размена на студенти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 11 Jan 2023 14:27:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png размена на студенти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Програма за размена на студенти и научници во рамки на соработката со Полска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/programa-za-razmena-na-studenti-i-nauchnitsi-vo-ramki-na-sorabotkata-so-polska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/programa-za-razmena-na-studenti-i-nauchnitsi-vo-ramki-na-sorabotkata-so-polska/#respond Wed, 11 Jan 2023 14:27:14 +0000 https://kurir.mk/?p=786064

Полската национална агенција за академска размена – NAWA известува дека во академската 2023/2024 година реализацијата на билатерална соработка во областа на високото образование и науката од страна на Полска ќе биде спроведена во рамки на „Програмата за размена на студенти и научници како дел од билатералната соработка – понуда за дојдовни студенти и научници“ (Exchange Programme for students and scientists as part of the bilateral cooperation – offer for incoming students and scientists – Zawacka NAWA Programme). Како што објави МОН, според полската позиција во рамките на Берлинскиот процес, Полската национална агенција за академска размена ќе додели стипендии за македонски истражувачи и студенти за академската 2023/2024 година, во вкупно времетраење од 20 месеци за научно-истражувачка пракса и за едносеместрални студии, на универзитети и институции кои се во надлежност на министерот за наука и високо образование на Република Полска. -Стипендијата изнесува 1.500 PLN месечно за магистерски студии и најмалку 3.000 PLN за истражувачи со докторат на науки. Почнувајќи од академската 2022/2023 година NAWA ги прифаќа и Еразмус+ студентите, кои би можеле да ја комбинираат стипендијата NAWA и стипендијата Еразмус+. Исто така, во прилог е понудата за македонски студенти и истражувачи во рамките на Програмата за размена на студенти и истражувачи како дел од билатералната соработка – Програмата Zawacka NAWA. Како и обично, ги охрабруваме студентите и истражувачите од Република Македонија да учествуваат во други програми на NAWA како што се Ulam NAWA и Banach NAWA, се наведува во објавата на Министерството за образование и наука. Во објавата на веб-страницата на МОН се наведени потребните документи за поднесување на кандидатурите и подетални информации. Апликацијата заедно со потребните документи треба да бидат доставени до Министерството за образование и наука на Република Македонија до 15 април 2023.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/programa-za-razmena-na-studenti-i-nauchnitsi-vo-ramki-na-sorabotkata-so-polska/feed/ 0