раскази – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 22 Jun 2022 08:49:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png раскази – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Објавена збирката раскази „Раскази за љубовта“ од Михаил Вивег https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/objavena-zbirkata-raskazi-raskazi-za-ljubovta-od-mihail-viveg/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/objavena-zbirkata-raskazi-raskazi-za-ljubovta-od-mihail-viveg/#respond Wed, 22 Jun 2022 08:49:38 +0000 https://kurir.mk/?p=694027

Издавачката куќа „Готен“ ја објави збирката раскази „Раскази за љубовта“ од еден од најпопуларните современи чешки писатели, Михал Вивег. Преводот од чешки јазик е на Соња Стојменска-Елзесер. Збирката раскази „Раскази за љубовта“ ги содржи главните карактеристики на прозното писмо на Вивег – одлично чувство за раскажување приказни, дозиран хумор, луцидно согледување на односите меѓу луѓето. -Млади љубовници и постари љубовници, парови во брак и разведени, неженети мажи и вдовици, отворени и прикриени страсти, непредвидени емоции што се појавуваат во различни ситуации, копнежи што не се реализираат или се остваруваат на необичен начин – едноставно, љубовта во сите нејзини облици – тоа е главната тема на „Раскази за љубовта“, соопштија од тимот на издавачката куќа. Како што посочуваат, сите 16 раскази од книгата го носат печатот на авторот кој умее своето чувство за стил и композиција да ги обедини во приказни полни со живот и умешно нијансирање на основната тема. Михал Вивег ги набљудува среќните и тажните страни на љубовта, не само со разбирање, туку и со иронична ладнокрвност. Повремената тага и меланхолијата вткаени во овие кратки прози речиси секогаш благовремено се натопени со хумор, па иако емоциите играат главна улога во текстовите, тие никогаш не навлегуваат во патетика. Соња Стојменска-Елзесер работи како научен советник и професор во Институтот за македонска литература во Скопје, во Одделението за теорија на литературата и компаративна книжевност. Дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје (1986). На истиот факултет го одбранила магистерскиот труд „Теориско-методолошките начела на Михаил Бахтин“ (1995) и докторската дисертација на тема „Лудистички постапки во современиот расказ“ (2003). Во периодот 1997–2000 работела како лектор по македонски јазик и литература на Карловиот Универзитет во Прага, Република Чешка. Авторка е на книгите: „Пулсирачка филологија“ (1997), „Игропис: есеи за книжевниот лудизам“ (2004), „Споредбена славистика“ (2005), „Гризни го јаболкото: антологија на македонската еротска проза“ (2006), „Компаративна книжевност“ (2007), „Еквилибриум/Equilibrium“ (2009), „Со посвета“ (2013), „(Не)секојдневни љубопитства“ (2018). Издавањето на книгата е поддржано од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/objavena-zbirkata-raskazi-raskazi-za-ljubovta-od-mihail-viveg/feed/ 0
Промоција на книга раскази за Ново маало од Владимир Плавевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-kniga-raskazi-za-novo-maalo-od-vladimir-plavevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-kniga-raskazi-za-novo-maalo-od-vladimir-plavevski/#respond Wed, 25 Jul 2018 06:00:47 +0000 https://kurir.mk/?p=80701

Книгата раскази „Динга стоп: скопски приказни од Ново маало“ од Владимир Плавевски вечер од 19 часот ќе биде промовирана во скопската населба Ново маало, а утревечер во истиот термин во книжарницата Литература.мк на ул. „Македонија“. Ново маало е автентичната скопска населба која е во фокусот на расказите на Плавевски, кој ќе има средба со своите новомаалци за да  се потсетат на животот и луѓето од старо Скопје и некогашно Ново маало. Издавачот „Арс Либрис“ посочува дека во збирката може да се прочитаат носталгични и емотивни реминисценции за одамна минато време и за едно невино детство изгубено во маалскиот амбиент. Според Плавевски, Ново маало сè уште постои и е речиси исто и непроменето како и пред седумдесет години – времето кога биле реалност расказите содржани во книгата. - Ново маало своевремено било центар на светот за новомаалците, микрокосмос од кој почнува и завршува сè. Таму се зборувал локален, маалски јазик и имал свое наречје, различно од тоа на соседните маала, поради што неретко луѓето не се разбирале меѓусебно. Маалската гордост ја чувале маалските банди, секогаш закрвени со тие отспротива. И покрај скудниот начин на живот, маалските улици ечеле од детскиот џагор и нивните необични игри, наведува „Арс Либрис“. Во книжарницата Литература.мк книгата раскази утревечер ќе ја претстави новинарот Мојсо Мојсовски,, a извадоци ќе чита актерката Снежана Конеска-Руси. Со овој настан во книжарницата ќе биде одбележана 55-годишнината од скопскиот земјотрес. Владимир Плавевски (Скопје, 1948) дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 1974 година. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 2000 година.  Автор е на  сценарија за ТВ-серии, филмови, радиодрами, драмски текстови, раскази и романи. Во 2013 година, ја доби наградата Роман на годината на „Утрински весник“ за романот „Јадица“. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-kniga-raskazi-za-novo-maalo-od-vladimir-plavevski/feed/ 0