorskiot-izveshtaj-za-rabota-na-klinikata-gi-potvrduvaat-istite/#respond Thu, 12 Oct 2023 15:47:18 +0000 https://kurir.mk/?p=888147

По наодите на ревизорскиот извештај за Клиниката за онкологија директорите не дале забелешки, што значи дека стојат зад истите и ги потврдуваат, а во самиот извештај има низа на неправилности во работата на Онкологија, рече пратеничката Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ на денешната дебата на собраниската седница на Комисијата за финансирање и буџет на која се разгледуваше ревизорскиот извештај за Клиниката за онкологија. Осврнувајќи се на ревизорскиот извештај за Клиниката за онкологија, Мизрахи упати низа на прашања до државниот ревизор Максим Ацевски. „Колку вработени се распоредени на работни места според правилникот за систематизација, колку од истите не се во согласност со систематизацијата, дали има вработени на Клиниката со несоодветно образование, дали вработените земаат помали или поголеми плати кои се согласно колективниот договор или не се. Исто така дали е разгледана систематизацијата на Клиниката“, праша Мизрахи. Мизрахи постави прашања и во врска со набавката на лекови за малигните болни кои се лекуваат на Клиниката за онкологија. „Набавката на лекови би требало да го прави стручен колегиум, во планот кај стручниот колегиум треба да има заклучоци кои одат до Фондот за здравствено осигурување, што содржеше планот на Клиниката до ФЗО и кој го доставил, потпишал планот доставен до ФЗО, бидејќи согласно наодите на Државна ревизија на Клиниката немало стручен колегиум, прашање е дали и воопшто постоел“, го праша Мизрахи ревизорот Ацевски. Мизрахи укажа дека и констатацијата на ревизијата дека се земани, набавувани лекови на реверс без јавна набавка само по себе е кривично дело.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-direktorite-na-onkologija-so-toa-shto-molchat-za-nepravilnostite-vo-revizorskiot-izveshtaj-za-rabota-na-klinikata-gi-potvrduvaat-istite/feed/ 0
Мизрахи: Ако од 2017-та медиумите реагирале, јавноста реагирала, како можело МВР да започне со некаква активност во септември 2023-та, вистината мора да излезе на виделина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-ako-od-2017-ta-mediumite-reagirale-javnosta-reagirala-kako-mozhelo-mvr-da-zapochne-so-nekakva-aktivnost-vo-septemvri-2023-ta-vistinata-mora-da-izleze-na-videlina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-ako-od-2017-ta-mediumite-reagirale-javnosta-reagirala-kako-mozhelo-mvr-da-zapochne-so-nekakva-aktivnost-vo-septemvri-2023-ta-vistinata-mora-da-izleze-na-videlina/#respond Wed, 11 Oct 2023 18:32:00 +0000 https://kurir.mk/?p=887800

„Јас ќе бидам задоволна со вистината, и единствено само со вистината и тоа целата вистина. Политичката одговорност е објективна сама по себе и можете да ја барате од актуелни политичари, значи оние моментално кои што се дел од раководството, полтичките фигури во различни министерства, па и Владата во целост“, истакна Рашела Мизрахи, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија. Мизрахи додаде дека според членот 76 од Уставот вели дека наодите од Анкетните комисии се основа за поведување постапка за утврдување на одговорност на сносителите на јавните функции. Таа одговорност може да биде кривична, граѓанска, итн. „Целта е да ја пронајдеме целата вистина“, нагласи Мизрахи. „Наодите од Анкетната комисија се предаваат како заклучоци на Пленумот односно до претседателот на Собранието. И Собранието понатаму ги процесуира“, рече таа. Таа посочи дека Анкетната комисија ја има моќта да се поканат сите оние кои што се смета дека се релевантни за да се создаде форматот вистината. Исто така важно е да се видат и сите документи, целокупната документација од сите институции. „Актуелниот министер за внатрешни работи е министер од 2017-тата година. Во случајот „Онкологија затаила оперативно истражувачката компонента, откривачката компонента на МВР. МВР не треба да реагира само реактивно, таа треба и проактивно да реагира. Знначи треба да има и истражувачка дејност. Ако од 2017-та година медиумите реагирале, јавноста реагирала, пациентите реагирале, како можело МВР да започне со некаква активност во септември 2023-та година“, запраша Мизрахи. Таа укажа дека според членот 10 од Уставот – „Животот на човекот е неприкосновен во Република Македонија“. Во Македонија не може да се изрече смртна казна, а што е недавање на лекарства, нели и тоа е еднакво на смртна казна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-ako-od-2017-ta-mediumite-reagirale-javnosta-reagirala-kako-mozhelo-mvr-da-zapochne-so-nekakva-aktivnost-vo-septemvri-2023-ta-vistinata-mora-da-izleze-na-videlina/feed/ 0
Мизрахи: Тоа што можам досега да утврдам е дека има целосна суспензија на контролните механизми кои што биле поврзани со работата на Клиниката за радиотерапија и онкологија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-toa-shto-mozham-dosega-da-utvrdam-e-deka-ima-tselosna-suspenzija-na-kontrolnite-mehanizmi-koi-shto-bile-povrzani-so-rabotata-na-klinikata-za-radioterapija-i-onkologija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-toa-shto-mozham-dosega-da-utvrdam-e-deka-ima-tselosna-suspenzija-na-kontrolnite-mehanizmi-koi-shto-bile-povrzani-so-rabotata-na-klinikata-za-radioterapija-i-onkologija/#respond Wed, 11 Oct 2023 18:01:46 +0000 https://kurir.mk/?p=887793

„Почна со работа Анкетната комисија во смисла на повикување на сведоци. Први беа повикани екс министерот за здравство, Беким Сали, меѓутоа исто така и министерот актуелен за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Беким Сали ја даде изјавата во врска со периодот на неговото престојување како министер за здравство, тоа се 11 месеци. И баш за тој период, 2021 година за кој што се однесува Извештајот на ДСЗР, тој кажа дека не ги имал информациите и дека истите не биле во целост достапни за него за тој да може да покрене одредена иницијатива на истрага итн.“, истакна Рашела Мизрахи, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија. Мизрахи додаде дека екс министерот за здравство, Беким Сали потенцираше дека има многу оскудни информации за КАТО системот и останатите системи кои што би требало да бидат контролни механизми на работењето на Клиниката за радиотерапија и онкологија. „Она што повеќе ме загрижи мене од изјавата од него беше поврзано и баш со Извештајот на ДСЗР каде што тој видел односно се приметило абнормалности во однос на финансиските извештаи на самата клиника и баш заради тоа го викнал директорот и разговарал со него за да види како можат да се надминат тие ситуации. Барал и вонредна расправа односно вонредна инспекција од страна на Фондот за здравствено осигурување меѓутоа тука и му завршил мандатот“, рече Мизрахи. Таа посочи дека Извештајот на ДСЗР е доста детален и првата работа што се забележува е дека немало никаков одговор од самата Клиника за онкологија. „ВМРО-ДПМНЕ веќе достави листа на луѓе кои што сакаме да дојдат и да разговараат со Анкетната комисија и да ги дадат своите изјави. Тоа е листа од 44 поранешни и сегашни функционери и раководители на различни степени во самите институции, кои што ќе треба да посведочат. Социјалдемократскиот сојуз даде листа од 27 сведоци, Левица чинам дека предложи еден сведок. А, исто така ВМРО-ДПМНЕ побара документација 44 различни архивирани документации кои што се однесуваат на различни институции и од нив ќе утврдиме што се случувало“, појасни таа. Таа посочи дека она што нејзе ја загрижува и што може да утврди таа е целосна суспензија на контролните механизми кои што биле поврзани со работата на Клиниката за радиотерапија и онкологија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-toa-shto-mozham-dosega-da-utvrdam-e-deka-ima-tselosna-suspenzija-na-kontrolnite-mehanizmi-koi-shto-bile-povrzani-so-rabotata-na-klinikata-za-radioterapija-i-onkologija/feed/ 0
Мизрахи: Сали и Спасовски ќе сведочат први за случајот со Онкологија, нема да дозволам притисок врз Анкетната комисија од ниту еден политичар или партија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-sali-i-spasovski-ke-svedochat-prvi-za-sluchajot-so-onkologija-nema-da-dozvolam-pritisok-vrz-anketnata-komisija-od-nitu-eden-politichar-ili-partija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-sali-i-spasovski-ke-svedochat-prvi-za-sluchajot-so-onkologija-nema-da-dozvolam-pritisok-vrz-anketnata-komisija-od-nitu-eden-politichar-ili-partija/#respond Mon, 09 Oct 2023 19:50:26 +0000 https://kurir.mk/?p=887153

Прв седнува поранешниот министер за здравство Беким Сали, а по него министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, вели Рашела Мизрахи пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ и претседателка на Анкетната комисија што ја формираше Собранието за скандалот на Онкологија во денешното гостување во емисијата Анализа на ТВ 24. Мизархи посочи дека како политичка партија поднеле дури 44 сведоци кои ќе треба да сведочат во врска со случајот со Онкологија. Ние изготвивме листи на сведоци и до секоја пратеничка група и пратеник беше доставено писмено барање за листа на сведоци и листа на материјали кои би ги побарале институциите. Рокот денеска беше до денеска до 10 часот и доставија ВМРО-ДПМНЕ, Левица и СДСМ. Сублиматот е кој ќе бидат сведоци, а комисијата го задржува правото да доставува дополнителни сведоци кои ќе произлезат од сведоците. На барање на ВМРО-ДПМНЕ има 44 сведоци, а од Левица, само еден, тоа е Даријан Петров кој е дел од граѓанската иницијатива и организатор на протестите, а СДСМ има 27 сведоци. Во овој список има и бивши министри и оние кои биле директорски позиции на други институции, не само на Онкологија. Од ФЗО се бараат Миле Гугарев, Фатон Ахмети, Ден Дончев, Ефти Насков, Орхан Рамадани, Стево Крстевски и Магдалена Грашковска, Цвете Серафимовски од списокот на ВМРО-ДПМНЕ, рече Мизрахи. На прашање дали има информации за притисок или можно влијание, Мизрахи посочи дека сега за сега нема информација, но доколку се случи такво нешто ќе се известат медиумите и јавноста, бидејќи како што рече нема да дозволи никој да попречува работата на Анкетната комисија. Доколку било што такво се случи, веднаш ќе ги известам медиумите и јавноста како одбранбен механизам на пратениците на Анкетната комисија. Нема да дозволам никој на ниту еден начин, од ниту една партија да прави притисок на Анкетната комисија, бидејќи целта е една и единствена, да покажеме пред се дека Собранието има поголемо значение од оној 1 процент доверба и да покажеме дека можеме да си ја завршиме работата, додаде таа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-sali-i-spasovski-ke-svedochat-prvi-za-sluchajot-so-onkologija-nema-da-dozvolam-pritisok-vrz-anketnata-komisija-od-nitu-eden-politichar-ili-partija/feed/ 0