распределба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 30 Jul 2021 14:14:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png распределба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОИ: Почна распределбата на медали во атлетика, првото одличје за Барега https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/oi-pochna-raspredelbata-na-medali-vo-atletika-prvoto-odlichje-za-barega/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/oi-pochna-raspredelbata-na-medali-vo-atletika-prvoto-odlichje-za-barega/#respond Fri, 30 Jul 2021 14:14:38 +0000 https://kurir.mk/?p=544077

Селемон Барега од Етиопија го освои денеска првиот златен медал на атлетските натпреварувања на Игрите во Токио со триумфот на трката на 10.000 метри. Барега победи со време од 27:43:22 минути, оставајќи го зад себе светскиот првак и светски рекордер Џошуа Чептеги од Уганда., кој низ целта мина со време од 27:43:63. Уганда во трката на 10.000 метри го освои и бронзениот медал со успешниот настап на Џејкоб Киплимо, кој заврши третопласиран со време од 27:43:88.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/oi-pochna-raspredelbata-na-medali-vo-atletika-prvoto-odlichje-za-barega/feed/ 0
На Барселона не и се допаѓа начинот на кој УЕФА и ФИФА ги делат приходите https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/na-barselona-ne-i-se-dopagja-nachinot-na-koj-uefa-i-fifa-gi-delat-prihodite/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/na-barselona-ne-i-se-dopagja-nachinot-na-koj-uefa-i-fifa-gi-delat-prihodite/#respond Wed, 21 Apr 2021 12:56:48 +0000 https://kurir.mk/?p=500389

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта се состана со главниот тренер Роналд Куман и четворицата капитени на каталонскиот клуб за да ја разјасни позицијата на клубот во Супер лигата на Европа. Според „Мундо Депортиво“, синоќа Лапорта разговарал со Куман, а утрово со капитените на Барселона. Тој кажал дека Барса мора да ги брани своите интереси при создавањето на Супер лигата. Со оглед на сериозната економска криза што ја доживуваат фудбалските клубови поради пандемијата на коронавирусот, потребно е да се бара начин да се остварат дополнителни приходи. Според Лапорта, клубовите добиваат премалку пари од распределбата на приходите од УЕФА и ФИФА, особено од Лигата на шампионите. Лапорта одржува контакти со сите страни во оваа ситуација – со клубовите основачи на Супер лигата, со националните фудбалски федерации и со меѓународните фудбалски организации. Куман и капитените на Барселона изразиле разбирање за ставот на Лапорта и ги прифатија неговите објаснувања. Барселона е еден од четирите клубови основачи на Супер лигата кои допрва треба да го соопштат повлекувањето од турнирот. Осум тимови веќе го напуштија проектот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/na-barselona-ne-i-se-dopagja-nachinot-na-koj-uefa-i-fifa-gi-delat-prihodite/feed/ 0
Франција очекува распределба на вакцини за Ковид 19 во ЕУ според бројот на жители https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-ochekuva-raspredelba-na-vakcini-za-kovid-19-vo-eu-spored-brojot-na-ziteli/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-ochekuva-raspredelba-na-vakcini-za-kovid-19-vo-eu-spored-brojot-na-ziteli/#respond Mon, 15 Jun 2020 13:49:30 +0000 https://kurir.mk/?p=358219

Договорот меѓу британската компанија „Астра Зенека“ и Франција за вакцина за вирусот Ковид-19 предвидува дистрибуција на вакцината меѓу земјите на ЕУ пропорционално со бројот на жители, изјави денеска претставник на Кабинетот на францускиот претседател. Минатиот викенд, британската фармацевтска компанија потпиша договор со европските влади за набавка на повеќе од 400 милиони дози потенцијална вакцина за Ковид 19. Договорот беше потпишан од европскиот Сојуз за вклучување вакцини (ИВА), кој беше основан од Франција, Германија, Италија и Холандија со цел да се обезбеди вакцината за сите членки на Европската унија што е можно поскоро. – Договорот се заснова на принципот на пропорционална дистрибуција на вакцините, според бројот на жители. Баравме вакцината да се произведува во Европа и така е договорено, вели претставникот од Кабинетот. Според него, Франција се надева дека слични договори наскоро ќе бидат склучени и со други фармацевтски компании. Вакцините сè уште се во фаза на клиничко тестирање, а ќе бидат наменети за сите земји на ЕУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-ochekuva-raspredelba-na-vakcini-za-kovid-19-vo-eu-spored-brojot-na-ziteli/feed/ 0