раст на цените – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 06 Jun 2022 10:18:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png раст на цените – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Угостителските услуги во мај поскапеле за 9,7 отсто на годишно ниво https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ugostitelskite-uslugi-vo-maj-poskapele-za-9-7-otsto-na-godishno-nivo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ugostitelskite-uslugi-vo-maj-poskapele-za-9-7-otsto-na-godishno-nivo/#respond Mon, 06 Jun 2022 10:18:40 +0000 https://kurir.mk/?p=687215

Цените на угостителските услуги во мај во споредба со април годинава се зголемени за 0,2 отсто, а споредено со мај лани за 9,7 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика. Споредено по групи на услуги, зголемување во мај во однос на април годинава е забележано во групите Храна за 0,3 проценти и Алкохолни пијалаци за 0,1 процент. Цените на угостителските услуги за периодот јануари – мај 2022 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 7 проценти, a во однос на декември лани зголемувањето е за 5,3 проценти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ugostitelskite-uslugi-vo-maj-poskapele-za-9-7-otsto-na-godishno-nivo/feed/ 0
Француски министер прогнозира раст на цените и во текот на 2022 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuski-minister-prognozira-rast-na-cenite-i-vo-tekot-na-2022-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuski-minister-prognozira-rast-na-cenite-i-vo-tekot-na-2022-godina/#respond Thu, 21 Oct 2021 10:39:41 +0000 https://kurir.mk/?p=583054

Цените на горивата, енергијата и на суровините ќе продолжат да растат во 2022 година, прогнозира францускиот министер за финансии Бруно ле Мер. -Многумина продолжуваат да тврдат дека зголемувањето на цената е привремено. Но, се зависи од тоа што се подразбира под тој збор. Лично, не гледам перспектива за подобрување на ситуацијата до крајот на 2022 година, изјави францускиот министерот. За време на својот говор, тој објасни дека порастот на цените се должи на недостигот на челик, алуминиум, дрва, нафтени производи и гас. Одговарајќи на многу прашања за можноста Французите да го компензираат наглото поскапување на горивата, Ле Мер нагласи дека е „за“ насочени мерки за помош на најпогодените семејства од економската ситуација. -Задачата на државата е да го заштити населението, ние мора да им помогнеме на оние што работат или бараат работа, увери министерот. Според него, доколку се воведе субвенција за скапо гориво, таа ќе биде доделена на ниско платени лица и невработени. Бруно ле Мер, исто така, го поддржа евентуалното намалување на тарифите за електрична енергија од страна на владата, кои веќе неколку недели растат во Франција. – Ако не направиме ништо, струјата ќе скокне за 15 отсто, предупреди министерот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuski-minister-prognozira-rast-na-cenite-i-vo-tekot-na-2022-godina/feed/ 0
Растат цените на производите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rastat-cenite-na-proizvodite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rastat-cenite-na-proizvodite/#respond Mon, 07 Dec 2020 11:59:26 +0000 https://kurir.mk/?p=439944

Трошоците на животот во ноември годинава се исти како во претходниот месец, а цените на мало пораснале за 0,3 отсто во споредба со минатогодишниот ноември 2019 трошоците на животот имаат зголемување од 2,2 отсто, а цените на мало зголемување од 1,8 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика, пораст на трошоците на животот во ноември во споредба сопретходниот месец е забелжан кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирите и другите коренести плодови за 13,3 отсто, маслото и маснотиите за 2,2, пивото за 0,5, жестоките пијалаци за 0,4, сирењето и урдата, прехранбените производи, неспомeнати на друго место, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0,2 отсто. Пораст на трошоците е забележан и кај гасот за домаќинствата за 2,1 отсто, електричните апарати за лична хигиена за 1,7, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 1,5, малите електрични апарати за домаќинствата за 1,2, информатичката опрема за обработка на податоци, градините, растенијата и цвеќињата за 0,8, облеката за 0,6, домашните миленици и сродните производи за 0,5, големите електрични апарати за домаќинствата, другите медицински производи за 0,4, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето за 0,2 отсто. Намалување на трошоците на животот има кај свежото и разладеното овошје за 13,3 отсто, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,7, млекото за 0,5 и месото за 0,2 отсто. Намалување на трошоците на животот е забележано и кај домашните услуги и услугите за домаќинствата за 3,1 отсто, медиумите за снимање за 2,2, моторните возила за 1,4, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 0,6, цврстите горива за 0,4, обувките, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 0,3, другите услуги за опремата за сопствен превоз, патниот патнички транспорт за 0,2 отсто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rastat-cenite-na-proizvodite/feed/ 0