ребаланс на буџет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 10 Jul 2023 16:35:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ребаланс на буџет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Коњановски побара од советот поддршка на ребалансот на буџетот за реализација на инфраструктурни проекти, поддршка на спортот, лицата со ретки болести… https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/konanovski-pobara-od-sovetot-poddrshka-na-rebalansot-na-budhetot-za-realizatsija-na-infrastrukturni-proekti-poddrshka-na-sportot-litsata-so-retki-bolesti/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/konanovski-pobara-od-sovetot-poddrshka-na-rebalansot-na-budhetot-za-realizatsija-na-infrastrukturni-proekti-poddrshka-na-sportot-litsata-so-retki-bolesti/#respond Mon, 10 Jul 2023 16:35:53 +0000 https://kurir.mk/?p=855113

Наместо со популизам, потребно е со одговорност и работа, да покажеме дека и градоначалникот и Советот имаат една цел: Граѓаните да бидат на прво место, во поубава Битола која ќе напредува. Тоа значи: решавање на проблемот со бездомните животни, нови и опремени паркови, поддршка за лицата со ретки болести, спортски напредок, подобра инфраструктура, субвенции за сите. Тоа и сакаме да го постигнеме со предложениот ребаланс на буџетот, за кој советниците од опозицијата, деновиве со лажни тврдења, сакаат да ја манипулираат јавноста, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Тони Коњановски, градоначалникот на општина Битола. -Проектите се на граѓаните и тие мора да ја знаат вистината: како се вложуваат нивните пари. Советничкиот надомест не се средства за партиски напредок на поединци, туку средства за сработеното од претставниците на граѓаните, за реализација на нови и продолжување на започнатите проекти, за што континуирано се залагам јас како градоначалник со голема поддршка од општинската администрација. Општина Битола, ја продолжува развојната визија, која ја најавивме уште во декември и во согласност со што работиме, повеќе од половина година. Развојот подразбира и измени и дополнувања според потребите кои произлегуваат во процесот на работа, токму поради што и предложениот ребаланс за утрешната седница, соодветствува на развојната компонента. На денешната прес конференција, сакам да потенцирам два важни сегменти, поврзани со работата на локалната самоуправа и ребалансот на буџетот за кој советниците на СДСМ најавија дека нема да дадат поддршка: Првиот, кој е од голема важност и се однесува на изградбата на прифатилиштето и решавањето на проблемот со бездомните животни, а вториот сегмент се однесува на проекти од витална инфраструктурна, економска, социјална и спортска важност, со чие неподдржување во ребалансот на буџетот, би се наштетило на многу области и делови од целата општина. Додека трае имплементацијата на временото решение на проблемот со кучињата скитници, преку нивно заловување и соодветен третман, подготвувајќи се за стартување со работа на надворешниот дел на прифатилиштето кое го градиме, направивме финансиска и функционална анализа на постапките кои претстојат, за да може за многу кусо време да го решиме долгогодишниот загрижувачки проблем со кучињата скитници, вели Коњановски. Тој додава дека надворешниот дел од прифатилиштето очекувам да почне со работа, најдоцна до месец октомври, што секако зависи и од експедитивноста и на неколку државни институции. Тука мислам на систематизацијата на работни места во ЈП Комуналец, каде во делот на шинтерската служба, ќе бидат потребни измени и дополнувања, а за што ќе треба да се добие и согласност од Министерството за информатичко општество и администрација. Со тоа, јавното претпријатие, ќе добие кадри кои ќе работат на собирање, транспорт и грижа за бездомните кучиња. Тука сакам да ги повикам, здруженијата за заштита на животните, кога ќе биде објавен огласот за вработување на лица за работа на прифатилиштето, да пријават свои членови на огласот, за да можеме заеднички да продолжиме со работа. Според извршената пресметка, средствата кои ќе бидат потребни за 10 вработени, на годишно ниво, изнесуваат околу 6.000.000 денари. -Паралелно работиме и на постапката за добивање дозвола за работа од Агенцијата за храна и ветеринарство. Во прифатилиштето ќе можат да се згрижат околу 50 - 60 кучиња во исто време, од констатираната бројка од околу 500 бездомни кучиња во општина Битола, со што за една година, според експертските анализи, би се намалил бројот на кучиња скитници за 75%. Исто така, многу би се намалила и моментално потребната годишна сума за ветеринарни услуги на оваа бројка кучиња, која изнесува околу 6.500.000 денари, односно околу 300 евра по куче. Намалувањето ќе произлезе од тоа што од економски оператор ќе се користи само ветеринарната услуга, а не и заловувањето, транспортот и чувањето на кучињата. На овој начин, за многу помалку пари, со финансиски исплатливо решение, ефективно и брзо ќе се реши проблемот со кучињата скитници во Битола, за што секако дека ќе побарам и поддршка од полицијата за зголемени контроли и недозволување на истовар на кучиња од други општини. Ваквата проценка и започнатите постапки, потврдуваат дека со веќе планираните 5.000.0000 денари за надворешниот дел од прифатилиштето, можеме да делуваме веднаш, а во овој момент не е решение инвестиција на 46.000.000 денари за целосна изградба на внатрешен дел од прифатилиштето, што би значело многу повеќе потрошени средства и уште многу подолг период на чекање, проблеми и опасност за граѓаните. Затоа, на оваа ставка во развојната програма за оваа година остануваат 5.000.000 денари, а со ребалансот на буџетот, останатите средства од оваа година ги пренасочуваме во програмата за уредување на градежно земјиште, односно реализација на инфраструктурни проекти, капитални расходи и други проекти со висок приоритет, за кои советниците од СДСМ, најавија дека нема да дадат поддршка, односно нема да го поддржат ребалансот на буџетот, вели Коњановски. Тој истакна дека со тоа, сакам да ја информирам јавноста, дека овие советници, преку прес конференција се изјаснија дека нема да дадат поддршка на средствата планирани за спортот и инвестициите во спортската сала, нема да поддржат финансиски средства за лицата со ретки болести, субвенции за сите апликанти за инвертер клима уреди и уште неколку проекти за кои ќе дадам детално образложение. -Конкретно, советниците од СДСМ, не поддржуваат: Нови 30.000.000 денари за спорт, со цел трите професионални спортски клубови, каде општина Битола или е целосен или малцински сопственик, да можат успешно да влезат во следната натпреварувачка сезона, односно, неподдржувањето им штети на: РК Еурофарм Пелистер: каде што општина Битола веќе активно работи во соработка со клубот на реконструкција на спортската сала согласно потребните европски стандарди за Лигата на шампиони, како и реконструкција на паркинг просторот кај салата. Во овој дел планирани се и дополнителни средства од 3.000.000 денари кои претходно беа предложени на седница на Совет од страна на СДСМ, но за да може реално да се искористат истите мора да се предвидат со ребалансот на буџетот. Со ребалансот планираме и дополнителни 2.800.000 денари, кои се обврска на општината, а кои произлегуваат уште од периодот пред потпишувањето на ракометната платформа. Значи станува збор, за долг кој требало да го регулира претходната локална самоуправа, но истиот до денес не е расистен. Кошаркарскиот клуб, каде што има нов приватен партнер кој што ќе даде дополнителен квалитет, да може да се санираат долговите од минатото, конкретно настанати во времето на претходната локална самоуправа, заради лошо планирање и проектирање на буџетот, а истото се однесува и на ФК Пелистер кој за жал сеуште е во втората лига, но организациски е многу подобро поставен од претходно, со голем потенцијал да се врати онаму каде што припаѓа. Исто така, во однос на ФК Пелистер би сакал да ја информирам јавноста дека е добиено писмо за намери за потенцијално косопствеништво на клубот со приватен партнер од странство и остварен е прв иницијален состанок, на кој што заклучено е дека, разговорите ќе продолжат во текот на оваа фудбалска сезона, но конкретни делувања во однос на преземање на фудбалскиот клуб, би започнале во април 2024 година, кога ќе биде завршена транзиционата фаза од санирање на долговите на фудбалскиот клуб. Секако дека, после тоа ќе биде водена целосно транспарентна постапка, заедно со активна вклученост на Советот и на граѓаните на општина Битола, со цел, по четврти или петти пат, доколку се воспостави соработка со приватен партнер, овојпат, за разлика од минатото, таа соработка да биде на поцврсти темели и на среден и на долг рок, бидејќи, бевме сведоци на многу неуспешни обиди, кои резултирале само со генерирање на долгови, лошо планирање и лошо работење без ефективност и без резултати, вели тој. Додава дека, доколку советниците не го изгласаат ребалансот на буџетот, ги загрозуваат трите професионални клубови, но и останатите спортски иницијативи, индивидуалниот спорт и другите спортски здруженија кои што очекуваат средства до крајот на оваа календарска година. -Неподдршката од Советот, ќе се рефлектира и на лицата со ретки болести. Во овој ребаланс на буџетот одвојуваме еден милион денари за патни трошоци на лицата со ретки болести. Како единствена општина во државата издвојуваме 500.000 денари за функционирање на Регионален советодавен центар за жртвите на семејно и родово базирано насилство, каде вкупната финансиска конструкција е еден милион денари. За сместување на бездомните лица, издвојуваме петстотини илјади денари, а дообезбедуваме средства и за проектот за општокорисна работа. Во делот на животната средина издвојуваме дополнителни средства во износ од 1.000.000 денари за заловување на кучињата, како и дополнителни средства за исплата на сите пријавени апликанти на јавниот повик за инвертер клима уреди. 5 милиони 227 илјади и петстотини денари планираме како кофинансирање за проектот „Баир – здружена акција“, што меѓудругото ќе резултира и со набавка на опрема за јавна хигиена и тоа : 1 камион со опрема со капацитет соодветен за движење и собирањена отпад во тесни улици, како и 6 косилки за одржување на јавните површини. Во ребалансот планираме и 3 милиони денари за реновирање на Копанки, два и пол милиони денари за Студенскиот парк кој треба да го изгради битолскиот универзитет, а за кој имаме идеен проект, како и повеќе од четири милиони денари за Новиот парк во Нова Битола, затоа што по изготвувањето на документацијата, сега се планираат дополнителни средства за јавна набавка за реквизити во паркот. Лицемерното однесување мора да прекине. Обвинувањата за криминално работење не само што се неосновани, туку се и грубо лажење на јавноста, зошто со неподдршката на ребалансот на буџетот, советниците треба да им одговорат и на: Жителите на улицата Драгорска, дека не се согласуваат со завршување на реконструкцијата, Дека не прифаќаат почеток на инфраструктурни активности и реконструкција на улиците во Горно и Долно Оризари, каде е потребно зголемување на средствата заради приклучоците кои треба да се заменат, затоа што тоа се позиции кои се решаваа во овој период. Сеуште верувам дека и советниците, знаат дека платени од парите на граѓаните, мора да продолжат да работат во интерес на граѓаните и ќе ја променат одлуката, со која ќе потврдат дека интересот им е Битола, а не само напредок на нивната политичка кариера преку популизам на штета на социјалните категории, болните лица, на штета на спортот, туризмот, инфраструктурата. Затоа, на утрешната седница очекувам целосна поддршка на реабалансот на буџетот, заврши Коњановски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/konanovski-pobara-od-sovetot-poddrshka-na-rebalansot-na-budhetot-za-realizatsija-na-infrastrukturni-proekti-poddrshka-na-sportot-litsata-so-retki-bolesti/feed/ 0
Продолжува собраниската расправа за ребалансот на Буџетот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-sobraniskata-rasprava-za-rebalansot-na-budzetot-3/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-sobraniskata-rasprava-za-rebalansot-na-budzetot-3/#respond Wed, 13 Jul 2022 05:33:00 +0000 https://kurir.mk/?p=704194

Собранието денеска треба да ја продолжи расправата за ребалансот на Буџетот. Седницата е закажана во 11 часот. Претходните два дена, пратениците изнесоа контра ставови за ребалансот, но разменија и меѓусебни обвинувања. СДСМ повтори дека ребалансот е насочен кон справување со економската криза, дека ќе овозможи продолжување на сите мерки за поддршка, посебно за најранливите категории граѓани, како и дека предвидува кратење на непродуктивните трошења, додека за ВМРО-ДПМНЕ и другите опозициски пратеници, земјава со брз чекор се движи кон рецесија и сиромаштија. Со ребалансот, вкупните приходи се планирани на 245,8 милијарди денари и се за 6,9 милијарди денари повисоки во однос на првичните проекции на Буџетот, додека вкупните расходи се планирани на ниво од 288,5 милијарди денари што е околу 16 милијарди денари повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2022 година. Дефицитот е планиран на ниво од 42,7 милијарди денари, односно 5,3 проценти од БДП. Капиталните расходи се планирани на ниво од 32,1 милијарда денари, а економскиот раст е проектиран на 3,2 процента. Бруто-инвестициите се очекува да имаат раст од пет проценти, при што покрај капиталните буџетски расходи, соодветен придонес се очекува и од приватните инвестиции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-sobraniskata-rasprava-za-rebalansot-na-budzetot-3/feed/ 0
Почна пленарната расправа по Дополнетиот ребаланс на Буџетот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-plenarnata-rasprava-po-dopolnetiot-rebalans-na-budzetot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-plenarnata-rasprava-po-dopolnetiot-rebalans-na-budzetot/#respond Mon, 11 Jul 2022 11:29:11 +0000 https://kurir.mk/?p=703253

Во Собранието денеска на пленарна седница се разгледува Дополнетиот ребаланс на Буџетот, што е воедно и единствена точка на дневниот ред. На почетокот од седницата, која почна со едночасовно задоцнување поради прес-конференциите на пратениците во врска со координативната седница свикана од собранискиот спикер Талат Џафери, министерот за финансии Фатмир Бесими даде образложение за Дополнетиот ребаланс на буџетот и обраќајки им се на пратениците рече оти со поддршка на ребалансот на Буџетот се дава поддршка за повисоки пензии, повисоки плати, субвенции за поддржување на земјоделците и други антикризни мерки. – Врз основа на светската ситуација и економските предизвици, очекувањата за движењето на цените како и другите развивања за зголемување на глобално ниво за политики кои се случуваат на светските пазари и за монетарните политики да се направи намалување на овој економски циклус за намалување на висока инфлација, се продолжува со подготовка на ребаланс на буџет за да се направат најпотребните работи за справување со кризата. Тука има два приоритети – прво да ја одржуваме макроекономската стабилност и да ја поддржиме економијата за справување и олеснување на последиците како и да создадеме едно одржливо ниво, појасни Бесими. Бојан Стојановски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека овој Ребаланс на буџетот се случува во многу тежок момент за државата и со овој документ, според него, се докажува дека земјава во „моментов е банкротирана и со брз чекор се движи кон рецесија и сиромаштија“. – Забелешки на вака конципираниот ребаланс имаа синдкатите, коморите, органзиацијата на работодавачи, експертите и академската јавност. Во Македонија се случува економска катастрофа и во континуитет со оваа Влада буџетскиот дефицит се зголемува, нагласи Стојановски, кој обвини дека Владата не нуди решенија, а одбива да прифати решенија кои ги нуди опозицијата. Тој посочи дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе голем број амандмани, но оние кои биле суштински не се прифатени. – ССМ и КСС не ги добија нивнтие барања, во буџетот нема линеарно зголемување на платите. Со ова нема да добиеме ништо. Потребени се предвремени избори, смета Стојановски. Според Жаклина Лазаревска, пратеничка од СДСМ, ребалансот е соодветен и навремен фискален одговор на тековните глобални случувања. – Ребалансот е целосно наменет за заздравување на економијата од пандемијата и од кризите како економска и енегретска, за поддршка на граѓаните и компаниите. Со овој ребаланс се оебзбедуваат нови 76 милиони евра за мерки за заштита на стандардот на граѓаните и поддршка на фирмите, рече Лазаревска. Согласно собранискиот Деловник, расправата по ребалансот на пленарна седница трае најмногу пет работни дена. Во изминатиот период, ребалансот на Буџетот беше разгледан на собраниската Комисија за финансирање и буџет, каде се одвиваше и амандманската расправа. Во Дополнетиот ребаланс на Буџетот се вградени амандмани со кои се обезбедуваат дополнителни 25 милиони денари за здравството, животната средина и инфраструктурата. Вкупните приходи се планирани на ниво од 245,8 милијарди денари и се за 6,9 милијарди денари повисоки во однос на иницијалните проекции на Буџетот или 2,9 проценти. Вкупните расходи се планирани на ниво од 288,5 милијарди денари или повисоко за 5,9 проценти, односно за околу 16 милијарди денари повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2022 година. Дефицитот е планиран на ниво од 42,7 милијарди денари, односно 5,3 проценти од БДП. Со ребалансот се обезбедуваат 19 милијарди денари повеќе во ставки коишто се однесуваат на имплементирање на економските мерки за поддршка на граѓаните и економијата. Меѓу нив се дополнителна финансиска поддршка од 4,7 милијарди денари за заштита на стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите, 3,2 милијарди денари за поддршка на земјоделскиот сектор, 2,4 милијарди денари за гарантиран минимален приход, повеќе средства за предвидениот раст на пензиите, за платите во образование и детска заштита, како и за поддршка на компаниите за субвенционирање на придонесите за минималната плата. Капиталните расходи се планирани на ниво од 32,1 милијарди денари, при што се планирани инвестиции во реконструкции и модернизациии со опрема кај јавните здравствени установи, капитални инвестиции во областа на образованието, детската и социјалната заштита, во областа на патната, железничката и комуналната инфраструктура, исполнување на договорите во областа на одбраната и безбедноста, како и зголемен износ на средства за рурален развој, односно хидро системи, водоснабдителни и канализациони системи, останата водостопанска инфраструктура. Економскиот раст е проектиран на 3,2 проценти придвижен од домашната потрошувачка, која се очекува да забележи раст од 3,3 проценти. Бруто-инвестициите се очекува да имаат раст од 5 проценти, при што покрај капиталните буџетски расходи, соодветен придонес се очекува и од приватните инвестиции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-plenarnata-rasprava-po-dopolnetiot-rebalans-na-budzetot/feed/ 0
Амандманска расправа за ребалансот на Буџетот на Комисијата за финансирање и буџет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amandmanska-rasprava-za-rebalansot-na-budzetot-na-komisijata-za-finansiranje-i-budzet-3/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amandmanska-rasprava-za-rebalansot-na-budzetot-na-komisijata-za-finansiranje-i-budzet-3/#respond Fri, 24 Jun 2022 12:24:19 +0000 https://kurir.mk/?p=695219

Комисијата за финансирање и буџет денеска ја продолжи амандманската расправа за ребалансот на Буџетот за 2022 година, во рамките на 38-та седница. Комисијата прифати еден амандман на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, во изменета форма, со кој ќе се обезбедат пет милиони денари за изградба на кружен тек во населено место Мислешево, охридско. Ова е втор прифатен амандман на пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ, која има поднесено над 170 амандмани. Првиот се однесуваше за одвојување на 2,5 милиони денари за расчистување на индустриската зона во Нерези. Досега се одбиени над 40 амандмани на опозицијата. Вкупно се поднесени 204 амандмани. Од нив, 170 се на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, 28 се на Алијанса на Албанците и два на парламентарното мнозинство. Согласно Деловникот за работа, расправата треба да трае 10 дена. Со ребалансот на Буџетот, вкупните приходи се планирани на ниво од 245,8 милијарди денари и се за околу 6,9 милијарди денари или 2,9 проценти повисоки во однос на иницијалните проекции на Буџетот. Износот на вкупните расходи е 288,5 милијарди денари или за околу 161,1 милијарда денари (5,9 проценти) повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2022 година. Капиталните расходи се планирани на ниво од 32,2 милијарди денари и се за околу шест милијарди денари пониски во однос на планот за 2022 година, но од власта најавуваат дека ќе продолжат проектите за изградба на патишта, железници, гасоводи. Се планира економскиот раст да биде 3,2 проценти, инфлацијата да достигне до 7,2 проценти, а дефицитот да биде 42,7 милијарди денари. Амандманската расправа треба да продолжи по еден час пауза, односно во 15 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amandmanska-rasprava-za-rebalansot-na-budzetot-na-komisijata-za-finansiranje-i-budzet-3/feed/ 0
Ограничени маржите за основните производи, нови антикризни мерки по ребалансот на Буџетот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ogranicheni-marzite-za-osnovnite-proizvodi-novi-antikrizni-merki-po-rebalansot-na-budzetot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ogranicheni-marzite-za-osnovnite-proizvodi-novi-antikrizni-merki-po-rebalansot-na-budzetot/#respond Wed, 15 Jun 2022 05:52:04 +0000 https://kurir.mk/?p=691016

Владата со ограничување на трговските маржи на основните прехранбени производи на 5 до 10 отсто повторно ќе се обиде да го спречи растот на цените на производите. На предлог на Министерството за економија вчера донесе одлука за ограничени маржи што ќе важат заклучно со 30 септември годинава. – Во консултација со бизнис заедницата и по координација со надлежните институции донесовме Одлука според која заклучно со 30 септември 2022 година за леб бел – сечен на парчиња или цел, шеќер бел како и сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло се утврдува трговска маржа во висина до 5 отсто во трговијата на големо и на мало. За брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто и јајца од кокошка за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот синџир, се утврдува трговска маржа во висина до 10 проценти во трговијата на големо и на мало, информира вчера министерот за економија Крешник Бектеши. Нагласи дека за овие производи нема да се пресметуваат оперативни трошоци и не се одобрува рабат и надоместоци кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо и тоа за рекламирање и за изложување на стоките на рафтови односно полици. – Со оваа одлука се ограничува растот на цените во наредниот период преку утврдување на висината на трговската маржа која треба да влијание на растот на цените на мало на основните прехранбени производи. На овој начин, евентуалниот раст на цените во трговијата на големо и трговијата мало ќе биде предизвикан од растот на увозните и берзанските цени, како и растот на производствените трошоци, додаде Бектеши. Според одлуката, како што нагласи министерот, се предлага рабатот и надоместоците да не се одобруваат до 31 декември 2022 година. Порача дека мерките секогаш се носaт во консултација со стопанските комори. -Не е фер кон потрошувачите во текот на 24 часа да има зголемување на цените од 80 проценти кога нема зголемување на оперативните трошоци, ниту пак на суровините. Цените на суровините државата ги следи при влезни фактури од страна на Царинската управа. Ние не сме забележале дека од 31 мај до 1 јуни толку се зголемени влезните фактури. Мислам дека доволно или повеќе од доволно е пет отсто да се има маржа за основни прехранбени производи во време на криза, посочи Бектеши. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вчера повторно потврди дека новите мерки за справување со кризата ќе почнат веднаш штом ќе биде изгласан ребалансот на Буџетот во Собранието. Тие ќе бидат насочени за најкритичните граѓани и компании. -Мерките се насочени кон најранливите категории, притисокот е голем, преземаме мерки исто како во пандемијата, првите беа за сите, а потоа за најкритичните граѓани и компании, рече Битиќи. Во врска со брзото зголемување на цените по завршувањето на мерките за основните прехранбени производи, Битиќи напомена дека тоа се должело на зголемување на маржите и било неоправдано, вештачко зголемување на цените, но по неговото укажување, цените се вратиле или стагнираат. -Во време на криза не можеш да се однесуваш како воен профитер. Апелирам на моралните вредности на стопанствениците кои треба да ја имаат предвид општата ситуација, и во пазарна економија мора да има морални и етички норми, истакна Битиќи. Групацијата на месопреработувачи и месни индустрии, пак, преку Стопанската комора побара продолжување на мерката за ослободување од царина за замрзнато свинско месо наменето за преработка. Претставници на Групацијата вчера јавно побараа средба со вицепремиерот за економски прашања Битиќи, за да ги образложат барања за продолжување на оваа мерка. – Во спротивно на краток рок за две до три недели во зависност од тековните залихи прво ќе следи нов ценовен шок од 20 до 30 отсто зголемувања на цените на месните преработки од свинско месо, второ намалување на бројот на вработени за исто така 20 до 30 отсто, а на подолг рок, зголемување на увозот и престанок со работа на некои од месопреработувачките капацитети, изјавија од Стопанската комора. Оттаму истакнаа дека тие не бараат помош, ниту субвенции, туку само изедначување на условите за стопанисување. – Оваа Индустрија со важечките царински давачки е ставена во нерамноправна положба со странските производители, пред се оние од соседството, но и од ЕУ. Готовите производи од надвор влегуваат во земјата со 0 отсто царина, а ние, домашните преработувачи, при увоз на суровина плаќаме царина во висина од 20 до 35 отсто. Ова уште повеќе ќе биде нагласено со функционирањето на Отворен Балкан, посочија од Стопанската комора. На 1 јуни годинава престанаа да важат анти кризните мерки со кои исто така беа замрзнати на маржите на основните прехранбени производи. Покрај тоа, беше намалена ставката на ДДВ за основните производи за исхрана од 5 на 0 проценти. Намалени беа и акцизите и ДДВ-то за горивата, но по завршувањето на мерката значително се зголемија цените особено на дизелот, како и на дел од основните прехранбени производи. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ogranicheni-marzite-za-osnovnite-proizvodi-novi-antikrizni-merki-po-rebalansot-na-budzetot/feed/ 0
Собранието втор ден расправа за ребалансот на Буџетот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-vtor-den-rasprava-za-rebalansot-na-budzetot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-vtor-den-rasprava-za-rebalansot-na-budzetot/#respond Tue, 14 Jun 2022 12:06:30 +0000 https://kurir.mk/?p=690711

Во собраниската Комисија за финансирање и Буџет денеска продолжи расправата за ребалансот на Буџетот за 2022 година. Пратениците од власта остануваат на ставот дека со овој ребаланс на Буџет фокусот се става кон потребите на фирмите, да се обезбеди нивна ликвидност, но и да се одржи социјалната сигурност на граѓаните. Според пратеничката од СДСМ Жаклина Лазаревска, со овој ребаланс се следи интенцијата од Буџетот за 2022 година, а тоа е да се трошат пари строго наменски. Сега, како што велат, со ребалансот уште повнимателно ќе се зајмуваат, само за неопходни работи. – Она што го правиме ние и оваа Влада е да се амортизираат налетите на сите екеконмски последици диктирани од светска економска енегретска криза. Со зголемување на платите во различни сектори и минимална плата, синдикална кошница од 2016 година до денес се зголемила за 19,3 проценти, рече денеска Лазаревска во својата реплика. Таа посочи дека постои зголемување на платите во образованието уште пред ребалансот, и тоа во основно и средно образование за 21,3 проценти. Сега има дополнително зголемување за 15 отсто. Како што посочи Лазревска, во однос на образованието се крати во делот на изградба на спортските сали во основни училишта, но не оние кои почнале да се работат. Се што е скратено е скратено во разумни рамки, а се што е почнато да се работи, ќе продолжи да се работи. Ставот на опозицијата пак, е дека овој ребаланс е директен доказ за тоа дека земјава е на раб од банкрот и е економски разрушена. Пратеникот Игор Здравковски од ВМРО-ДПМНЕ во својата реплика денеска рече дека со овој ребеланс се намалени инвестициите во инфраструктурата. Според Здравковски, наместо да инвестираме во капитални инвестиции, ние тапкаме во место. – Во Министерството за траспорт и врски нема ништо сработено. Има намалување на сума за цели 73,9 проценти, но и намалување во проектот за олеснување на трговија и транспорт за 47,7 проценти. Инвестиции во патна инфратструктура се исто така намалени за 38 проценти. Наместо да ги зголемиме инвестициите во патната инфраструктура, ние ги бркаме инвеститорите од тука и ги праќаме во други држави, рече Здравковски. Тој додаде дека стагнација постои и во однос на реформите во јавна администарција, таму како што рече, има намалување за 62,5 проценти. Исто така, како што рече, реформите се намалени и во Министерството за внатрешни работи, а во Министерството за животна средина во однос на квалитетот на воздух е намален за 15,3 проценти. Наместо тоа, посочи Здравковски, со ребалансот се предвидува покачување на трансфери до невладини организации. Тој во својата реплика и порача на власта да даде поддршка на поднесените амандмани од Сојузот на синдикати. Инаку, со ребалансот на Буџетот, вкупните приходи се планирани на ниво од 245,8 милијарди денари и се за околу 6,9 милијарди денари или 2,9 проценти повисоки во однос на иницијалните проекции на Буџетот. Износот на вкупните расходи е 288,5 милијарди денари или за околу 161,1 милијарда денари (5,9 проценти) повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2022 година. Капиталните расходи се планирани на ниво од 32,2 милијарди денари и се за околу шест милијарди денари пониски во однос на планот за 2022 година, но од власта најавуваат дека ќе продолжат проектите за изградба на патишта, железници, гасоводи…. Во ребалансот на Буџетот предвидени се околу 70 милиони евра за антикризни мерки кои, како што најавуваа владини претставници во изминатиов период, ќе бидат таргетирани кон оние на кои им се најпотребни. Расправата за ребаланс на Буџетот продолжува по пауза од еден час.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-vtor-den-rasprava-za-rebalansot-na-budzetot/feed/ 0
Расправата за ребаланс на Буџетот продолжува утре https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raspravata-za-rebalans-na-budzetot-prodolzuva-utre/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raspravata-za-rebalans-na-budzetot-prodolzuva-utre/#respond Mon, 13 Jun 2022 19:53:30 +0000 https://kurir.mk/?p=690395

Комисиската расправа во Собранието за ребалансот на Буџетот за 2022 година продолжува утре во 11 часот. Во денешната расправа пратениците од опозицијата и власта останаа со спротивставени ставови. Според пратениците од власта, со ребалансот се проектираат повеќе средства од буџетот за поддршка на стандардот на граѓаните и се поддржува економска активност, а од опозицијата остануваат на ставот дека буџетот е несоодветно димензиониран и се полни единствено на грбот на граѓаните. Пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека ребалансот е задоцнет и дека Владата требаше поефикасно и понавремено да реагира, имајќи ја во предвид и војната и генерално сите ефекти кои подоцна дојдоа како економски неповолни. – Очекувавме понови моменти во Буџетот, но за жал ништо ново. Станува збор за најрасипнички буџет досега, бидејќи е најголем во историја на економијата, но и најобемен во делот на буџетскиот дефицит. Според него, Владата треба да пристапи со помалку оптимизам а повеќе реалност, за да имаат помалку разочарувања од граѓаните. – Мерките што ги укина Владата молчејќи, а кои истекоа поради временски рокови но и неприфаќајќи ги предлозите од опозицијата и од граѓаните остава вакуум простор во кој нашата држава е единствената земја во регионот, а можеби и во Европа, која моментално на сила нема никакви ефективни антиинфлациски мерки. Вакво зголемување на буџетски дефицит не може да се каже дека е кратење на непродуктивни трошоци, ако се земе ставка стоки и услуги скоро никаде нема кратење. Не е буџет кој штеди, туку е буџет кој троши, додаде пратеникот Петрушевски. Според пратеникот Бедри Фазли од ДУИ, во услови на енергетска криза и зголемување на цените на глобално ниво, одново реконструираниот буџет ќе обезбеди поголема заштита на граѓаните, особено на социјално загрозените граѓани, но и финансиска поддршка и ливкидност на компаниите. Исто така, како што рече, со зголемување на минимална плата и со зголемување на пензиите ќе се ублажат ефектите од ценовниот шок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raspravata-za-rebalans-na-budzetot-prodolzuva-utre/feed/ 0
Ребалансот пред собраниската Комисија за финансирање и буџет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rebalansot-pred-sobraniskata-komisija-za-finansiranje-i-budzet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rebalansot-pred-sobraniskata-komisija-za-finansiranje-i-budzet/#respond Mon, 13 Jun 2022 05:49:38 +0000 https://kurir.mk/?p=690013

Собраниската комисија за финансирање и буџет, како матична комисија, денеска ја почнува расправата по ребалансот на Буџетот. Вкупните приходи се планирани на ниво од 245,8 милијарди денари и се за околу 6,9 милијарди денари или 2,9 проценти повисоки во однос на иницијалните проекции на Буџетот. Износот на вкупните расходи е 288,5 милијарди денари или за околу 161,1 милијарда денари (5,9 проценти) повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2022 година. Капиталните расходи се планирани на ниво од 32,2 милијарди денари и се за околу шест милијарди денари пониски во однос на планот за 2022 година, но од власта најавуваат дека ќе продолжат проектите за изградба на патишта, железници, гасоводи…. Економскиот раст е проектиран на 3,2 проценти што е намалување за 1,4 процентни поени во однос на макроекономските проекции кога се креираше Буџетот, а стапката на инфлација е проектирана на 7,2 проценти. Дефицитот е планиран на ниво од 42,7 милијарди денари односно 5,3 проценти од БДП што е за 9,1 процент повеќе во однос на првичниот буџет. Дефицитот и отплатата на надворешниот и на домашниот долг, како што беше посочено на презентацијата на ребалансот, ќе се финансираат преку задолжување од меѓународниот и домашниот пазар. Во ребалансот на Буџетот предвидени се околу 70 милиони евра за антикризни мерки кои, како што најавуваа владини претставници во изминатиов период, ќе бидат таргетирани кон оние на кои им се најпотребни. Сојузот на синдикати на Македонија најави амандман со кој бара во ребалансот на Буџетот да бидат обезбедени пари за зголемување на платите во јавниот сектор за 2.806 денари во нето износ. На среден рок, и покрај присутните ризици и неизвесноста, како што посочи министерот за финансии Фатмир Бесими на презентацијата на ребалансот, фискалната политика ќе продолжи кон натамошна консолидација и реструктуирање на јавните расходи со постепено намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг и поттикнување на економската активност преку капиталните расходи и инфраструктурните инвестиции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rebalansot-pred-sobraniskata-komisija-za-finansiranje-i-budzet/feed/ 0
Владата го усвои ребалансот на буџетот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladata-go-usvoi-rebalansot-na-budzetot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladata-go-usvoi-rebalansot-na-budzetot/#respond Sat, 21 May 2022 13:27:29 +0000 https://kurir.mk/?p=679883

Нови, дополнителни 76 милиони евра во случај да се потребни нови мерки за заштита на стандардот на граѓаните и поддршка за фирмите, дополнителни 52 милиони евра за земјоделците, покачување на пензиите и платите на наставниците, како и субвенции за покачување на минималната плата. Ова се обезбедува со ребалансот на Буџетот, усвоен од Владата, а кој го презентираше во јавноста министерот за финансии Фатмир Бесими. Вкупните приходи со Ребалансот се планирани на ниво од 245,8 милијарди денари и истите се за околу 6,9 милијарди денари или 2,9% повисоки во однос на иницијалните проекции на Буџетот. Вкупните расходи се планирани на ниво од 288,5 милијарди денари или повисоко за 5,9%, односно за околу 16,1 милијарди денари повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2022 година. Односно, 24,2 милијарди денари се дополнителните расходи, од кои 4,2 милијарди денари за зголемување на пензиите се реализира од ПИОМ, и 4 милијарди има кратење во буџетот со ребалансот. Врз основа на вака планираните приходи и расходи, дефицитот е планиран на ниво од 42,7 милијарди денари, односно 5,3% од БДП. „Проектирана е дополнителна финансиска поддршка од 4,7 милијарди денари за заштита на стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите во услови на продолжена криза на светскиот пазар на енергенси и примарни производи. Обезбедуваме заштита - бафер, за да имаме простор за брза реакција со нови мерки за заштита на граѓаните и стопанството. Предвидовме дополнителни 3,2 милијарди денари за субвенции за земјоделците, со цел стимулирање на приносите и амортизирање на ценовните притисоци на основните прехранбени производи. Исто така предвиден е пораст на трансферите до ЕЛС за покачување на платите на вработените во градинките, како и за вработените во основните и средните училишта за 15% почнувајќи од септември 2022 година. Пензиите се дополнително зголемени, согласно новата методологија на пресметка на пензиите. Планирани се средства за програмата за субвенционирање на придонеси за поддршка на плати“, вели Бесими. Капиталните расходи се планирани на ниво од 32,2 милијарди денари или за околу 6 милијарди денари пониски во однос на планот за 2022 година. Сепак, оваа сума е за 8,8 милијарди денари повисоко во однос на минатата година или за 16,1 милијарди денари односно два пати повисоко во однос на 2020 година. Министерот посочи дека значајни инвестициони вложувања со буџетски средства се планирани во областа на патната инфраструктура, на Коридорот 8: проширување на автопат Тетово - Гостивар, изградба на нов автопат Требеништа – Струга – Ќафасан, изградба на делница Гостивар - Букојчани, делницата Ранковце - Крива Паланка и Крива Паланка до границата со Бугарија, како и западниот дел од патниот Коридор 8 преку изградба на автопатска делница Кичево - Букојчани и делницата Кичево - Охрид. На Коридорот 10 е планирана делницата Прилеп – Битола. Дополнително, JПДП ќе изготви физибилити студија за изградба на патот Тетово - Призрен. Исто така со кредитни средства предвидена е изградбата на автопатската делница Скопје - Блаце (граница со Косово), подобрувањето на патната инфраструктура на општините во Република Северна Македонија преку Проектот за поврзување на локални патишта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladata-go-usvoi-rebalansot-na-budzetot/feed/ 0
Владата го утврди ребалансот на Буџетот за 2022 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladata-go-utvrdi-rebalansot-na-budzetot-za-2022-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladata-go-utvrdi-rebalansot-na-budzetot-za-2022-godina/#respond Fri, 20 May 2022 18:55:17 +0000 https://kurir.mk/?p=679688

Владата на денешната 47 седница го усвои предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година. Предлогот за ребаланс на Буџетот за 2022 година е насочен кон повеќе цели како што се ревидирање на иницијалните фискални проекции во согласност со променетиот макроекономски контекст во првата половина на 2022 година, инкорпорирање на фискалниот одговор на кризата, реструктурирање на буџетските расходи, зачувување на фискалната одржливост и оптимизирање на изворите на финансирање на буџетскиот дефицит, информираат од Влада. Предложените измени и дополнувања, со кратења на непродуктивните трошоци во име на солидаризирање со последиците од актуелната криза, соопштија денеска од владината прес-служба, ќе овозможи поголема заштита на животниот стандард на граѓаните, особено ранливите категории, финансиска поддршка на ликвидноста на компаниите и оптимизирање на трошоците на позајмување, поддршка на монетарна политика и создавање поповолни услови за остварување на проектираните стапки на економски раст на краток и среден рок. – Предлогот за ребалансот е донесен и врз основа на позитивните ефекти од антикризните мерки за справување со енергетската и ценовната криза кои создаваат основа за забрзување на економскиот раст во наредниот период, при очекувано постепено стабилизирање на глобалните синџири на снабдување и поповолен амбиент за инвестирање, се наведува во соопштението. За деталите од предложениот ребаланс Министерството за финансии ќе извести на прес-конференција која е предвидено да се одржи во текот на утрешниот ден. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladata-go-utvrdi-rebalansot-na-budzetot-za-2022-godina/feed/ 0