разговори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 05 Jun 2023 06:37:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png разговори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сириската опозиција повика на продолжување на разговорите со власта https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/siriskata-opozitsija-povika-na-prodolzhuvane-na-razgovorite-so-vlasta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/siriskata-opozitsija-povika-na-prodolzhuvane-na-razgovorite-so-vlasta/#respond Mon, 05 Jun 2023 06:37:19 +0000 https://kurir.mk/?p=842064

Сириската опозиција денеска повика на продолжување на преговорите со властите на претседателот Башар ал Асад под покровителство на ОН, откако официјален Дамаск се врати под арапска заштита по долгогодишната изолација. „Меѓународниот и регионалниот контекст и ситуацијата во Сирија се погодни за продолжување на директните преговори во специфична програма и распоред“, се наведува во соопштението на Високиот комитет за преговори, во кој се собрани главните претставници на сириската опозиција. Преговорите за решавање на сириската криза се во застој по усвојувањето на резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на ОН во 2015 година, која, меѓу другото, предвидува нов устав и избори. По дводневната средба во Женева, опозицијата повика да ги поддржи напорите на ОН за преземање на неопходните мерки за „сеопфатно политичко решение, во согласност со резолуцијата на ОН“. Арапската лига во мај го врати сирискиот режим во своите редови, што беше соборен во 2011 година со народното востание за време на Арапската пролет, а подоцна и со граѓанската војна. Во конфликтот, во кој беа вклучени регионални и меѓународни актери, загинаа околу половина милион луѓе. Сириската опозиција изгуби голем дел од своето влијание и поддршка што ја уживаше во земјите во регионот. Ријад, кој ги поддржуваше сириските бунтовнички групи на почетокот на конфликтот, повторно ги воспостави врските со Дамаск. Турција, која ги поддржува бунтовниците кои контролираат делови од северна Сирија, исто така покажа знаци на зближување со Асад. Опозицијата оцени дека враќањето на режимот во Арапската лига го вклучува и „ризикот“ сирискиот режим да одбие какво било политичко решение. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/siriskata-opozitsija-povika-na-prodolzhuvane-na-razgovorite-so-vlasta/feed/ 0
Во Истанбул започнуваат разговорите за продолжување на Договорот за извоз на жито https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-istanbul-zapochnuvaat-razgovorite-za-prodolzhuvane-na-dogovorot-za-izvoz-na-zhito/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-istanbul-zapochnuvaat-razgovorite-za-prodolzhuvane-na-dogovorot-za-izvoz-na-zhito/#respond Wed, 10 May 2023 10:59:35 +0000 https://kurir.mk/?p=832650

Турција, Русија, Украина и Обединетите нации денеска и утре во Истанбул ќе преговараат за продолжување на Договорот за извоз на житарки од пристаништата на Црното Море, соопшти Министерството за одбрана на Турција. За време на средбата ќе се разговара за проширување на Црноморската иницијатива за жито, како и за развој на детален и безбеден план за враќање на трговските бродови и нивните екипажи закотвени во украинските пристаништа поради војната, јави Анадолија. Претходно постигнатиот договор истекува на 18 мај. Минатиот јули, во Истанбул беше потпишан Договор за обновување на извозот на жито од три украински пристаништа на Црното Море, по суспензијата на транспортот во февруари 2022 година, по избувнувањето на војната.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-istanbul-zapochnuvaat-razgovorite-za-prodolzhuvane-na-dogovorot-za-izvoz-na-zhito/feed/ 0
Францускaтa премиерка Борн ги повика синдикатите на разговори https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsuskata-premierka-born-gi-povika-sindikatite-na-razgovori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsuskata-premierka-born-gi-povika-sindikatite-na-razgovori/#respond Fri, 05 May 2023 19:49:10 +0000 https://kurir.mk/?p=831122

Француската премиерка Елизабет Борн ги повика синдикатите на билатерални состаноци на 16 и 17 мај, додека Владата сака да помине на други прашања освен крајно непопуларната пензиска реформа, соопшти денеска нејзиниот кабинет. Законот за пензиската реформа кој претседателот Емануел Макрон го потпиша минатиот месец и покрај неколкунеделните протести и штрајкови, го искристализираше незадоволството против претседателот кој многумина го сметаат за резервиран и рамнодушен кон нивните секојдневни проблеми. Владата на Макрон, која нема мнозинство во Парламентот, го протурка законот за пензиите без конечно гласање, бидејќи недостигаше меѓупартиска поддршка. Синдикатите рекоа дека ќе ги искористат претстојните разговори за да го потврдат своето противење на пензиските реформи и да работат на заеднички предлози за подобрување на условите за работа. Исто така тие најавија и нов ден на национални протести против реформите на 6 јуни. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsuskata-premierka-born-gi-povika-sindikatite-na-razgovori/feed/ 0
Прајс: САД ги поздравуваат разговорите меѓу Белград и Приштина во Брисел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prajs-sad-gi-pozdravuvaat-razgovorite-megu-belgrad-i-prishtina-vo-brisel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prajs-sad-gi-pozdravuvaat-razgovorite-megu-belgrad-i-prishtina-vo-brisel/#respond Wed, 01 Mar 2023 07:13:45 +0000 https://kurir.mk/?p=806404

Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, синоќа изјави дека САД ги поздравуваат разговорите во Брисел како дел од дијалогот меѓу Белград и Приштина со поддршка на Европската унија, одржани на 27 февруарии и силно го поддржуваат процесот на нормализација на односите меѓу двете страни. Прајс посочи дека напредокот кон формирањето на Заедницата на српските општини е сè уште клучен за градење на иднината на Косово „како суверена, мултиетничка и независна земја интегрирана во евроатлантските структури“. Тој оцени дека договорот за анексот за имплементација е суштински за нормализација во согласност со предлогот на ЕУ. Прајс додаде дека средбата во Брисел била добар чекор напред, но дека останува уште многу напорна работа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prajs-sad-gi-pozdravuvaat-razgovorite-megu-belgrad-i-prishtina-vo-brisel/feed/ 0
Одржани разговори меѓу Киев и Москва https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/odrzani-razgovori-megju-kiev-i-moskva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/odrzani-razgovori-megju-kiev-i-moskva/#respond Fri, 22 Apr 2022 17:07:25 +0000 https://kurir.mk/?p=666975

Главниот руски преговарач соопшти дека денеска се одржале „неколку долги разговори“ со шефот на делегацијата на Украина. Владимир Медински не даде детали за овие долги разговори, за кои се смета дека се водат во обид да се преговара за прекин на огнот по неколку недели војна, јави Скај Њуз. Досега се одржани неколку рунди мировни преговори меѓу Москва и Киев, но двете страни допрва треба да ги договорат условите за прекин на огнот. Во меѓувреме, се огласи и шефот на руската дипломатија Сергеј лавров, кој рече дека преговорите „тапкаат во место“. – Тапкаат во место бидејќи сè уште нема одговор на предлогот што го испративме до украинските преговарачи пред пет дена, во кој ги зедовме предвид нивните коментари, рече Лавров на прес-конференција во Москва во друштво на казахстанскиот колега Мухтар Тлеуберди. Рускиот министер рече и дека се сомнева во подготвеноста на украинските лидери да продолжат со овие преговори. – За мене е многу чудно да слушам изјави секој ден (…), дури и од (украинскиот) претседател и неговите советници, кои оставаат впечаток дека воопшто не им требаат преговори, рече Лавров. Во меѓувреме, борбите продолжуваат на теренот, особено на исток и во големиот пристанишен град Мариупол на југоисток, каде што украинските бранители сè уште го држат под контрола огромниот металуршки комплекс Азовстал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/odrzani-razgovori-megju-kiev-i-moskva/feed/ 0
Русија со ултиматум до Украина за одлука за преговорите во Белорусија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-so-ultimatum-do-ukraina-za-odluka-za-pregovorite-vo-belorusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-so-ultimatum-do-ukraina-za-odluka-za-pregovorite-vo-belorusija/#respond Sun, 27 Feb 2022 12:09:41 +0000 https://kurir.mk/?p=637479

Русија им даде краен рок на украинските власти до 15 часот по локално време денеска за да се одлучат дали ќе дојдат на разговори во белорускиот град Гомел. Владимир Медински, шеф на руската делегација и помошник на претседателот Владимир Путин, изјави за државни медиуми дека ќе останат до даденото време и ќе чекаат одговор. -Штом ќе ја добиеме оваа потврда, веднаш ќе тргнеме да се сретнеме со нашите колеги во преговорите, рече Медински. „Ние се залагаме за мир“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски денска нагласи дека би бил подготвен да разговара со Русија, но го отфрли нивниот предлог за средба во Белорусија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-so-ultimatum-do-ukraina-za-odluka-za-pregovorite-vo-belorusija/feed/ 0
Разговорите за минимална плата од 18.000 денари продолжуваат утре https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/razgovorite-za-minimalna-plata-od-18-000-denari-prodolzuvaat-utre/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/razgovorite-za-minimalna-plata-od-18-000-denari-prodolzuvaat-utre/#respond Thu, 03 Feb 2022 06:51:47 +0000 https://kurir.mk/?p=626194

Владата, синдикатите и работодавачите не постигнаа договор за синдикалното барање за зголемување на минималната плата на 18.000 денари. Вчера, по неколкучасовната расправа на седница на Економско-социјалниот совет, консензус имало единствено дека минималната плата треба да се зголеми, но не и за тоа колкаво треба да биде зголемувањето или на каков начин да се дојде до тоа. -Имавме навистина конструктивен дијалог можеби никогаш невиден на нашите простори. Имаме консензус дека минималната плата ќе се зголеми. Дијалогот ќе продолжи во петок, после 16 часот. И ги уверувам сите граѓани коишто се во категоријата на приматели на минимална плата, дека наскоро ќе има консензус околу нивните покачени минимални плати. Но, кажавме, дека единствениот начин како да се стигне до достоинствена плата за нашите работници е креирање систем што е долгорочен, што нема да ги остави на волјата на една Влада, кога таа ќе сака или ќе има слух или на различните страни како што се синдикатите или организациите на работодавачи, рече вчера по седницата вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Според него, треба да се зборува за креирање систем, механизам, кој и наредните години ќе осигура дека минималната плата навистина е достоинствена и, како што нагласи, веќе ќе заборавиме да зборуваме за минимална плата, туку за достоинствени плати на нашите работници. За тоа зошто не е постигнат договор и зошто се остави одлука да биде донесена во петок, вицепремиерот истакна оти станува збор за трипартитен дијалог помеѓу синдикати, Организација на работодавачи и Влада и оти во секој дијалог ако се сака да се дојде до консензус мора да се почне од некаде и да се стигне до одредено решение. За претседателот на ССМ Дарко Димовски, предлогот што го дале работодавачите на крајот од денешната седница е само обид да купат време. -Се преговараше три часа и кога преовладаа аргументите на страната на ССМ и на останатите синдикати работодавачите во 5 до 12 излегоа со свој предлог. Аргументите беа на наша страна ја убедивме Владата како социјален партнер дека минимална плата навистина треба да биде 60 проценти од просечната плата, но, Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) само сака да купи време до петок со измислено предлог решение, вели Димовски. Тој е дециден дека доколку не се дојде до решение, останува штрајкот како следен чекор на синдикатите. -Штрајкувачките одбори остануваат ние во петок имаме закажано органи и тела на Сојузот. Ќе дојдеме и во 16 часот во петок и ќе им соопштиме дека доколку не се одобри ова што го бараме ние стапуваме во генерален штрајк, вели Димовски додавајќи дека аргументите и анализите се на страна на синдикатите и оти тие покажуваат дека минималната плата мора да расте, како и сите останати плати согласно закон и колективен договор. Претседателката на Организацијата на работодавачи на Македонија, Владанка Трајковска појасни дека предложиле критериумите по однос на одредување на минималната плата да претрпат измени. -Очекуваме предлог и од Владата дали ќе бидат прифатени нашите идеи. Имавме некоку идеи, истите дали ќе бидат прифатени или не ќе видиме. Синдикатот имаше негови идеи. Очекуваме компромис помеѓу сите три чинители, рече таа, додавајќи дека решението треба да е соодветно на сегашната состојба во економијата. Според неа, ваквите разговори се единствениот начин како може да се дојде до решение. -Четири месеци претходно се разговараше во медиумите, меѓутоа ништо конкретно на маса. Задоволни сме што конкретно Владата организираше седница на ЕСС за да можеме да ги искажеме нашите ставови по однос на нашето размислување за минималната плата и придобивките како на работодавачите, така и на работниците во тој дел. Излеговме со наши предлози, меѓутоа очекуваме како што кажавме, очекуваме од службите на Владата да излезат со анализи во однос на нашите предлози и дури тогаш ќе можеме да зборуваме за конкретни предлози, конкретни бројки, и конкретни износи, рече Трајковска. Додека за ова прашање се разговара меѓу социјалните партнери, Предлог-законот за измени на Законот за минимална плата што го поднесе партијата Левица веќе е ставен на дневен ред на собраниската седница закажана за 10-ти овој месец. Според веб-страницата на Собранието, Предлог-законските измени се ставени како седма точка на дневен ред. Предлог-законот треба да биде донесен по скратена постапка, а со него се предлага висината на минималната плата да не биде пониска од 60 проценти од просечната исплатена нето-плата во последните три објавени месеци, согласно со податоците објавени од Државниот завод за статистика. Предлог-измените се во согласност со барањата на Сојузот на синдикати на Македонија, кој лани поднесе иницијатива до Собранието за измени на Законот за минимална плата. Поради зголемените трошоци за живот и енергетската и ковид кризата, Синдикатот бара минималната плата веднаш да биде зголемена на 18.000 денари. Засега, освен Левица, најава за поддршка на законот дадоа и од ДОМ и Демократскиот сојуз. Вицепремиерот Битиќи рече дека владејачкото мнозинство ќе го поддржи само доколку за такво решение биде постигнат консензус на социјалните партнери.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/razgovorite-za-minimalna-plata-od-18-000-denari-prodolzuvaat-utre/feed/ 0
Талибанскиот министер за надворешни работи ги потврди разговорите со опозицијата во Иран https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibanskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-gi-potvrdi-razgovorite-so-opozicijata-vo-iran/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibanskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-gi-potvrdi-razgovorite-so-opozicijata-vo-iran/#respond Mon, 10 Jan 2022 18:12:45 +0000 https://kurir.mk/?p=617707

Талибанците денеска официјално потврдија дека министерот за надворешни работи Амир Кан Мутаки во текот на изминатиот викенд одржал разговори со лидерите на авганистанската опозиција Ахмад Масуд и на иранската опозиција Исмаил Кан. Портпаролот на талибанците Забихула Муџахид истакна дека новите авганистански власти ги увериле двајцата водачи на антиталибанскиот Национален фронт за отпор (НРФ) дека можат да се вратат дома без никакви проблеми. Муџахид додаде дека нивната де факто влада се стреми да го убеди населението дека нема потреба од опозиција. – Ги уверив сите дека можат да се вратат и да живеат во Авганистан. Нема да направиме проблем, истакна Мутаки пред новинарите во Кабул. НРФ е предводен од Ахмед Масуд, син на познатиот антиталибански герилски командант Ахмад Шах Масуд, кој беше убиен во 2001 година. Масуд и другите антиталибански лидери заминаа во егзил во повеќе земји, но главно во Таџикистан, Турција и Иран. Антиталибанската група бара фер политичко учество на сите етнички групи, како и заштита на правата на жените, слободата на говорот и изборите, што досега беше отфрлено од талибанците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibanskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-gi-potvrdi-razgovorite-so-opozicijata-vo-iran/feed/ 0
Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за санкциите против Русија поради заканата за Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ministrite-za-nadvoreshni-raboti-na-eu-kje-razgovaraat-za-sankciite-protiv-rusija-poradi-zakanata-za-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ministrite-za-nadvoreshni-raboti-na-eu-kje-razgovaraat-za-sankciite-protiv-rusija-poradi-zakanata-za-ukraina/#respond Mon, 13 Dec 2021 07:15:40 +0000 https://kurir.mk/?p=607562

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска ќе разговараат за нови санкции за да ја одвратат Русија од инвазија врз соседна Украина, откако Москва трупа војници долж границата, јави ДПА, повикувајќи се на европски дипломати. Тензиите растат со недели поради зголеменото воено присуство на Русија на границата со Украина. Според НАТО, Русија собрала меѓу 75.000 и 100.000 војници што доведува до стравувања од повторување на 2014 година, кога Русија го анектираше украинскиот полуостров Крим и почна да ги поддржува проруските сепаратисти во источна Украина. Минатиот петок, украинската морнарица објави преку соопштение дека Русија исто така блокирала речиси 70 отсто од Азовското Море околу анектираниот полуостров Крим. Министрите за надворешни работи на Г7 на состанокот изминатиот викенд се согласија дека Русија ако ја премине границата со Украина, тоа „ќе има огромни политички и економски последици“. Членките на ЕУ – Германија, Франција и Италија се исто така во Г7. Министрите за надворешни работи на ЕУ треба да разговараат и за влошената економска и хуманитарна ситуација во Авганистан по повлекувањето на трупите на САД и НАТО во текот на летото. Истиот висок функционер на ЕУ потврди за ДПА дека Европската унија првпат ќе ја санкционира Вагнер Група, руска фирма обвинета за врски со Кремљ, поради нејзините активности во Сирија, Украина и Либија и наводно кршење на човекови права.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ministrite-za-nadvoreshni-raboti-na-eu-kje-razgovaraat-za-sankciite-protiv-rusija-poradi-zakanata-za-ukraina/feed/ 0
Заев ги повика претседателите на партиите од парламентарното мнозинство: Ќе се разговара за нов премиер и нова Влада https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-gi-povika-pretsedatelite-na-partiite-od-parlamentarnoto-mnozinstvo-kje-se-razgovara-za-nov-premier-i-nova-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-gi-povika-pretsedatelite-na-partiite-od-parlamentarnoto-mnozinstvo-kje-se-razgovara-za-nov-premier-i-nova-vlada/#respond Mon, 01 Nov 2021 08:17:48 +0000 https://kurir.mk/?p=589062

Денеска во владата од страна на Заев се повикани претседателите/ или потпретседатели на партиите од актуелното парламентарно мнозинство, на првични разговори за нов премиер и состав нова влада, како и можен тајминг за нејзината оставка и (ре)избор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-gi-povika-pretsedatelite-na-partiite-od-parlamentarnoto-mnozinstvo-kje-se-razgovara-za-nov-premier-i-nova-vlada/feed/ 0