распад – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 12 Jan 2023 14:12:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png распад – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Атлантски совет: Експертите очекуваат распад на Русија до 2033 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/atlantski-sovet-ekspertite-ochekuvaat-raspad-na-rusija-do-2033-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/atlantski-sovet-ekspertite-ochekuvaat-raspad-na-rusija-do-2033-godina/#respond Thu, 12 Jan 2023 14:12:58 +0000 https://kurir.mk/?p=786537

Русија каква што ја знаеме можеби нема да постои до 2033 година, покажа истражување на Атлантскиот совет, во кое учествуваа 167 глобални експерти, кои дадоа свое мислење за тоа како геополитиката, социјалните и политичките движења, како и ситуацијата во други области, би можеле да изгледаат во следните 10 години. – Во следната деценија, светот може да се соочи со голема економска криза, како онаа во 2008 и 2009 година, и пандемија со иста сила и влијание како Ковид, е заклучокот на повеќето експерти. Извештајот, исто така, укажува дека во наредните години повеќе земји ќе посегнат по набавка и производство на нуклеарно оружје, пред сè Иран и Саудиска Арабија, а потоа Јужна Кореја и Јапонија. Според експертите, може да се очекува кинеска воена офанзива против Тајван, американско-кинеското раздвојување можеби нема да биде толку драматично како што се мислеше досега, САД ќе останат моќни, но не и хегемон, глобалната соработка за климата ќе се зголеми, но ќе го ограничи ентузијазмот за максималните количини на емисии, ќе има уште поголема глобална нестабилност, затегнувањето на војната меѓу демократијата и автократијата ќе продолжи, со тоа што демократиите потенцијално ќе изгубат одредено место, демократиите ќе се соочат со тешка деценија на системски опасности, а меѓународните безбедносни организации веројатно ќе останат во голема мера непроменети дури и како светот се соочува со невидени промени и предизвици.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/atlantski-sovet-ekspertite-ochekuvaat-raspad-na-rusija-do-2033-godina/feed/ 0
Чешкиот премиер предвидува најтешката година од распадот на Чехословачка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cheshkiot-premier-predviduva-najteshkata-godina-od-raspadot-na-chehoslovachka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cheshkiot-premier-predviduva-najteshkata-godina-od-raspadot-na-chehoslovachka/#respond Sun, 02 Jan 2022 09:03:11 +0000 https://kurir.mk/?p=615513

Новиот чешки премиер Петр Фијала во синоќешното новогодишното обраќање ги предупреди Чесите дека ги чека најтешката година од создавањето на независна Чешка поради инфлацијата и зголемувањето на цените на енергијата, обвинувајќи ја Русија за уценување на Европа и пандемијата на Ковид.-19. – Некои економисти се скептични и велат дека нема да можеме да ја скротиме инфлацијата додека не воспоставиме контрола врз цените на енергијата. Ова е тема која бара меѓународно решение. Од една страна е Русија, која се обидува да ја уценува Европа, па дури и дава до знаење дека е подготвена за вооружен конфликт. Од друга страна, тука се важни европски земји кои решија да инвестираат во независност од фосилните горива и тоа речиси по секоја цена, предупреди Фијала на два од трите главни проблеми во 2022 година. Чешкиот премиер рече дека Чешка ќе мора да бара сојузници во Европа, да ги убедува партнерите и конечно повторно тргне во изградба на блоковите на нуклеарните електрани Дуковани и Темелин, како и да инвестира во разумни обновливи извори на енергија, бидејќи тоа е патот како да се излезе од енергетска криза, додека алтернатива е заостанатост и беда. – Би сакал најсериозно да ве предупредам дека разни политички спасители и популисти ќе се обидат да ја злоупотребат оваа ситуација и ќе тврдат дека решението е едноставно. Дека е доволно да се одбие нешто или да се излезе од нешто. Тоа не е точно. Комплицирани проблеми никогаш немаат едноставно решение, рече Фијала. Такво решение, отфрлање и напуштање на Зелениот договор на Европската унија како спас од енергетските проблеми на Чешка во божикното обраќање до нацијата побара пред неколку дена претседателот на Чешката Република Милош Земан. Тоа категорично го отфрлија и поранешниот премиер Андреј Бабиш и сегашниот Петр Фијала и истакнаа дека европскиот проект е добар и оти Чешка со излез од него ќе остане без значителни средства, но некои нереални предлози треба да се отфрлат, а исто така да се убеди ЕУ да ги вклучи нуклеарните електрани и гасот во зелени извори, на што Европската комисија сега се согласува, иако привремено. Во своето обраќање на чешкиот јавен ТВ сервис ЧТ, Фијала предупреди дека Чесите мора да научат да живеат со третата голема катастрофа оваа година, Ковид-19, која досега ги однесе животите на над 36.000 луѓе во земјата. – Долгорочно го застапувам ставот дека мора да научиме да живееме со Ковид-19. Но, тоа бара напори од двете страни. И од страната на владата и од страната на граѓаните. Во име на владата можам да ветам дека ќе настојуваме сите можни мерки да бидат максимално разумни, примерени и предвидливи, рече Фијала. Тој апелираше до Чесите да дадат свој придонес во сузбивањето на пандемијата, не само со вакцинирање, туку и со тоа што ќе почнат да се однесуваат едни кон други со поголема почит, како кон свое семејство, при што не се двоумат да направат добро за нивните најблиските на сметка на својот комфор. – Владите можат брзо да расипат многу работи, а поправките траат многу подолго. Одложувањето на проблемите за следниот изборен мандат е секогаш полесно отколку да гризнете кисело јаболко и да почнете да ги решавате проблемите. Но, на нашата земја ништо не ѝ преостанува бидејќи нашите проблеми ќе се зголемуваат секој ден, рече чешкиот премиер Петр Фијала во своето новогодишно обраќање до нацијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cheshkiot-premier-predviduva-najteshkata-godina-od-raspadot-na-chehoslovachka/feed/ 0
Дијагностичките апарати низ државните болници пред распад, четири години власт СДСМ не набави ниту еден  https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dijagnostichkite-aparati-niz-drzavnite-bolnici-pred-raspad-chetiri-godini-vlast-sdsm-ne-nabavi-nitu-eden/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dijagnostichkite-aparati-niz-drzavnite-bolnici-pred-raspad-chetiri-godini-vlast-sdsm-ne-nabavi-nitu-eden/#respond Wed, 21 Apr 2021 13:55:01 +0000 https://kurir.mk/?p=500411

Во периодот на власта на сегашната опозиција, ВМРО-ДПМНЕ вообичаена беше сликата кога се пуштаа во употреба нови, софистицирани, напредни дијагностички и интервентни рендген апарати, како на пример магнетни резонанци, компјутерски томографии, еха, ангиографии и така натаму.  За разлика од тогаш, сега четири – пет години подоцна, период во кој Социјалдемократскиот сојуз на чело со Зоран Заев се власт, во јавното здравство не е набавен и купен ниту еден нов рендген апарат, а постоечките се целосно амортизирани. На нивното амортизирање придонесе и напливот на пациенти поради зараза и компликации од корона вирусот.  Таков е и примерот со ангиографот во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“, која е главен Ковид-центар во земјава од почетокот на коронакризата и тука се лекуваат најтешките случаи со компликации од ковид-19 и кој по зголемувањето на бројот на пациенти со мозочни и срцеви пост ковид инфаркти е целосно пред распад. А, од друга страна болницата буквално ја моли власта за нов апарат.  За состојбата со апаратите во градската болница информираат доктори кои се вработени таму и кои сакаат да останат анонимни. Тие велат дека прашање на ден е кога тој сосема ќе откаже со што без услуга од интервента радиологија и кардиологија ќе останат пациенти од целата држава.  И директорот на болницата д-р Христијан Костов за порталот „сакам да кажам“ потврди дека станува збор за апарат стар десет години кој е сѐ уште исправен, но вели тој, се користи 24 часа, практично од сабајле до другото сабајле.   -Ние имаме интервентна радиологија број еден во земјава, тука се прегледуваат пациенти од цела Македонија. Од 7 до 15 часот на апаратот работат интервентни радиолози, а од 15 до 20 часот кардиолози. Навечер пак имаме дежурни кои особено сега во ковид кризава се соочуваат со невообичаено многу мозочни и срцеви инфаркти, вели директорот Костов.  Директорот вели дека е во постојани преговори со Министерството за здравство и со Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) за набавка на нов апарат, со што Болницата би имала два вакви апарата за да не биде едниот преоптоварен и да може да им се излезе во пресрет на сите пациенти од државава. Еден ваков апарат чини околу 450 илјади евра, а директорот вели дека досега успеал да обезбеди две третини од цената и тоа преку донации.   Тоа значи дека директорот веќе има обезбедено над 300 илјади евра и власта потребно е да обезбеди само 100-тина илјади евра за да се купи новиот ангиограф кој ќе биде во служба не само на жителите на град Скопје, туку на граѓаните во целава држава.  На ваквата ситуација реагираше докторката Марија Андоновска, која воедно е и член на Извршниот комитет на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Таа, преку социјалната мрежа Фејсбук пишува дека СДСМ пет години е на власт а не нема купено ниту еден медицински апарат, додавајќи дека тоа нешто ново што е обезбедено за здравството е од донации.   Таа смета дека за една држава 100 илјади евра е смешна сума за така важна и неопходна работа, која потенцира дека кога можеше власта да доделува по илјадници евра за стипендии на деца на функционери и за лубриканти, може да купат бар еден апарат кој во овие моменти е неопходен за дијагноза на мозочни и срцеви инфаркти и значи спасен човечки живот.  -Има ли оваа власт купено бар еден медицински апарат а да не е донација!? Деновиве ГОБ 8ми Септември моли за нов ангиограф бидејќи постоечкиот е преоптеретен со ситуацијата и со зголемиот обем на работа што ја наметнува Корона кризата! И замислете недостасуваат околу 100000€, додека две третини се обезбедени од донации. 100.000€ е смешна сума наспроти тоа колку испокрадоа! Кога можеа да исплатат 40.000€ за студии на ќерка на министер, 83.000€ за тренирање магаре и милиони за лубриканти, можат да купат бар еден апарат кој во овие моменти е неопходен за дијагноза на мозочни и срцеви инфаркти и значи спасен човечки живот!, пишува Андоновска.  Имено, ангиографот е апарат за иследување на крвните садови на мозокот, вратот, аортата, екстремитетите. Со него се откриваат најчесто стеснувања на артериите кои во текот на прегледот може и да се дилатираат и стентираат, а со тоа истовремено да се изврши и интервентна процедура. Се користи и при операции за инфаркти, вградување на стентови.  Но, освен со ангиографот, вработените во болницата „8 Септември“ велат дека имаат проблем и со функционирањето на апаратот за магнетна резонанца. Дотраен е и често им се расипува, а ова го потврдуваат и пациентите кои ги користат здравствените услуги на болницата. Дел од нив, за порталот СДК велат дека за да им се направи специјалистичка интервенција во „8 Септември“ пред тоа морале да закажуваат магнетна резонанца во други здравствени установи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dijagnostichkite-aparati-niz-drzavnite-bolnici-pred-raspad-chetiri-godini-vlast-sdsm-ne-nabavi-nitu-eden/feed/ 0
Енергетскиот систем се распаѓа како здравството – Народот ќе ја плаќа цената со увоз, а поединци ќе се богатат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/energetskiot-sistem-se-raspagja-kako-zdravstvoto-narodot-kje-ja-plakja-cenata-so-uvoz-a-poedinci-kje-se-bogatat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/energetskiot-sistem-se-raspagja-kako-zdravstvoto-narodot-kje-ja-plakja-cenata-so-uvoz-a-poedinci-kje-se-bogatat/#respond Mon, 09 Nov 2020 09:23:58 +0000 https://kurir.mk/?p=426761

Владата на Република Македонија одлучи хидроцентралите да ги исклучат турбините со цел да остане вода реките и езерата а недостатокот на електрична енергија ќе се надомести со купување од странство, при што од ваквата одлука може да се заклучи дека енергетскиот систем во државата е пред распаѓање, народот ќе ја плаќа цената со увозот, а поединци ќе се богатат на сметка на народот. Производството на струја во земјата е намалено, а ситуацијата дополнително ја отежнува фактот што термоелектраните кои произведуваат 70 отсто од струјата во Македонија не се во целосен погон. РЕК Осломеј е исклучен бидејќи нема доволно вода во системот Студенчица, а РЕК Битола исто така не работи со полн капацитет бидејќи на Блок 3 се изведува капитален ремонт како и хаваријата од август кога имаше поплава. Не работеше ниту ХЕЦ Маврово каде се поправаат цевките на кои се губат 300 лити вода во секунда. Надлежните не откриваатвколку точно струја ќе биде набавена прецизно не е утврдено, велат дека ќе се купува според потребите и од недела во недела. Дека пред колапс е и енергетскиот систем во Македонија говори и намаленото ниво на водата во реките и езерата ширум државата, кои што треба да бидат извор на енергија, но поради наегрижата на надлежните некои веќе речи си и да пресушиле. Инаку уште во март годинава од опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека заради личен и партиски профит во бизнисот со производство на електрична енергија Заев ги остави граѓаните без капка вода. -Малото количество на вода во езерото Калиманци кое моментално има над 30 милиони метри кубни, е недоволно за земјоделските посеви во околината. За задоволување на потребите на земјоделското производство од Виница до Велес се потребни 100 милиони метри кубни вода. Спореф овој податок фалат 7омилиони метри кубни вода кои власта ги потроши. Поради бизнис интересите на Заев вода нема да имаат ниту оризарите во кочанско. Вода нема да има ни за Овчеполието, ни во Тиквешко, Повардарие, Пелагонија, Струмичко, обвинија тогаш од ВМРО-ДПМНЕ. Дека ситуацијата е алармантна може да види ако се спореди водостојот на овие езерата во последниве неколку месеци од состојбата пред неколку години, што претставува и вистински проблем околу производството на електрична енергија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/energetskiot-sistem-se-raspagja-kako-zdravstvoto-narodot-kje-ja-plakja-cenata-so-uvoz-a-poedinci-kje-se-bogatat/feed/ 0
Еврокомесарот Џентилони алармира: Еврозоната пред распад поради КОВИД-19 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/evrokomesarot-dzentiloni-alarmira-evrozonata-pred-raspad-poradi-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/evrokomesarot-dzentiloni-alarmira-evrozonata-pred-raspad-poradi-kovid-19/#respond Mon, 13 Jul 2020 09:19:42 +0000 https://kurir.mk/?p=375030

Паоло Џентилони, еврокомесар за кономија на ЕК, истакна дека економиите на Италија, Франција и Шпанија паѓаат за 10 до 11 проценти, а Данска, Полска, Шведска или Германија, за 4 до 6 отсто. Рецесијата како резултат на коронавирусот се продлабочува, заканувајќи се дури и со колапс на еврозоната, изјави Џентилони во интервјуто за Велт. „Најновите економски податоци предупредуваат: рецесијата е подлабока отколку што се очекуваше, економскиот развој на земјите во еврозоната станува нерамномерен од прогнозата во пролетта. Она за што секогаш предупредувавме е потврдено: рецесијата поради Ковид-19 се заканува дека ќе следува колапс на еврозоната“, рече еврокомесарот. Според него, земјите од ЕУ треба да се договорат за план за закрепнување на економијата што е можно поскоро, со цел да се зајакне довербата во националната економија. Претходно, Европската комисија претстави предлог за формирање фонд за спас на ЕУ во висина од 750 милијарди евра. Како што беше планирано, земјите-членки на Унијата ќе добијат помош во форма на грантови (до 500 милијарди евра). Европската комисија овој предлог ќе го достави до земјите-членки на ЕУ и до Европскиот парламент. Светската здравствена организација во март објави пандемија на коронавирус. Според најновите податоци на СЗО, повеќе од 12,1 милиони случаи се откриени низ целиот свет, додека повеќе од 551 илјади луѓе починале.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/evrokomesarot-dzentiloni-alarmira-evrozonata-pred-raspad-poradi-kovid-19/feed/ 0
Се распаѓа пратеничката група на Река https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-raspagja-pratenichkata-grupa-na-reka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-raspagja-pratenichkata-grupa-na-reka/#respond Mon, 21 Jan 2019 09:12:08 +0000 https://kurir.mk/?p=154667

Пратеникот Јоргос Амирас го најави заминувањето од пратеничката група на Река поради несогласувањето со партиската линија во однос на Договорот од Преса и веќе е независен пратеник, јави дописничката на МИА од Атина. -Не можев да постапам поинаку кога во следните денови ќе требаше како претставник на пратеничката група на партијата јавно да говорам во името на партијата во која водечките членови имаат спротивна позиција од мојата лична позиција за едно важно национално прашање, вели Амирас во писмената изјава. Со неговото заминување и по бришењето на Спирос Данелис од Река, пратеничката група на партијата останува со четири пратеници. Според Деловникот на грчкиот Парламент, пратеничка група формира партијата која што по изборите има најмалку пет пратеници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-raspagja-pratenichkata-grupa-na-reka/feed/ 0
Универзумот ќе се распарчи и ќе се рециклира, тврди истакнат астрофизичар https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/univerzumot-kje-se-rasparchi-i-kje-se-reciklira-tvrdi-istaknat-astrofizichar/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/univerzumot-kje-se-rasparchi-i-kje-se-reciklira-tvrdi-istaknat-astrofizichar/#respond Tue, 18 Dec 2018 16:02:32 +0000 https://kurir.mk/?p=141984

Астрофизичар тврди дека ќе се случи деструктивен инцидент од космички размери кој можеби нема да стави крај на животот каков што го знаеме, но ќе резултира со космичка инфлација и евентуално – нова Голема експлозија. Итан Сигел, астрофизичар и професор на колеџот Луис&Кларк во Орегон, вели дека „Големото распарчување“ (The Big Rip), космички настан сличен на Големата експлозија (The Big Bang), може да се случи околу 22 милијарди години од сега и дека буквално ќе го распарчи универзумот. Концептот за „Големото распарчување“ прв пат го спомнаа Роберт Калвел, Марк Камионковски и Невин Вајнберг во 2003 година во нивниот есеј насловен „Фантомска енергија и всленскиот Суден ден“, во кој претпоставуваат дека ако нашиот универзум продолжи да се шири, еевнтуално ќе стигне до точка во која „сите сили што го држат заедно ќе бидат обземени од темна енергија“. „Ако е точно дека ќе се случи Големото распарчување, сѐ во универзумот ќе биде распарчено до најосновни честички, до некоја мера како во раните фази на Големата експлозија“, вели Сигел. Иако некои поборници на теоријата за Големото распарчување сметаат дека тоа ќе биде крај на универзумот каков што го знаеме, Сигел смета дека тоа нема да се случи, туку дека универзумот ќе се „рециклира“. „Ако темната енергија се зајакне, тоа е всушност енергија со исто потекло како основниот материјал на самата вселена и може да го повтори раниот период на историјата на нашиот универзум, кога вселената се раширила во огромни размери, предизвикувајќи космичка инфлација“, објаснува тој. „Инфлацијата ја отстранува целата претходна материја и енергија од универзумот и го остава само материјалот од кој е создадена вселената. По периодот на инфлација, таа енергија некако се претвора во честички, античестички и радијација, што води до Големата експлозија.“]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/univerzumot-kje-se-rasparchi-i-kje-se-reciklira-tvrdi-istaknat-astrofizichar/feed/ 0