разградување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 15 Dec 2020 08:27:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png разградување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Еко-катастрофа: Потребни се 450 години за да се разградат маските https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/eko-katastrofa-potrebni-se-450-godini-za-da-se-razgradat-maskite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/eko-katastrofa-potrebni-se-450-godini-za-da-se-razgradat-maskite/#respond Tue, 15 Dec 2020 08:27:01 +0000 https://kurir.mk/?p=443344

Се проценува дека 1,56 милијарди заштитни маски оваа година завршиле во океаните ширум светот поради пандемијата „Covid-19“, што остава сериозни последици врз морските животни и растенија, се вели во извештајот на една организација за заштита на морето. Организацијата „Океани Азија“ со седиште во Хонг Конг, објави извештај кој покажува дека морскиот свет е загаден со дополнителни 4.680 до 6.240 тони пластика поради неправилно фрлените маски. Во извештајот се наведува дека се потребни 450 години за да се разградат маските, и дека дури и тогаш, микропластиката ќе им наштети на морскиот свет и екосистемот. Како што е наведено, поради пандемијата, имало значително почеста употреба на пластика за една употреба, како опрема за лична заштита, пакување на хигиенски производи и набавка на храна за носење. Во исто време, голем број мерки дизајнирани да ја намалат потрошувачката на пластика, како што е забраната за пластични кеси за еднократна употреба, се „одложени, паузирани или укинати“. Загадувањето со пластика убива околу 100.000 морски цицачи и желки годишно, повеќе од еден милион птици, како и огромен број риби, без’рбетници и други животни, соопшти организацијата Океани Азија. Додадено е дека има негативно влијание врз риболовот и туризмот и ја чини глобалната економија околу 13 милијарди долари годишно. Извештајот предлага употреба на заштитни маски за повеќекратна употреба и информирање на јавноста за правилно отстранување на отпадот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/eko-katastrofa-potrebni-se-450-godini-za-da-se-razgradat-maskite/feed/ 0
Потребни се 450 години за разградување на пластичните заштитни маски https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potrebni-se-450-godini-za-razgraduvanje-na-plastichnite-zashtitni-maski/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potrebni-se-450-godini-za-razgraduvanje-na-plastichnite-zashtitni-maski/#respond Tue, 27 Oct 2020 09:49:18 +0000 https://kurir.mk/?p=421126

Министерството за јавно здравје на Белгија денеска соопшти дека се потребни 450 години за да се разградат пластичните заштитни маски за превенција на заразата од Ковид-19, јави дописничката на МИА од Брисел. Информацијата е објавена денеска преку националната белгиска агенција, Белга, врз основа на податоци на одделот за заштита на морската средина во Министерството за здравство. Министерството од денеска започнува кампања за сензибилизација на граѓаните насловена „Морето почнува кај вас дома“. Од почетокот на здравствената криза властите забележуваат наплив на фрлени пластични маски по улиците и во Северно Море и предупредуваат дека процесот на разградување на овие маски е екстремно долг. Дури и по 450 години малите пластични фрагменти од маската сѐ уште не се целосно елиминирани, информираат од Министерството. Освен фрлени маски, сѐ повеќе се наоѓаат и пластични заштитни ракавици и шишенца од гелови за дезинфекција по плажите и улиците во Белгија, покрај веќе постоечките осум милиони тони пластичен отпад. – Морските животни можат да ги поистоветат овие предмети со медузи, кога ги голтаат нивниот стомак веднаш се полни, но без никаков нутритивен придонес, што со тек на време ги ослабнува. Се случува животните да бидат заглавени во маските, и, конечно, микрочестичките можат да се најдат во нашата исхрана, соопшти белгиското Министерство за здравство. Кампањата ги повикува граѓаните да бидат совесни и да ги фрлаат маските во канти за отпад или да изберат маски за повеќекратна употреба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potrebni-se-450-godini-za-razgraduvanje-na-plastichnite-zashtitni-maski/feed/ 0