реагенси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 10 Jul 2023 20:57:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png реагенси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Валидноста на резултатите доведена во прашање: Вработени на Клиничка биохемија реагираат, се користат реагенси со поминат рок https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/validnosta-na-rezultatite-dovedena-vo-prashane-vraboteni-na-klinichka-biohemija-reagiraat-se-koristat-reagensi-so-pominat-rok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/validnosta-na-rezultatite-dovedena-vo-prashane-vraboteni-na-klinichka-biohemija-reagiraat-se-koristat-reagensi-so-pominat-rok/#respond Mon, 10 Jul 2023 20:57:59 +0000 https://kurir.mk/?p=855199

До редакцијата на Курир во изминатите два дена пристигнаа информации од дел од вработените на Клиничка биохемија кои изразуваат сериозна загриженост за валидноста на резултатите кои се издават од оваа здравствена установа. Наводите, вработените ги поткрепуваат со фотографии од реагенси за испитување на тироидната жлезда, на кои се гледаат поминати рокови на самите кутии. Земајќи го во предвид фактот дека точните резултати се клучни за определување на соодветна терапија, а користење реагенси со поминат рок според познавачите го доведува под прашање и натамошниот третман и лекување на пациентите. Клиничка биохемија, Државниот здравствен и санитарен инспекторат и Министерство за здравство треба да одговорат дали имаат сознанија или пријави за овие информации, дали се точни наводите на вработените, дали и кога е извршена последната контрола во оваа ЈЗУ и што е констатирано? Останува отворено и прашањето дали по допрен глас ќе излезе инспекција на терен со цел да констатираат фактичка состојба и да ги преземат неопходните мерки во интерес на заштита на здравјето на граѓаните? Доколку се утврди дека наводите се точни, кој ќе одговара за користење реагенси со поминати рокови? Дали има нарачка на нови реагенси и зошто не се повлечени од употреба спорните реагенси, кога последен пат е направена нова нарачка односно колку време немало набавка на нови реагенси, а доколку има зошто не се употребуваат? Редакцијата на Курир располага со фотографии од реагенсите кои според нашите извори во моментов се користат на Клиничка биохемија, а објавуваме само дел од нив.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/validnosta-na-rezultatite-dovedena-vo-prashane-vraboteni-na-klinichka-biohemija-reagiraat-se-koristat-reagensi-so-pominat-rok/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Државните лаборатории оставени без реагенси https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-drzavnite-laboratorii-ostaveni-bez-reagensi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-drzavnite-laboratorii-ostaveni-bez-reagensi/#respond Tue, 13 Apr 2021 06:36:19 +0000 https://kurir.mk/?p=496266

Секојдневно умираат по неколку десеттина лица, системот не организиран за да даде соодветен одговор, ама Филипче и Заев се „организирани“ и за викенд се одмараат, поточно аздисуваат, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата посочуваат дека само во Македонија се поставува прашањето за вакцини, или каде се вакцините, кога ќе стигнат? -Во меѓувреме други земји вакцинирале по 20-30 проценти од населението, некои и до 60 проценти од населението. Само тука, исто така може да се постави прашањето дали има доволно реагенси, дали се прават доволно ПЦР тестови? Прашањето за реагенсите, потоа за тоа дали има доволно термини за ПЦР тестови се поставува, замислете после повеќе од година дена корона во Македонија?! Граѓаните се на почеток молат за термин за тестирање, ама очигледно нема. Срамно! Тоа, е тоа што Филипче и Заев знаат да го направат да се забавуваат, ама не и да ја работат својата работа за која се платени од граѓаните! Филипче и Заев веднаш одете си! Филипче и Заев ќе одговарате, велат од ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-drzavnite-laboratorii-ostaveni-bez-reagensi/feed/ 0
Филипче за денеска го најавува пристигнувањето на реагенсите за испитување на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-za-deneska-go-najavuva-pristignuvanjeto-na-reagensite-za-ispituvanje-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-za-deneska-go-najavuva-pristignuvanjeto-na-reagensite-za-ispituvanje-na-koronavirusot/#respond Tue, 04 Feb 2020 12:23:41 +0000 https://kurir.mk/?p=299131

Реагенсите за испитување на коронавирусот денеска би требало да пристигнат во државава. Досега имавме договор со Србија крвните анализи да се праќаат во Ниш, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Посочи дека има околу 40.000 маски, скафандери и посебни мантили. – Доколку имаме голем број заболени се обезбедуваме случајно нешто да не не изненади, така што опрема има сосема доволно. За време на седницата ќе ја информирам Владата за активностите кои се преземени. Во периодов од неколку денови правевме анализа со што располагаме во смисла на опрема, материјал, лекови итн. Ги анализиравме сите количини од сите институции кои може и треба да бидат вклучени во лекување евентуално доколку има пациент заболен од коронавирусот. Имаме доволни количини сега за почеток. Ќе пристапиме кон набавка на количини за да се обезбедиме за ситуација ако евентуално има и повеќе заболени, рече Филипче. Потенцира дека во текот на вчерашниот ден во државава не влегле луѓе кои биле во Кина, нема податоци дека тие кои влегле досега, а биле на патување во Кина, имаат какви било симптоми, – Ситуацијата е целосно под контрола, појасни Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по одбележувањето на Светскиот ден за борба против ракот. Во врска со тоа дали ќе биде издадена наредба до клиниките и болниците да се забрани посета на болни на хематологија и онкологија каде има потешки пациенти поради не само коронавирусот, туку и поради грипот, министерот рече дека тоа може да се случи во наредните денови, но не директно однесувајќи се на коронавирусот заради тоа што го нема ниту кај нас, ниту во регионот, туку на сезонскиот грип, заради тоа што има вообичаена бројка заболени, но ако достигне одреден праг ќе препорачаат ограничена посета во болниците]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-za-deneska-go-najavuva-pristignuvanjeto-na-reagensite-za-ispituvanje-na-koronavirusot/feed/ 0
Република: Афера со реагенси и апарати, Филипче прави монопол – некој ќе се богати?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/republika-afera-so-reagensi-i-aparati-filipche-pravi-monopol-nekoj-kje-se-bogati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/republika-afera-so-reagensi-i-aparati-filipche-pravi-monopol-nekoj-kje-se-bogati/#respond Fri, 16 Mar 2018 14:06:55 +0000 http://kurir.mk/?p=30504

Министерот на здравство Венко Филипче им забранува на Јавните здравствени установи да купуваат реагенси за нивните лаборатории. Од сега па натаму, тој преку еден тендер ќе носи одлука од каде и по која цена ќе се купуваат реагенси, ама нема да ги плати, ќе си ги платат здравствените установи – покажуваат дописите и документите до кои стигна Република. Според изворите на Република, ова создава простор за голема злоупотреба, а анализите покажуваат дека ќе биде оштетен и државниот буџет, затоа што ќе се стават надвор од функција голем дел од апаратите во лобаротириите за испитувања и ќе се создаде потреба од набавка на нови апарати. -Имено, како што тврдат нашите извори од министерството, секој различен тип на апаратура користи различен тип на реагенси, а со оваа централизирана набавка, ќе може да се набави само еден тип на реагенси за еден тип на апаратура со што ќе се отворат и нови тендери на кои ќе се трошат буџетски пари за набавка на нова опрема во Јавните здравствени установи. Старата која е во главно скоро набавена, ќе биде ставена надвор од функција. Со ова, како што тврдат нашите извори, некој ќе добие монопол со апаратура и реагенси за лабораториите, пишува порталот Република. -Секоја здравствена установа си го прави планот за работа базиран на своите индивидуални потреби со производителите кои најсоодветно одговараат за опусот на пациенти кои ги опслужуваат.  Венко Филипче како министер пробува да го киднапира целиот пазар во Република Македонија и криминално ја злоупотребува својата позиција на власт да преку своите бизнис интереси и фирми договори бизнис кој ќе треба да го плаќаат самите институции – вели извор од министерството за Република, кој сака да остане анонимен. Извори од министерството за порталот велат дека поради неможноста да го направи овa по легален пат, Филипче пратил допис до сите Јавни здравствени установи во кој бара да го овластат за тој да набавува реагенси во нивно име. Политиката оди така што: Тој ќе одлучи од каде ќе се купуваат реагенси и по која цена, а здравствените установи ќе си ги плаќаат реагенсите од нивните буџети. Ова го потврдуваат и меиловите до кои стигна Република, но она што е уште посимптоматично е тоа што Министерството на здравствените установи им праќа готова одлука за нивните Управни одбори, кои тие само треба да ја изгласаат. Значи, министерството им наложува на управните одбори на здравствените установи, што треба да одлучат. Дел од директорите на здравствените установи се противат на ваквата одлука на Филипче, затоа што со ова ќе се зголемат и цените на реагенсите кои тие ќе треба да ги плаќаат. -Секоја опрема што е веќе инсталирана е веќе одплатена и цените на тесовите се намалуваат секоја година. Секоја нова опрема за која се даваат пари е непотребен трошок особено ако во институцијата има опрема која е функционална од неколкуте реномирани производители. Тоа министерот не го интересира, туку инсистира на директорите да плаќаат за неговиот криминал – велат директори кои сакаат да останат анонимни. Директорите кои одбиваат да му потпишат овластување, се жалат дека се под константен притисок од Министерството кое постојано вербално и преку меилови ги притиска. -Се праќаат десетици дописи и се прави притисок иако најголем дел од установите имаат веќе по 2,3 конкурентни апарати кои соодветствуиваат на нивните потреби. Со тие апарати и технологии можат да ги направат сите анализи кои се потребни за работа на институциите. Купувањето нови апарати само ќе ги оптовари буџетите на институтциите и ќе направи огромни долгови над 10 милиони евра кои следните генерации ќе треба да ги плаќаат, а пријателите на министерот ќе имаат финансиска корист – велат извори од министерството кои доставуваат и слики од меиловите кои се праќаат.   -Нашите извори се сомневаат дека веќе е пронајдена и компанијата од која ќе се набавуваат новите реагенси, но и компанијата од која ќе се набавуваат новите апарати, иако старите се во одлична состојба. Како што велат, со ова ќе се обезбеди непречен непресушен прилив за сопствениците на овие компании, затоа што секоја апаратура си има сопствени реагенси кои подоцна мора да се набавуваат, стои во текстот. Тие се потсетуваат дека бизнис шема од ваков тип во помал размер има направено неговиот татко во времето на Министерувањето кога се правеше најголемиот криминал во здравството и набави на товар на државата 200 стари апарати и ги смести насекаде низ Македонија како нови. Најголем дел од истите воопшто и не проработеа. -Ги охрабруваме директорите да не ризикуваат да се инкриминираат во туѓ криминал и да дозволат да си ја загрозат својата иднина и репутација зашто ревизија и казна ќе има сигурно, велат анонимните свиркачи од Министерството и Јавните здравствени установи. Република утринава се обиде да стапи во контакт со Министерот за здравство Венко Филипче, но тој не одговарал на нивните телефонски повици.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/republika-afera-so-reagensi-i-aparati-filipche-pravi-monopol-nekoj-kje-se-bogati/feed/ 0