реакции – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 28 Jul 2023 16:00:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png реакции – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Софија со остри реакции за инцидентот во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sofija-so-ostri-reaktsii-za-intsidentot-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sofija-so-ostri-reaktsii-za-intsidentot-vo-skopje/#respond Fri, 28 Jul 2023 16:00:06 +0000 https://kurir.mk/?p=861242

Бугарија упати протесна нота до Скопје во врска со вчерашните случувања ден по натпреварот Шкупи-Левски и тешката повреда на бугарскиот државјанин. Содржината не се открива, но се дознава дека официјална Софија го осудила институционалниот пристап кон бугарските граѓани и полициската бруталност. Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека МНР ќе одговори на официјална Софија, додавајќи дека настаните од 27 јули се дело на хулигани и луѓе кои немаат никаква врска со спортот. Дополнителни реакции имаше и од политичките партии. Партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов најави дека ќе бара отчет од македонската амбасадорка во Софија. Во меѓувреме, пратеникот и поранешен министер од партијата на Кирил Петков, Даниел Ролел, изјави дека вчерашните дела се неприфатливи и дека бугарските граѓани во Скопје ќе се чувствуваат рамноправни дури по нивното вклучување во Уставот. Првата казна што се очекува против тимот на Шкупи е забраната на навивачите „Шверцери“ да присуствуваат на реваншот меѓу Левски и Шкупи. За ова се чека конечната одлука на УЕФА. Натпреварот претходно беше оценет како натпревар со висок ризик, пордаи што УЕФА препорача неопходни мерки за одржување на редот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sofija-so-ostri-reaktsii-za-intsidentot-vo-skopje/feed/ 0
Граѓаните со бурни реакции по изјавата на Ковачевски: Намалете ги вашите плати и непродуктивните трошоци за да нема инфлаторен притисок (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-so-burni-reakcii-po-izjavata-na-kovachevski-namalete-gi-vashite-plati-i-neproduktivnite-troshoci-za-da-nema-inflatoren-pritisok-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-so-burni-reakcii-po-izjavata-na-kovachevski-namalete-gi-vashite-plati-i-neproduktivnite-troshoci-za-da-nema-inflatoren-pritisok-foto/#respond Sat, 02 Apr 2022 14:53:04 +0000 https://kurir.mk/?p=657437

По зголемување на минималната плата на 18.000 денари, синдикалните организации бараа скалесто зголемување на платите во јавниот сектор за да се постигне усогласување, но не наидоа на разбирање од владата. Пред неколку дена голем дел од синдикатите одржаа протест, по кој владата оствари средба со СОНК. Средбата не ги даде посакуваните резултати, а од СОНК најавија дека по одржаната седница донесена е одлука да настапат со генерален штрајк кој ќе започне од 11 април. Според најавите настава во училиштата нема да има, а во градинките нема да се примаат деца. Бурни реакции во јавноста по однос на прашањето со платите во јавниот сектор, во јавноста предизвика изјавата на премиерот Димитар Ковачевски. Во своето гостување на Алсат телевизија, премиерот вели дека дијалогот со СОНК е отворен и дека се разговара за рамка, односно методологија која што ќе овозможи без политички влијанија во иднина да расте платата на работниците во овие дејности. Ковачевски вели дека лично смета дека треба да има зголемување на платите во образованието, меѓутоа мора да бидеме свесни дека ова е најкризната година после Втората светска војна и мораме да се грижиме државата да може да ги финансира сите свои обврски што ги презеде. -Разговарав со претставниците на советот на Народната Банка, од причина што доколку ги зголемите платите колку што е вкупно барање на синдикатите, тоа може да произведе дополнителен инфлаторен притисок. А дополнителен инфлаторен притисок ќе значи дека и платата која ќе ја добијат работниците, таа после многу кратко време нема да вреди. Ако се зголеми инфлацијата тогаш обврската на Народната Банка е да интервенира преку зголемување на каматните стапки, што значи дека и долговите кои што ги имаат тие граѓани на тековни сметки на кредитни картички со зголемувањето на каматните стапки, ќе се зголемат и нивните обврски за плаќање. Затоа мора да се балансира решението помеѓу она што го бара синдикатот и она што го нуди како можност буџетот бидејќи веќе сите тие граѓани добиваат субвенција за струја, намалено ДДВ за храна итн, вели Ковачевски. По изјавата за „инфлаторен притисок“ граѓаните му порачаа на Ковачевски тој и членовите на владата да си ги намалат платите за да има за народот и земјата да не се соочи со инфлаторен притисок. Побараа и кратење на непродуктивните трошоци како нарачките за мебел, кратење на патните трошоци. Дел од граѓаните цинично коментираа дека нема потреба да се зголемуваат платите, само е важно да има за политичарите.   ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-so-burni-reakcii-po-izjavata-na-kovachevski-namalete-gi-vashite-plati-i-neproduktivnite-troshoci-za-da-nema-inflatoren-pritisok-foto/feed/ 0
Реакции за предлогот за промени на Законот за граѓанска одговорност: Што е следно полиција да казнува за мислење? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcii-za-predlogot-za-promeni-na-zakonot-za-gragjanska-odgovornost-shto-e-sledno-policija-da-kaznuva-za-mislenje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcii-za-predlogot-za-promeni-na-zakonot-za-gragjanska-odgovornost-shto-e-sledno-policija-da-kaznuva-za-mislenje/#respond Sun, 06 Feb 2022 10:21:44 +0000 https://kurir.mk/?p=627645

Само фалете ја власта дека ве усреќува и нема никогаш да ве тужат за клевета. Ова е коментарот на адвокатот Александар Тортевски, еден од основачите на партијата Твоја. Тој го коментира предлогот на Владата за промени на Законот за граѓанска одговорност за тоа дека граѓаните можат да бидат санкционирани и за негативно мислење. Ова е обид за воведување на еден нов вид на вербален деликт. Во членот 6 од предлогот на овој закон, во делот одговорност за навреда и клевета, пишува: „За навреда одговара тој што за друго лице со утврден или очевиден идентитет, со намера да наштети на неговата чест и углед, со изјава, содржина, однесување, објавување или на друг начин ќе изрази омаловажувачко, понижувачко или негатиивно мислење“. Ова значи дека граѓаните ќе бидат санкционирани и за негативно мислење, на пример за работата не некој владин министер, функционер, градоначалник... На овој предлог вчера реагираше и адвокатот Јанаки Митрoвски, кој вели дека ова не е ништо друго освен цензура на мала врата. -Новиот предлог да се одговара за навреда и за 'негативно мислење' не е ништо помалку од цензура на мала врата! Јас можам да напишам дека Владата не работи добро - оп тужба за навреда. Комшијата има лоша фризура - оп навреда. Кои латентни нацисти сте Вие!, пишува за предлогот на владата адвокатот Митровски. Овоj предлог закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета го предлага Владата, преку Министерството за правда, деновиве влезе во собраниска процедура. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков потврдува дека во Собранието од Министерството за правда пристигнал предлог законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета и на Фејсбук реагираше во неверица: -Власта бара за НАВРЕДА да СЕ ОДГОВАРА и со изразување на НЕГАТИВНО МИСЛЕЊЕ! Одговорност за мислење? Што е следно полиција за мисли?, прашува Лефков.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcii-za-predlogot-za-promeni-na-zakonot-za-gragjanska-odgovornost-shto-e-sledno-policija-da-kaznuva-za-mislenje/feed/ 0
Бура реакции по објавата на Филипче за состојбата во болниците во државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bura-reakcii-po-objavata-na-filipche-za-sostojbata-vo-bolnicite-vo-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bura-reakcii-po-objavata-na-filipche-za-sostojbata-vo-bolnicite-vo-drzavata/#respond Wed, 15 Sep 2021 13:41:46 +0000 https://kurir.mk/?p=564035

Бура реакции на социјалните мрежи по објавата на статусот на министерот за здравство Венко Филипче за координацијата со директорите на Клиниките каде се разговарало за болничките капацитети, состојбата на болните, и актуелната епидемиолошка состојба. „Утрово на редовна координација со директорите на Клиниките разговаравме за болничките капацитети, состојбата на болните, актуелната епидемиолошка состојба. Во ковид центрите низ државата има доволно кревети за хоспитализација на пациенти, престојниот период може да биде зголемена потребата од хоспитализации, што бара сериозен пристап и коориднација која успешно се менаџира. Дополнителни капацитети за лекување пациенти со ковид има и истите може да се стават на располагање во секој момент. Доставата на терапија оди тековно и нема застој. Вирусот во моментов има широка инфекција, во постојана координација и комуникација сме и со епидемиолозите, остануваме да ја следиме ситуацијата и доколку е потребно да се дејствува со нови мерки тоа ќе го направиме“ напиша Филипче на социјалните мрежи. По оваа објава следуваа бура реакции на граѓаните кои се незадоволни од состојбата во здравството и справувањето со ковид пандемијата како и барање за одговорност за трагедијата во Тетово. „Ниту имаш образ, ниту имаш чест и достоинство. А и рацете ти се крвави. Ама кармата е опасна работа“ -гласи еден од коментарите на објавата од Филипче. Незадоволството од скорашната трагедија во Тетово граѓаните го искажаа во коментари каде што не штедеа зборови на сметка на министерот Венко Филипче. „Кога веќе се понашате како ништо да не се случило, барем некој да ни каже дека “оставката" не е прифатена!“ -коментар од граѓанин на објавата на Филипче. Под објавата на минстерот за здравство Венко Филипче граѓаните бараат одговорност и заштита на граѓаните во безбедни објекти каде што ќе има услови за лекување на пациентите од ковид 19. „Ги преместивте пациентите од останатите крематориуми во безбедни објекти“ коментар на граѓанин. „Абре како не те страм уште да се појавуваш во јавност“ „Уште си министер? Нели даде оставка?“ се само дел од коментарите на револтирани граѓани кои бараат одговорност од Филипче.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bura-reakcii-po-objavata-na-filipche-za-sostojbata-vo-bolnicite-vo-drzavata/feed/ 0
Твитер воведува реакции како на Фејсбук https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/tviter-voveduva-reakcii-kako-na-fejsbuk/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/tviter-voveduva-reakcii-kako-na-fejsbuk/#respond Sun, 30 May 2021 10:17:40 +0000 https://kurir.com.mk/?p=516789

Твитер воведува реакции за твитовите, покрај вообичаениот „фејв“ корисниците ќе можат да оставаат и реакции на твитовите, слично како на статустите кои се објавуваат на Фејсбук. Претходно месецов, Твитер најави дека ја разгледуваат оваа идеја, а сега стигна и потврда дека во тек е изработка на реакциите. Покрај стандардниот „фејв“, корисниците на Твитер ќе добијат и реакции „живели“, „хаха“, „хмм“ и „тажно“. За разлика од Фејсбук, на Твитер нема да има лута реакција, додека насмевката, поддршката и тажната реакција ќе бидат присутни. Воедно Твитер, за разлика од Фејсбук, ќе воведе реакција „хмм“ со која корисникот нешто се прашува. Реакциите допрва ќе следуваат. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/tviter-voveduva-reakcii-kako-na-fejsbuk/feed/ 0
ФДА: Несакани реакции на вакцината на Модерна кај луѓе со филери https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fda-nesakani-reakcii-na-vakcinata-na-moderna-kaj-lugje-so-fileri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fda-nesakani-reakcii-na-vakcinata-na-moderna-kaj-lugje-so-fileri/#respond Fri, 25 Dec 2020 09:19:31 +0000 https://kurir.mk/?p=448140

Советодавниот одбор на американската Управа за храна и лекови – ФДА, која ја анализира вакцината на компанијата „Модерна“ против коронавирусот, забележа одредени несакани ефекти кај луѓето кои имале филери. – Во овие случаи, сите пациенти имаа оток и воспаление во областа каде што луѓето имале ставено филер. Неколку пациенти имаа филери во образите шест месеци пред да ја примат вакцината, а еден имаше филер во усните два дена по аплицирање на вакцината. Сите лица беа третирани со стероиди и антихистамини и сите нивни реакции се решија, рече дерматологот Ширли Чи. Чи додаде дека станува збор за имунолошка реакција на вакцината, јави Еј-Би-Си.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fda-nesakani-reakcii-na-vakcinata-na-moderna-kaj-lugje-so-fileri/feed/ 0
Реакции: Заев се по*оча на македонскиот антифашизам https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcii-zaev-se-po-ocha-na-makedonskiot-antifashizam/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcii-zaev-se-po-ocha-na-makedonskiot-antifashizam/#respond Wed, 25 Nov 2020 19:52:35 +0000 https://kurir.mk/?p=434446

Не стивнуваат реакциите по денешната изјава на премиерот Заев за бугарската БГНЕС. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcii-zaev-se-po-ocha-na-makedonskiot-antifashizam/feed/ 0
Реакции на одлуката за враќање на хронично болните на работа – 80% од починатите се со коморбидитет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcii-na-odlukata-za-vrakjanje-na-hronichno-bolnite-na-rabota-80-od-pochinatite-se-so-komorbiditet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcii-na-odlukata-za-vrakjanje-na-hronichno-bolnite-na-rabota-80-od-pochinatite-se-so-komorbiditet/#respond Mon, 07 Sep 2020 20:00:27 +0000 https://kurir.mk/?p=400393

-Како да му објаснам на мојот колега медицински техничар кој има три стента, дијабет, ХОББ и други заболувања дека од утре ќе може безбедно да доаѓа секое утро на работа со автобус и ќе може да ги боцка пациентите со 40 температура, а мојата драга медицинска сестра млада и потполно здрава треба да седи дома до крајот на годината. Ова прашање го поставува доктор Нико Беќаровски од Токсикологија по предлогот на Комисијата за заразни болести - хронично болните и лицата со малигни заболувања да се вратат на работа. Беќаровски вели дека кога тој го полагал испитот Епидемија пред 33 години, професорот ги учел дека треба да бидат изолирани ризичните категории а останатите ќе ја победат епидемијата порано или подоцна. – Ние денес, младите ги чуваме дома, пензионерите ни висат пред маркетите и банките а хронично болните ги враќаме на работните места, пишува докторот. Ковид статистиката покажува дека дури 80 проценти од починатите од корона вирусот имале коморбидитети. Здравствените власти пак, лицата со астма, ХОББ, дијабет, срцева слабост и рак на бели дробови ги враќаат на работа бидејќи листата на заболувања била многу долга. Речиси 6 месеци беа ослободени од работни обврски поради ризик од компликации а сега ќе бидат во работните простории и тоа во време на есенскиот бран што го најавуваат, реагираат граѓани по социјалните мрежи. Кардиоваскулар ните заболувања се само дел од палетата на дијагнози кај кои корона вирусот може да предизвика сериозни компликации. -Утврдено е дека корона вирусот предизвикува компликации на кардиоваскуларниот систем и затоа пациентите кои имаат хронични промени се поосетливи на комликации доколку дојдат во контакт со вирусот. Затоа и беа ослободени од работа. За да се заштитат на работните места условот е строго почитување на протоколите и мерките на заштита. Доколку тоа не се почитува тие луѓе ќе бидат со зголемен ризик, вели др. Антонио Антовски кардиолог во ГОБ 8-ми септември. Дали има прогресија на заболувањето со која хроничниот болесник ќе биде ослободен од работа, доктор Антовски вел идека лекарите ќе мора индивидуално да проценуваат. -Тоа всушност се акутни влошувања кај пациенти со хронични болести. На пример, кај срцева слабост ако добро се придржува на терапијата, лековите му влијаат, тој е во добра состојба, што пак не е исто кај оној кој има влошена состојба, вели др. Антовски. На листата на дијагнози согласно која хронично болните досега беа ослободени од работа се – ХОББ, астма, фиброза, акутен миокарден инфаркт, венска тромбоза, дијабетес, состојба по трансплантација на бубрег, лупус, и сите малигни заболувања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcii-na-odlukata-za-vrakjanje-na-hronichno-bolnite-na-rabota-80-od-pochinatite-se-so-komorbiditet/feed/ 0
Кина ќе им возврати на САД по острите санкции https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-kje-im-vozvrati-na-sad-po-ostrite-sankcii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-kje-im-vozvrati-na-sad-po-ostrite-sankcii/#respond Thu, 16 Jul 2020 09:27:33 +0000 https://kurir.mk/?p=376943

Заменикот министер за надворешни работи на Кина Женг Зегуанг упати остра нота до амбасадорот на САД во Пекинг Тери Брандстет, откако претседателот Доналд Трамп потпиша предлог-закон за санкционирање на Кина поради односите со Хонг Конг, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи. – Би сакал да и кажам директно на американската страна: ние ќе реагираме цврсто на какви било манифестации на хегемонија и неправеден напад на САД врз Кина. Големите планови на Вашингтон да го забави развојот на нашата земја се осудени на неуспех, рече дипломатот, чија изјава е поставена на официјалната веб-страница на Министерството. надворешни работи на Кина. Тој рече дека во Белата куќа сè уште има време да размисли и да ја поправи ситуацијата. – Ве советувам веднаш да ги корегирате преземените чекори и да престанете да ја клеветите Кина и да се воздржите од понатамошни провокации, истакна Женг. Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека потпишал предлог-закон за санкции во односите со Кина во врска со ситуацијата во Хонг Конг, како и извршен указ за укинување на трговските и економските преференци во овој административен регион. На овој начин, Хонг Конг го губи својот привилегиран статус во деловните односи со САД и ќе го има истиот третман како и континентална Кина. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-kje-im-vozvrati-na-sad-po-ostrite-sankcii/feed/ 0
Не стивнуваат реакциите против уривањето на националниот тетар во Тирана https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ne-stivnuvaat-reakciite-protiv-urivanjeto-na-nacionalniot-tetar-vo-tirana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ne-stivnuvaat-reakciite-protiv-urivanjeto-na-nacionalniot-tetar-vo-tirana/#respond Sun, 17 May 2020 13:32:55 +0000 https://kurir.mk/?p=346972

Не стивнуваат реакциите поради уривањето на Националниот тетар во Тирана. Меѓу многуте кои реагираат против уривањето на објектот е и Европската агенција за заштита на културното наследство. – Тажен ден за културното наследство во Албанија и Европа. Тажен ден за демократија и владеење на правото во Албанија и Европа. Рано изутрината, албанските власти уапсија активисти на граѓанското општество и почнаа да го уриваат Националниот театар во Тирана, се наведува во реакцијата на Агенцијата. Остро реагираше и поранешната европратеничка Дорис Пак, која на Твитер напиша дека „ова не е наша Европа“. – Албанија ќе почне преговори со ЕУ, но политичарите се однесуваат како во криминалното минато на земјата. Срамна е употребата на полициска сила, насилството врз новинари, уметници и граѓани кои дојдоа во одбрана на театарот, напиша Пак. Известувачот на Европскиот парламент за Албанија, Дејвид Лега, исто така, се приклучува во „осудата на владините активности и полициското насилство“. Тој упати апел до премиерот Еди Рама да престане со насилството врз активистите и уметниците, да се запре понтамошното уривањето на комплексот и да разговара со Албанците и со Европската агенција за заштита на културното наследств. – Ја осудувам акцијата на властите и полициското насилство денеска во Тирана и го повикувам премиерот Рама да престане со незаконското уривање на Националниот театар, да престане насилството врз уметниците и активистите и да се започне со дијалог со сите заинтересирани групи, вклучително и Европската агенција за заштита на културното наследств и Институтот на Европската банка за инвестиции кои се поддржани од Европската комисија и се подготвени да помогнат. Го повикувам премиерот Рама да го слушне апелот на Комесарот за култура Габриел и да престане со непоправливата штета. Таа ја потсетува албанската Влада на 15-те услови што Албанија мора да ги исполни за да започне преговори. Правната држава е приоритет, напиша Лега.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ne-stivnuvaat-reakciite-protiv-urivanjeto-na-nacionalniot-tetar-vo-tirana/feed/ 0