разузнавачи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 01 Sep 2022 17:17:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png разузнавачи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Разузнавачи на САД: Русија се соочува со „сериозен недостиг на човечки ресурси“ во војната против Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/razuznavachi-na-sad-rusija-se-soochuva-so-seriozen-nedostig-na-chovechki-resursi-vo-vojnata-protiv-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/razuznavachi-na-sad-rusija-se-soochuva-so-seriozen-nedostig-na-chovechki-resursi-vo-vojnata-protiv-ukraina/#respond Thu, 01 Sep 2022 17:17:21 +0000 https://kurir.mk/?p=727403

Русија се соочува со „сериозен недостиг на човечки ресурси“ во својата шестмесечна војна со Украина, заклучија разузнавачките служби на САД, јавија дел од американските медиуми. Русија се обидува преку разни начини да го реши проблемот со немање доволно војска, како на пример терајќи ги ранетите војници да се вратат во борбените линии, ангажирајќи приватни компании за обезбедување, па дури и повици за служба на затворениците, изјави неименуван американски службеник. Според него, како што било потврдено од разузнавачите, Министерството за одбрана на Русија во најскоро време ќе започне со повици до криминалците да стапат во служба „во замена за помилување и финансиска компензација“. Како што е познато, рускиот претседател Владимир Путин минатата недела потпиша указ за зголемување на бројноста на вооружените сили за 137,000 војници, или вкупно 1.15 милиони луѓе. Указот стапува во сила на 1 јануари. Заменик министерот за одбрана на САД, Колин Кал, неодамна изјави дека според оценките на САД, во првите месеци од војната Русија претрпела огромни загуби. -Во војната има многу магла, но сметам дека може со увереност да се каже дека за помалку од шест месеци руските загуби најверојатно бројат 60 до 70 илјади луѓе,. Тука се вклучени убиените и ранетите. Тој број може да биде малку помал или малку поголем, но сметам дека е слично на тоа, изјави Кал. Русија ретко излегува со проценки за загубите. Од друга страна, пред и по почетокот на војната САД штедро споделуваат доверливи разузнавачки детали за да се разобличат плановите на руските операции за дезинформација, или да се привлече внимание на тешкотиите со кои Москва се судира во нејзината војна против Украина. На почетокот на оваа недела, Администрацијата на Бајден соопшти дека Русија се судрила со технички проблеми кај беспилотните летала од иранско производство. -Русија има одредени тешкотии и се судира со ограничени возможности, кај иранските беспилотни летала од моментот кога ги доби, изјави Џон Кирби, претставник на Советот за национална безбедност при Белата куќа. Дроновите што Русија ги доби од Техеран пристигнале кон средината на август, јави Вашингтон пост. Весникот исто така соопшти и дека Украинците користеле лажни ракетни лансери Химарс направени од дрво, за да ги насочат руските ракетни системи да стрелаат во нив, и со тоа да ги употребат напразно балистичките ракети на непријателот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/razuznavachi-na-sad-rusija-se-soochuva-so-seriozen-nedostig-na-chovechki-resursi-vo-vojnata-protiv-ukraina/feed/ 0
Израел ликвидираше двајца разузнавачи на Хамас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-likvidirashe-dvajca-razuznavachi-na-hamas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-likvidirashe-dvajca-razuznavachi-na-hamas/#respond Wed, 12 May 2021 05:42:42 +0000 https://kurir.mk/?p=509196

Израелската војска соопшти дека елиминирала двајца од клучните разузнавачи на радикалното палестинско движење Хамас. „Со помош на нашите авиони-ловци, како и на безбедносните служби, ги елиминиравме клучните фигури во разузнавањето на Хамас: Хасан Кауџи, шеф на одделот за воени разузнавања на Хамас и неговиот заменик, Ваил Ису, шеф на одделот за контраразузнавање“, се вели во во официјалното соопштение на израелската армија. Во последните денови ескалираше палестинско-израелскиот конфликт. Постои интензивна размена на ракетни напади меѓу Израел и палестинските радикали од Појасот Газа. Тензиите се зголемија откако немирите во џамијата Ал-Акса во источен Ерусалим започнаа на почетокот на мај, при што беа повредени повеќе од 700 лица. Судирите меѓу Палестинците и безбедносните сили беа предизвикани од одлуката на израелскиот суд да одземе куќи во Шеик Џара од арапските семејства кои живеат таму повеќе од половина век во корист на еврејските доселеници со образложение дека куќите им припаѓале пред 1948 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-likvidirashe-dvajca-razuznavachi-na-hamas/feed/ 0
Си Ен Ен: Разузнавачите мораат да поднесат извештај до Конгресот на САД за НЛО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-en-en-razuznavachite-moraat-da-podnesat-izveshtaj-do-kongresot-na-sad-za-nlo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-en-en-razuznavachite-moraat-da-podnesat-izveshtaj-do-kongresot-na-sad-za-nlo/#respond Mon, 11 Jan 2021 07:23:33 +0000 https://kurir.mk/?p=453553

Американскиот претседател Доналд Трамп кон крајот на минатиот месец го потпиша Законот за економска помош поради пандемијата на Ковид-19 и финансирање владини агенции, вреден 2,3 билиони долари, оттогаш почна да тече рокот на американските разузнавачки служби да го информираат Конгресот какви сознанија имаат за неидентификуваните летечки објекти (НЛО). Директорот на Националната разузнавачка служба и министерот за одбрана сега имаат помалку од шест месеци да им дадат на разузнавачите на Конгресот и воените служби некласифициран извештај за „неидентификуваните воздушни феномени“, објави Си Ен Ен. Станува збор за одредба која е вметната во делот „коментар на одборот“ од Законот за одобрување на разузнавачки податоци за фискалната 2021 година. Во извештајот мора да постои детална анализа на податоци за НЛО и информации собрани од голем број разузнавачки агенции, вклучувајќи го и ФБИ, според директивата на разузнавачкиот одбор на Сенатот. На крај, извештајот треба да ги идентификува потенцијалните безбедносни закани од НЛО и да процени дали можеби некоја непријателска земја е вмешана во таквите активности, наведува разузнавачкиот одбор на Сенатот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-en-en-razuznavachite-moraat-da-podnesat-izveshtaj-do-kongresot-na-sad-za-nlo/feed/ 0
Шпигел: Германските разузнавачи се сомневаат во тврдењата на САД дека коронавирусот потекнува од кинеска лабораторија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpigel-germanskite-razuznavachi-se-somnevaat-vo-tvrdenjata-na-sad-deka-koronavirusot-poteknuva-od-kineska-laboratorija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpigel-germanskite-razuznavachi-se-somnevaat-vo-tvrdenjata-na-sad-deka-koronavirusot-poteknuva-od-kineska-laboratorija/#respond Fri, 08 May 2020 11:32:27 +0000 https://kurir.mk/?p=343517

Извештај на германското разузнавање ги доведува во прашање обвиненијата на САД дека новиот коронавирус потекнува од кинеска лабораторија и наведува дека обвинувањата се обид да се одвлече вниманието од неуспехот на американската Влада да го спречи ширењето на вирусот во земјата, пишува весникот „Шпигел“. Во неделата, државниот секретар на САД, Мајк Помпео рече дека има „сериозни докази“ дека коронавирусот потекнува од кинеска лабораторија, но не го оспори заклучокот на американското разузнавање дека тој не е направен од човек. Според „Шпигел“, германската разузнавачка служба БНД побарала од членовите на разузнавачката унија „Пет очи“, предводена од САД, да даде докази за обвиненијата. Ниту една друга земја во унијата, која ги вклучува САД, Велика Британија, Австралија, Канада и Нов Зеланд, не ги поддржа тврдењата на Помпео. Во разузнавачкиот извештај, подготвен за германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер, се заклучува дека „обвинувањата на САД биле намерен обид да се одвлече вниманието на јавноста од неуспесите на претседателот Доналд Трамп“. Засега нема коментар од германската Влада.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpigel-germanskite-razuznavachi-se-somnevaat-vo-tvrdenjata-na-sad-deka-koronavirusot-poteknuva-od-kineska-laboratorija/feed/ 0
Три американски разурнувачки бродови впловија во Беренцово море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tri-amerikanski-razurnuvachki-brodovi-vplovija-vo-berencovo-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tri-amerikanski-razurnuvachki-brodovi-vplovija-vo-berencovo-more/#respond Tue, 05 May 2020 19:29:01 +0000 https://kurir.mk/?p=342146

Три американски бродови – разурнувачи вчера впловија во Беренцово море,за првпат од средината на осумдесеттите години на минатиот век кога Студената војна го достигна својот врв. „Целта на оваа операција е да се потврди слободата на провидба и да се демонстрира интеграцијата меѓу сојузниците“, се наведува во соопштението на американските морнарички сили, јави Си-Ен-Ен. На американските разурнувачи „Доналд Кук“, „Портер“ и „Рузвелт“ им се придружи британската кралска фрегата „Кент“. Беренцово море е дел од Северниот леден океан и го опфаќа северниот дел на Норвешка и Русија. Руското пристаниште Мурманск, во кое се наоѓа руската Северна флота, исто така, е во Баренцово море. Американската морнарица, наводно, во петокот ја известила Москва за претстојната операција за да избегне „погрешното толкување“, и да се намали ризикот и да се спречи ненамерна ескалација. Американски официјални лица упорно кажуваат дека Русија во последните години го засили своето воено присуство на Арктикот. Русија постепено го засили своето присуство создавајќи нови арктички единици, обновувајќи ги старите аеродроми и инфраструктура на Арктикот и воспоставувајќи нови воени бази долж нејзиниот арктички брег, се вели во извештајот на Пентагон за Арктикот од минатата година. Направени се напори и за воспоставување на мрежа за противвоздушна одбрана и крајбрежни ракетни системи, радари за рано предупредување, центри за спасување и разни сензори, се додава во извештајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tri-amerikanski-razurnuvachki-brodovi-vplovija-vo-berencovo-more/feed/ 0
Германски суд: Доживотен затвор за двајца поранешни југословенски разузнавачи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanski-sud-dozivoten-zatvor-za-dvajca-poraneshni-jugoslovenski-razuznavachi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanski-sud-dozivoten-zatvor-za-dvajca-poraneshni-jugoslovenski-razuznavachi/#respond Mon, 28 May 2018 11:45:31 +0000 https://kurir.mk/?p=59250

Врховниот суд на Гермнаија со седиште во Карлсруе ги потврди казните доживотен затвор за Јосип Перковиќ и Здравко Мустач, поранешни припадници на хрватската и на југословенската тајна служба. ХРТ, повикувајќи се на свои извори, јави дека одлуката за ревизија на постапката е со датум од 2 мај, а датумот за испраќање е денешен. На 3 август 2016 година висок суд во Михен ги осуди двајкцата агенти на југословенската тајна служба на доживотен затвор поради учество во убиство на хрватски емигрант во Германија во 1983 година. Перковиќ и Мустач беа испорачани во Германија врз основа на европски налог за апсење. Судењето во Михен траеше 22 месеца и потоа нивната одбрана вложи жалби. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanski-sud-dozivoten-zatvor-za-dvajca-poraneshni-jugoslovenski-razuznavachi/feed/ 0