разорувач – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 02 Oct 2018 07:47:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png разорувач – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кинески разорувач се доближил „агресивно блиску“ до американски брод https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineski-razoruvach-se-doblizil-agresivno-blisku-do-amerikanski-brod/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineski-razoruvach-se-doblizil-agresivno-blisku-do-amerikanski-brod/#respond Tue, 02 Oct 2018 07:47:53 +0000 https://kurir.mk/?p=109400

Кинески разорувач „агресивно се доближил“ до брод на американската морнарица во Јужното Кинеско Море, и го приморал да маневрира за да не се судрат. Кинески воен брод во неделата се доближил до бродот „Ју-Ес-Ес Декејтур“ на „небезбеден и непрофесионален начин“ кај Гавенските гребени во Јужното Кинеско Море, соопшти портпаролот на американската Пацифичка флота Тим Горман. Кинескиот разорувач, кој се доближил до американскиот брод на оддалеченост од 41 метар, „извел повеќе агресивни маневри пропратени со предупредувања до ’Декејтур' да ја напушти областа", стои во соопштение на американската Пацифичка флота. Кинеското Министерство за одбрана денеска соопшти дека е против влезот на американски воени бродови во води „околу кинески острови и гребени“ и потврди дека кинески ракетен разорувач „Луојанг“ веднаш е испратен за да го идентификува американскиот воен брод и да го избрка. Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека „силно ги повикува САД да престанат со своите провокативни акции“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineski-razoruvach-se-doblizil-agresivno-blisku-do-amerikanski-brod/feed/ 0