разузнавач – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 11 Mar 2021 10:39:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png разузнавач – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 “Агентот на МИ 6“ кој сака да ги вакцинира Македонците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/agentot-na-mi-6-koj-saka-da-gi-vakcinira-makedoncite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/agentot-na-mi-6-koj-saka-da-gi-vakcinira-makedoncite/#respond Thu, 11 Mar 2021 10:39:18 +0000 https://kurir.mk/?p=480641

Речиси сме на средина на месец март, повеќе од една година како короната „владее во Македонија“, го одредува патот по кој треба да се движиме. Повеќе од една година државите се во страв за животите на своите граѓани и своите економии. Македонската економија во моментов е во класичен нокдаун. Не се знае дали ќе стане и ќе продолжи да функционира или ќе се предаде на можеби најтешката борба од самостојноста, па до денес. Но, силните држави не се предаваат, се борат до последен атом, понекогаш ќе мора да донесат и тешки, но навремени одлуки за своите држави, одлуки кои на граѓаните може и нема да им се допаднат, но целта ги оправдува средствата, а нивната цел е победа над овој вирус. На огромна жалост, Македонија во моментов не спаѓа во овие силни држави, власта ниту носи тешки, а најмалку навремени одлуки за што поскоро да излеземе од „затворот“ во кој тие не’ затворија. Повторно полициски час, повторно удари по економијата... сето ова е поради нивната неспособност, неспособноста да донесат макар една вакцина на време. Додека Израел веќе вакцинираше над 95 проценти од своето население, Македонија не може да ги вакцинира оние кои се во првата линија во борбата против коронавирусот, лекарите. Големите земји веќе масовно го вакцинираат населението, а оние на кои туризмот им е примарна гранка, веќе скрои план како за некој месец да почне со работа. Тие ќе почнат со работа, а нашите власти со уличарски изјави дека правеле муабети со разузнавачи на МИ 6 за вакцини. Агент на британската тајна служба бил во постојана комуникација со Зоран Заев, да не беше трагично, ќе беше комично. Се сеќаваме на пранкерите кои му го сместија на Заев, па оттука се поставува прашањето, со кој „Џејмс Бонд“, Зоран Заев комуницирал за вакцините? Бидејќи вакцини НЕМА! Од она малку познато за нас, комуникација со разузнавачка служба, со било која, па и од рангот на МИ 6, која важи за една од најподготвените и способните во светот, не се прави на пазарџиски начин, а уште помалку ќе му биде дозволено на Зоран Заев истото да го открие во интервју на телевизија, класичен башибозук, неспособноста на дело. Тоа ти е исто како да излезе Бенџамин Нетанјаху и да каже дека пратил во седиштето на Фајзер агенти на „МОСАД“ да им се заканат, па мораа да ни дадат толку многу вакцини. Класичен аматеризам на Заев. Вакви уличарски муабети се потценување на интелигенцијата на народот, можеби во 90-те ова ќе запалеше, ама сега со толку многу средства за информирање треба да си до толку наивен за да го потцениш сопствениот народ. Вакцини нема, а не се знае кога ќе стигнат, додека светот прогласува победа, власта во Македонија прогласува полициски час, го затвора народот, ја уништува економијата, долгот расте, народот се плаши, а луѓе умираат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/agentot-na-mi-6-koj-saka-da-gi-vakcinira-makedoncite/feed/ 0
Трамп го смени главниот разузнавач кој ја водеше истрагата за неговото отповикување https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-go-smeni-glavniot-razuznavach-koj-ja-vodeshe-istragata-za-negovoto-otpovikuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-go-smeni-glavniot-razuznavach-koj-ja-vodeshe-istragata-za-negovoto-otpovikuvanje/#respond Sat, 04 Apr 2020 08:17:09 +0000 https://kurir.mk/?p=327093

Во писмо до американските законодавци, претседателот на САД Доналд Трамп најави дека ќе го разреши од функцијата генералниот инспектор на разузнавачките служби Мајкл Аткинсон, пишува весникот „Њујорк тајмс“. Трамп одлучи да го разреши Аткинсон поради недоверба во него, се наведува во писмото испратено до Адам Шиф, претседател на Комисијата за разузнавање при Претставничкиот дом и Девин Нунс, републиканец од таа Комисија. – Важно ми е да имам доверба во вршителот на должноста генерален инспектор. Тоа веќе не е случај со овој генерален инспектор, напиша Трамп. Шиф ја оцени смената на Аткинсон како „бесрамен обид за нарушување на независноста на разузнавачката заедница и одмазда кон оние кои се осмелуваат да ги разоткријат криминалите на претседателот“. Аткинсон минатата есен го информираше Конгресот за поплаки од свиркачи поради активностите на американскиот претседател во Украина, што иницираше започнување постапка за импичмент на Трамп. Според „Њујорк тајмс“, еден претставник на администрацијата на Трамп, кој инсистирал на анонимност, укажал дека судбината на Аткинсон била запечатена веднаш по завршувањето на постапката за отповикување во Конгресот. Американските закони му овозможуваат на шефот на државата да го смени генералниот инспектор на разузнавачките служби еден месец откако ќе ги извести безбедносните структури за својата намера.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-go-smeni-glavniot-razuznavach-koj-ja-vodeshe-istragata-za-negovoto-otpovikuvanje/feed/ 0