распуст – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 25 Jul 2023 15:52:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png распуст – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Учениците ќе добијат пролетен распуст, но учебната година ќе заврши подоцна – ова се деталите од новата одлука https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchenitsite-ke-dobijat-proleten-raspust-no-uchebnata-godina-ke-zavrshi-podotsna-ova-se-detalite-od-novata-odluka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchenitsite-ke-dobijat-proleten-raspust-no-uchebnata-godina-ke-zavrshi-podotsna-ova-se-detalite-od-novata-odluka/#respond Tue, 25 Jul 2023 15:52:49 +0000 https://kurir.mk/?p=859945

Во учебната 2023/2024 основците и средношколците ќе имаат и пролетен распуст. На денешната седница, Владата, на предлог на Министерството за образование и наука, одлучи учебната година  да почне на 1 септември а првото полугодие да заврши на 29 декември 2023 година. Од 30 декември учениците ќе користат зимски одмор, а второто полугодие почнува на 22 јануари. Во периодот од 29 април до 5 мај 2024 година, учениците ќе бидат на пролетен распуст. Учебната година ќе трае до 17 јуни, а летниот одмор почнува на 18 јуни и завршува на 31 август 2024 година.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchenitsite-ke-dobijat-proleten-raspust-no-uchebnata-godina-ke-zavrshi-podotsna-ova-se-detalite-od-novata-odluka/feed/ 0
Предлог: Учебната година да започне подоцна, а да заврши на крајот на јуни – се бара и пролетен распуст https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlog-uchebnata-godina-da-zapochne-podotsna-a-da-zavrshi-na-krajot-na-juni-se-bara-i-proleten-raspust/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlog-uchebnata-godina-da-zapochne-podotsna-a-da-zavrshi-na-krajot-na-juni-se-bara-i-proleten-raspust/#respond Mon, 19 Jun 2023 11:21:50 +0000 https://kurir.mk/?p=847377

Предлогот училишната година да започне подоцна, а не на 1 септември, не е доставен до Владата, изјави денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири одговарајќи на новинарско прашање дали наставниците и синдикатите се консултирани за предлогот на МОН училишната година да започне на 11 септември, да има пролетен распуст и да заврши кон крајот на јуни. -Се уште не е доставен предлогот до Влада. Тоа е дискусија што почна заедно со синдикатите, одговори министерот, појаснувајќи дека иако кај нас новата учебна година започнува на 1 септември, во други земји таа стартува подоцна. Тој нагласи дека Владата ќе одлучи како е подобро за образовниот процес, нагласувајќи дека овие промени може да се реализираат и од септември, за што, според него, има доволно време. -Доколку одлучиме за 1 септември, ќе биде петок. Доколку се одлучиме за втората варијанта, тоа е во средината на месец септември. Третата варијанта е почеток од 1 септември, но, исто така учениците да имаат пролетен распуст, појасни Шаќири. Прашан дали новата учебна година ќе започне без проблеми, министерот одговори дека смета оти таа ќе биде една од поуспешните во делот на доставување на учебници уште од самиот старт. Министерот беше прашан дали ќе има одговорност за тоа што биле пробиени тестовите на матурскиот испит. -Имам побарано од Државниот испитен центар и Советот да ги има предвид сите закони и секое прекршување, да има заклучоци за образовниот процес во дел на препишување на државната матура. Ако имаше пробивање во дел на државната матура, ќе имаше други чекори. Но, и ние како општество во наредниот период сите да дадеме придонес за вакви случувања да има што помалку во образовниот процес, нагласи Шаќири. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlog-uchebnata-godina-da-zapochne-podotsna-a-da-zavrshi-na-krajot-na-juni-se-bara-i-proleten-raspust/feed/ 0
Учениците одат на распуст, од утре пријавување за упис во средните училишта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchenicite-odat-na-raspust-od-utre-prijavuvanje-za-upis-vo-srednite-uchilishta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchenicite-odat-na-raspust-od-utre-prijavuvanje-za-upis-vo-srednite-uchilishta/#respond Thu, 09 Jun 2022 05:21:05 +0000 https://kurir.mk/?p=688588

За околу 255 илјади основци и средношколци денеска е последниот училиштен ден во учебната 2021/2022. Годината завршува во редовниот термин и покрај одложениот почеток на второто полугодие за десетина дена, поради влошената состојба со КОВИД-19, како и загубените 12 дена од наставата во април додека траеше штрајкот на СОНК. Учебната 2021/2022 почна со физичко присуство за сите ученици. Првпат од затворањето на 11 март 2020 поради пандемијата, училиштата лани во септември беа отворени во нивниот полн капацитет, со примена на соодветни антиковид-протоколи. Учениците ја следеа наставата со заштитни маски до пред околу два месеца кога по препорака на Комисијата за заразни болести оваа мерка за нив веќе не беше задолжителна. Новина во учебната 2021/2022 беше Концепцијата за основно образование која почна да се применува во прво и четврто одделение. Во наредната 2022/2023 година таа ќе продолжи да се воведува во второ и петто одделение за што Бирото за развој на образованието изработи нови наставни програми. Планот на МОН е етапно да биде воведена во сите одделенија и за пет години деветгодишното основно образование да биде целосно реформирано. Од утре, 10 јуни, до 15 јуни ќе трае електронското аплицирање за запишување во средните училишта. Новата дигитална услуга која ја воведува Министерството за образование и наука од оваа година, на учениците ќе им заштеди време и ќе бидат избегнати турканици пред училиштата. Учениците за упис во прва година средно образование првпат ќе се пријавуваат преку линк до порталот за електронски услуги на МОН https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава на нивните кориснички сметки на schools.mk. За првото пријавување на учениците во конкурсниот рок, порталот ќе биде отворен утре во 10 часот и учениците ќе може да ги пополнуваат своите пријави (апликации) до 15 часот на 15 јуни. Системот потоа ќе биде затворен за онлајн-аплицирање. Прелиминарната ранг-листа на запишани ученици ќе биде објавена на 16 јуни на веб-страницата на МОН (www.mon.gov.mk) и на https://e-uslugi.mon.gov.mk најдоцна до 9 часот. Доставувањето на потребената документација до училиштата ќе биде на 16 јуни од 12 до 19 часот и на 17 јуни од 7 до 19 часот, согласно распоред што ќе го подготви секое училиште. Речиси 16 илјади матуранти, пак, в понеделник, 13 јуни, ќе го полагаат вториот дел од државната матура – изборниот екстерен испит од предметите: Математика, Англиски јазик, Германски јазик, Француски јазик, Руски јазик, Филозофија или Естетика. Првиот екстерен испит – задолжителниот Мајчин јазик и литература (македонски, албански или турски) матурантите го полагаа во саботата. Државниот испитен центар треба да ги објави резултатите од двата испита најдоцна за 30 дена. Тие што нема да ја положат државната матура или не во целост, ќе имаат втора можност во августовската сесија кога екстерните испити ќе се полагаат на 10 и на 12 август.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchenicite-odat-na-raspust-od-utre-prijavuvanje-za-upis-vo-srednite-uchilishta/feed/ 0
Дали учениците и следниот месец ќе останат дома, ќе се знае до крајот на неделата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-uchenicite-i-sledniot-mesec-kje-ostanat-doma-kje-se-znae-do-krajot-na-nedelata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-uchenicite-i-sledniot-mesec-kje-ostanat-doma-kje-se-znae-do-krajot-na-nedelata/#respond Wed, 26 Jan 2022 12:19:23 +0000 https://kurir.mk/?p=623175

До крајот на неделата на седница на Влада ќе биде донесена одлука дали наставата во второто полугодие од 1 февруари ќе почне со физичко присуство или онлајн, а МОН ќе има состаноци со надлежните во здравство, соопшти денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири. – До крајот на неделата ќе имаме состаноци и пред почетокот на второто полугодие ќе се има и ставот на Комисијата за заразни болести и на Кризниот штаб. Ги имаме предвид и повиците од УНИЦЕФ, кое е за физичко присуство на настава, а и ние сите, и наставниот кадар, свесни сме за придобивките од физичкото присуство. И според податоците, во првото полугодие, имавме многу мал број на заразени деца. Нашата одлука ќе беше лесна ако ја имавме истата варијанта од вирусот како што беше во септември и октомври. Сега има нова варијанта, но и тоа не значи дека почетокот на второто полугодие со физичко присуство ќе го зголеми бројот на заразени, изјави Шаќири. Тој посочи дека градинките се постојано отворени, функционираат и други сектори, а за него како министер најважно е што децата одвај чекаат да почне учебната година. Шаќири нагласи дека е важно да се почитуваат здравствените мерки и дека за заштита и претпазливост од КОВИД-19 не треба да се мисли само во училиштата, туку е важно и однесувањето надвор од нив. – Не значи дека ако нема настава, повеќе ги почитуваме препораките отколку кога сме на настава, рече Шаќири на прес-конференција при посетата на Државниот универзитет во Тетово. Каква и да биде одлуката, рече тој, МОН ќе биде во постојана комуникација и секој ден ќе има средби со директорите на основните и на средните училишта ако наставата биде со физичко присуство. – До крајот на неделата ќе има конечна одлука и каква и таа да биде – физичка настава или онлајн, коментарите ќе бидат различни. Но, ќе се земат сите придобивки од двете варијанти, рече министерот за образование и наука. Поради влошената епидемиoлошка состојба и проценката дека земјата се наоѓа на врвот на КОВИД-заразата, Владата на седница на 17 јануари донесе одлука за одложување на второто полугодие кое наместо на 20 јануари треба да почне на 1 февруари. Одлуката за продолжениот зимски распуст за околу 255 илјади ученици Владата ја донесе по препорака на Главниот координативен кризен штаб, а на наредната седница го утврди и бројот на наставни денови во вонредни околности со кои учебната 2021/2022 година ќе заврши во редовниот термин – 10 јуни 2022. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-uchenicite-i-sledniot-mesec-kje-ostanat-doma-kje-se-znae-do-krajot-na-nedelata/feed/ 0
Почнува распустот за учениците, ќе се одлучува како ќе продолжи наставата од септември https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-raspustot-za-uchenicite-kje-se-odluchuva-kako-kje-prodolzi-nastavata-od-septemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-raspustot-za-uchenicite-kje-se-odluchuva-kako-kje-prodolzi-nastavata-od-septemvri/#respond Thu, 10 Jun 2021 05:15:34 +0000 https://kurir.mk/?p=521291

За основците и средношколците денеска е последниот училиштен ден во учебната 2020/2021 година. Според изменетиот Календар за организација на работата на училиштата (основни и средни) почетокот беше одложен за 1 октомври, а бројот на наставни денови намален од 180 на 159. Учебната година почна еден месец подоцна поради потребата антиковид-протоколите за реализација на различни начини на настава да бидат законски усвоени во Собранието кое, пак, требаше да биде конституирано по одржаните парламентарни избори минатиот јули. Во двете полугодија образовниот процес беше организиран по комбиниран модел – мнозинството ученици следеа настава на далечина, главно преку платформата Мајкрософот тимс, а на часови со физичко присуство беа најмалите до трето одделение и од повисоки одделенија во помали училишта – подрачни и во рурални средини. Ученици без ИТ-уреди имаа можност за настава на Македонската радио-телевизија и добиваа печатени материјали. МОН во соработка со Комисијата за заштита од заразни болести и Министерството за здравство, ќе утврдува како ќе се реализира наставата во 2021/2022, што ќе зависи од состојбата со коронавирусот во земјава. Министерката Мила Царовска вчера изјави дека е во постојана комуникација со премиерот и министерот за здравство во врска со враќањето на учениците на 1 септември во училиштата. -Сите ние имаме една иста желба, а тоа е во септември да ги видиме училишните дворови полни со детски насмевки, училниците да се полни со ученици, а тоа најмногу ќе зависи од епидемиолошката состојба, рече Царовска. За учениците кои завршуваат основно образование, од понеделник (14 јуни) претстои пријавување за упис во средните училишта во кои, според објавениот Конкурс, слободни се 30 053 места во 913 паралелки во 109 средни училишта. Матурантите, пак, утре ќе го полагаат вториот екстерен испит од државната матура кој е изборен меѓу предметите математика, странски јазик, филозофија или естетика. Првиот, задолжителен испит по мајчин јазик (македонски/албански/турски јазик и литература) го полагаа во саботата. Поради отежнатите услови за настава и на барање на Сојузот на средношколци, за оваа генерација матуранти е изменет концептот на државната матура откако во февруари беше постигнат договор со Владата – полагаат еден екстерен испит помалку од минатите години и имаат тестови по скратени наставни програми за сите испити (екстерни и интерни). Во текот на оваа учебна година Министерството за образование и наука подготви и најави повеќе новини за наредната. Во март ја усвои новата Концепција за основно образование според која ќе се учи по нови наставни програми. Од септември тие најпрво ќе бидат воведени во прво и во четврто одделение и веќе се изработени, а во наредните пет години се планира за целото основно образование. МОН изработи и нов закон за учебници со цел да се применуваат дигитални содржини. Според планот, од 2021/2022 дигитални учебници ќе бидат во употреба за четвртоодделенците, а во идните години во повисоките одделенија во основното, како и во средното образование. За учениците до трето одделение ќе останат во употреба печатените (хартиени) учебници. Предлог-законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование е во процедура во Собранието, а поради барања тој да биде повлечен, законодавниот дом прими и предлог на иницијатива од родители да се распише референдум за непосредно изјаснување на граѓаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-raspustot-za-uchenicite-kje-se-odluchuva-kako-kje-prodolzi-nastavata-od-septemvri/feed/ 0
Учениците од денеска на распуст, наставата продолжува на 21 јануари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchenicite-od-deneska-na-raspust-nastavata-prodolzuva-na-21-januari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchenicite-od-deneska-na-raspust-nastavata-prodolzuva-na-21-januari/#respond Thu, 31 Dec 2020 06:09:04 +0000 https://kurir.mk/?p=450506

Основците и средношколците од денеска се на зимски распуст кој ќе трае до 20 јануари. Наредниот ден учениците ќе ја продолжат наставата од второто полугодие на учебната 2020/2021 – во училишните клупи или пред ИТ-уредите. Зимскиот распуст е во период како и во минатите години и, иако имаше барања, не беше предвремен затоа што повеќето од вкупниот број ученици во земјава наставата ја следат онлајн, а кај оние со физичко присуство, како што информираше МОН, заразени ученици и наставници има под еден процент и училиштата не се преносители на вирусот. Оваа година првото полугодие траеше пократко, три месеци, зашто согласно со измените на Календарот за организација на работата на училиштата (основни и средни), почна еден месец подоцна, односно на 1 октомври, а бројот на наставни денови е намален од 180 на 159.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchenicite-od-deneska-na-raspust-nastavata-prodolzuva-na-21-januari/feed/ 0
Наставниците започнаа со оценување, распустот нема да почне порано https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nastavnicite-zapochnaa-so-ocenuvanje-raspustot-nema-da-pochne-porano/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nastavnicite-zapochnaa-so-ocenuvanje-raspustot-nema-da-pochne-porano/#respond Tue, 17 Nov 2020 08:29:01 +0000 https://kurir.mk/?p=430488

Зимскиот распуст не треба да почне на 15 декември, бидејќи засега нема драстичен раст на бројките на позитивни наставници и ученици во училиштата. За да има логика да се скрати наставата и распустот да почне порано, треба да се приложат аргументи, вели Министерката за образование и наука, Мила Царовска. -Зошто дополнително би им скратиле настава на учениците, којашто во континуитет се одвива, без да има ескалација на заразени во училиштата. Под 1 процент од вкупниот број на наставници се позитивни, а помалку од 0,06 проценти од учениците. Тоа укажува дека согласно планот по кој се одвива наставата од први октомври, наставата треба да продолжи, се додека состојбата не се промени драстично, рече Царовска во гостување на Телевизија 24. Приоритет во реформите има основното образование, формирани се работни групи, а новата концепција на основно образование од прво до деветто одделение очекувам да стартува од учебната 2021/2022, истакна министерката . – Пред да ја почнеме реформата направивме истражување во кое се вклучија околу 5.000 наставници и укажаа дека наставните програми треба да содржат промена којашто ќе го отсликува секојдневното живеење. Тоа укажува дека она што се учи во училиште учениците не го поврзуваат со секојдневното живеење, што е тенденција во цел свет. Затоа нашите ученици на ПИСА или на ПИРЛС имаат пониски резултати, затоа што знаењето не е врзано во контекст, рече Царовска. Меѓувреме наставниците започнаа со оценување на учениците, процес што треба да заврши до 20-ти ноември. Оценувањето се препорачува да се направи преку Интернет, како што е и наставниот процес. Според последниот извештај бројката на активни случаи на наставници кои биле со физичко присуство на настава е 280. Царовска ги негираше тврдењата на СОНК дека во моментот има над 1 000 заразени наставници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nastavnicite-zapochnaa-so-ocenuvanje-raspustot-nema-da-pochne-porano/feed/ 0
Царовска откри дали распустот на учениците ќе почне порано https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-otkri-dali-raspustot-na-uchenicite-kje-pochne-porano/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-otkri-dali-raspustot-na-uchenicite-kje-pochne-porano/#respond Mon, 16 Nov 2020 22:46:47 +0000 https://kurir.mk/?p=430413

Mинистерката за образование и наука, Мила Царовска, вели дека нема причина за зимскиот распуст да почне порано, бидејќи засега нема драстичен раст на бројките на позитивни наставници и ученици во училиштата. Ова го кажа Царовска во вечерашното гостување на Телевизија 24. Таа додаде дека за да има логика да се скрати наставата и распустот да почне порано, треба да се приложат аргументи. „Зошто дополнително би им скратиле настава на учениците, којашто во континуитет се одвива, без да има ескалација на заразени во училиштата. Под 1 процент од вкупниот број на наставници се позитивни, а помалку од 0,06 проценти од учениците. Тоа укажува дека согласно планот по кој се одвива наставата од први октомври, наставата треба да продолжи, се додека состојбата не се промени драстично“, рече Царовска. Според последниот извештај бројката на активни случаи на наставници кои биле со физичко присуство на настава е 280. Царовска ги негираше тврдењата на СОНК дека во моментот има над 1 000 заразени наставници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-otkri-dali-raspustot-na-uchenicite-kje-pochne-porano/feed/ 0
Заврши распустот: Учениците од денес повторно на настава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-raspustot-uchenicite-od-denes-povtorno-na-nastava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-raspustot-uchenicite-od-denes-povtorno-na-nastava/#respond Tue, 21 Jan 2020 06:34:49 +0000 https://kurir.mk/?p=292434

По тринеделен зимски распуст, учениците денес се враќаат во училишните клупи за второто полугодие од учебната 2019/2020 година. Наставата ќе продолжат да ја следат 270.000 средношколци и основци, меѓу кои околу 20.000 првачиња.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-raspustot-uchenicite-od-denes-povtorno-na-nastava/feed/ 0
Распустот заврши: Учениците утре се враќаат на настава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raspustot-zavrshi-uchenicite-utre-se-vrakjaat-na-nastava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raspustot-zavrshi-uchenicite-utre-se-vrakjaat-na-nastava/#respond Mon, 20 Jan 2020 12:55:07 +0000 https://kurir.mk/?p=292260

По тринеделен зимски распуст, учениците утре ќе се вратат во училишните клупи за второто полугодие од учебната 2019/2020 година. Наставата ќе продолжат да ја следат 270.000 средношколци и основци, меѓу кои околу 20.000 првачиња.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raspustot-zavrshi-uchenicite-utre-se-vrakjaat-na-nastava/feed/ 0