разрешување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 03 May 2023 15:50:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png разрешување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Со одлука на косовскиот министер Красниќи разрешен Управувачкиот тим за изработка на статутот на ЗСО https://arhiva.kurir.mk/svet/region/so-odluka-na-kosovskiot-minister-krasniki-razreshen-upravuvachkiot-tim-za-izrabotka-na-statutot-na-zso/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/so-odluka-na-kosovskiot-minister-krasniki-razreshen-upravuvachkiot-tim-za-izrabotka-na-statutot-na-zso/#respond Wed, 03 May 2023 15:50:37 +0000 https://kurir.mk/?p=830238

Косовскиот министер за локална самоуправа, Ељберт Красниќи, денеска донесе одлука за разрешување на Управувачкиот тим за изработка на Статутот на Заедницата на српски општини (ЗСО). Управувачкиот тим за изготвување на Статутот на Заедницата на српски општини (ЗСО) на вчерашната средба меѓу косовскиот премиер Аљбин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го презентираше нацрт-статутот, кој, според косовските власти, е во спротивност со договорот од 2013 година, одлуката на Уставниот суд и Уставот на Косово. „По вчерашната презентација во Брисел на нацрт-статутот на Заедницата на општини со српско мнозинство, според надлежностите што му се дадени на Управувачкиот тим во Брисел со договорите од 2013 и 2015 година, овој тим сега и самиот е без статус“, напиша Красниќи на Фејсбук. Во Управувачкиот тим членуваа Данијела Вујичич, Јелена Боловиќ, Игор Каламар и Дејан Радојковиќ. По синоќешната средба косовскиот премиер изјави дека нацрт-статутот презентиран од Управувачкиот тим е суштински некомпатибилен со Уставот на Косово. -Изразив став дека таков нацрт, тоа што го слушнавме и прочитавме, е суштински некомпатибилно со уставноста, законитоста, човековите права, европските вредности, малцинските права според европските стандарди, и покрај тоа ќе бидеме заинтересирани да најдеме решение, изјави Курти во Брисел. Тој додаде дека на средбата предложил нацрт-визија во однос на членот 7 од основниот договор, имајќи го предвид членот 10 како треба да бидат вредностите и принципите, рамката која го регулира прашањето за немнозинските или малцинските заедници. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/so-odluka-na-kosovskiot-minister-krasniki-razreshen-upravuvachkiot-tim-za-izrabotka-na-statutot-na-zso/feed/ 0
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност бара разрешување на Вилма Русковска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-utvrduvane-na-distsiplinska-odgovornost-bara-razreshuvane-na-vilma-ruskovska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-utvrduvane-na-distsiplinska-odgovornost-bara-razreshuvane-na-vilma-ruskovska/#respond Thu, 30 Mar 2023 12:35:19 +0000 https://kurir.mk/?p=818152

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција при Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, по спроведената дисциплинска постапка против три јавни обвинителки и разгледување на извештајот на обвинителот-известител, донесе Решение со кое: – За поранешна основна јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е утврдено дека е одговорна за сторена тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за Јавното обвинителство и Комисијата одлучи да поднесе предлог за нејзино разрешување до Советот на јавните обвинители. –За една јавна обвинителка од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, за утврдена тешка дисциплинска повреда е изречена дисциплинска мерка – намалување на месечна плата во висина од 30% од исплатената нето плата во траење од 6 месеци. –За една јавна обвинителка Комисијата одлучи да ја ослободи од одговорност, бидејќи не се докажа дека сторила тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство. Против Решението на Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција незадоволните страни имаат право на жалба пред Советот на јавните обвинители.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-utvrduvane-na-distsiplinska-odgovornost-bara-razreshuvane-na-vilma-ruskovska/feed/ 0
Ахмети гo замени Меџити со Бујар Османи како координатор на огранокот Чаир https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahmeti-go-zameni-medhiti-so-bujar-osmani-kako-koordinator-na-ogranokot-chair/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahmeti-go-zameni-medhiti-so-bujar-osmani-kako-koordinator-na-ogranokot-chair/#respond Mon, 06 Mar 2023 10:32:02 +0000 https://kurir.mk/?p=808562

Демократската Унија за интеграција го именуваше Бујар Османи за координатор на огранокот Чаир, пренесе ТВ21. Според информациите, одлуката дошла по предлог на лидерот Али Ахмети со цел „во оваа фаза да се координираат политичките процеси во Чаир“. Претходно, како координатор на огранокот Чаир беше Изет Меџити. Веќе подолг период „Огнената група“, во која се Изет Меџити и Муса Џафери се спротиставуваат на лидерот на ДУИ, барајќи од него да го тргне Артан Груби.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahmeti-go-zameni-medhiti-so-bujar-osmani-kako-koordinator-na-ogranokot-chair/feed/ 0
Собранието ќе ја продолжи расправата за разрешување на тројцата министри од Алтернатива https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-ke-ja-prodolzhi-raspravata-za-razreshuvane-na-trojtsata-ministri-od-alternativa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-ke-ja-prodolzhi-raspravata-za-razreshuvane-na-trojtsata-ministri-od-alternativa/#respond Thu, 16 Feb 2023 06:39:47 +0000 https://kurir.mk/?p=801081

Пратениците денеска од 11 часот треба да ја продолжат 104-тата седница на која четврти ден ќе се расправа за разрешување на тројцата министри од Алтернатива. Со реконструкцијата на Владата, во владината коалиција влегува партијата Алијанса за Албанците. По предлог на Владата, треба да бидат разрешени министрите од Алтернатива - Беким Сали за здравство, Адмирим Алити за информатичко општество и администрација и Џемаил Чупи, министер без ресор задолжен за дијаспора. За нови министри, премиерот ги предложи Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација, тројцата од Алијансата за Албанците, и Каја Шукова од СДСМ за животна средина и просторно планирање. На претходна седница Собранието ги констатираше оставките на министрите за правда и за животна средина и просторно планирање, Никола Тупанчевски и Насер Нуредини, како и на заменик-министрите за правда и за здравство, Агим Нухиу и Владимир Рендевски. На дневен ред на 104. седница се и Предлогот за избор на членови на Владата, Предлогот за разрешување заменици министри и Предлогот за именување заменици министри. На првиот ден од расправата, премиерот Димитар Ковачевски образложувајќи ја одлуката за реконструкција на Владата, истакна дека на државата и треба стабилно мнозинство кое ќе овозможи брз развој и напредок. Во изминатите три дена пратениците од власта и опозицијата полемизираа за политиките на Владата, која за пратениците на ВМРО-ДПМНЕ е „Пазар 3 коалиција“ и „купи-продај Влада од денес за утре“. Тие реагираа дека премиерот Ковачевски во експозето не образложил ни една причина за разрешување на министрите, туку зборувал „за европската интеграција и кочничарот ВМРО-ДПМНЕ“. Според опозиционерите, смената во ресорите што ги имаше Алтернатива е само трговија и затоа што „им поминала употребната вредност“. За Алијанса за Албанците (АА), пак, која во Парламентот има осум пратеници, влезот во владејачката коалиција е поради европската иднина на државата. На потсетувањата од опозициските пратеници какви биле ставовите на АА кон ДУИ, со која сега ќе бидат во коалиција, пратеникот од АА Халил Снопче рече дека „не се пишман“ за тоа што го кажале. -Не сме пишман за тоа што сме кажале. Не умира нашата кауза, но ќе умре евроинтеграциската перспектива. А ова е клучна година. Со нашето учество во Владата, ние даваме надеж за европската иднина на државата, рече Снопче.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-ke-ja-prodolzhi-raspravata-za-razreshuvane-na-trojtsata-ministri-od-alternativa/feed/ 0
Реџепи: Ќе гласам за разрешувањето на Беким Сали, но не и за другите министри https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/redhepi-ke-glasam-za-razreshuvaneto-na-bekim-sali-no-ne-i-za-drugite-ministri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/redhepi-ke-glasam-za-razreshuvaneto-na-bekim-sali-no-ne-i-za-drugite-ministri/#respond Tue, 14 Feb 2023 08:54:54 +0000 https://kurir.mk/?p=800227

Независниот пратеник Скендер Реџепи најавува дека ќе гласа за разрешување на министерот за здравство Беким Сали, но, како што рече, не и за другите министри и заменици министри, што се дел од Предлогот за реконструкција на Владата, за која вчера почна дебатата во Собранието. Реџепи, кој по напуштањето на Алтернатива делува како независен пратеник, во синоќешното гостување на ТВ 21 оцени дека најголемото зло што им е направено на структурите на Алтернатива, е недостатокот на политичка волја. -Јас ќе гласам за разрешувањето на министерот за здравство без сомнение, бидејќи најголемото зло што им е направено на структурите на Алтернатива, е недостатокот на политичка волја. Другите министри никогаш нема да ги гласам за разрешување, рече Реџепи. Тој најави дека ќе има средба со премиерот Димитар Ковачевски, со кого ќе разговара околу точката за меѓународната истрага. Алтернатива, како што рече, никогаш не побарала од Владата меѓународна истрага за монтираните случаи, кои беа главна точка од договорот за владина коалиција меѓу Алтернатива и СДСМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/redhepi-ke-glasam-za-razreshuvaneto-na-bekim-sali-no-ne-i-za-drugite-ministri/feed/ 0
Разрешен е директорот, менаџерскиот тим, управниот и надзорен одбор на Колска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/razreshen-e-direktorot-menadzerskiot-tim-upravniot-i-nadzoren-odbor-na-kolska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/razreshen-e-direktorot-menadzerskiot-tim-upravniot-i-nadzoren-odbor-na-kolska/#respond Thu, 13 Oct 2022 13:16:05 +0000 https://kurir.mk/?p=744841

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција изјави дека директорот, менаџерскиот тим, управниот и надзорниот одбор на Колска се разрешени, откако денеска работниците излегоа на протест пред Владата. - Еве денес имаме штрајк пред Владата на претпријатието Колска, каде вработените се дојдени тука, а директорот го нема, ги нема и членовите на Управниот одбор.Тие треба да бидат со работниците. Ние како влада во изминатиот период имаме дадено 35 милиони на тоа јавно претпријатие, коишто финансиски средства се истрошени, работниците немаат плата. Кога ги видовме извештаите дали е намален долгот во изминатиот период, дали е зголемено производството и услугата којашто тие ја даваат, дали се намалени трошоците – не се. Поради ова предложив на Влада и директорот и целиот менаџерски тим, и надзорен и управен одбор веднаш да бидат разрешени, изјави Ковачевски. И со оглед на тоа што јас излегов од Влада, да ја одржам оваа прес-конференција, доколку е завршена претпоставувам и дека тие веќе се разрешени и таму ќе има нов менаџерски тим, додаде Ковачевски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/razreshen-e-direktorot-menadzerskiot-tim-upravniot-i-nadzoren-odbor-na-kolska/feed/ 0
Нов скандал: Владата го разрешува шефот на финансиската полиција Арафат Муареми?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-skandal-vladata-go-razreshuva-shefot-na-finansiskata-policija-arafat-muaremi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-skandal-vladata-go-razreshuva-shefot-na-finansiskata-policija-arafat-muaremi/#respond Mon, 18 Apr 2022 14:49:40 +0000 https://kurir.mk/?p=664831

Во напната атмосфера попладнево владата го разрешува шефот на Финансиската полиција Арафат Муареми кадар на СДСМ, неофицијално дознава expres.mk. Муареми во јавноста се споменува како дел од случај за кој се води постапка во Јавното обвинителство за организиран криминал. Владините извори за expres.mk тврдат дека по добиените сознанија за активности на Муареми веќе нема можност тој да остане на високата и важна функција во владата. Управата за финансиска полиција е една од најважните алатки за контрола но за жал и за притисок врз правните субјекти во земјата. Неофицијално во случајот кој го истражува Јавното обвинителство се работи за десетици фирми кои биле рекетирани и уценувани да исплатат црни пари а за возврат институциите да не ги гонат за кривични и други дела сторени од нив. Каква е улогата на Муареми и други високи лица од СДСМ, ДУИ и владините структури во овој случај веќе се утврдува во соодветна постапка од обвинителството. Муареми лани на локалните избори беше фатен како се заканува со финансиски инспектори за кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-skandal-vladata-go-razreshuva-shefot-na-finansiskata-policija-arafat-muaremi/feed/ 0
Разрешена директорката на Агенција за ветеринарство на Албанија поради ненавремена реакција на птичјиот грип https://arhiva.kurir.mk/svet/region/razreshena-direktorkata-na-agencija-za-veterinarstvo-na-albanija-poradi-nenavremena-reakcija-na-ptichjiot-grip/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/razreshena-direktorkata-na-agencija-za-veterinarstvo-na-albanija-poradi-nenavremena-reakcija-na-ptichjiot-grip/#respond Mon, 21 Mar 2022 15:26:02 +0000 https://kurir.mk/?p=650791

Разрешена е директорката на Националната агенција за ветеринарство на Албанија, Тана Кика, поради ” ненавремено превземени мерки за откривање на птичјиот грип”. Во исто време Обвинителството во Драч почна истрага во врска со последните случувања со болеста кај живината. Иако пред две недели било сигнализирано дека има појава на угинување на живина во фарми во Драч, потврда дека станува за птичји грип е соопштена вчера попладне, откако здружението на потрошувачи и локални производители обвинија за негрижа и неодговорност на надлежните. Од здружението денеска побараа одговорност и од Агенцијата за храна бидејќи дозволила продажба на живина во овој период. Последните информации говорат дека угинати се над 300 илјади кокошки. Дополнителен скандал, за кој Министерството за земјоделство најави брзо решение, е фактот што угинатата живина се чува во кругот на фирмите, бидејќи не добиле локација за уништување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/razreshena-direktorkata-na-agencija-za-veterinarstvo-na-albanija-poradi-nenavremena-reakcija-na-ptichjiot-grip/feed/ 0
Пленковиќ го разреши министерот Дарко Хорват од функцијата откако денес беше уапсен https://arhiva.kurir.mk/svet/region/plenkovikj-go-razreshi-ministerot-darko-horvat-od-funkcijata-otkako-denes-beshe-uapsen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/plenkovikj-go-razreshi-ministerot-darko-horvat-od-funkcijata-otkako-denes-beshe-uapsen/#respond Sat, 19 Feb 2022 20:10:38 +0000 https://kurir.mk/?p=633692

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, го разреши од должност уапсениот министер Дарко Хорват. Го разрешил на негово лично барање, потврди владиниот портпарол, пренесува Индекс.хр. Да потсетиме, утрово хрватската полиција во соработка со УСКОК изврши претрес во куќата на министерот за градежништво Дарко Хорват во Меѓумурје, а истрагата е поврзана со злоупотреба на положбата и овластувањата. Тој денеска беше уапсен, а подоцна и сослушан. Според неофицијални информации, станува збор за истрага поради милионски незаконски проневери. Инспекторите ја истражуваат улогата на Хорват во злоупотребите за кои се сомничи неговата поранешна помошничка Ана Мандац. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/plenkovikj-go-razreshi-ministerot-darko-horvat-od-funkcijata-otkako-denes-beshe-uapsen/feed/ 0
Разрешени директорите на РЕК Битола и РЕК Осломеј https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/razresheni-direktorite-na-rek-bitola-i-rek-oslomej/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/razresheni-direktorite-na-rek-bitola-i-rek-oslomej/#respond Wed, 24 Nov 2021 10:21:59 +0000 https://kurir.mk/?p=599233

На седница на Управниот одбор на АД ЕСМ донесена е одлука за кадровски промени во РЕК Битола и во РЕК Осломеј. Разрешен е директорот на РЕК Битола Златко Ќурчиевски и на негово место за в.д. директор е назначен Пеце Матевски, досегашен директор на Термоелектрана. Во РЕК Осломеј разрешен е директорот Златко Пиперкоски и на негово место за в.д. директор е назначен Стојан Мицкоски, досегашен технички директор во Рудници. Во следните денови ќе бидат извршени и други кадровски поместувања внатре во комбинатите, со цел подобрување на процесот на производство и соочување со предизвиците од енергетската криза. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/razresheni-direktorite-na-rek-bitola-i-rek-oslomej/feed/ 0