разрешен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 13 Jul 2023 13:47:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png разрешен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Руски генерал разрешен поради критикување на воениот врв https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-general-razreshen-poradi-kritikuvane-na-voeniot-vrv/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-general-razreshen-poradi-kritikuvane-na-voeniot-vrv/#respond Thu, 13 Jul 2023 13:47:01 +0000 https://kurir.mk/?p=856318

Рускиот генерал Иван Попов, задолжен за дел од руските сили кои се борат во јужна Украина, е разрешен од должноста откако отворено зборуваше за проблемите со кои се соочуваат неговите војници. Тој го критикуваше воениот врв и изјави дека на руските војници им е забоден нож во грб. Генерал-мајор Иван Попов, командант на 58-та армија која се бори во јужниот украински регион Запорожје, кој е централна точка на украинската контраофанзива, во аудио изјава за неговите војници објавена синоќа рече дека е разрешен по состанокот со воениот врв. Попов рече дека военото раководство е луто затоа што тој искрено зборувал за предизвиците со кои се соочиле неговите сили, особено за недостигот на радар за следење на непријателската артилерија, што резултирало со огромни руски жртви. „Врховните офицери очигледно ме видоа како извор на закана и брзо издадоа наредба да се ослободат од мене, која беше потпишана од министерот за одбрана за само еден ден. Украинската армија не можеше да ја пробие одбраната на нашата армија, но нас врховниот командант не удри во грб, предавнички и кукавички обезглавувајќи ја војската во најтешкиот момент“, додаде тој. Попов, кој се нарекува Спартак, на своите војници им се обраќа со „мои гладијатори“ во аудио пораката што ја објави пензионираниот генерал Андреј Гурулев, кој претходно командуваше со 58-та армија и моментално е пратеник. Педесет и осмата армија се состои од неколку дивизии и помали единици. Попов (48) имаше опуштен пристап кон војниците што беше редок и во спротивност со цврстиот стил на командување кој е вообичаен за руската војска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-general-razreshen-poradi-kritikuvane-na-voeniot-vrv/feed/ 0
Разрешен директорот на Управа за извршување на санкциите Марјан Спасовски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/razreshen-direktorot-na-uprava-za-izvrshuvane-na-sanktsiite-marjan-spasovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/razreshen-direktorot-na-uprava-za-izvrshuvane-na-sanktsiite-marjan-spasovski/#respond Tue, 17 Jan 2023 13:46:59 +0000 https://kurir.mk/?p=788440

Владата денеска на седница го разреши Марјан Спасовски од должноста директор на Управата за извршување на санкциите по бегството на осуденикот Беким Мемети од Идризово. Смената на Спасовски вчера ја најави премиерот Димитар Ковачевски, кој во одговор на новинарски прашања рече дека не е задоволен од работата на директорот на Управата за извршување на санкции. -Јас не сум задоволен од работата на директорот на Управата за извршување санкции при Министерството за правда и почнав процес на селекција на нов директор на Управата, рече Ковачевски. Покрај Спасовски, за бегството на Мемети суспендирани од работа беа и командирот на одделение и припадниците на затворската полиција кои го вршеле спроводот. Осум дена пртвор добија командирот и двајца затворски полицајци, а на четвртоосомничениот му се изречени мерки на претпазливост. Вонредниот инспециски надзор направен на 13 јануари покажа низа неправилности при спроведувањето на Мемети.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/razreshen-direktorot-na-uprava-za-izvrshuvane-na-sanktsiite-marjan-spasovski/feed/ 0
Разрешен генералниот секретар на СПМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/razreshen-generalniot-sekretar-na-spm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/razreshen-generalniot-sekretar-na-spm/#respond Tue, 20 Sep 2022 16:48:44 +0000 https://kurir.mk/?p=735335

Од причини што СПМ и Претседателот на СПМ измимативе денови се јавно нападнати и омаловажени од страна на веќе разрешен генерален секретар на овој синдикат, должност ни е да кажеме дека наводите во неговите објави, зборови кои ни се под честа и интегритетот да ги повторуваме, се чиста лага и апсолутно непознавање на правните акти на СПМ! Во тој контекст, мора да нагласиме дека една од причините за разрешување е таквото непознавање и неупатеност во нашите правни акти, нешто што е крајно недозволиво за носител на функција Генерален секретар. Обвинувањата дека со Самовластие, Претседателот на СПМ му ги одзел функцијата и правата, целосно ги демантираме. Правата и обврските на Претседателот и Генералниот секретар се децидно предвидени во Статутот на СПМ - правен акт на кој потписник е и сега веќе разрешениот Ген-сек, кој дал своја согласност за негово донесување, и тие како такви можат да се разгледаат во Статутот. Сега, во овој контекст, нагласуваме и тврдиме, дека тоа е уште една од причините за разрешувањето - неизвршување на задачите и обврските зададени со Статут, непочитување на хиерархијата поставена во Статутот односно ставање на самиот себе над сите и пред сите, што е очевидно и во неговите невистинити изјави. Уште на самите почетоци на формирањето на СПМ, дотичниот самоиницијативно и јавно се наметна како Ген-сек на СПМ со тоа ставајќи ги останатите во незавидна положба и пред свршен чин, што мора да признаеме дека беше наша многу голема грешка. Очигледно! Но, она што на почетокот изгледаше "незапирлива бура" од страна на дотичниот, со неговите настапи во првите неколку месеци, на крај излезе промаја. Во наша штета. Во штета на СПМ!!! Или што би рекол народот "Се тресеше гората, се роди глушец"! Како следна причина за негово разрешување се неговите лични пресметки, водени на неговиот личен профил, со навредливи и недокажани тврдења, обвинувања без докази насочени кон Министерот за внатрешни работи. Точно е тоа дека СПМ не се согласува со работењето на Министерот, не се согласува со неговиот однос кон вработените итн итн, но во нити еден случај и можност не сме искажале или објавиле невистина, лага, навреди или омаловажување кон нити една јавна личност. Таквото "работење" на дотичниот го доведе него лично до неколку постапки за кои, до 14.09.2022 година се криеше позади СПМ, користејќи ја функцијата и заштитата која ја носи истата, а притоа нанесувајќи секојдневно штета на синдикатот. Бидејќи се повикува на "некакви" авторски права, лични идејни решенија, графички дизајни" во врска со логото, грбот и знамето на СПМ, јавно го повикуваме да објави акт, од релевантна институција, со кој ќе ги докаже таквите тврдења. Таков акт не постои бидејќи СПМ со о Одлука веќе ги озакони тие обележја на Синдикатот, одлука на која и самиот тој е потписник и запознат. Со ова целосно ја демантираме неговата манипулација дека некој "го украл", противправно го присвоил" неговиот личен труд. Останатите негови напори за чинење намерна штета, изјавите во кои користи речник и изрази идентични со неговите изјави на неговиот личен профил, што значи крајно навредливи и омаловажувачки, како од личен така и од поглед на организација, нема да ги споменуваме и објавуваме затоа што не доликуваат на нити еден човек а камоли на академски граѓанин. Да сумираме: Дејан Саздов е разрешен од функцијата Генерален секретар на СПМ од 14.09.2022 година, со Одлука врз основа на Статутот на СПМ која е испратена за запознавање до потребните во МВР, од причини за непочитување, непознавање, неизвршување, намерно манипулирање и предизвикување штета на СПМ и раководството, систематско уништување на честа и угледот на организацијата и членството на СПМ. Со оглед на наведеното нема да коментираме наводна поврзаност и задкулисна соработка со Министерот, бидејќи таква не постои, што мислиме дека доволен доказ се нашите досегашни објави. Како синдикат, јасно изјавивме дека бараме соработка и средба со Министерот, но во насока на подобрување на условите и правата од работен однос на работниците. Во никој случај за да му наштетиме на Дејан Саздов од причини што дотичниот се покажа како најслабата алка во синџирот на СПМ и тоа е единствената причина што не е повеќе дел од тој синџир. ЗА КРАЈ: Јавно го предупредуваме Дејан Саздов, најнапред-да ја отстрани категоризацијата за професија на неговиот личен профил "Генерален секретар на СПМ", бидејќи со тоа веќе сторил дело и не сакаме да има последици од тоа. Следно, да прекине со обидите и со ширење на лажни и непотврдени информации бидејќи и со тоа веќе сторил дело и не сакаме да има последици од тоа. Веднаш да запре со јавните навреди и лажни наводи за дела на Претседателот на СПМ и Синдикатот, бидејќи повторно веќе сторил дело и не сакаме да има последици од тоа. Г-дине Дејан Саздов, те поздравуваме но нема да ти заблагодариме за досегашната… работа или соработка… бидејќи ти како таква, не ја почитуваше и самиот ја уништи. Но сепак ти посакуваме секое добро. Да живее Синдикат на Полиција во Македонија - СПМ. ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/razreshen-generalniot-sekretar-na-spm/feed/ 0
Сменет од функција претседателот на бугарскиот Парламент https://arhiva.kurir.mk/svet/region/smenet-od-funkcija-pretsedatelot-na-bugarskiot-parlament/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/smenet-od-funkcija-pretsedatelot-na-bugarskiot-parlament/#respond Thu, 16 Jun 2022 11:36:43 +0000 https://kurir.mk/?p=691660

Никола Минчев веќе не е претседател на бугарскиот Парламент откако денеска пратениците гласаа за негово разрешување со 125 гласа „за“. Против беа 113 пратеници. Еден пратеник беше воздржан. Барањето за негово разрешувње беше поднесено вчера со потписи на 120 пратеници од „Има таков народ“, ГЕРБ-СДС, ДПС и „Преродба“. Меѓу причините се прекршување на Уставот и деловникот на Собранието, како и попречување на нормалната законодавна активност и спроведување на ефективна собраниска контрола. -Во пленарната сала има ново мнозинство, порача Минчев од собраниската говорница на дебатите за неговото отповикување. Никола Минчев од парламентарната група на партијата „Продолжуваме со промената“ беше избран за претседател на 47. Народно собрание на 3 декември минатата година. Неговата кандидатура ја предложи актуелниот премиер Кирил Петков. -Му се заблагодарувам на Никола Минчев за добро завршената работа. Тој успеа да го води овој парламент на најдијалошки, најпрофесионален начин што можеше. Тој навистина стана жртва не на својата работа, не на неговите постапки, туку на коалиција која сега се формира меѓу ГЕРБ, Преродба СДС и останатите луѓе во „Има таков народ“ кој реши дека без разлика на професионалните квалитети ќе гласа против“. Ова го порача Кирил Петков од собраниската говорница, неколку минути откако беше разрешен Никола Минчев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/smenet-od-funkcija-pretsedatelot-na-bugarskiot-parlament/feed/ 0
Разрешен директорот на струмичкото училиште во кое наставник е обвинет за полов напад врз дете https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/razreshen-direktorot-na-strumichkoto-uchilishte-vo-koe-nastavnik-e-obvinet-za-polov-napad-vrz-dete/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/razreshen-direktorot-na-strumichkoto-uchilishte-vo-koe-nastavnik-e-obvinet-za-polov-napad-vrz-dete/#respond Mon, 23 May 2022 15:10:13 +0000 https://kurir.mk/?p=680571

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов го разреши директорот на училиштето од Струмица од кое наставник е осомничен за полов напад врз дете, а Основниот суд во Струмица на барање на ОЈО Струмица му одреди мерка притвор на наставникот во траење од 30 денови. Костадинов ја објави одлуката на својот Фејсбук-профил каде напиша дека е згрозен од наставникот во струмичко училиште кој недолично се однесувал со малолетна ученичка во истото училиште, а за кое СВР Струмица поднесе кривична пријава поради сомнение за полов напад врз дете -Секое злодело врз дете мора да се казни, но и луѓето на раководни позиции треба да понесат одговорност за кривичното дело на вработените. Без двоумење, а со силна желба за ред, дисциплина и одговорност додека сум јас градоначалник, денеска го потпишав решението за разрешување на директорот во училиштето. Ова нека биде опомена за сите. Најстроги казни за сторителите на кривични дела и разрешување на нивните раководители, напиша градоначалникот Костадинов. Од Основното јавно обвинителство во Струмица денеска соопштија дека донеле наредба за спроведување истражна постапка против 40-годишник осомничен за кривично дело-полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик, за кое е предвидена казна затвор од најмалку 12 години. -Осомничениот, наставник во основно училиште во струмичко, во периодот од октомври 2020 година до мај 2022 година, преку социјална мрежа испраќал пораки со експлицитна сексуална содржина на ученичка која немала наполнето 14 години. Искористувајќи прилика кога останале сами во спортската сала на училиштето, тој во два наврати извршил и други полови дејствија, допирајќи ја и бакнувајќи ја оштетената, стои во соопштението на ОЈО Струмица. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струмица доставил предлог за определување мерка притвор, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство, да влијае врз сведоци или да го повтори делото. Судијата го прифатил предлогот и на осомничениот му определил притвор во траење од 30 дена. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/razreshen-direktorot-na-strumichkoto-uchilishte-vo-koe-nastavnik-e-obvinet-za-polov-napad-vrz-dete/feed/ 0
Ја ангажирал сопругата да му помага во работењето: Ване Цветанов разрешен од раководната позиција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ja-angaziral-soprugata-da-mu-pomaga-vo-rabotenjeto-vane-cvetanov-razreshen-od-rakovodnata-pozocija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ja-angaziral-soprugata-da-mu-pomaga-vo-rabotenjeto-vane-cvetanov-razreshen-od-rakovodnata-pozocija/#respond Tue, 15 Mar 2022 19:53:44 +0000 https://kurir.mk/?p=647808

Владата на денешната седница го разреши Ване Цветанов од раководната позиција во Советот за унапредување и надзор на ревизијата. Разрешувањето доаѓа брзо по информациите во јавноста дека Цветанов, како Претседател на оваа државната институција, ја ангажирал сопствената жена, Дунавка Трифуновска да му помага во работењето. Очекуваме и официјална потврда од Владата, по завршување на седницата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ja-angaziral-soprugata-da-mu-pomaga-vo-rabotenjeto-vane-cvetanov-razreshen-od-rakovodnata-pozocija/feed/ 0
Фадил Зендели разрешен од собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fadil-zendeli-razreshen-od-sobraniskata-komisija-za-prashanja-na-izborite-i-imenuvanjata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fadil-zendeli-razreshen-od-sobraniskata-komisija-za-prashanja-na-izborite-i-imenuvanjata/#respond Thu, 03 Mar 2022 12:55:21 +0000 https://kurir.mk/?p=640219

Со 61 гласа „за“, без ниту еден против и без воздржани, Собранието ја донесе одлуката за разрешување на пратеникот Фадил Зендели од Движењето „Беса“ од член на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не беа присутни во собраниската сала и не гласаа. Откако работата по 64-та седница продолжи со расправа за Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за животната средина, во второ читање, во салата влезе координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Никола Мицевски кој побара еден час пауза и обвини дека „се демонстрира сила и надмоќ“. Тој праша што се направило со над 400 амандмани испратени од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ до архива и се уредно примени и побара писмен одговор. Образложи дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и целата опозиција не бранат пратеник, ентитет или одредена политичка партија туку, како што рече, ја брани и сака да ја заштити процедурата која вие упорно ја кршите во оваа парламентарна зграда. Претседателот на Собранието Талат Џафери пред да прогласи едночасовна пауза рече дека амандманите се доставени и тој како претседател на Парламенот има рок од три дена да ги разгледа. Нагласи дека тој рок не е надминат, дека треба да се прегледаат сите амандмани и во дадениот рок ќе добијат соодветен одговор. Во денешната расправа доминираа ставовите на власта дека опозицијата три дена му се додворувала на пратеникот Фадил Зендели, кој своеволно преминал во опозиција, а беше дел од Коалицијата „Можеме“. Според СДСМ, граѓаните не сакаат предвремени избори, кога во земјава имаме енергетска, економска и Ковид-криза. Снежана Калеска – Ванчева од СДСМ рече дека три дена расправаат за одлука со која, како што рече, ќе треба да се воспостави балансот на вистинска застапеност на политичките партии во таа комисија. Таа ги праша пратениците од ВМРО-ДПМНЕ зошто сакаат да имаат мнозинство во оваа Комисија, кога, како што рече, знаете дека деловнички не ви следува. Според неа, на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не им е грижа за квалитетот на Фадил Зендели, туку знаат дека со седум гласа ќе можат да ја надгласаат власта и како што рече, „ќе можете да избирате и понатаму судии од тефтерчињата, функционери и останати кои треба да ве заштитат вас и вашата политичка опција“. Претседателот на Собранието Џафери ја прекина седницата и најави дека за нејзиното продолжување пратениците дополнително ќе бидат известени. За во наредните два часа најави седница за Предлог-декларација за состојбата во Украина. Истакнувајќи дека Декларацијата е доставена до него апелираше пратениците да бидат достапни и да очекуваат нова седница. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fadil-zendeli-razreshen-od-sobraniskata-komisija-za-prashanja-na-izborite-i-imenuvanjata/feed/ 0
Владата го разреши Бучковски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-go-razreshi-buchkovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-go-razreshi-buchkovski/#respond Tue, 11 Jan 2022 15:46:52 +0000 https://kurir.mk/?p=618120

Владо Бучковски кој беше поставен за специјален претставник на Македонија за Бугарија е разрешен од својата функција, потврди портпаролот на Владата. Бучковски е разрешен во пресрет на изборот на нова Влада предводена од новиот лидер на СДСМ и мандатар Димитар Ковачевски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-go-razreshi-buchkovski/feed/ 0
Борусија Дортмунд го разреши тренерот Фавр https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/borusija-dortmund-go-razreshi-trenerot-favr/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/borusija-dortmund-go-razreshi-trenerot-favr/#respond Sun, 13 Dec 2020 15:23:17 +0000 https://kurir.mk/?p=442740

Лусиен Фавр е разрешен од функцијата главен тренер на Борусија, објави клубот од Дортмунд на својот официјален Твитер. Во соопштението се наведува дека одлуката е донесена по вчерашниот пораз од Штутгарт (1:5) во Бундеслигата. Заедно со Фавр, ќе го напушти тимот и неговиот асистент Манфред Стефес. Клубот му се заблагодари на тренерот за неговата работа и му посака успех во иднина. Во следниот период „милионерите“ ќе ги предводи поранешниот помошник на Фавр, Един Терзиќ. Неговите асистенти ќе бидат Себастијан Геперт и Ото Адо. Борусија Дортмунд е петта на табелата во Бундеслигата со 19 поени од 11 натпревари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/borusija-dortmund-go-razreshi-trenerot-favr/feed/ 0
Разрешен новозеландскиот министер Лијс-Галовеј поради врска со вработена во неговиот кабинет https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/razreshen-novozelandskiot-minister-lijs-galovej-poradi-vrska-so-vrabotena-vo-negoviot-kabinet/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/razreshen-novozelandskiot-minister-lijs-galovej-poradi-vrska-so-vrabotena-vo-negoviot-kabinet/#respond Wed, 22 Jul 2020 06:26:50 +0000 https://kurir.mk/?p=379442

Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн го разреши министерот за имиграција Јан Лијс-Галовеј поради што една година бил во врска со вработена во неговиот кабинет. Лијс-Галовеј изјави дека се согласува со одлуката на премиерката Ардерн и се извини. Тој истакна дека нема да учествува на престојните парламентарни избори, што се закажани во септември. – Постапив целосно несоодветно и не можам да продолжам да ја извршувам финкцијата министер, истакна Лијс-Галовеј. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/razreshen-novozelandskiot-minister-lijs-galovej-poradi-vrska-so-vrabotena-vo-negoviot-kabinet/feed/ 0