ребаланс буџет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 26 Oct 2020 06:23:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ребаланс буџет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ребалансот на Буџетот чека на усвојување во Собранието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rebalansot-na-budzetot-cheka-na-usvojuvanje-vo-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rebalansot-na-budzetot-cheka-na-usvojuvanje-vo-sobranieto/#respond Mon, 26 Oct 2020 06:23:44 +0000 https://kurir.mk/?p=420560

Ребалансот на Буџетот со кој практично треба да започне имплементацијата на четвртиот пакет мерки, ја помина амандманската расправа и сега се очекува негово усвојување на собраниска седница. На веб страницата на Собранието, засега не е закажана собраниска седница за релабансот, кој е втор годинава заради справување со последиците од коронакризата. Во него приходите се пониски за 0,2 отсто во однос на првиот ребаланс, расходите се повисоки за 4,2 отсто, а дефицитот е зголемен за 22,6 отсто во однос на првиот ребаланс. Вкупните приходи се планирани на ниво од 196,4 милијарди денари, а расходите на ниво од 253 милијарди денари. Дефицитот е 8,5 отсто од БДП. Надлежните од Министерството за финансии уверуваат дека Буџетот е во добра кондиција и дека навремено ќе бидат исплаќани сите обврски. Средствата за реализација на мерките од четвртиот пакет се обезбедени со реалокација на неискористените средства од сите институции. Очекувањата се дека со реализација на овие мерки ќе се придонесе за подобрување на вкупниот економски резултат, односно ќе се амортизира социо-економскиот удар од пандемијата, а веќе следната година се очекува заздравување на економијата со економски раст и постепена фискална консолидација. Четвртиот пакет мерки е проектиран на 470 милиони евра и во него има 31 мерка насочена кон граѓаните и кон бизнис секторот. Дел од новиот пакет се платежните картички во износ од 6.000 денари кои ќе ги добијат самохрани родители, пензионери со пензии до 15.000 денари, пасивни баратели на работа и самостојни уметници… Платежни картички „Купувам домашно“ пак ќе добијат оние студенти кои беа заборавени со третиот пакет мерки. За компаниите ќе бидат обезбедени нови 100 милиони евра поволни кредити од Развојната банка, а продолжува и мерката за финансиска поддршка за исплата на плати за вработените за која Предлог-законското решение веќе ја помина владината процедура. Новина е тоа што компаниите со најголем пад на приходите, ќе добијат најголема поддршка за исплата на плати. Компанијата која има намален приход од над 80 проценти, ќе добие финансиска поддршка за исплата на плати до 21.776 денари по вработен, додека компаниите со намален приход од 30 до 40 проценти, ќе добијат поддршка до 14.500 денари по вработен. Со цел да се спречат злоупотребите од страна на работодавачите кои беа констатирани во изминатиот период, сега во законското решение предвидени се и заштитни механизми за платата да стигне до работникот, односно во случај работодавачот да исплати помала плата, превидени се глоби до 10 илјади евра, во зависност од големината на правниот субјект.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rebalansot-na-budzetot-cheka-na-usvojuvanje-vo-sobranieto/feed/ 0
Ребалансот на Буџетот на комисиска расправа во Собранието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rebalansot-na-budzetot-na-komisiska-rasprava-vo-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rebalansot-na-budzetot-na-komisiska-rasprava-vo-sobranieto/#respond Thu, 15 Oct 2020 05:24:03 +0000 https://kurir.mk/?p=416524

Во Собранието од денеска почнува расправата по ребалансот на Буџетот за 2020 година, кој е втор годинава, заради справување со последиците од коронакризата. Предлог-ребалансот на Буџетот е на дневен ред во матичната Комисија за финансирање и буџет, каде расправата, согласно со собранискиот Деловник трае 10 работни дена. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ најавија 170 амандмани. Приходите со новиот ребаланс се пониски за 0,2 отсто во однос на првиот ребаланс, расходите се повисоки за 4,2 отсто, а дефицитот е зголемен за 22,6 отсто во однос на првиот ребаланс и потребен за финансирање на мерките. Вкупните приходи со измените и дополнувањата на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година се планирани на ниво од 196,4 милијарди денари и се на речиси идентично ниво во однос на планот, имајќи предвид дека со претходните измени и дополнувања на Буџетот истите беа планирани на реално ниво односно пониски за 11,5 отсто во однос на иницијалните проекции на Буџетот. Во структурата на вкупните приходи, даночните приходи учествуваат со 55,6 отсто и се планирани на ниво од 109,2 милијарди денари. Придонесите од социјално осигурување како изворни приходи на фондовите се планирани во износ од 65 милијарди денари или за 2,6 отсто повисоко во однос на планот за 2020 година. Останатите приходи – неданочни, капитални и странски донации се планирани на ниво од 22,1 милијарди денари. Вкупните расходи се планирани на ниво од 253 милијарди денари или за 4,2 отсто, односно за 10,1 милијарди денари повеќе. Врз основа на вака планираните приходи и расходи, дефицитот е позициониран во износ од 56,6 милијарди денари, односно 8,4 отсто од БДП. – Со овој ребаланс се овозможува спроведувањето на четвртиот пакет антикризни мерки, кој има за цел да обезбеди одржливост на домашните економски дејности и на работните места, да помогне одредени погодени дејности, да обезбеди стабилност на социјалните трансфери и да обезбеди политики кои ќе помогнат во спроведување брза излезна стратегија, за кога ќе заврши кризата да продолжиме со позитивните трендови на новата развојна македонска економија, оцени министерот за финансии Фатмир Бесими при претставувањето на усвоениот ребаланс од страна на Владата. Потребните средства за реализација на мерките од четвриот пакет се обезбедени со реалокација од сите институции, неискористените средства предвидени за капитални расоди, од депозитите, како и со задолжување на домашниот пазар. Министерот за финансии увери дека финансирањето е обезбедено и дека сите обврски ќе се реализираат согласно планираното, а преку реализацијата на предвидените мерки од четвртиот пакет ќе се придонесе за подобрување на вкупниот економски резултат, односно амортизирање на социо-економскиот удар од пандемијата, додека следната година се очекува заздравување на економијата со економски раст и постепена фискална консолидација. – Буџетот ќе се финансира на стабилна основа и сите обврски ќе се финансираат стабилно кон сите. За се што е потребно се обезбедени извори на средства, рече министерот. Тој потенцира дека ќе нема потреба од надворешно задолжување, туку дека потребните средства ќе се обезбедат од дома, а јавниот долг на крајот на годината се проценува на 59,5 отсто од БДП. Во новиот ребаланс, како што појасни Бесими, средства се распределени за финансиска поддршка за исплата на плата на вработени во приватниот сектор со надоместок во интервалот од 14500 до 21776 денари, во компании кои имаат поголем пад на приходите како последица на пандемијата, 4,3 милијарди денари или 70 милиони евра за домашна платежна картичка за ранливи категории погодени од КОВИД-19 за плаќање на домашни производи и услуги кај погодениите сектори, 1,6 милијарди денари или 27 милиони евра за поддршка на производители, преработувачи и извозници на грозје, наливно вино и вино во шишиња, 412 милиони денари или 6,7 милиони евра за поддршка на туристички водичи регистрирани како самостојни вршители на дејност, 9,8 милиони денари или 160.000 евра за враќање на туристичка такса за 2019 година, за остварени ноќевања – 120 милиони денари или два милиони евра, за македонски викенд шопинг со МојДДВ, при што за граѓаните кои се регистрирани на апликацијата МојДДВ ќе се врши поврат на целиот износ на ДДВ за купени домашни производи и услуги и компјутерска опрема за промет до 30.000 денари, милијарда денари или 17 милиони евра за државна гарантна шема и Царинска гаранција преку Развојната банка, со што се нуди дополнителна можност за полесен пристап до финансиски средства за поддршка на приватниот сектор, преку преземање на дел од кредитниот ризик, 799 милиони денари или 13 милиони евра за грантови за туристички агенции, игротеки и ресторани за свадби – 330 милиони денари или 5,5 милиони евра. Со ребалансот капиталните расходи се планирани на ниво од 18,4 милијарди денари или 1,2 милијарди денари пониски во однос на планот за 2020 година, а се резултат на забавени економски активности, пролонгирање на инвестициони вложувања заради изборните дејствија, како и мерки за воздржување од набавки на мебел, опрема и возила, кои суштински и директно не се поврзани со справување со здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19. Притоа, капиталните расходи на основниот буџет се на исто ниво. Министерот за финансии Фатмир Бесими очекува брзо усвојување од страна на Парламентот за што побрзо започнување со четвртиот сет мерки за помош на граѓаните, компаниите и целата економија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rebalansot-na-budzetot-na-komisiska-rasprava-vo-sobranieto/feed/ 0