ратко младиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 11 Sep 2022 18:38:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ратко младиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Хоспитализиран Ратко Младиќ: Тој е во лоша здравствена состојба, открива неговиот син https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hospitaliziran-ratko-mladikj-toj-e-vo-losha-zdravstvena-sostojba-otkriva-negoviot-sin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hospitaliziran-ratko-mladikj-toj-e-vo-losha-zdravstvena-sostojba-otkriva-negoviot-sin/#respond Sun, 11 Sep 2022 18:38:10 +0000 https://kurir.mk/?p=731408

Поранешниот воен командант на босанските Срби, Ратко Младиќ, кој отслужува доживотна казна затвор во Хаг за воени злосторства, е хоспитализиран и е во „лоша здравствена состојба“, изјави неговиот син Дарко Младиќ за АФП, пренесува Хина. Дарко Младиќ во кус телефонски разговор за Франс прес во Белград ја потврди информацијата за локалните медиуми. Тој соопштил дека поранешниот генерал е хоспитализиран веќе една недела поради неговата кревка здравствена состојба. Прво бил во цивилна болница во Хаг, а од четвртокот е во затворската здравствена установа на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови (MTPI) со седиште во Хаг. – Неговото здравје е лошо. Во Србија е подготвен тим од лекари кои би можеле да одат да го видат, но сè уште не знаеме дали ќе им биде дозволено. Ќе побараме дозвола овие лекари да го прегледаат“, изјави Младиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hospitaliziran-ratko-mladikj-toj-e-vo-losha-zdravstvena-sostojba-otkriva-negoviot-sin/feed/ 0
Потврдена доживотната затворска казна на Ратко Младиќ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/potvrdena-dozivotnata-zatvorska-kazna-na-ratko-mladikj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/potvrdena-dozivotnata-zatvorska-kazna-na-ratko-mladikj/#respond Tue, 08 Jun 2021 14:45:45 +0000 https://kurir.mk/?p=520573

Петчлениот Жалбен совет на Хашкиот Трибунал ја потврди денеска првостепената пресуда против воениот командант на босанските Срби, Ратко Младиќ, кој беше осуден на доживотен затвор од Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) во ноември 2017 година, виновен за најсериозните воени злосторства за време на војната во БиХ, вклучително и геноцидот во Сребреница. По 26 години завршува последното судење за геноцид на територијата на БиХ пред судот на Обединетите нации за поранешна Југославија. Младиќ се наоѓа во притвор во Шевенинген од 31 мај 2011 година. Тој беше уапсен од српските власти на 26 мај истата година во Лазарево кај Зрењанин и беше испорачан на Трибуналот. Судењето на генералот Младиќ траеше од 16 мај 2012 година до 15 декември 2016 година. Во текот на 530 работни дена беа сослушани 169 сведоци на обвинителството и 208 сведоци на одбраната. Писмените изјави на уште 214 сведоци беа исто така признати како докази. Прифатени беа 9.914 доказни предмети. Хашкиот трибунал го обвини генералот Младиќ за првпат на 25 јули 1995 година, а обвинението беше изменето неколкупати до 2011 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/potvrdena-dozivotnata-zatvorska-kazna-na-ratko-mladikj/feed/ 0
Попладнево ќе биде изречена правосилна пресуда за Ратко Младиќ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/popladnevo-kje-bide-izrechena-pravosilna-presuda-za-ratko-mladikj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/popladnevo-kje-bide-izrechena-pravosilna-presuda-za-ratko-mladikj/#respond Tue, 08 Jun 2021 12:36:31 +0000 https://kurir.mk/?p=520486

Жалбениот совет на Механизмот за кривични судови во Хаг ќе ја објави второстепената пресуда против поранешниот комендант на Војската на Република Српска генерал Ратко Младиќ денеска во 15 часот, објавено е на веб-страницата на Механизмот. Судскиот процес против Младиќ трае 26 години, откако против него и Радован Караџиќ беше поднесено првото, тогаш обединето обвинение. Петчлениот Жалбен совет попладнево ќе ја објави конечната пресуда против воениот командант на босанските Срби, Ратко Младиќ, кој беше осуден на доживотен затвор од Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) во ноември 2017 година, виновен за најсериозните воени злосторства за време на војната во БиХ, вклучително и геноцидот во Сребреница. И Обвинителството и одбраната на Младиќ ја обжалија пресудата. После денешната пресуда, со која или ќе се потврди неговата вина или ќе биде поништена претходната пресуда, по 26 години ќе се стави точка на последното судење за геноцид на територијата на БиХ пред судот на Обединетите нации за поранешна Југославија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/popladnevo-kje-bide-izrechena-pravosilna-presuda-za-ratko-mladikj/feed/ 0
Хаг денеска ќе ја изрече правосилната пресуда против Ратко Младиќ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hag-deneska-kje-ja-izreche-pravosilnata-presuda-protiv-ratko-mladikj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hag-deneska-kje-ja-izreche-pravosilnata-presuda-protiv-ratko-mladikj/#respond Tue, 08 Jun 2021 05:30:58 +0000 https://kurir.mk/?p=520290

Меѓународниот суд во Хаг денеска ќе ја изрече правосилната пресуда против поранешниот командант на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ, кој првостепено е осуден на доживотен затвор за геноцид и злосторства против човештвото против несрпско население за време на војната во БиХ. Бранителите и обвинителите на Младиќ исто така се жалеа на првостепената пресуда. Одбраната побара Младиќ да биде ослободен или повторно да му се суди, тврдејќи дека обвинителството не ја докажало неговата вина. Обвинителите побараа да се потврди осудувачкиот дел од првостепената пресуда, но и апелацискиот совет да го прогласи генералот Младиќ за виновен за геноцид врз муслимани и Хрвати во пет општини во БиХ. Младиќ е во притвор во Шевенинген од 31 мај 2011 година. Тој беше уапсен од српските власти на 26 мај истата година во Лазарево кај Зрењанин и беше испорачан на Трибуналот. Судењето на генералот Младиќ траеше од 16 мај 2012 година до 15 декември 2016 година. Во текот на 530 работни дена беа сослушани 169 сведоци на обвинителството и 208 сведоци на одбраната. Писмените изјави на уште 214 сведоци беа исто така признати како докази. Прифатени беа 9.914 доказни предмети. Хашкиот трибунал го обвини генералот Младиќ за првпат на 25 јули 1995 година, а обвинението беше изменето неколкупати до 2011 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hag-deneska-kje-ja-izreche-pravosilnata-presuda-protiv-ratko-mladikj/feed/ 0
Доживотен затвор за Ратко Младиќ- Хаг го одби барањето на одбраната https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dozivoten-zatvor-za-ratko-mladikj-hag-go-odbi-baranjeto-na-odbranata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dozivoten-zatvor-za-ratko-mladikj-hag-go-odbi-baranjeto-na-odbranata/#respond Fri, 28 May 2021 17:45:00 +0000 https://kurir.com.mk/?p=516263

Меѓународниот суд на правдата во Хаг денеска го одби барањето на одбраната на генералот Ратко Младиќ за одложување на изрекувањето на пресудата, закажано за 8 јуни. Поранешниот командант на армијата на Република Српска, генерал Младиќ (78), Хашкиот трибунал го осуди на доживотен затвор за геноцидот во Сребреница и злосторствата против човештвото во БиХ во војната од 1992-95 година. Апелацискиот суд, одбивајќи го барањето на одбраната како неосновано, оцени дека генералот Младиќ и барем еден од неговите бранители можат да присуствуваат на изрекувањето на пресудата или во судницата или преку видео врска. Одбраната претходно побара одложување, со образложение дека Младиќ одбил да ја следи седницата преку видео врска и инсистирал тој и двајцата бранители, Бранко Лукиќ и Драган Иветиќ, да присуствуваат на изрекувањето на пресудата во судницата. Според одбраната, Иветиќ не може да биде присутен поради болест, а Лукиќ затоа што ги почитува упатствата на Младиќ. Апелацискиот совет ги отфрли приложените аргументи на одбраната, нагласувајќи дека, според правилата на судот, правото на обвинетиот да присуствува на судењето не мора да значи физичко присуство во судницата и не исклучува следење на седницата преку видео врска. Судиите подвлекоа дека бранителите се должни да го застапуваат својот клиент, во согласност со судските наредби, и дека барем еден од адвокатите на Младиќ може да присуствува на изрекувањето на пресудата. Апелацискиот совет исто така го одби барањето на одбраната, пред изрекувањето на пресудата, да се утврди дали Младиќ е процесно способен за следење на изрекувањето на пресудата поради последиците од мозочните удари. Во одлуката, судиите цитираа од барањето на бранителите дека самиот Младиќ им дал упатства и дека им го пренел својот „недвосмислен став“ со кој одбива да го следи изрекувањето на пресудата преку видео-врска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dozivoten-zatvor-za-ratko-mladikj-hag-go-odbi-baranjeto-na-odbranata/feed/ 0
Правосилна пресуда за Ратко Младиќ на 8 јуни https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pravosilna-presuda-za-ratko-mladikj-na-8-juni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pravosilna-presuda-za-ratko-mladikj-na-8-juni/#respond Fri, 30 Apr 2021 15:10:50 +0000 https://kurir.mk/?p=504109

Второстепената пресуда во постапката против поранешниот командант на војската на босанските Срби, Ратко Младиќ ќе биде соопштена на 8 јуни, одлучи Хашкиот трибунал. Пресудата по жалбите ќе биде соопштена во 15 часот по локално време, се наведува во одлуката, потпишана од судијката Приска Матимба Нијамбе. Жалбениот совет побара од учесниците во постапката до 25 мај писмено да го известат судот дали тие и обвинетиот Младиќ сакаат да се приклучат преку видео повик, поради ограничувањата заради епидемијата на коронавирус. Крајот на хашкиот процес против Младиќ беше одложен неколку пати поради пандемијата на коронавирусот и операцијата на која беше подложен Младиќ во март минатата година. Кон средината на ноември минатата година, расправата за состојбата во постапката беше одложена, бидејќи бранителите на Младиќ не можеа да допатуваат во Хаг поради ограничувањата поради пандемијата, и тој одби да се одржи седницата преку видео врска. Младиќ последен пат беше во судницата во Хаг во август минатата година за време на расправата за жалбите на првостепената пресуда. На 22 ноември 2017 година, Хашкиот трибунал го осуди Ратко Младиќ (77), воен командант на Армијата на Република Српска, на доживотен затвор за геноцид во Сребреница; прогон на Хрватите и муслиманите низ цела БиХ; тероризирање на населението во Сараево со долготрајно гранатирање и снајперирање и земање како заложници на припадници на УНПРОФОР во 1992-95 година. Трибуналот го ослободи Младиќ од вината за геноцид во уште пет босански општини. Одбраната со жалба побара Младиќ да биде ослободен од обвинение или повторно да му се суди, тврдејќи дека обвинителството не ја докажало неговата вина. Обвинителите бараа генералот Младиќ да биде прогласен за виновен и за геноцид врз муслимани и Хрвати во пет општини во БиХ. Првото обвинение против Младиќ беше покренато од Хашкиот трибунал во ноември 1995 година, а тој беше во бегство до крајот на мај 2011 година, кога беше уапсен од српските власти во Лазарево кај Зрењанин и потоа екстрадиран во Хаг.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pravosilna-presuda-za-ratko-mladikj-na-8-juni/feed/ 0
Заврши рочиштето во Хаг, конечната пресуда за Ратко Младиќ – следната година https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zavrshi-rochishteto-vo-hag-konechnata-presuda-za-ratko-mladikj-slednata-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zavrshi-rochishteto-vo-hag-konechnata-presuda-za-ratko-mladikj-slednata-godina/#respond Wed, 26 Aug 2020 19:40:38 +0000 https://kurir.mk/?p=395829

Поранешниот командант на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ, неправосилно осуден за геноцид и злосторства во БиХ, изјави денеска пред судот во Хаг дека работел чесно и легално како офицер и дека обвинението против него „паднало во вода“. – Дали е во право претходниот Совет што ме осуди на доживотен затвор? Тие не се во право. Зошто? Тие се во судир на интереси, тие не ја бранеа вистината, туку Холандија и холандскиот баталјон, рече Младиќ, алудирајќи на Сребреница, на крајот на дводневното рочиште за жалбата што ја поднесе против првостепената пресуда. Тој рече дека Сребреница е „клучот за овој судски процес“, опишувајќи како, по падот на енклавата во јули 1995 година, муслимански војник пукал кон него и „промашил“. Како што рече, тој не возвратил, ниту дозволил обезбедувањето да го стори тоа, затоа што војникот имал елек на УНПРОФОР. – Судбината ме донесе да ја бранам мојата држава СФРЈ, која вие западните сили ја расипавте, со помош на Ватикан и таа мафија од Германија, рече Младиќ. Со повишен глас, тој истакна дека „Ратко Младиќ не ја започна војната, и тој не направи план за напад на Југославија“. На 22 ноември 2017 година, Хашкиот трибунал го осуди генералот Младиќ на доживотен затвор за геноцид во Сребреница; прогонство на Хрватите и муслиманите ширум БиХ; тероризирање на населението на Сараево со долготрајно гранатирање и снајперисти и земање за заложници на членови на УНПРОФОР, 1992-95 година. На пресудата жалба вложи и одбраната и обвинителството, кое побара Младиќ да биде осуден за геноцид во уште пет оптшини во БиХ. Правосилната пресуда ќе биде донесена во првата половина од следната година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zavrshi-rochishteto-vo-hag-konechnata-presuda-za-ratko-mladikj-slednata-godina/feed/ 0
Ратко Младиќ е жив: Се огласи неговиот син по лажните вести дека починал https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ratko-mladikj-e-ziv-se-oglasi-negoviot-sin-po-laznite-vesti-deka-pochinal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ratko-mladikj-e-ziv-se-oglasi-negoviot-sin-po-laznite-vesti-deka-pochinal/#respond Tue, 11 Feb 2020 13:36:22 +0000 https://kurir.mk/?p=302432

Синот на Ратко Младиќ, Дарко раскажува за Телеграф.рс дека слушнал од неговиот татко нешто пред 14 часот и дека звучел добро. Низа медиуми објавија дека Младиќ починал, но тоа е лажна вест. -Се слушнав од него, тој звучеше добро. Адвокатот сега е со него. Ние ги сметаме сите овие вести за лажни,  изјави Дарко Младиќ за „Телеграф.рс“. Веста се шири како молња на Интернет дека Ратко Младиќ починал во Хашкиот трибунал. Свештеникот во Хаг, Воислав Билибија, исто така, изјави за „Информер“ дека се појавиле лажни вести дека Ратко Младиќ починал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ratko-mladikj-e-ziv-se-oglasi-negoviot-sin-po-laznite-vesti-deka-pochinal/feed/ 0
Ратко Младиќ ќе поднесе жалба на пресудата за воени злосторства и геноцид https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ratko-mladikj-kje-podnese-zalba-na-presudata-za-voeni-zlostorstva-i-genocid/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ratko-mladikj-kje-podnese-zalba-na-presudata-za-voeni-zlostorstva-i-genocid/#respond Thu, 22 Mar 2018 18:36:45 +0000 https://kurir.mk/?p=32312

Поранешниот воен лидер на босанските Срби Ратко Младиќ денеска поднесе жалба против донесената пресуда за доживотен затвор за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства, изнесена во ноември минатата година од Хашкиот трибунал. Адвокатите на Младиќ, кој уште се нарекува „касап на Балканот“, побарале од „Апелацискиот суд да ги отфрли сите погрешни судски одлуки“ и да го ослободи нивниот клиент. Истовремено, обвинителството поднесе жалба, со која се бара од Трибуналот да го прогласи Младиќ за виновен во второто обвинение за геноцид. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ratko-mladikj-kje-podnese-zalba-na-presudata-za-voeni-zlostorstva-i-genocid/feed/ 0
Одбраната бара укинување на доживотна казна затвор за Ратко Младиќ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/odbranata-bara-ukinuvanje-na-dozivotna-kazna-zatvor-za-ratko-mladikj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/odbranata-bara-ukinuvanje-na-dozivotna-kazna-zatvor-za-ratko-mladikj/#respond Mon, 05 Feb 2018 16:55:50 +0000 http://kurir.mk/?p=18504

Одбраната на поранешниот воен командант на босанските Срби, Ратко Младиќ побара од Меѓународниот механизам кој ги презема делата на Хашкиот трибунал, да ја поништи пресудата за доживотен затвор од ноември 2017 година. Одбраната го образложила своето барање со лошата здравствена состојба на Младиќ, кој освен досегашните здравствени проблеми во последно време има благи когнитивни нарушувања и благ степен на деменција. Според одбраната, овие болести, кои не биле дијагностицирани во затворот во Хаг и не биле третирани како што треба, не му дозволија на обвинетиот во целост да учествува во судскиот процес. Адвокатите на Младиќ побарале Меѓународниот механизам да ја испита и активноста на официјалните лица и медицински персонал во затворот на трибуналот, а особено на докторот Паулус Фалке под сомнение за непочитување на судот. Според адвокатите, овие лица на адвокатите на Младиќ им забраниле пристап до медицински документи, кои биле доказ за вистинската тешка состојба на затвореникот, не му ја обезбедувале неопходната медицинска нега и не дозволувале генералот да го прегледаат независни лекари. На 22 ноември минатата година Хашкиот трибунал го осуди Ратко Младиќ на доживотен затвор за геноцид, злосторства против човештвото и кршење на обичаите и законите на водење војна. Генералот се криеше речиси 16 години пред да биде уапсен во Србија во мај 2011 година и екстрадиран во Хаг. За време на неговиот престој во Хаг, здравствената состојба на Младиќ сериозно се влоши, но Трибуналот ги отфрли предлозите за негово лекување во Русија или во Србија. Во затворот Младиќ доживеа два срцеви удари и еден инфаркт. Одбраната на генералот претходно изјави дека ќе поднесе жалба на пресудата на Трибуналот. Рокот за жалба истекува на 22 март оваа година. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/odbranata-bara-ukinuvanje-na-dozivotna-kazna-zatvor-za-ratko-mladikj/feed/ 0