расим љајиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 10 Apr 2022 10:33:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png расим љајиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Љајиќ повреден во тешка сообраќајна несреќа, загина неговиот возач https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ljajikj-povreden-vo-teshka-soobrakjajna-nesrekja-zagina-negoviot-vozach/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ljajikj-povreden-vo-teshka-soobrakjajna-nesrekja-zagina-negoviot-vozach/#respond Sun, 10 Apr 2022 10:33:12 +0000 https://kurir.mk/?p=660854

Лидерот на Социјалдемократската партија на Србија и поранешен вицепремиер на српската влада, Расим Љајиќ, денеска околу девет часот доживеа тешка сообраќајна несреќа на автопатот Белград-Ниш, кај Ражањ, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопшти МВР, возилото „Шкода Суперб“ во која се наоѓал Љајиќ од засега непознати причини излетало од патот и се превртело, а во оваа сообраќајна несреќа од здобиените повреди на самото место почина неговиот возач. Расим Љајиќ, кој се наоѓал во возилото, се здобил со неутврден степен на повреди и веднаш е пренесен во Клиничкиот центар во Ниш. Како што соопшти ТВ Н1, повикувајќи се на КЦ Ниш, лидерот на Социјалдемократската партија на Србија, има повреди на ребрата и не е во живна опасност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ljajikj-povreden-vo-teshka-soobrakjajna-nesrekja-zagina-negoviot-vozach/feed/ 0
Љајиќ: Сега е момент за избори https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ljajikj-sega-e-moment-za-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ljajikj-sega-e-moment-za-izbori/#respond Mon, 11 Feb 2019 10:46:42 +0000 https://kurir.mk/?p=162592

Претседателот на Социјалдемократската партија на Србија (СДПС) Расим Љајиќ смета дека сега е момент за парламентарни избори, со цел новата влада да добие целосен демократски капацитет и легитимет за решавање на прашањето за Косово. Како друга причина поради која би требало да се оди на избори Љајиќ ги наведе протестите на улиците каде се оспорува легитимитетот на власта. – Веќе имаме најава за бојкот на Парламентот и протести на улица, каде се оспорува легитимитетот на владата и властa. Ако тој легитимитет се оспорува, не постои друг начин тој да се провери освен на избори, рече Љајиќ за ТВ Пинк. Тој истакна дека власта секаде се добива и губи на избори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ljajikj-sega-e-moment-za-izbori/feed/ 0
Српскиот министер Лајиќ си поднесе пријава против себе https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskiot-minister-lajikj-si-podnese-prijava-protiv-sebe/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskiot-minister-lajikj-si-podnese-prijava-protiv-sebe/#respond Tue, 15 Jan 2019 07:47:08 +0000 https://kurir.mk/?p=152258

Српскиот министер за трговија Расим Љајиќ поднесе пријава против себе до Јавното обвинителство за организиран криминал во Белград, откако лидерот на опозициската Српска радикална партија (СРС), Воислав Шешељ го обвини дека е „шеф на нарко картел“. Љајиќ во изјава за белградскиот весник „Блиц“ нагласи дека решил самиот да си поднесе пријава против себе, бидејќи „му е доста да трпи клевети на негова сметка“. Според „Блиц“, бидејќи никој од надлежните органи не реагирал на обвинувањата на Шешељ, а ниту самиот лидер на радиклаите не поднел никаква пријава, Љајиќ отишол во Обвинителството за организиран криминал и побрал да бидат истражени сите обвинувања против него. Шешељ во обраќање во срспкото Собрание го обвини Љајиќ дека е „шеф на еден од најголемите нарко картели“ и дека полицијата има оперативни сознанија против него во врска со ваквите активности. Обвинувањата против српскиот министер за трговија, Шешељ ги повтори во неколку наврати, а ги наведува и во неговата книга „Новопазарскиот крал на херонот Расим Љајиќ“. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskiot-minister-lajikj-si-podnese-prijava-protiv-sebe/feed/ 0
Љајиќ: Досегашната штета на Србија од таксите на Косово изнесува 30 милони евра https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ljajikj-dosegashnata-shteta-na-srbija-od-taksite-na-kosovo-iznesuva-30-miloni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ljajikj-dosegashnata-shteta-na-srbija-od-taksite-na-kosovo-iznesuva-30-miloni-evra/#respond Mon, 17 Dec 2018 14:29:39 +0000 https://kurir.mk/?p=141302

Српскиот министер за трговија и телекомуникации Расим Љајиќ изјави дека српското стопанство поради увозните такси од 100 отсто од Косово досега има за 30 милони евра помал пласман на стоки во споредба со минатата година. Тој за ТВ Прва изјави дека од 21 ноември, кога мерките беа воведени до 11 декември, кога последен пат се обработени податоците, увозот на стоки од Србија во Косово е целосно стопиран, не сметајќи ги некои меѓународни брендови, кои што беа изземени од овие мерки. Зборувајќи за претстојниот состанок на косовски премиер Рамуш Харадинај и високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини, на кој ќе разговараат за нејзиниот предлог за укинивање на увозните такси, со кој наместо потписот на УНМИК треба да стои Косово со „ѕвездичка“, Љајиќ рече дека прво треба да се реши кризата. Според него, само потоа може да се продолжи со преговорите кои ќе овозможат слободен проток на стоки и луѓе. – Не треба да се тргува со мерки, тие (увозните такси од 100 проценти) треба да се укинат, па потоа да се отвори простор за решавање на останатите важни прашања, посочи Љајиќ. Тој оцени дека не очекува на денешната седница на Советот за безбедност на ОН да се решат постоечките проблеми или дека ќе се променат ставовите, но ова прашање секако треба да се интернационализира. Љајиќ, исто така, потврди дека во следната влада нема да биде министер, дека оваа одлука нема да ја смени и дека сега е фокусиран на својот ресор и постигнување на подобри резултати во претстојната зимска сезона.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ljajikj-dosegashnata-shteta-na-srbija-od-taksite-na-kosovo-iznesuva-30-miloni-evra/feed/ 0
Љајиќ: Србија ќе воведе 5Г мрежа во големите градови и на автопатиштата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ljajikj-srbija-kje-vovede-5g-mreza-vo-golemite-gradovi-i-na-avtopatishtata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ljajikj-srbija-kje-vovede-5g-mreza-vo-golemite-gradovi-i-na-avtopatishtata/#respond Wed, 04 Apr 2018 17:15:32 +0000 https://kurir.mk/?p=36483

Министерот за туризам, трговија и телекомуникации на Србија, Расим Љајиќ најави дека до 2020 година Србија ќе воведе 5Г мрежа во големите градови и на автопатиштата. - За да почне воведување на 5Г мрежата, државата во 2019 година ќе распише тендер, рече Љајиќ и додаде дека се очекува и телекомуникациските оператори да бидат подготвени со цел следната година да почне воведувањето на 5Г мрежата. Тој најави дека следната недела Владата ќе усвои стратегија за развојна мрежа на електронските комуникации, а потоа со Национален план ќе биде предвидена динамиката и начинот на реализација на мрежата. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ljajikj-srbija-kje-vovede-5g-mreza-vo-golemite-gradovi-i-na-avtopatishtata/feed/ 0
Љајиќ: Србија ќе воведува контра мерки за Македонија за брашното, после 14 април нема да бидеме трпеливи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ljajikj-srbija-kje-voveduva-kontra-merki-za-makedonija-za-brashnoto-posle-14-april-nema-da-bideme-trpelivi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ljajikj-srbija-kje-voveduva-kontra-merki-za-makedonija-za-brashnoto-posle-14-april-nema-da-bideme-trpelivi/#respond Sat, 17 Mar 2018 13:11:44 +0000 http://kurir.mk/?p=30771

Ако до 14 април не се најде трајно решение за извозот на брашното во Македонија, Србија ќе воведе контра мерки, соопшти денеска министерот за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ. Гостувајќи во утринската програма на ТВ Н1, Љајиќ рече дека Србија ќе биде трпелива зашто трговската и царинската војна не се во интерес на двете земји. - До 14 април мораме да најдеме трајно решение за извозот на брашното во Македонија. Воведувањето контра мерки, за жал, се уште е опција. Ние имаме трпение, не сакаме да влеземе во трговска и царинска војна, да воведуваме контрамерки, бидејќи тоа не е во интерес на стопанството и на меѓусебните односи. Јас им кажав да не не тераат тоа да го направиме, но тоа навистина ќе го сториме овој пат ако не најдеме трајно решение, истакна српскиот министер и најави нов состанок во Скопје за две недели. Според него, проблемот со брашното го прават тројца мелничари од Македонија кои, како што напомена, имаат економско и финасиско влијание со што успеваат да наметнат вонцарински бариери. Се бара модел, дополни Љајиќ, за трајно решение за да не се повторува проблемот секоја година. - До 14 април е крајниот рок кога мораме да најдеме трајно решение за овој проблем. Во понеделник имам состанок со нашите мелничари бидејќи сето ова го правиме заради нив, а не поради политички намери, да видиме дали постигнатото решение се спроведува. Ќе бидеме трпеливи до 14 април и повеќе нема да бидеме трпеливи, порача српскиот министер. Негова оценка е дека постојат неколку модели за решавање на проблемот, меѓу кои, потполно укинување на маркичките и трајно признавање на сертификатите. На разгворот со македонскиот министер за замјоделство Љупчо Николовски не беше постигнато конечно решение и затоа, нагласи Љајиќ, се формира Мешовитиот комитет. - Пред два дена во Белград се одржа состанок на Меѓувладиниот комитет со релеватни институции од Србија и од Македонија. Говоревме генерално за олеснување на трговијата, а не само за брашното и за останатите прашања. Направивме исчекор и за две недели би требало да го продолжиме тој дијалог во Скопје, подвлече српскиот министер. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ljajikj-srbija-kje-voveduva-kontra-merki-za-makedonija-za-brashnoto-posle-14-april-nema-da-bideme-trpelivi/feed/ 0
Љајиќ во Скопје по решение за брашното, ако нема договор Србија ќе воведе контрамерки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ljajikj-vo-skopje-po-reshenie-za-brashnoto-ako-nema-dogovor-srbija-kje-vovede-kontramerki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ljajikj-vo-skopje-po-reshenie-za-brashnoto-ako-nema-dogovor-srbija-kje-vovede-kontramerki/#respond Wed, 07 Mar 2018 07:15:26 +0000 http://kurir.mk/?p=27988

Решавање на проблемот со увозот на српско брашно во Македонија се очекува од најавената средба меѓу министерот за земјоделство Љупчо Николовски и српскиот министер за трговија Расим Љајиќ кој денеска треба да дојде во Скопје. Од кабинетот на српскиот министер соопштија дека доколку денеска не биде постигнато решение околу овој спор, Србија ќе воведе контрамерки кон Македонија кои, како што наведуваат, веќе се подготвени. Министерот Николовски, пак, изјави дека „не знае за најавите за контармерки од Србија“, но оти се во постојан контакт со Љајиќ и оти разговорите за наоѓање решение продолжуваат. Прифатлива опција за Македонија, посочи Николовски, е контролните маркички за увоз на еден, два и пет килограми брашно да се лепат во Србија, а за пакувањата со 25 и 50 килограми во Македонија согласно новиот Правилник. - Настанатата состојба со увозот на брашното нема да предизвика недостиг од брашно на пазарот и покачување на цената на брашното, тврди Николовски, повторувајќи дека целта е да се почитува Правилникот кој претходно постоел и оти со него се намалува цената на контролните маркички и се кратат административните процедури. Преземените активности, според него, се врз основа на аргументите кои покажале дека има разлика од 25.000 тони во увезеното брашно и издадените контролни маркички. - Едни се официјалните бројки за увоз кои ги дава Царинската управа, а втори се оние кои ги дава Агенцијата за храна и ветеринарство, а сосема трети се официјалните податоци на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за издадени контролни маркички. Имаме разлика од 25.000 тони за кои не се издадени маркички, а Царинската управа вели дека се влезени на граница, изјави Николовски. Како што појасни, увозниците во барањето за повлекување на Правилникот, освен аргументот за лепењето на маркичките, реагираат дека сега мора да го почитуваат делот за складирање на брашното во магацините за увоз. - Се поставува прашањето зошто тогаш постојат магацините ако таму не се складира брашното и оди директно во промет, и ако половина се продава, а за половина добиваме анализи и кој граѓанин ќе биде сигурен ако купува брашно за кое нема анализи. Преговорите и разговорите ќе продолжат во тој правец, рече Николовски. Проблемот со увозот на српското брашно настана откако Македонија на 8 февруари ги воведе измените на постојниот Правилник. Со измените се налага брашното да се обележува со маркички по неговото дистрибуирање и целосна контрола во земјава, а не уште пред да стигне во Македонија, од страна на извозниците. Србија реагираше зашто смета дека Македонија воведува бариери, што од македонска страна се негира и се напоменува дека условите за увоз и досега беа исти, само е сменет нивниот редослед и мора да се почитуваат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ljajikj-vo-skopje-po-reshenie-za-brashnoto-ako-nema-dogovor-srbija-kje-vovede-kontramerki/feed/ 0
Србија од утре со контрамерки кон Македонија поради брашното https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srbija-od-utre-so-kontramerki-kon-makedonija-poradi-brashnoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srbija-od-utre-so-kontramerki-kon-makedonija-poradi-brashnoto/#respond Tue, 06 Mar 2018 09:35:26 +0000 http://kurir.mk/?p=27773

Србија од утре ќе воведе контрамерки кон Македонија поради отежнатниот увоз на брашно, најави денеска српскиот министер за трговија Расим Љајиќ. - Не можеме веќе да чекаме. Освен купување време, од нивна страна не видовме никаква подготвеност за решавање на проблемот, вели Љајиќ во изјава за „Данас“. Посочува дека бил подготвен во петокот и вчера да дојде во Скопје за да разговара со претставници на македонската Влада за решавање на проблемот со увозот на спрско брашно во Македонија, но се откажал бидејќи не слушнал конкретен предлог за кој би можело да се разговара. Како што информираа од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) вчера за МИА, се разгледуваат сите опции за надминување на состојбата. Се очекува, на денешниот Економски совет на министрите од ресорот економија да биде отвори и прашањето за измените на Правилникот поради кој настана недоразбирањето со Србија. Министерот Николовски во саботата соопшти дека е договорено да се формира комитет меѓу двете страни кој ќе ги отвори сите можни парашања, а првата седница е закажана овој месец во Ниш. Проблемот со увозот на српското брашно настана откако Македонија, на 8 февруари годинава, ги воведе измените на постојниот Правилник. Со измените се налага брашното да се обележува со маркички по неговото дистрибуирање и целосна контрола во земјава, а не уште пред да стигне во Македонија, од страна на извозниците. Србија реагираше зашто смета дека Македонија воведува бариери, што од македонска страна се негира и се напоменува дека условите за увоз и досега беа исти, само е сменет нивниот редослед и мора да се почитуваат. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srbija-od-utre-so-kontramerki-kon-makedonija-poradi-brashnoto/feed/ 0
Љаиќ против воведувањето контрамерки за Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ljaikj-protiv-voveduvanjeto-kontramerki-za-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ljaikj-protiv-voveduvanjeto-kontramerki-za-makedonija/#respond Sun, 04 Mar 2018 10:31:00 +0000 http://kurir.mk/?p=27140

Српскиот министер за трговија Расим Љајиќ во врска со проблемот околу извозот на српското брашно во Македонија, за РТС денеска изјави дека се противи на воведувањето контрамерки за Македонија, велејќи дека тоа би било лошо и за српските и за македонските бизнисмени. - Извозот не е забранет, туку со тие вонцарински мерки и бариери тој е отежнат, а нашите извозници со тоа стануваат неконкурентни во споредба со другите. Ние сакаме рамноправен однос, како што предвидуваат правилата на Светската трговска организација и на ЦЕФТА, рече Љајиќ. Тој додаде дека се обидува да го реши овој проблем со договор и компромис. - Сакаме потполно слободен проток на стоки и во една и во друга насока. Подготвени сме да ги отстраниме бариерите. Предуслов за сето ова е повлекување на овој правилник, изјави српскиот министер за трговија. Љајиќ, коментирајќи како сето ова ќе влијае врз српските мелничари, рече дека ова го прави нивниот извоз неиплатлив и дека ќе изгубат месечно околу 200.000 евра, доколку оваа мерка се задржи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ljaikj-protiv-voveduvanjeto-kontramerki-za-makedonija/feed/ 0