рашиди – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 10 Feb 2020 13:27:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рашиди – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Уште тројца пратеници помалку за Заев: Алијанса за Албанците нема да го гласа Законот за ЈО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ni-alijansa-na-albancite-nema-da-go-glasa-zakonot-za-jo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ni-alijansa-na-albancite-nema-da-go-glasa-zakonot-za-jo/#respond Mon, 10 Feb 2020 13:15:13 +0000 https://kurir.mk/?p=301853

Пратениците на Алијансата за Албанците на Зијадин Села нема да гласаат за предложениот Закон за обвинителство бидејќи пристигнатата верзија на законот во парламентот не е иста со договорената, вели пратеникот Сурија Рушити. – Вистина е дека Алијансата на Албанците имаше свои забелешки на драфт верзијата на Законот за обвинителство и голем дел од нив беа прифатени од министерката Дескоска. Но она што стигна во Парламентот не е истиот предлог закон. Во членот 110 се предвидува амнестија, а ние никогаш нема да прифатиме Закон за јавно обвинителство кој овозможува амнестија – вели Рушити. Членот 110 предвидува „бомбите“ односно незаконски прислушуваните материјали кои лидерот на СДСМ, Зоран Заев ги предаде во Специјалното јавно обвинителство да бидат докази само во случаите за кои се покренати обвиненија до 30 јуни 2017 година, односно 18 месеци од предавањето на материјалите, во истрагите ќе бидат индиции, а во предистрагите нема да се користат ниту како индиции. Алијанса во Собранието на РМ има тројца пратеници. Претходно, двајцата пратеници на БЕСА исто така најавија дека нема да го гласаат спорниот закон. Љубов на „независните пратеници“ им откажа и Бети Канческа - Милевска, која соопшти дека нема да го гласа овој закон за кој експертите дадоа негативно мислење. Без овие шестмина пратеници, двотретинското мнозинство потребно за измени и гласање на контроверзниот предлог-закон за ЈО скроен по мерка и за заштита на криминалите на Зоран Заев станува невозможна мисија за СДСМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ni-alijansa-na-albancite-nema-da-go-glasa-zakonot-za-jo/feed/ 0