размена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 17 May 2022 18:22:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png размена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Украина се надева на размена на заробените борци од Мариупол https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-se-nadeva-na-razmena-na-zarobenite-borci-od-mariupol/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-se-nadeva-na-razmena-na-zarobenite-borci-od-mariupol/#respond Tue, 17 May 2022 18:22:53 +0000 https://kurir.mk/?p=678034

Заменичката-министерка за одбрана на Украина Хана Малиар денеска изрази надеж дека украинските војници кои се предале од фабриката за челик Азовстал во Мариупол ќе бидат разменети за руски заробеници, и покрај изјавата на рускиот функционер Вјачеслав Володин дека тие се „криминалци кои мора да бидат изведени пред лицето на правдата. Малиар рече дека коментарот на претседателот на руската Државна дума Вјачеслав Володин е политичка изјава, замислена како внатрешна пропаганда во согласност со внатрешно-политичките процеси во Русија. Таа додаде дека од перспектива на Украина, преговарачкиот процес и самата спасувачка операција се во тек. Претходно денеска, Володин ги нарече борците на Азовстал „нацистички криминалци“ кои треба да бидат исклучени од каква било идна размена и кои Русија мора да ги изведе пред лицето на правдата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-se-nadeva-na-razmena-na-zarobenite-borci-od-mariupol/feed/ 0
Претседателот на рускиот Парламент против размена на борците од Мариупол https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-ruskiot-parlament-protiv-razmena-na-borcite-od-mariupol/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-ruskiot-parlament-protiv-razmena-na-borcite-od-mariupol/#respond Tue, 17 May 2022 13:45:52 +0000 https://kurir.mk/?p=677903

Претседателот на рускиот Парламент Вјачеслав Володин е против размена на затвореници по заробувањето на украинските борци во пристанишниот град Мариупол, пренесе ДПА. – Нацистичките криминалци не се предмет на размена. Тие се воени злосторници и мораме да направиме се за да ги изведеме пред лицето на правдата, рече Володин за време на пленарна седница. Украина, од своја страна, се надева на размена на повеќе од 260 свои војници кои ја напуштија челичарницата Азовстал. Некои од украинските борци во Мариупол припаѓаат на крајнодесничарскиот националистички полк Азов, кој Москва го смета за неонацистичка единица. Володин нагласи дека Русија прави се за да им обезбеди медицинска помош на повредените украински затвореници и да се однесува хумано кон нив. – Но, што се однесува до нацистите, нашата позиција мора да остане цврста, бидејќи тоа е една од целите на специјалната воена операција, рече тој, користејќи го официјално одобрениот термин од Москва за војната.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-ruskiot-parlament-protiv-razmena-na-borcite-od-mariupol/feed/ 0
Филаделфија и Бруклин не се договорија за размена на Симонс и Ирвинг https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/filadelfija-i-bruklin-ne-se-dogovorija-za-razmena-na-simons-i-irving/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/filadelfija-i-bruklin-ne-se-dogovorija-za-razmena-na-simons-i-irving/#respond Wed, 13 Oct 2021 07:08:39 +0000 https://kurir.mk/?p=578119

Раководствата на Филаделфија и Бруклин не се договорија за размена на Бен Симонс со Кајри Ирвинг, иако договорот може да биде од корист за двата клуба, пишува инсајдерот на „Атлетик“, Сем Амик. Сиксерс продолжуваат да бараат опции за размена на Симонс, кој пристигна на локацијата на тимот во понеделникот, откако го пропушти скоро едномесечниот тренинг камп. Од друга страна, Бруклин нетс официјално го суспендираа Ирвинг од тренинзи и натпревари додека не ги исполни барањата за вакцинација во Њујорк, поради кои не може да учествува на домашни натпревари. Според Амик, Сиксерс не се сигурни дека Ирвинг ќе се согласува со Џоел Ембид. Покрај тоа, Кајри има опција во неговиот договор следната сезона да стане слободен агент. Исто така, се верува дека Ирвинг може да одлучи да се пензионира доколку Нетс го разменат со друг тим. Бруклин се надева дека Њујорк ќе ги промени протоколите за вакцинација за спортови во затворен простор по што Ирвинг ќе добие право да игра во НБА-лигата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/filadelfija-i-bruklin-ne-se-dogovorija-za-razmena-na-simons-i-irving/feed/ 0
Милан не сака размена на играчи со Јувентус https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/milan-ne-saka-razmena-na-igrachi-so-juventus/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/milan-ne-saka-razmena-na-igrachi-so-juventus/#respond Fri, 09 Apr 2021 17:23:27 +0000 https://kurir.mk/?p=494999

Фудбалскиот клуб Милан не сака договор што вклучува размена на играчи со актуелниот шампион Јувентус, пренесуваат италијанските медиуми. Постоеше можност Федерико Бернардески да премине во Милан, а во Јувентус да дојде Алесио Ромањоли, но таквата размена е отфрлена како опција поради разликата во примањата на двајцата фудбалери. Како што објавија медиумите, Бернардески заработува многу повеќе од Ромањоли и главна трансфер цел на Милан ќе биде капитенот на Наполи, Лоренцо Инсиње. Тој има договор со прволигашот од Неапол до јуни 2022 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/milan-ne-saka-razmena-na-igrachi-so-juventus/feed/ 0
И денеска размена на артилериски оган во Нагорно Карабах https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/i-deneska-razmena-na-artileriski-ogan-vo-nagorno-karabah/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/i-deneska-razmena-na-artileriski-ogan-vo-nagorno-karabah/#respond Wed, 30 Sep 2020 06:27:32 +0000 https://kurir.mk/?p=410357

По целата линија на фронтот во самопрогласената република Нагорно Карабах и денеска продолжува размена на артилериски оган, соопшти ерменското Министерство за одбрана. – Ерменските единици за противвоздушна одбрана соборија две непријателски беспилотни летала над градот Степанакерт, изјави претставничката на Министерството за одбрана во Ереван, Шушана Степанијан. Во исто време, азербејџанското Министерство за одбрана утрово соопшти дека ерменската артилерија го гранатира градот Тертер, кој се наоѓа на самата линија на фронтот. Според достапни извештаи од местото на настанот, ерменската артилерија ја уништува инфраструктурата, а во нападите има и цивилни жртви. Двете страни меѓусебно се обвинуваат за оваа последна ескалација на насилството, која денеска влегува во четвртиот ден. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/i-deneska-razmena-na-artileriski-ogan-vo-nagorno-karabah/feed/ 0
Курти повика на мобилизација за протести против намерата на Тачи за размена на територии со Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-povika-na-mobilizacija-za-protesti-protiv-namerata-na-tachi-za-razmena-na-teritorii-so-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-povika-na-mobilizacija-za-protesti-protiv-namerata-na-tachi-za-razmena-na-teritorii-so-srbija/#respond Sun, 02 Sep 2018 11:52:39 +0000 https://kurir.mk/?p=95323

Лидерот на косовското опозициско Движење Самоопределување (ВВ) Албин Курти го повика партиското членство да се мобилизира за, како што рече, „граѓански и мирни протести за да се застане на патот на криминалот кој се врши врз Косово и косовскиот народ“, јави дописникот на МИА од Приштина. Курти на денешната седница на Генералното собрание на ВВ, коментирајќи ги идеите на косовскиот претседател Хашим Тачи за „корекција на границите“, односно размена на териториите со Србија, рече дека „земјата поминува низ многу тежок период“, поради што е потребна целосна мобилизација. - Едно криминализирано државно раководство предводено од Тачи се пазари со територијата на Косово за да се стекне со лична недопирливост. Ние ова не смееме и нема да го дозволиме, бидејќи имаме историска и морална обврска. Политичката ситуација бара од нас да ја зајакнеме организацијата и во наредните денови и недели ќе застанеме на чело на граѓанските мирни протести за да го запреме криминалот што се врши врз Косово и нашиот народ, рече лидерот на ВВ Албин Курти. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-povika-na-mobilizacija-za-protesti-protiv-namerata-na-tachi-za-razmena-na-teritorii-so-srbija/feed/ 0
Македонија и Србија ќе ги укинуваат трговските бариери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makedonija-i-srbija-kje-gi-ukinuvaat-trgovskite-barieri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makedonija-i-srbija-kje-gi-ukinuvaat-trgovskite-barieri/#respond Thu, 08 Mar 2018 07:07:53 +0000 http://kurir.mk/?p=28241

Македонија и Србија ќе формираат меѓувладин комитет за решавање на трговските бариери и унапредување на размената. Ова вчера го соопштија македонскиот министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и српскиот министер Расим Љајиќ по работниот состанок за брашното во Скопје. Токму проблемот со брашното, како што рекоа, ги отвори и останатите прашања кои двете страни мора да ги решат за непречен проток на стоките и услугите. Целта на комитетот, но и воопшто на заложбите на владите на Македонија и на Србија, е трговската размена од сегашните 760 милиони евра, како што предочи Љајиќ, годинава да достигне милијарда евра. Комитетот првпат ќе заседава на 14 март во Белград, а ќе ги нотира сите бариери кои постојат од едната или од другата страна. Ќе дискутира и за извозот на македонските производи: вино, алкохол, тутун..., како и за меѓусебното признавање на сертификатите меѓу двете земји. Воедно ќе  понуди конкретни решенија. - Комитетот ќе ја разгледа и оправданоста на маркичките за брашното и нема да има проблем тие да се укинат ако стопанствениците побараат или имаат интерес за такво нешто, рече Николовски по состанокот. Проблемот со брашното настана откако Македонија на 8 февруари годинава воведе нов Правилник за увоз со кој предвиде, маркичките да се ставаат во земјава, по целосната контрола за безбедност и здравствена исправност на пратките, а не како досега, уште пред тие да дојдат на граница, од страна на извозниците. Тоа „ја дигна на нозе“ Србија. Посебно реагираше Деловната асоцијација на индустриски мелници, пекари и производители на тестенини „Житоунија“ од Нови Сад која побара од државата итно да воведе контра мерки кон Македонија. Николовски и Љајиќ беа во постојана комуникација, телефонски. Српскиот министер требаше да дојде минатиот петок но ја откажа средбата со образложение дека „не е постигнато решение“. Министрите вчера во Скопје договорија за увозното брашно од еден, два и пет килограми маркичките да се лепат во Србија, а за пакувањата од 25 и 50 килограми да се ставаат во Македонија. По средбата истакнаа дека двете страни направиле отстапки за да се дојде до решение на проблемот. - Ова е почеток на долгорочно решавање на сите проблеми меѓу двете влади во делот на земјоделството и трговијата, потенцираа министрите на Македонија и Србија. Николовски рече дека Правилникот, согласно договореното, ќе биде сменет веднаш.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makedonija-i-srbija-kje-gi-ukinuvaat-trgovskite-barieri/feed/ 0