развој – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 05 Jul 2022 18:30:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png развој – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Третина од жените во земјите во развој стануваат мајки на возраст од 19 или порано https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tretina-od-zenite-vo-zemjite-vo-razvoj-stanuvaat-majki-na-vozrast-od-19-ili-porano/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tretina-od-zenite-vo-zemjite-vo-razvoj-stanuvaat-majki-na-vozrast-od-19-ili-porano/#respond Tue, 05 Jul 2022 18:30:05 +0000 https://kurir.mk/?p=700596

Речиси една третина од жените кои живеат во земјите во развој стануваат мајки на рана возраст, со 19 години и порано, според студија објавена од Агенцијата за население на ОН (УНФПА), што е специјализирана за сексуално и репродуктивно здравје. Студијата покажува дека речиси половина од адолесцентните девојчиња го раѓаат своето прво дете на 17 години или порано. Со оглед на овие податоци, „јасно е дека девојчињата се запоставени“, изрази жалење директорката на УНФПА, Наталија Канем. „Бременостите што ги гледаме кај младите мајки се јасен знак дека очајно им требаат информации и услуги за сексуалното и репродуктивното здравје“, додаде таа. Речиси три четвртини од девојчињата кои го родиле своето прво дете на возраст од 14 и порано, исто така, раѓаат второ дете на рана возраст, а 40 проценти од оние со две деца имаат трето пред да ја напуштат адолесценцијата, покажува студијата. Сепак, УНФПА посочува дека забележува охрабрувачки знаци за пад на стапката на раѓања на рана возраст во светот, но стапката на опаѓање е премногу бавна, оценува агенцијата. „Владите мора да инвестираат во грижата за адолесцентните девојчиња и да им овозможат услови за стручно оспособување и за стекнување финансиска сигурност, со што ќе помогнат да се спречи рана и несакана бременост“, повика Канем. „Кога девојките ќе можат да одлучуваат повеќе за сопствениот животен пат, мајчинството на рана возраст ќе биде се поретко“, заклучува таа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tretina-od-zenite-vo-zemjite-vo-razvoj-stanuvaat-majki-na-vozrast-od-19-ili-porano/feed/ 0
Во Велика Британија почнаа испитувања на нов лек што го блокира развојот на Ковид https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-velika-britanija-pochnaa-ispituvanja-na-nov-lek-shto-go-blokira-razvojot-na-kovid/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-velika-britanija-pochnaa-ispituvanja-na-nov-lek-shto-go-blokira-razvojot-na-kovid/#respond Sat, 26 Dec 2020 09:35:06 +0000 https://kurir.mk/?p=448603

Британски научници почнаа со клинички испитувања на нов лек против Ковид-19 базиран на антитела, кој го развија Универзитетскиот колеџ на лондонски болници, Националната здравствена служба (UCLH) и АстраЗенека. Лекот може да спречи лице кое било изложено на коронавирусот да ја развие болеста предизвикана од него, а имунитетот може да трае помеѓу шест и 12 месеци, пренесува Гардијан. Новиот лек може да обезбеди моментален развој на имунитет на Ковид-19 и да се користи како итна терапија кај болнички пациенти и корисници на домови за стари лица. Лекот исто така би бил корисен и за употреба кај членови на домаќинството во кое еден член е заразен со коронавирус, со цел да се спречи другите да се разболат, но исто така и меѓу студентите, кај кои Ковид-19 брзо се шири. Тимот научници се надева дека тестовите ќе покажат оти лекот обезбедува заштита од Ковид-19 меѓу шест и 12 месеци. Лекот треба да се зема осум дена по изложувањето на вирусот. Се смета дека лекот може да биде достапен во март или април, доколку добие дозвола за употреба по разгледување на резултатите од испитувањата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-velika-britanija-pochnaa-ispituvanja-na-nov-lek-shto-go-blokira-razvojot-na-kovid/feed/ 0
Став на просветниот инспектор Илиевски: Детските права, нивен правилен раст и развој https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stav-na-prosvetniot-inspektor-ilievski-detskite-prava-niven-pravilen-rast-i-razvoj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stav-na-prosvetniot-inspektor-ilievski-detskite-prava-niven-pravilen-rast-i-razvoj/#respond Fri, 16 Oct 2020 11:51:08 +0000 https://kurir.mk/?p=417206

Со задоцнувањето на учебната година, може да се констатира дека македонскиот образовен систем не успева да одговори на предизвиците што ги донесе пандемијата од корона вирусот. Имено, оправдани се реакциите на учениците со реализирањето на наставата преку далечинско учење,истотака и реакциите на наставниците со реализирањето на таа настава, со паѓање на интернетот,како и немање сопствени комјутери или лаптопи, па се снаоѓаат како знаат и умеат. Иако за сето тоа знаат директорите, како што велат наставниците, тие се принудени да молчат и несмеат да проговорат, бидејќи ке им забележеле градоначалниците, како и тоа дека отворено добивале забелешки од страна на министерот за образование и наука. Им се претело со губење на директорското место. Дека состојбата во македонскиот образовен систем не е во состојба да одговори на предизвиците од пандемијата, најдобар доказ за тоа што во недоглед се пролонгира организирањето на продолжен престој за учениците што посетуваат настава со физичко присуство. Иако Владата уште од 29 септември одобри продолжен престој, ретки се училиштата во кои се згрижуваат деца по часовите. Поради ваквата какофонија (лудорија) голем број родители се доведени во незавидна состојба. Како што велат родителите, тие се принудени да вложуваат натчовечки напори да им посветат внимание на своите деца и истовремено да ги исполнат работните обврски. За ова Министерството за образование и наука(МОН) се оградува од овој проблем и одговорноста ја префрла на локалната самоуправа. Зошто нема продолжен престој самото ова го отсликува хаосот што владее во образованието. Имено, дел од нив се подготвуваат, некои потенцираат дека немаат услови за продолжен престој, а некои чекаат инструкции од извршната власт. Од реакциите на родителите, ќе издвојам само еден пример: Самохрана мајка од Куманово која има три деца на возраст од 8, 6 и 4 години. Работи во приватен сектор, целото семејство зависи од нејзината плата, а децата мора да ги разнесува по градот во различни термини „ Станувам во 5,30 часот наутро. Ги подготвувам сите за излегување, подготвувам ужинки за двајцата ученици. Најмалото дете го оставам во градинка во 6.45, па го носам другото кое почнува во училиште во 7.30 часот и најдоцна до 10 или 10.30 часот. Најголемото почнува во 10 часот, ама на друг крај на градот. И јас се прашувам како стигнувам. Работам само утринска смена и се извинувам, и се извинувам постојано, по сто пати на ден. Не знам до кога ќе ме трпат газдите, вели родителката...“. Вакви и слични примери има и други. Од МОН незнаат да одговорат, топката ја префрлаат кон локалната самоуправа и до училиштата. Иста е состојбата и во други градови. Да ги потсетам овие министеркиве од образование и наука и од труд и социјална политика (имињата не им ги знам). Не е само да штракате како празни воденици без суштинска содржина. Ако не знаете, а не знаете, обврска е ваша и на вашите советници ако ги имате дека Конвенцијата за правата на детето како меѓународен документ ја задолжува нашата држава Македонија, како потписник да ја почитува и вградува во постојната легислатива, а пред се: Уставот, Законот за заштита на децата, Законот за семејство, Законот за основно и средно образование и слично.Да ви објаснам штракаталки затоа што не знаете, вредностите, правата и должностите, во однос на заштитата на правата на детето се дефинирани во Уставот на Македонија, кој ги одразува извонредните напори од страна на законодавците да ги вклучат општите права и потреби од заштита на семејството и децата. Според одредбите од Уставот на Македонија е социјална држава и како таква има законска обврска да обезбеди социјална грижа и заштита особено за социјално исклучените групи. Исто така, според одредбите „ семејството во нужда, мајките и децата, децата без родителска грижа имаат право на социјална грижа и заштита од страна на државата“. Ова беше од Уставот, за законите министерки седнете прочитај те, вие и вашите советници. А не само да штракате-без содржина. Во ова прилика реагирам до Уницеф во Македонија кои ги третираат детските права да се отрезнат од дебелите фотељи и да се одважат и ги согледаат реалните состојби и потреби на децата и родителите. Овде ги повикувам и невладиниот сектор Меѓаши-Првата детска амбасада во Македонија, кои ги третираат прашања од областа на детските права да се одважат и да го кренат својот глас за ваквата дискриминација која постои во Македонија, а согласно Уставот на Македонија е социјална и хуманистичко општество. Ама по се изгледа само декларативно. Ова е уште еден доказ дека нашите институции немаат стратегија задетските права, нивен правилен раст и развој. Пишува: Ѓорѓи Илиевски Виш просветен инспектор ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stav-na-prosvetniot-inspektor-ilievski-detskite-prava-niven-pravilen-rast-i-razvoj/feed/ 0
Кинеска компанија доби 66 милиони евра за развој на вакцина за коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineska-kompanija-dobi-66-milioni-evra-za-razvoj-na-vakcina-za-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineska-kompanija-dobi-66-milioni-evra-za-razvoj-na-vakcina-za-koronavirus/#respond Wed, 08 Jul 2020 13:18:10 +0000 https://kurir.mk/?p=371755

Кинеската компанија Кловер Биофармацјутикалс Инк доби 66 милиони долари од Коалицијата за иновативна подготвеност на епидемии (ЦЕПИ), која е составена и финансирана од влади и филантропски здруженија, за да го охрабри откривањето на вакцина за Ковид-19. Во април, ЦЕПИ и даде на таа кинеска компанија почетни 3,5 милиони американски долари, по најавеното партнерство меѓу двете страни. ЦЕПИ е основана во Осло во 2017 година како одговор на новите епидемии. Организацијата е поддржана од 14 влади и разни фондации, како што се Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс или британскиот Велком траст. ЦЕПИ, исто така, инвестираше големи суми пари во други фармацевтски компании кои работат на вакцина на Кковид-19, вклучувајќи ги и Иновио Фармасјутикалс, Модерна Инк и Новавакс Инк. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineska-kompanija-dobi-66-milioni-evra-za-razvoj-na-vakcina-za-koronavirus/feed/ 0