реактор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 26 Apr 2021 06:32:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png реактор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 35 години од нуклеарната катастрофа во Чернобил https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/35-godini-od-nuklearnata-katastrofa-vo-chernobil/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/35-godini-od-nuklearnata-katastrofa-vo-chernobil/#respond Mon, 26 Apr 2021 06:32:39 +0000 https://kurir.mk/?p=502004

Огромната и празна зона околу нуклеарната централа во Чернобил, местото на најтешката нуклеарна несреќа во светот што се случи на денешен ден пред 35 години, е страшен споменик на човечките грешки, а сепак Украинците бараат инспирација, удобност – и приход од тоа. Реакторот број четири во електраната на 110 километри северно од главниот град Киев експлодираше на 26 април 1986 година, кога радиоактивниот материјал беше исфрлен високо кон небото. Советските власти ја влошија катастрофата не успевајќи да и кажат на јавноста што се случило. Иако блискиот град Припјат беше евакуиран следниот ден, два милиони жители на Киев не беа информирани и покрај опасноста. Остатокот од светот дозна за катастрофата дури откако беше откриено зголемено радиоактивно зрачење во Шведска. На крајот, повеќе од 100.000 луѓе беа евакуирани од областа, а во таа област останаа само работниците кои го чистеа реакторот. Радијација имаше од електраната до 2019 година, кога беше покриено со голем штит. Во таа област, и покрај опасноста, бројот на туристи е зголемен по мини-серијата на ХБО „Чернобил“ од 2019 година, јави Бета. Градот Припјат, кој некогаш имал 50.000 жители, претежно работници, сега е напуштен, а туристите се најмногу заинтересирани за посета на урнатините. Иако нивото на зрачење во зоната е доволно ниско за да можат да го посетат туристите, забранет е постојан престој. Сепак, повеќе од 100 луѓе се уште живеат во пошироката област околу нуклеарната централа, и покрај наредбите да ја напуштат областа. Долгорочните ефекти врз здравјето на луѓето остануваат предмет на интензивна научна дебата. Веднаш по експлозијата, околу 30 работници во погоните и пожарникари починаа од радијација. Подоцна, илјадници луѓе починаа од болести поврзани со зрачење, како што е рак. На изненадување на многумина кои очекуваа областа да биде мртва зона, таму се уште има див свет како мечки, бизони, волци, диви коњи и десетици видови птици. Според научниците, животните биле многу поотпорни на зрачење отколку што се очекувало и можеле брзо да се прилагодат на силното зрачење. Реакторите во Чернобил треба да бидат демонтирани до 2064 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/35-godini-od-nuklearnata-katastrofa-vo-chernobil/feed/ 0
ВИДЕО: Дрон влезе во Чернобил, погледнете како изгледа реакторот 5 https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-dron-vleze-vo-chernobil-poglednete-kako-izgleda-reaktorot-5/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-dron-vleze-vo-chernobil-poglednete-kako-izgleda-reaktorot-5/#respond Sat, 05 Dec 2020 09:27:34 +0000 https://kurir.mk/?p=439077

Едно од најопасните и најнепристапни места, нуклеарната централа во Чернобил, е истражувано од дронот „Елиос 2“. „Елиос 2“ за првпат по нуклеарна несреќа во април 1986 година влезе во 5 реактор за да истражи дали има нуклеарен отпад. Овој реактор бил во завршна фаза на изградба за време на експлозијата, но не беше познато дали во базените имало прачки со гориво од осиромашен ураниум. „Елиос 2“ откри дека базените се празни, односно дека нема реактен нуклеарен отпад во реакторот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-dron-vleze-vo-chernobil-poglednete-kako-izgleda-reaktorot-5/feed/ 0
Шведска затвори реактор по 40 години работење https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-zatvori-reaktor-po-40-godini-rabotenje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-zatvori-reaktor-po-40-godini-rabotenje/#respond Mon, 30 Dec 2019 18:03:08 +0000 https://kurir.mk/?p=284041

Шведска денеска затвори еден од четирите нуклеарни реактори на својата најголема електрана по повеќе од 40 години работење поради, како што тврдат операторите, непрофитабилност и големите трошоци за одржување. Реакторот Рингхалс 2 во југозападниот дел на Шведска е трајно затворен согласно одлуката од 2015 година на сопствениците на шведската државна енергетска група Ватенфал и на германското комунално претпријатие Унипер. Ватенфал и Унипер, исто така, одлучиле затворање на реакторот Рингхалс 1 кон крајот на следната година, додека Рингхалс 3 и Рингхалс 4 ќе продолжат да работат до 2040 година. Електраната Рингхалс, која се наоѓа на околу 65 километри јужно од шведскиот град Гетеборг, е една од трите нуклеарни централи во Шведска и досега произведувала меѓу 15 и 20 проценти од вкупната потрошувачка на електрична енергија во земјата. Изминатите години во Шведска меѓу политичарите и граѓаните се водела долготрајна расправа за предностите и недостатоците на нуклеарната енергија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-zatvori-reaktor-po-40-godini-rabotenje/feed/ 0