распит – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 08 Apr 2022 20:08:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png распит – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Заврши распитот на Мухамед Зеќири https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-raspitot-na-muhamed-zekjiri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-raspitot-na-muhamed-zekjiri/#respond Fri, 08 Apr 2022 20:08:28 +0000 https://kurir.mk/?p=660552

Во Основниот Кривичен суд – Скопје, вечерва заврши рочиштето пред судија на претходна постапка по барањето за определување притвор на генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, кој поднесе неотповиклива оставка по сомневањата дека ја злоупотребил службената положба. Јавната обвинителка Катерина Коларовиќ информираше дека го соочиле осомничениот Зеќири со аргументите кои ги бара Законот за кривична постапка и дека останува судот да одлучи по барањето. Таа посочи дека немаат доказ во формална смисла дека тој планира бегство, но, како што рече, „постои сомнеж“. – Тоа се оперативни сознанија кои што се изнесени од страна на судот, доколку судот ги прифати ќе ви бидат соопштени, ако не ги прифати, повторно ќе објасни зошто не ги прифати, рече Коларовиќ. Во однос на двајцата осомничени хрватски државјани, таа рече дека оперативните сознанија од Министерството за внатрешни работи се дека ја имаат напуштено територијата на РСМ, меѓутоа судот има доставено наредба за приведување. – Дури откако ќе добие официјален податок по наредбите, ќе има доказ дали се тука или не, посочи Коларовиќ. Истакна дека станува збор за штета од околу 57 милиони денари за кои во моментов не знаат каде се, ниту дали се надвор од државава. – Не можеме да кажеме каде се парите во моментов. Истрагата е започната во текот на вчерашниот ден, сето она што беше обезбедено како документација е во тек на предистражна постапка која претходеше неколку месеци претходно, рече таа, посочувајќи на Управата за финансиско разузнавање која што, како што рече, се обидува да ја утврди трагата како се движеле парите. Обвинителката рече дека очекува судот да го прифати предлогот, а во однос на тоа дали може истрагата да се прошири и на други лица, рече во овој момент не, меѓутоа, дека истрагата е започната и дека не се знае што може да произлезе како доказ. Претходно, судија на претходна постапка, од Кривичниот суд – Скопје, издаде наредба до надлежната полициска станица за спровод на Мухамед Зеќири, но тој во судот пристигна сам во придружба на својот адвокат. Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донесе наредба „за спроведување истражна постапка против двајца хрватски државјани и висок функционер во Владата на РСМ во својство на службено лице, осомничен дека сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување“. Зеќири се сомничи дека во периодот од април 2021 година до јануари 2022 година, со искористување на службената положба, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани. Со преземените дејствија, осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 57.932.100,00 денари, на штета на Буџетот на Р.Северна Македонија, износ што бил поголем од 795.000 евра, односно од договорениот износ за вршење на консултантските услуги.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-raspitot-na-muhamed-zekjiri/feed/ 0
Ахмети на распит во ОЈО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahmeti-na-raspit-vo-ojo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahmeti-na-raspit-vo-ojo/#respond Fri, 02 Oct 2020 05:37:17 +0000 https://kurir.mk/?p=411353

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска треба да се јави на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција. Ахмети треба да исказ во врска со предметот „Попис“, потврдуваат за МИА од ОЈО. Истрагата по предметот „Попис“ ја отвори поранешното СЈО, за потоа да ја преземе ОЈО за организиран криминал и корупција. Случајот се однесува на пропаднатиот попис во 2011 година, организиран од владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahmeti-na-raspit-vo-ojo/feed/ 0
Премиерот на Малта на распит во полиција поради убиството на новинарката https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierot-na-malta-na-raspit-vo-policija-poradi-ubistvoto-na-novinarkata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierot-na-malta-na-raspit-vo-policija-poradi-ubistvoto-na-novinarkata/#respond Fri, 21 Aug 2020 19:31:31 +0000 https://kurir.mk/?p=393709

Поранешниот малтешки премиер Јосиф Мускат денеска попладне беше на распит во полиција за сведочењето дадено од бизнисменот Јорген Фенех, човекот кој стои зад убиството на новинарката Дафне Каруана Галиција. Мускат поднесе оставка откако беше откриено дека е пријател со Фенех, од кого добивал скапи подароци, а кој чека судење за наводна вмешаност во убиството. Фенех ги негира обвинувањата. Поранешниот премиер помина околу еден час во полициската станица недалеку од Валета. Додека заминувал, тој им рече на новинарите дека го испрашувале за изјавата што Фенех ја дал во полицијата, детали за кои ги пријавил за „Сандеј Тајмс“ на Малта. „Одговорив на сите нивни прашања и полицијата потврди дека не ме сметаат за осомничен“, рече Мускат пред новинарите. Полицијата не коментираше. Новинарката Каруана Галиција е убиена од автомобил-бомба во октомври 2017 година. Тројца мажи се обвинети за поставување на бомбата и чекаат судење. Фенех, еден од најпознатите бизнисмени во Малта, беше уапсен во ноември. Мускат ја објави својата оставка веднаш по поднесувањето на обвинението против Фенех, а тој поднесе оставка во јануари. Фенех бил поврзан и со тогашниот началник на канцеларијата на Мускат, Кит Шембри. Медиумите објавија дека Фенех им кажал на истражителите дека Мускат го прашал дали има трага од Шембри на тајните снимки направени од Мелвин Теума, кој се изјасни за виновен и сега сведочи во корист на државата, и против неговите соработници. Фенех, наводно, одговорил дека прави се што е во негова моќ да го заштити Шембри. Мускат ги негираше обвинувањата. Компанијата на Фенех се согласила да работи со владата на Мускат за изградба на фабрика во 2014 година, додека истрагата на „Ројтерс“ открила дека компанијата со седиште во Дубаи „Фенех“ е само средство за пренасочување на средства кон тајните компании во Панама, во сопственост на Шембри и поранешниот министер за енергетика Конрад Мизи. И двајцата поднесоа оставки непосредно пред Мускат. И двајцата негираат дека направиле нешто лошо и не се појавија докази за трансакција на пари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierot-na-malta-na-raspit-vo-policija-poradi-ubistvoto-na-novinarkata/feed/ 0
Бојко Борисов на распит во врска со истрагата за Божков https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bojko-borisov-na-raspit-vo-vrska-so-istragata-za-bozkov/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bojko-borisov-na-raspit-vo-vrska-so-istragata-za-bozkov/#respond Mon, 22 Jun 2020 12:54:28 +0000 https://kurir.mk/?p=360894

Бугарскиот премиер Бојко Борисов, министерот за финансии Владислав Горанов и пратеничката Менда Стојанова денеска беа на распит како дел од истрагата против сопственикот на казино Васил Божков, кој е во бегство и кој се товари за финансиски малверзации, соопшти Обвинителството. Божков, кој се смета за еден од побогатите Бугари, ја загуби својата коцкарска империја на почетокот на 2020 година кога парламентот забрани приватни лотарии и беше обвинет. за даночно затајување на повеќе од 700 милиони давачки (350 милиони евра) од коцкарници, перење пари, изнуда, поткуп, тргување со влијание. Тој е обвинет и за убиство, обид за убиство, обид за силување и незаконско поседување културни добра. Божков побегна од земјата пред да биде издаден налог за негово апсење и во моментов е во притвор во Обединетите арапски емирати, од кои Бугарија бара негова екстрадиција. Божков, во повеќе објави на Фејсбук во мај, ги обвини Борисов, Горанов и Стојанова за изнуда. Тој објави дека Борисов и Горанов побарале да им плати 20 проценти од приходот, кога се обидел да продаде половина од својот коцкарски бизнис на чешка компанија за милијарда лева (500 милиони евра). Тој тврди дека Борисов и министерот за финансии, кога слушнале за тоа, се обиделе да го принудат да го пренесат мнозинскиот удел на компанијата на лицето што тие го назначиле и дека го нападнале неговиот бизнис кога тој одбил да го стори тоа. Божков вели дека за сето тоа и официјално го известил Обвинителството и главниот обвинител Иван Гешев, а според наводна пријава Божков меѓу 2017 и крајот на 2019 година на Борисов му платил 60 милиони лева, како и на министерот за финансии бидејќи тие тоа го побарале од него. Во соопштението од Обвинителството се наведува дека специјалното обвинителство ја задолжило Државната агенција за национална безбедност да провери зошто „Уникредит банка“ не ја известила Дирекцијата за финансиско разузнавање кога се процесирале плаќања во износ поголем од 30.000 лева (15.000 евра), како што налага Законот за перење пари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bojko-borisov-na-raspit-vo-vrska-so-istragata-za-bozkov/feed/ 0
Хоровиц на распит за извештајот на ФБИ за руското мешање во изборите во САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/horovic-na-raspit-za-izveshtajot-na-fbi-za-ruskoto-meshanje-vo-izborite-vo-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/horovic-na-raspit-za-izveshtajot-na-fbi-za-ruskoto-meshanje-vo-izborite-vo-sad/#respond Wed, 11 Dec 2019 18:48:17 +0000 https://kurir.mk/?p=276242

Генералниот инспектор на американското Министерство за правда, Мајкл Хоровиц, денеска дава искази во Сенатот за неговиот извештај за истрагата на ФБИ за врските на изборниот штаб на Доналд Трамп со Русија. Во извештајот, нарачан од државниот обвинител и од некои законодавци, Хоровиц тврди дека иако имало сериозни пропусти во истрагата на Федералното биро за истраги (ФБИ), таа не била мотивирана од политички причини. Како што денеска објави „Вашингтон пост“, Хоровиц сведочи пред Одборот за правосудство на Сенатот, контролиран од републиканците, по објавениот извештај во понеделникот – опширна анализа од 434 страници на истрагата на ФБИ, за врските на Трамп со Русија, која почна во 2016 година. Во него се отфрлени постојано повторуваните тврдења на претседателот Трамп дека истрагата била политички „лов на вештерки“ за негово отстранување од власта. Претседателот Трамп го критикуваше директорот на ФБИ, Кристофер Реј кој во телевизиско интервју рече дека истрагата била отворена со соодветно овластување. Реј забележа дека Хоровиц посочил и на бројни грешки направени во истрагата на ФБИ. Извештајот беше предмет на разногласија помеѓу претседателот Трамп, државниот обвинител Вилијам Бар, директорт на ФБИ, и самиот Хоровиц. Законодавците меѓудругото, го испрашуваат и за тоа зошто се појавиле овие разногласија. Така на пример Бар, во телевизиско интервју завчера рече дека ФБИ можеби „избрзало“ со покренувањето истрага за поврзаност меѓу Русија и кампањата на Трамп. Тој нагласи дека од страна на ФБИ имало злоупотреби и несоодветно однесување што не треба да се толерира. Во извештајот Хоровиц, напротив, вели дека ФБИ со право ја почнало истрагата за евентуалната руска вмешаност и дека имало доволно докази за да се одобри таква истрага. Во своето опширно воведно излагање на распитот денеска, претседателот на одборот, републиканецот Линдзи Греам, го искритикува ФБИ за тоа како ја воделе истрагата за вмешаноста на Русија, оценувајќи ја одлуката за тоа како „грешка во системот“. – Високи функционери едноставно го зеле законот во свои раце… како да живееме во епохата на (озлогласениот прв директор на ФБИ) Џеј Едгар Хувер, истакна Греам. Истрагата на ФБИ за врските на Трамп со руски агенти почна во јули 2016, по дојавите до ФБИ дека вработени во предизборната кампања на Трамп, како советниците Картер Пејџ и Џорџ Пападопулос, тврделе дека Русија им понудила информации штетни за Хилари Клинтон, тогашен демократски противкандидат, за победа на Трамп на изборите во ноември истата година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/horovic-na-raspit-za-izveshtajot-na-fbi-za-ruskoto-meshanje-vo-izborite-vo-sad/feed/ 0
Заврши распитот на Катица Јанева- вака изгледа по еден месец поминат во затвор (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-raspitot-na-katica-janeva-vaka-izgleda-po-eden-mesec-pominat-vo-zatvor-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-raspitot-na-katica-janeva-vaka-izgleda-po-eden-mesec-pominat-vo-zatvor-foto/#respond Tue, 24 Sep 2019 11:16:39 +0000 https://kurir.mk/?p=244193

Помалку од еден час траеше распитот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева во Обвинителството за организиран криминал и корупција за случајот „Рекет“. Јанева која е третоосомничена за „Рекет“, околу пладне со полициско возило и придружба беше донесена во Обвинителството, а по распитот повторно е вратена во КПУ Затвор Скопје каде што издржува мерка притвор. Ова беше втор исказ на Јанева пред ЈО за „Рекет“, откако на 20 август годинава таа беше сослушана во својство на сведок, за следниот ден да биде приведена од нејзиниот дом во Скопје, а Јавното обвинителство за огранизиран криминал и корупција да информира дека ја проширува истрагата за случајот и за Јанева како третоосмничена да побара 30 дневен притвор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-raspitot-na-katica-janeva-vaka-izgleda-po-eden-mesec-pominat-vo-zatvor-foto/feed/ 0
Катица Јанева во вторник на распит кај Рускоска за „Рекет“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katica-janeva-vo-vtornik-na-raspit-kaj-ruskoska-za-reket/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katica-janeva-vo-vtornik-na-raspit-kaj-ruskoska-za-reket/#respond Sat, 21 Sep 2019 07:03:30 +0000 https://kurir.mk/?p=242995

Катица Јанева во вторник ќе дава исказ кај обвинителката Вилма Русковска за преметот „Рекет“, соопшти нејзината адвокатка Ирена Фрчковска во вечерашното гостување во емисијата 360 Степени. Ова ќе биде прв исказ на Јанева како осомничена, бидејќи првиот пат даваше исказ во својство на сведок. Нејзината адвокатка рече дека таа е во лоша здравствена состојба, дека има прболем со хронични болести и дека не се чувствува добро поради ситуацијата во која е.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katica-janeva-vo-vtornik-na-raspit-kaj-ruskoska-za-reket/feed/ 0
Кирацовски пристигна во Обвинителството на распит за „Рекет“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kiracovski-pristigna-vo-obvinitelstvoto-na-raspit-za-reket/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kiracovski-pristigna-vo-obvinitelstvoto-na-raspit-za-reket/#respond Thu, 05 Sep 2019 08:05:22 +0000 https://kurir.mk/?p=237189

Пратеникот Александар Кирацовски претпладнево дојде во Обвинителството за организиран криминал и корупција за да даде исказ во врска со случајот „Рекет“. На влегување во Обвинителството, Кирацовски рече дека е повикан како сведок и оти по распитот ќе даде изјава за медиумите. Исказ за „Рекет“ во Обвинителството, вчера даде пратеничката Фросина Ременски, а претходно неделава и водителката Лила Филиповска и бизнисмените Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски. Во врска со „Рекет“ осомничени и во притвор се Бојан Јовановски – Боки 13, Зоран Милевски – Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kiracovski-pristigna-vo-obvinitelstvoto-na-raspit-za-reket/feed/ 0
Кирацовски во Обвинителството на распит за „Рекет“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kiracovski-vo-obvinitelstvoto-na-raspit-za-reket/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kiracovski-vo-obvinitelstvoto-na-raspit-za-reket/#respond Thu, 05 Sep 2019 07:30:26 +0000 https://kurir.mk/?p=237164

По пратеничката Фросина Ременски, бизнисмените Силјан Мицевски, Ардијан Амзоски и водителката Лила Филиповска, денеска во Обвинителството за организиран криминал и корупција исказ треба да даде и пратеникот на СДСМ, Александар Кирацовски во врска со случајот „Рекет“. Пратеничката Ременски вчера повеќе од два часа даваше исказ во Јавното обвинителство за, како што рече, се што е поврзано со случајот „Рекет“, со Меѓународниот сојуз и се што е во интерес на истрагата. Рече дека со индигнација ги отфрла сите поврзувања. По обелоденувањето на аферата „Рекет“, Ременски се споменуваше како почесна претседателка на Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13. Исказ за „Рекет“ во Обвинителството, претходно неделава дадоа и водителката Лила Филиповска и бизнисмените Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски. Мицевски пред Обвинителството изјави дека пари префрлил на сметката на Меѓународниот сојуз, а не на сметка на пензионерката Лилјана Тодоровска. Станува збор за 720 илјади евра кои, како што рече, ќе бара да му бидат вратени. Водителката Лила Филиповска на излегување од Обвинителството не сакаше да даде изјава за медиумите. На новинарските екипи им испрати бакнеж со зборовите „чао друштво“. Амзоски на сметката на Меѓународниот сојуз на Боки 13 уплатил околу 260.000 евра за стратешко партнерство и деловна соработка. Во врска со „Рекет“ осомничени и во притвор се Бојан Јовановски – Боки 13, Зоран Милевски – Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kiracovski-vo-obvinitelstvoto-na-raspit-za-reket/feed/ 0
Ременски дојде во Обвинителството на распит за „Рекет“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/remenski-dojde-vo-obvinitelstvoto-na-raspit-za-reket/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/remenski-dojde-vo-obvinitelstvoto-na-raspit-za-reket/#respond Wed, 04 Sep 2019 07:30:33 +0000 https://kurir.mk/?p=236780

Пратеничката Фросина Ременски изутринава дојде во Обвинителството за организиран криминал и корупција за да даде исказ во врска со случајот „Рекет“. По обелоденувањето на аферата „Рекет“, Ременски се споменуваше како почесна претседателка на Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13. Исказ за „Рекет“ во Обвинителството, претходно неделава дадоа и водителката Лила Филиповска и бизнисмените Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски. Мицевски пред Обвинителството изјави дека пари префрлил на сметката на Меѓународниот сојуз, а не на сметка на пензионерката Лилјана Тодоровска. Станува збор за 720 илјади евра кои, како што рече, ќе бара да му бидат вратени. Водителката Лила Филиповска на излегување од Обвинителството не сакаше да даде изјава за медиумите. На новинарските екипи им испрати бакнеж со зборовите „чао друштво“. Амзоски на сметката на Меѓународниот сојуз на Боки 13 уплатил околу 260.000 евра за стратешко партнерство и деловна соработка. Во врска со „Рекет“ осомничени и во притвор се Бојан Јовановски – Боки 13, Зоран Милевски – Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/remenski-dojde-vo-obvinitelstvoto-na-raspit-za-reket/feed/ 0