разбиена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 28 May 2020 14:46:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png разбиена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Разбиена мафијашка мрежа во Италија која со измами пренасочувала пари од еврофондови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/razbiena-mafijashka-mreza-vo-italija-koja-so-izmami-prenasochuvala-pari-od-evrofondovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/razbiena-mafijashka-mreza-vo-italija-koja-so-izmami-prenasochuvala-pari-od-evrofondovi/#respond Thu, 28 May 2020 14:46:17 +0000 https://kurir.mk/?p=351116

Италијанската полиција разби голема мафијашка мрежа обвинета за пренасочување на околу 110 милиони евра од европски и јавни фондови, јавија италијанските медиуми. За време на операцијата фокусирана на калабриската мафија Ндрангета, приведени се 63 осомничени меѓу кои и 11 државни службеници. Тие се осомничени за измама, корупција и пренасочување јавни фондови. Полицијата соопшти дека мафијашката мрежа имала за цел преземање контрола врз системот за сите јавни набавки во Калабрија. Во операцијата се конфискувани активи на 45 луѓе и 35 фирми од реоните на Калабрија, Рим и Тоскана. Според првичните наоди во истрагата, картелот со помош на фирми добиле „најмалку 22 јавни тендери со што извршиле системска измама насочена против регионот на Калабрија и Европската окомисија“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/razbiena-mafijashka-mreza-vo-italija-koja-so-izmami-prenasochuvala-pari-od-evrofondovi/feed/ 0
Разбиена меѓународна група вмешана во трговија со луѓе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/razbiena-megjunarodna-grupa-vmeshana-vo-trgovija-so-lugje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/razbiena-megjunarodna-grupa-vmeshana-vo-trgovija-so-lugje/#respond Wed, 20 Nov 2019 16:28:09 +0000 https://kurir.mk/?p=266774

Полицијата на Јужен Јоркшир во Велика Британија и романската национална полиција, поддржани од Европол и Евроџаст, вчера разбиле организирана криминална група која била вмешана во трговија со луѓе заради сексуална експлоатација. На денот на акцијата, полицајци од Романија и Велика Британија извршиле претрес во 11 куќи (пет во Романија и шест во Велика Британија), а операцијата доведе до апсење на деветмина осомничени членови на група за организиран криминал во Велика Британија и до притвор на три лица во Романија, соопшти Европол. Полицијата идентификувала осум потенцијални жртви на трговија со луѓе, сите жени на возраст меѓу 18 и 30 години. Криминалната група, која е активна од 2017 година, ги регрутирала своите жртви од економски загрозените региони во Романија. На жртвите им била ветувана значителна материјална добивка. Најчестиот метод за регрутирање бил методот „љубовник“, со кој се обезбедува емотивна зависност на младите жени од членови на криминална група. Конкретно, многу членови на групата всушност биле во врска со сексуално искористуваните жртви.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/razbiena-megjunarodna-grupa-vmeshana-vo-trgovija-so-lugje/feed/ 0
Албанската полиција разби опасна криминална банда https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-policija-razbi-opasna-kriminalna-banda/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-policija-razbi-opasna-kriminalna-banda/#respond Sat, 22 Sep 2018 11:40:33 +0000 https://kurir.mk/?p=104497

Албанската полиција разби опасна криминална банда, осомничена за повеќе тешки кривични дела што последните месеци се случија во северниот град Скадар. Уапсени се единаесет членови на групата „Бајри“, додека по двајца се трага. Повеќето од нив се упасени во Албанија, додека неколкумина во Холандија. Нивното апсење следуваше откако вчера полицијата во Тирана го уапси Енвер Бајри, кој се смета за водач на групата. - Истрагата околу активноста на групата почна пред шест месеци. Реализирани се десетици часови прислушкувања, размена на информации со партнерите, направени се многу анализи, вршена е контрола од воздух со дрон и постојано следење. Нашата полиција соработуваше со многу колеги, но најмногу со колегите од Холандија, изјави Арди Велиу, генерален директор на албанската полиција, соопштувајќи детали за акцијата насловена „Оаз“. Според него, како тешки кривични дела за кои се товари групата, документирани се две убиства случени во Скадар, неколку обиди за убиства, како и уцени на повеќе лица со изнуда на големи суми на пари. Групата „Бајри“ во соработка со други гриминални групи, во и надвор од Албанија, вршела и недозволена трговија со дрога во европските земји по што „заработените“ средства ги инвестирале во Албанија. Полицијата запленила и неколку парчиња оружје, додека како дел од истрагата, според Велиу, во Велипоја запленет е недвижен имот, хотел и ресторан, за кои постои основано сомнение дека се изградени од средства од криминални активности. Во Скадар во последните неколку месеци се случија шест убиства, две лица се исчезнати, а регистрирани се и повеќе случаи на киднапирања со барање откуп. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-policija-razbi-opasna-kriminalna-banda/feed/ 0