расправа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 17 May 2023 15:43:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png расправа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почна расправата по Предлог-измените на Законот за градење на седница на Комисијата за европски прашања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-raspravata-po-predlog-izmenite-na-zakonot-za-gradene-na-sednitsa-na-komisijata-za-evropski-prashana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-raspravata-po-predlog-izmenite-na-zakonot-za-gradene-na-sednitsa-na-komisijata-za-evropski-prashana/#respond Wed, 17 May 2023 15:43:55 +0000 https://kurir.mk/?p=835432

Членовите на собраниската Комисија за европски прашања денеска ја почна дебатата по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка, кој е дел од петте закони потребни за реализација на договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10д. За овој предлог-закон поднесени се 17 амандмани од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Во Комисијата почна расправата по првиот амандман за бришење на Член 1 поднесен од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во образложение на амандманот рече дека тој се предлага бидејќи потребно е градбите од стратешки интерес да се градат согласно постоечкиот Закон за градење, односно да се запази постапката за одобрение за градба, а не со урбанистички проект од стратешки интерес. Заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи истакна дека амандманот не е прифатлив затоа што, како што посочи се уредуваат и други и други објекти од стратешки интерес како што се државни патишта, железници, гасоводи и други јавни објекти. Посочи дека овој амандман ќе се спроведе само за Коридорот 10Д. -Процедурата за стратешки инвестиции не беа регулирани со Законот овде е суштината на измените на овој закон. Станува збор за измени во однос на намалување на времето управни постапки за соодветните документи. Процедурата за стратешки инвестиции претходно не беше регулирано. Има многу закони во Северна Македонија при што за одредени прашања за капитални инвестиции, стратешки инвестиции имаат административни пречки. И ова прашање со овие закони се регулира и токму тоа го правиме, рече Реџепи. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и за овој предлог-закон забележаа дека не треба да биде доставен со европско знаменце и оти се злоупотребува. Посочија дека се за градење, но обвинија дека се против расипничко трошење на граѓанските пари. Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека се уште Договорот за градење на Коридорите 8 и 10Д не и е доставен на пратениците на разгледување. На ова, претседателот на Комисијата и пратеник на ДУИ, Арбер Адеми истакна дека интегралниот Договор е во Собрание и ги чекаат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да дефинираат време и датум и Комисија на која би се разгледал тој. Посочи дека од опозициската ВМРО-ДПМНЕ кажале дека свиркачи им го доставиле Договорот. Членовите на Комисијата за европски прашања со работа продолжува и попладневните часови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-raspravata-po-predlog-izmenite-na-zakonot-za-gradene-na-sednitsa-na-komisijata-za-evropski-prashana/feed/ 0
Комисиска расправа за предлозите за избор на членови на Советот на јавни обвинители https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisiska-rasprava-za-predlozite-za-izbor-na-chlenovi-na-sovetot-na-javni-obviniteli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisiska-rasprava-za-predlozite-za-izbor-na-chlenovi-na-sovetot-na-javni-obviniteli/#respond Tue, 09 May 2023 16:17:36 +0000 https://kurir.mk/?p=832301

Во Собранието денеска започна седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на која на дневен ред е утврдување на предлози за избор на членови на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија. Пријавени за членови на Советот на јавните обвинители се Светлана Жупаноска, судски соработник во Основниот граѓански суд Скопје, Кети Петкова адвокат од Гевгелија која претходно работела во Специјалното јавно обвинителство, како и Митко Митревски, генерален секретар на Јавното обвинителство. Отворена е расправа за првата кандидатка Светлана Жупаноска. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не дава своја поддршка, а пратениците од оваа партија најавуваат долги дебати и говори исто како претходно за предлозите за уставни судии. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisiska-rasprava-za-predlozite-za-izbor-na-chlenovi-na-sovetot-na-javni-obviniteli/feed/ 0
Продолжува расправата за избор на новите министри https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzhuva-raspravata-za-izbor-na-novite-ministri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzhuva-raspravata-za-izbor-na-novite-ministri/#respond Thu, 23 Feb 2023 19:49:51 +0000 https://kurir.mk/?p=804343

Собранието вечерва продолжи со расправата за избор на новите членови на Владата. Нови министри предложени од Владата се Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација и Каја Шукова за министер за животна средина. -За избор на членови на Владата дискусијата е заедничка, а гласањето е поединечно, рече претседателот на СобраниетоТалат Џафери. Претходно денеска во рамки на 104-та седница за владината реконструкција, Собранието ги разреши министерите од Алтернатива - за здравство Беким Сали, за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и министерот без ресор задолжен за дијаспора Џемаил Чупи. На 104. седница треба да бидат разрешени и замениците-министри за одбрана, за земјоделство и за образование и наука, Башким Хасани, Абдулшуќур Абедини и Лулзим Алиу и да бидат избрани нивни заменици. На стартот на седницата што почна на 13 февруари, беа констатирани оставките на министрите за правда Никола Тупанчевски и за животна средина Насер Нуредини, како и на замениците-министри за здравство Владимир Рендевски и за правда Агим Нухиу.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzhuva-raspravata-za-izbor-na-novite-ministri/feed/ 0
Во Собранието продолжува расправата за реконструкција на Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sobranieto-prodolzhuva-raspravata-za-rekonstruktsija-na-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sobranieto-prodolzhuva-raspravata-za-rekonstruktsija-na-vladata/#respond Wed, 15 Feb 2023 06:52:12 +0000 https://kurir.mk/?p=800629

Во Собранието денеска на пладне треба да продолжи дебатата за реконструкцијата на Владата, со која во владината коалиција влегува Алијансата за Албанците, која има осум пратеници, а излегуваат Алтернатива и Демократскиот сојуз. Пратениците од власта во дебатата на вчерашната собраниска седница за разрешување на министрите од Алтернатива со фокус на постигнатите резултати и европскиот пат на земјата, отфрлајќи ги тезите на опозицијата и барањата за избори. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, пак, со повторни барања за избори и обвинувања за корупција и криминал и „пазар 3“ разговори за новата коалиција со Алијанса за Албанците. За премиерот Димитар Ковачевски, одлуката за излегување од власта на Демократски сојуз не претставува никакво нарушување на стабилноста на владиното мнозинство, додавајќи дека е отворена можноста за соработка со партии и пратеници кои се за продолжување на европскиот пат на земјата. Пратениците вчера и во попладневниот дел од продолжението на 104-тата собраниска седница продолжија со дебатата за Предлогот за разрешување на министри и заменици-министри од Алтернатива, односно за разрешување на министерот за здравство Беким Сали. Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ во своето обраќање рече дека станува збор за разрешувања кои немаат врска со програмата на Владата која беше предложена пред само една година, туку имаат за цел и се поврзани со партиските пазарења. Во реплика Соња Мираковска од НСДП му порача дека ова не е време на ВМРО-ДПМНЕ, туку на храбри политичари кои носат храбри одлуки во интерес на граѓаните. Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека и да се изгласа оваа влада, како што рече, привидното мнозинство нема да може да овозможи нормално работење на Собранието. Тоа, додаде, ќе го видите за две до три недели од изгласувањето на владата. Фадил Зендели од БЕСА во својот говор рече дека БЕСА ќе остане опозициска партија се додека на е се одржат наредните избори, без разлика дали ќе бидат предвремени или редовни.
По неговото излагање имаше серија реплики од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во кои го поддржаа неговото тврдење. Претходно, во првиот дел седницата, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во репликата посочи дека владејачкото мнозинство го прозива ВМРО-ДПМНЕ дека не гласало за договорот со Фронтекс, но не зборува за тоа што три месеци немаше кворум, како и дека не гласале за измените на Кривичниот законик, од кои дел се поврзани со Истанбулската конвенција без да споменат дека пратеничките од оваа опозициска партија заедно со министерот за правда Никола Тупанчевски кој поднесе оставка ги направија сите амандамни на законикот. Според него, и многу коалициски партнери во оваа Влада ќе завршат како Алтернатива. Пратениците и во попладневниот дел од денешното продолжение на 104-тата собраниска седница продолжија со дебатата за Предлогот за разрешување на министри и заменици на министри од Алтернатива Мицевски потоа во обраќањето пред пленумот го повтори барањето за избори, потенцирајќи дека на Македонија и требаат нови прогресивни кадри. Во реплика на неговиот говор пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски рече дека оваа Влада успеа да го зголеми производството на струја за 40 отсто и оти првпат во 70 години, сите капацитети за производство на струја се ставени во функција. Премиерот Ковачевски вчера рече дека одлуката што ја донесе Демократски сојуз не претставува никакво нарушување на стабилноста на владиното мнозинство. Премиерот рече оти очекува нивните функционери да ги поднесат своите оставки, посочувајќи на заменик министерот за локална самоуправа. -Ме радува што Демократски сојуз кажа дека останува на европскиот пат и на поддршка на такви одлуки што не можеше да се потврди до сега во пракса, освен декларативно. Видовме вчера дека пратеникот на ДС не го гласаше Договорот Фронтекс, но сепак има можност во иднина своите декларации да ги покаже и во пракса. Очекувам нивните функционери да ги поднест своите оставки, тука пред се мислам на заменик министерот за локална самоуправа, изјави Ковачевски, кој вчера заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски присуствува на настан за традиционално закројување на лозје во село Ресава во Кавадарци.
Премиерот Димитар Квачевски денеска соопшти дека владиното мнозинство е силно и стабилно, а реконструкцијата на Владата ќе помине со над 64 гласа. Како коалициска Влада, додаде тој, остануваат отворени за сите политички партии, поединци и организации кои се за продолжување на европскиот пат на државата и за полноправно зачленување во ЕУ. -Се надевам дека како искусен политичар господинот Трајанов нема да се доведе во ситуација како Мицкоски да стане заложник на Апасиев, рече Ковачевски, истакнувајќи дека владиното мнозинство е силно и стабилно, а реконструкцијата на Владата ќе помине со над 64 гласа. Тој исто така изјави дека е отворена можноста за соработка со партии и пратеници кои се за продолжување на европскиот пат на земјата. Ковачевски ова го кажа по најавата на пратеникот Скендер Реџепи Зејд дека ќе се сретне со премиерот. -Во неколку наврати јавно кажав дека е отворена можноста за соработка со партии и пратеници кои се за продолжување на европскиот пат на земјата, кои ги поддржуваат реформите во економијата, правосудството и во сите значајни области во државата. Мојата цел е напредок на земјата и унапредување на животот на сите наши граѓани. Средби со пратениците, од различни политички партии и кои делуваат независно се нормална работа во една демократија. Во оваа насока може да има средба со кој било пратеник за прашања важни за граѓаните а коишто се во надлежност на Владата којашто ја предводам. Со господинот Реџепи сме имале и ќе имаме средби, рече Ковачевски за ТВ21. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, вчера изрази очекување овој парламентарен состав многу скоро да го заврши својот мандат и потоа, како што рече, да одиме на брзи, предвремени парламентарни избори. Прашан за коментар за излегувањето на Алтернатива и Демократски сојуз од Владата опозицискиот лидер одговори дека премиерот „слеп послушник на Али Ахмети и Артан Груби“ и дека СДСМ досега „никогаш немал послабо раководство“. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не очекува влезот на Алијанса за Албанците (АА) во Владата да ги промени работите, туку, како што изјави денеска од Општина Петровец, истите ќе -Затоа апелирам до пратеници на СДСМ, до сите оние кои минатиот период даваа знаци, рефлектираа позиции кои се различни од раководството, и покрај притисоци од полукриминални структури управувани од раководството на партијата, одважете се, застанете му на патот на раководството односно на двајца-тројца од раководството кои ја уништуваат иднината на Македонија и на македонскиот народ. Немојте да бидете заложници на Али Ахмети и да дозволите Еди Рама да ја составува идната влада. Ова е наша заедничка Македонија, за која луѓе живот давале. Не дозволувајте Ахмети и Рама да ја водат Македонија во пропаст и да биде на колена. Застанете до нас. Подадете рака како Македонец на Македонец... Тука сме, ви подаваме рака, изјави Мицкоски.
Тој рече и дека од вчера, кога Демократски сојуз соопшти дека излегува од владината коалиција, немал комуникација со лидерот на таа партија Павле Трајанов. Заменик-министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски, кој е од редовите на Демократскиот сојуз, вчера поднесе оставка од функцијата, потврди за МИА претседателот на Демократски сојуз Павле Трајанов. Повлекувањето од функцијата следува откако Демократскиот сојуз вчера ја напушти владината коалиција. Димитровски ја извршуваше функцијата заменик-министер за локална самоуправа од септември, 2020 година. Потпретседателот и пратеник на ДУИ, Изет Меџити е скептичен околу обезбедувањето на потребните гласови за гласање на реконструкцијата на Владата. Тој рече дека додека Владата обезбедува осум пратеници од Алијансата за Албанците, од парламентарното мнозинство излегуваат повеќе од осум пратеници. -Со изјавата на премиерот дека имаат 64 пратеници, кога вели тој, мислам дека е да се одржи смиреноста внатре во структурата, внатре во мнозинството и ова говори дека немаат ниту 64. Фактички се потврдува тоа што сум го кажал во континуитет дека сигурно ова говори дека е политичка акробација која нема врска со обединување за Европа, ниту зголемување на мнозинството или стабилизирање на мнозинството, бидејќи гледаме дека осум пратеници можат да влезат, но веќе осум излегуваат. Има најави за повеќе заминувања од владиното мнозинство, рече Меџити во изјава за ТВ21. Партијата Демократска унија за интеграција-ДУИ синоќа во Битола одржа средба со членови и симпатизари на таа партија, која како што беше посочено е составен дел на внатрешните демократски про Меџити потенцира дека со реконструкцијата на Владата, ДУИ има изгубено 20 проценти од моќта. Посочува дека ДУИ направила промени во извршната власт, прекршувајќи го статутот на партијата.
-Без да одлучи мнозинството, без да се земе мислењето од Генералниот совет, се отстранува еден од оние млади кои рекоа дека ќе застанеме зад него, односно господинот Насер Нуредини, министер за екологија, која и се дава на Алијансата за Албанците, бидејќи тој е надомест за Министерството за правда. Без да се праша некој, со голема леснотија на Алијансата за Албанците и се дава ресорот на поранешниот претседател на огранокот на партијата, односно заменик-министерот за одбрана Башким Хасани. ДУИ е веќе минус 20 проценти од моќта што ја имаше, кршејќи го статутот и без бенефит. Веќе се изјаснуваат дека имаат 64 пратеници, но ќе видиме како ќе биде до крај, рече Меџити. Засега е неизвесно до кога ќе трае заседанието за реконструкција на Владата, од причина што според собранискиот Деловник, за разрешување на министри се предвидува седница за која времето за дискусија не е ограничено. Според член 221 од Деловник, Предлогот за разрешување на член на Владата, претседателот на Владата го поднесува во писмена форма до претседателот на Собранието и може да го образложи. По предлогот за разрешување на член на Владата, Собранието одлучува на првата наредна седница. - По предлогот за разрешување на член на Владата се отвора претрес. Членот на Владата за кого е поднесен предлог за разрешување може да се изјаснува по предлогот во траење од 15 минути, се посочува во членот 221 од собранискиот Деловник.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sobranieto-prodolzhuva-raspravata-za-rekonstruktsija-na-vladata/feed/ 0
Заврши претпоследниот ден од амандманската расправа по Предлог-буџетот, продолжението закажано в понеделник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-pretposledniot-den-od-amandmanskata-rasprava-po-predlog-budzetot-prodolzenieto-zakazano-v-ponedelnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-pretposledniot-den-od-amandmanskata-rasprava-po-predlog-budzetot-prodolzenieto-zakazano-v-ponedelnik/#respond Fri, 09 Dec 2022 20:15:32 +0000 https://kurir.mk/?p=773409

Собраниската комисија за финансирање и буџет вечерва ја прекина амадманската расправа по Предлог-буџетот за 2023 година и продолжението го закажа за понеделник. Денешниот, шести ден од амандманската расправа, помина во разгледување на амандмани од кои повеќето се однесуваа на изградба на регионални и локални патишта и на водоснабдителни системи. Министерството за финансии прифати неколку амандмани, но во видоизменета форма. Со еден се бараше пренамена на финансиски средства во Министерството за транспорт и врски кои ќе бидат наменети за изготвување на техничка документација за изградба на технички пат до депонијата во општина Новаци, а со друг да се одвојат средства за проширување на улицата од плоштадот во Штип до мостот кај хотелот Оаза со што ќе се олесни сообраќајот во ударните термини и ќе се зголеми безбедноста на пешаците. Беше прифатен и амандман од опозицијата со кој се бараше да се реализира проект за алтернативни извори за водоснабдување на Охрид. Во текот на попладневниот дел од расправата беа повлечени неколку амандмани од страна на предлагачите. Во понеделник е последниот ден од амандманската расправа по што Предлог-буџетот треба да оди на пленарна седница. За Предлог-буџетот беа поднесени вкупно 263 амандмани од кои околу 200 од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Во Предлог-буџетот за следната година растот е проектиран на 2,9 отсто, а инфлацијата на 7,1 отсто. Вкупните приходи се планирани на ниво од 282 милијарди денари и се повисоки за 14,8 проценти во однос на 2022 година, а расходите на ниво од 324,8 милијарди денари или се за 12,6 проценти повисоки во однос на 2022 година. Буџетскиот дефицит е на ниво од 4,6 проценти од планираниот БДП. За капитални расходи, пак, се планирани 48,9 милијарди денари или за околу 52,3 отсто повеќе во однос на планот за 2022 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-pretposledniot-den-od-amandmanskata-rasprava-po-predlog-budzetot-prodolzenieto-zakazano-v-ponedelnik/feed/ 0
Во матичната собраниска комисија продолжи расправата за предлогот Тодор Витларов да биде уставен судија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-matichnata-sobraniska-komisija-prodolzi-raspravata-za-predlogot-todor-vitlarov-da-bide-ustaven-sudija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-matichnata-sobraniska-komisija-prodolzi-raspravata-za-predlogot-todor-vitlarov-da-bide-ustaven-sudija/#respond Wed, 07 Sep 2022 10:37:27 +0000 https://kurir.mk/?p=729831

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ја продолжи расправата за предложените кандидати за уставни судии. Продолжи расправата за предлогот Тодор Витларов, вработен во Вишото јавно обвинителство во Штип, да биде уставен судија. Пратеникот Игор Здравковски од ВМРО-ДПМНЕ на седницата посочи дека сите овие кандидати за уставни судии кои се предложени и усвоени, се дел од системот кој направи доверба во судството од 8 проценти. -Доколку видиме дека овие кандидати се дел од системот кој што ја донесоа државата во однос на индексот на корипцијата од 66-то на 111-то место, ќе сфатиме дека нешто смрди во државата. Ќе сфатиме дека и понатаму мнозинството и она што се договара на Бихаќка апсолутно нема никаква намера да се подобри во иднина, рече Здравковски Според пратеникот, функцијата уставен судија е можеби најмоќната функција во државата, дури помоќна и од функцијата претседател на државата затоа што ги има речиси истите права, но двојно подолг мандат. Здравковски смета дека од предложените кандидати на СДСМ никој не се истакнува со нешто видливо во однос на работата и оти немаат импресивна кариера. Според него, изгласаната кандидатката Татјана Васиќ Бозаџиева има нула напишани трудови и нула правни успеси, а кандидатот Тодор Витларов позади себе има импресивна кариера и тоа е она што го истакнува за разлика од останатите правници. Според пратеничката Јадранка Поцкова од ВМРО-ДПМНЕ, се дава поддршка на партиски послушници и поданици, а не на квалитетот и капацитето на кандидатите или пак на нивниот интегритет. Пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ во своето обраќање денеска рече дека ваквиот начин на избор на уставни судии нема да влезе во скринингот што треба да го започне Европската Комисија, бидејќи, како што рече, ќе изгледа дебело разочарувачки. -Ваков избор на судии не е добар. Една власт која се декларира за проевроспска и ги почитува европските вредности требаше да премине кон разговор со опозицијата и сите чинители во општеството за да се изнајде законско решение по кои критериуми и како ќе се избираат уставни судии. Според ова, очигледно е дека критериуми нема. Една проевропска власт ќе седнеше со опозицијата и ќе договореше кандидати кои ќе бидат гордост и за опозицијата и за власта и за цела држава, и ке имаше со што да се пофалат во домашната и во меѓународната јавност, рече Петрушевски. Според Петрушевски, Кацарска беше ниту морално ниту стручно соодветна да биде уставен судија. Таа е, како што рече, синоним за неправда. -За разлика од ваквите ликови како Кацарска и од вакви кандидати како Јолески, Васиќ, имаме и неколку биографии кои за жал нема да бидат поддржани од СДСМ. Намерно власта не дозволи сите овие предложени кандидати, без ралика од која политичка партија се, да дојдат тука, да ја елаборираат својата кандидатура и да одговараат на прашања на пратеници, за сите да дојдеме до вистинската слика за кандидатите, рече Петрушевски. Тој напомена дека кандидатот Тодор Витларов е доктор на правни науки, и во своето богато CV тој бил основен јавен обивнител во Штип, виш јавен обвинител во Штип во неколку наврати, член на Советот на јавни обвинители на Северна Македонија и повторно виш јавен обвинител во Штип – функција која ја зивршува и ден денес. Инаку, изминативе денови, на седницата, членовите на Комисијата ја изгласаа кандидатката Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство, да биде предложена до Собранието за судија на Уставниот суд. Пратениците досега, освен за Васиќ Бозаџиева, дадоа поддршка и за кандидатурата на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје Фатмир Скендер. Тие, како и Јовески, се предложени од владејачките партии. Од шестмината кои се предлози од ВМРО-ДПМНЕ, досега е одбиена кандидатурата на универзитетската професорка Родна Живковска. Предлози на опозицијата се и универзитетскиот професор Саво Климовски, судијата во пензија Бранко Секуловски, судијката од Управниот суд Весна Јовановска, обвинителот Тодор Витларов и Војислав Димовски јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид. Седницата на Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата ќе продолжи во петок во 13 часот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-matichnata-sobraniska-komisija-prodolzi-raspravata-za-predlogot-todor-vitlarov-da-bide-ustaven-sudija/feed/ 0
Црна Гора: Парламентот утре ќе расправа за разрешување на владата на Дритан Абазовиќ, неизвесен е исходот од гласањето https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-parlamentot-utre-kje-rasprava-za-razreshuvanje-na-vladata-na-dritan-abazovikj-neizvesen-e-ishodot-od-glasanjeto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-parlamentot-utre-kje-rasprava-za-razreshuvanje-na-vladata-na-dritan-abazovikj-neizvesen-e-ishodot-od-glasanjeto/#respond Thu, 18 Aug 2022 08:21:57 +0000 https://kurir.mk/?p=720340

Подгорица, 17 август 2022 (МИА) – Собранието на Црна Гора утре треба да гласа за иницијативата за смена на владата на Дритан Абазовиќ, но исходот од тоа гласање се уште е неизвесен, пренесе Бета. Смената на владата, само 50 дена по нејзиното формирање, побараа 36 претставници на Демократската партија на социјалистите (ДПС), Социјалдемократската партија (СДП), социјалдемократите (СД), Либералната партија (ЛП) и Демократскиот сојуз на Албанците, што не е доволно мнозинство за гласање недоверба. За пад на Владата потребен е гласот на 41 од вкупно 81 пратеник во Парламентот на Црна Гора. На резултатот од гласањето може да влијае ставот на демократите на поранешниот претседател на Собранието Алекса Бечиќ, кои имаат девет пратеници и чие претседателство денеска треба да одлучува за ова. Демократите во вторникот заедно со коалицијата собрана околу Демократскиот фронт (ДФ) поднесоа посебна иницијатива за смена на владата и изгласување недоверба на претседателката на Собранието, Данијела Ѓуровиќ, а таа седница е закажана за 2 септември. Шефот на пратеничката група на демократите, Борис Богдановиќ, вчера изјави дека „има многу причини за падот на нелегитимната влада и парламентарното мнозинство“, но дека нивната одлука „нема никаква врска“ со потпишувањето на Основниот договор со Српската православна црква (СПЦ), која ја поддржа неговата партија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-parlamentot-utre-kje-rasprava-za-razreshuvanje-na-vladata-na-dritan-abazovikj-neizvesen-e-ishodot-od-glasanjeto/feed/ 0
Комисиска расправа за имени и дополнувања на Законот за работни односи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisiska-rasprava-za-imeni-i-dopolnuvanja-na-zakonot-za-rabotni-odnosi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisiska-rasprava-za-imeni-i-dopolnuvanja-na-zakonot-za-rabotni-odnosi/#respond Thu, 02 Jun 2022 13:52:02 +0000 https://kurir.mk/?p=685632

Собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска расправаше по изменувањата и дополнувањата на Законот за работните односи, поднесени од група пратеници од парламентарното мнозинство, а се однесуваат на дел од одредбите за недела неработен ден, но и за продолжување на мандатот на судии и јавни обвинители, односно зголемување на старосната граница кога тие можат да одат во пензија и таа да изнесува 67, наместо 64 години. Продолжувањето на мандатот на судиите и јавните обвинители за три години, според предлагачите, се бара поради тоа што може да се јави нивен недостиг поради тоа што процедурата потребна за обуки, а потоа и за избор на нови судии и јавни обвинители. Жаклина Лазаревска од СДСМ, која е еден од предлагачите на законот, појасни дека почетната обука на кандидатите за судии и јавни обвинители трае две години, а по нивен избор за судии/обвинители, првите пет години судат на предмети кои не се од сложен карактер. Имајќи ги во предвид роковите утврдени за влез во Академијата, па се до нивниот избор, настаната е ситуација одредени судии и јавни обвинители во тој период да заминат во пензија и да им престане работниот однос по сила на законот. Од друга страна, во тој период, кандидатите за судии и јавни обвинители се уште нема да бидат дел од правосудниот систем и ова ќе доведе до намалување на бројот на судии и обвинители кои треба да се справат со редовниот прилив на предмети, а со тоа и со вршењето на овие две функции во целина. Според пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, овие измени во делот на мандатот на судиите се крајно проблематични и се отвора можност за класификација на судиите и јавните обвинители на подобни и неподобни, послушни и непослушни како и можност за уште поголема и подлабока партизација на судството. Дополнително, нагласија тие, според стандардите на ЕУ, бројот на судии во однос на бројот на население е голем. Проблемот велат, не е во малубројноста, туку во партизираноста и неажурноста. Пратеникот Дајанчо Ефтимов истакна дека уште поголем проблем со овие измени за чие донесување е потребно просто мнозинство, би се дерогирале одредби од законско решение за судови кои, како што рече, се носи со двотретинско мнозинство. Дополнително, нагласи, сите овие измени за судиите и јавните обвинители во овој закон, СДСМ се обидува да ги протне во сенка на измените кои се однесуваат на „недела неработен“ ден кои се дел од истиов предлог закон и каде се направени измени кои што ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ посочувавме уште кога се носеше законот. Тој побара измените кои се однесуваат за судиите и јавните обвинители да бидат тргнати од овој предлог закон, и оти тие како пратеничка група ќе дадат придонес за измените кои се однесуваат за „недела неработен ден“. Седницата на Комисијата беше прекината, а продолжението ќе биде дополнително закажано. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisiska-rasprava-za-imeni-i-dopolnuvanja-na-zakonot-za-rabotni-odnosi/feed/ 0
Во Собранието расправа за финансискиот план на РКЕ за 2022 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sobranieto-rasprava-za-finansiskiot-plan-na-rke-za-2022-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sobranieto-rasprava-za-finansiskiot-plan-na-rke-za-2022-godina/#respond Thu, 31 Mar 2022 14:23:56 +0000 https://kurir.mk/?p=656444

Пратениците денеска расправаа за Предлогот на финансиски план на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) за 2022 година, во рамки на 54 седница. За пратениците од опозицијата, финансискиот план на Регулаторната комисија за 2022 година, е неиздржан во услови на енергетска, пандемска, мигрантска и топлинска кризна состојба во државата, а регулаторите си дозволуваат највисок износ на расходни во однос на претходните години. Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска потенцира дека и покрај кризата во државата, Владата дала позитивно мислење за финансискиот план на РКЕ, според кој е предвидено ова регулаторно тело дневно да има на располагање околу 5.500 евра. – РКЕ за 2022 година предвидела да троши за кафе 83 евра на ден. РКЕ предвидела 30 проценти поскапа струја и 39 отсто повеќе за бензин и нафта. Таа предвидела 1.700 евра месечно за одржување на зградата, а објектот е нов, дел од проектот „Скопје 2014“. Како тоа ви се потребни 450.000 денари за печатарски услуги? РКЕ предвидела и четири милиони денари за службени патувања, рече Ласовска, додавајќи дека во државата над 500.000 граѓани живеат со две евра на ден. Таа упати критика и за работењето на РЕК „Битола“, која го намалила производството на струја за половина. Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски реплицирајќи и на Ласовска рече Комисијата набавува струја од слободниот пазар за енергија, каде што цената е зголемена, а со тоа се зголемени и предвидените средства за електрична енергија. – РКЕ ја регулира цената за домаќинствата и малите потрошувачи и точно е од 1 јануари 2022 година цената на електричната енергија се зголеми за 9,48 отсто. Набавка на електрична енергија на слободен пазар нема никаква врска со регулиран пазар на електрична енергија. Би било добро да не ги мешаме тие две работи. Во однос на одржувањето на зградата, сакам да кажам дека таа нема употребна дозвола. Институциите не дозволуваат да добиеме употребна дозвола, бидејќи зградата е изградена без соодветно сообраќајно решение. Зградата се распаѓа, тече од сите страни вода на секој дожд. Не протекува само кога не врне, вели Бислимовски.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sobranieto-rasprava-za-finansiskiot-plan-na-rke-za-2022-godina/feed/ 0
Завршува расправата за Предлог-буџетот за 2022 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshuva-raspravata-za-predlog-budzetot-za-2022/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshuva-raspravata-za-predlog-budzetot-za-2022/#respond Thu, 16 Dec 2021 06:31:12 +0000 https://kurir.mk/?p=609086

Во Собранието денеска завршува расправата за Предлог-буџетот за 2022 година и се очекува тој да биде донесен. Предлог-буџетот тежи 4,4 милијарди денари. Вкупните расходи се планирани на ниво од 272,4 милијарди денари или 35,2 проценти од БДП, а вкупните приходи се проектирани на ниво од 238,9 милијарди денари или 30,9 проценти од БДП. Дефицитот е на ниво од 33,5 милијарди денари или 4,3 проценти од БДП. Капиталните инвестиции се повисоки од буџетскиот дефицит и изнесуваат 37,8 милијарди денари, што е за околу 27 проценти повеќе во однос на 2021 година. Запазено е т.н. „златно правило во финансиите“, односно буџетскиот дефицит е помал од капиталните расходи. Во текот на изминатите денови, на пленарната седница беа изнесени различни ставови од страна на опозицијата и парламентарното мнозинство. Пратениците од власта со став дека буџетот е развоен и со него ќе се забрза економскиот раст, ќе се обезбеди непречено функционирање на основните функции на државата и им се дава поддршка на реформските процеси во правосудството и на евроинтеграциските процеси. Буџетот, според нив, е донесен низ транспарентен и инклузивен процес за што доказ е прифатените 23 амандмани во вкупна вредност од околу 382 милиони денари од кои поголем дел се од опозицијата. За опозицијата, буџетот е нереален и неразвоен со голем број капитални инвестиции кои нема да се реализираат. Граѓаните, според опозицијата, нема да добијат ништо за да се подобри нивното секојдневно живеење. Забелешки имаа и на тоа дека се намалени средствата за привлекување на странски инвестиции и дека не се планирани средства за аерозагадувањето. Од Алијанса на Албанците се изјаснија дека нема да гласаат за Предлог-буџетот затоа што, според нив, приоритетите во него се нереални, има отсуство на транспаретност, загрижува нивото на јавниот долг и постојат причини поради кои може да не се реализира предвидената стапка на економски раст. Предлог-буџетот беше усвоен на 30 октомври од страна на Владата заради запазување на роковите за донесување, а поради изборниот молк, соопштението од владината прес-служба беше објавено на 1 ноември. Предлог-буџетот потоа беше доставен до Собранието каде помина низ десетдневна расправа во собраниската Комисија за финансирање и буџет и повторно вратен во Владата каде беа прифатени 23-те амандмани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshuva-raspravata-za-predlog-budzetot-za-2022/feed/ 0