ребаланс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 04 Jul 2023 18:19:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ребаланс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во септември можен е ребаланс на Буџетот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vo-septemvri-mozhen-e-rebalans-na-budhetot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vo-septemvri-mozhen-e-rebalans-na-budhetot/#respond Tue, 04 Jul 2023 18:19:57 +0000 https://kurir.mk/?p=852690

Ако се оцени дека е потребно, можно е во септември да има ребаланс на Буџетот, рече вечерва министерот за финансии Фатмир Бесими. Како што истакна Бесими во интервју за телевизија Сител, досега средствата се реализираат според планот, а во Буџетот се обезбедени и 225 милиони евра за антикризни мерки кои стојат како резерва. -Досега, тоа што го имавме планирано, го реализираме. Во однос на приходи и расходи сме блиску до 50 отсто, во однос на дефицитот сме на 55 отсто зашто капиталните расходи годинава имаат значително поголем раст и во однос на лани за 1,5 пати имаме поголем степен на реализација, над 45 отсто во оваа фаза. Се уште сме во планот, сметаме дека до крајот на годината ќе остане во рамките на планот, може да има во септември евентуално, ако се покаже потреба, и тоа е, во вакви улсови на кризни ситуации може, ако има потреба, да се редефинираат работите. Во Буџетот имаме обезбедено и 225 милиони евра за антикризни мерки кои ни стојат како резерва, веќе 60 милиони имаме исплатено за ЕСМ во однос на субвенции за цената на струјата. Останува уште простор за поддршка до крајот на годината за потребите на граѓаните и стопанствтоо кои се најпогодени од инфлацијата и енергетската криза, истакна Бесими.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vo-septemvri-mozhen-e-rebalans-na-budhetot/feed/ 0
Собранието трет ден расправа за ребалансот на Буџетот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-tret-den-rasprava-za-rebalansot-na-budzetot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-tret-den-rasprava-za-rebalansot-na-budzetot/#respond Wed, 13 Jul 2022 12:32:28 +0000 https://kurir.mk/?p=704499

Во Собранието трет ден има расправа за Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот за 2022 година, на која пратениците од владејачкото мнозинство и опозицијата ги повторија ставовите – поддршка и критики за ребалансот. Пратениците од власта сметаат дека ребалансот треба да се поддржи максимално зашто го продолжува трендот на поддршка на стандардот на граѓаните во услови на економска, енергетска и здравствена криза. Според опозициските пратеници, ребалансот е нереален и со овие проекции буџетот нема „да издржи“ до крајот на годината. Вината, според нив, не е само увезена, како што тврди власта, туку се должи и на немањето политики на предвидливост. Александар Велјановски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека ребалансот „не е скроен по мерка на народот“, туку по мерка на владината коалиција зашто не презема ништо за спречување на ценовниот шок и ублажување на сиромаштијата во услови на, како што рече, историски највисока инфлација, највисок јавен долг и најнизок економски раст во регионот. Неговиот сопартиец Бојан Стојановски повика целиот економски тим во Владата да поднесе оставка зашто, рече тој, убедливо сме најслаби во сите економски параметри. Укажа дека со ребалансот се кратат средства за поддршка на странските инвестиции кои ќе отворат нови работни места, а поддршка не добиваат ни домашното стопанство, малите и средните претпријатија. Реагираше и на кратењето на капиталните инвестиции за сто милиони евра. – Нема ниту едно евро за нов проект… Ова е школски пример како не треба да се изработи документ особено не во ваква криза. Се пумпаат ставки за непродуктивни трошоци на сметка на оние кои треба да се помогнат во овој тежок период, рече Стојановски. Според Халил Снопче од Алијанса за Албанците, ребалансот нема да биде ефективен и смета дека Владата треба да биде загрижена за негативните параметри кои го оптоваруваат стандардот на граѓаните и да биде позаинтересирана како ќе се трошат нивните пари. -Никогаш сме немале толку високи цени – на нафтата, електричната енергија и храната. Буџетскиот дефицит е на највисоко ниво, рапидно се зголемува јавниот долг, а странските инвестиции се на најниско ниво по глава на жител споредено со земјите во соседството. Инвеститорите немаат доверба, „Дуинг бизнис“ вели дека тоа е поради високото ниво на корупција и невладеење на правото…, рече Снопче. Жаклина Лазаревска од СДСМ смета дека одат во вистинска насока, а показател за тоа, рече таа, е зголемувањето на минималната плата на 18.000 денари како една од антикризните мерки. -Минималната плата од 2016-та е зголемена за 100 отсто, а просечната плата, која сега изнесува 31.525 денари, е зголемена за 40 отсто во однос на 2016 година, рече Лазаревска. На обвинувањата од опозицијата за задолжувањето, заменик-министерот за финансии Филип Николоски се осврна на кризите во изминатите три години и неколкуте пакети за поддршка и субвенции за ранливи категории граѓани, како и повратот на ДДВ на сметките на граѓаните преку апликацијата МојДДВ – 70 милиони евра за три години. -Во минатата и предминатата година, кои беа најтешки, вративме и 770 милиони евра две еврообврзници кои беа издадени во 2014 и 2015 година. Дополнително, треба да се спремиме за идната година – имаме за враќање 450 милиони евра еврообврзница издадена во 2016 година. Фондот за пензионери е зголемен за 140 милиони евра во овие четири години, фондот за плати за вработените во јавниот сектор е зголемен за 180 милиони евра, рече Николоски. Расправата по ребалансот на третиот ден од собраниската седница ќе продолжи во 15:30 часот, по редовната пауза. Со ребалансот на Буџетот за 2022, вкупните приходи се планирани на 245,8 милијарди денари и се за 6,9 милијарди денари повисоки во однос на првичните проекции на Буџетот, додека вкупните расходи се планирани на ниво од 288,5 милијарди денари, што е околу 16 милијарди денари повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2022 година. Дефицитот е планиран на ниво од 42,7 милијарди денари, односно 5,3 проценти од БДП. Капиталните расходи се планирани на ниво од 32,1 милијарда денари, а економскиот раст е проектиран на 3,2 процента. Бруто-инвестициите се очекува да имаат раст од 5 проценти, при што покрај капиталните буџетски расходи, соодветен придонес се очекува и од приватните инвестиции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-tret-den-rasprava-za-rebalansot-na-budzetot/feed/ 0
Заврши вториот ден расправа за ребалансот на Буџетот на Комисијата за финансирање и буџет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-vtoriot-den-rasprava-za-rebalansot-na-budzetot-na-komisijata-za-finansiranje-i-budzet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-vtoriot-den-rasprava-za-rebalansot-na-budzetot-na-komisijata-za-finansiranje-i-budzet/#respond Tue, 14 Jun 2022 17:04:21 +0000 https://kurir.mk/?p=690874

Заврши вториот ден расправа за ребалансот на Буџетот за 2022 година на собраниската Комисија за финансирање и Буџет. За пратениците од власта, ребалансот на Буџетот е во насока на поефикасен одговор на последиците предизвикани од светската економска криза, а 76 милиони евра се предвидени за нови, приспособени и таргетирани мерки за помош на граѓаните и стопанството. За опозицијата, ребалансот е доказ дека државата е на раб на банкрот, јавниот долг ќе надмине рекордни 8 милијарди евра, а граѓаните секојдневно осиромашуваат. Пратеникот од СДСМ Диме Велковски посочи дека државата е во стабилна состојба, покачени се платите и пензиите, а инфлацијата во голема мерка е увезена поради руско-украинската војна. Тој потенцира дека власта вратила стари долгови од над 800 мил евра. – За да функционира економски државата, таа мора да ги исполнува сите услови, вклучително и да ги враќа своите долгови. Тоа државата успешно го прави и во време на сите овие кризи. Данокот на добивка во периодот јануари-мај годинава е за 43,1 отсто поголем во однос на 2021 година, во истиот период данокот на личен доход е поголем за 17,9 отсто, ДДВ е зголемен за 7,4 отсто, а царините за 34,2 отсто. Истовремено, бележиме и пад на јавниот долг од 2,2 процентни поени и пад на државниот долг од 1,9 процентни поени во првиот квартал од оваа година. Овие успешни економски политики мора да продолжат и затоа е потребно овој ребаланс да биде усвоен од страна на пратениците, рече Велковски. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, кој е и претседател на Комисијата за финансирање и Буџет, во реплика до Велковски рече дека инфлацијата е домашна, а увезена околу 40 проценти. – Треба да седнеме владејачко мнозинство и опозиција и да разрешиме некој прашања во интерес на граѓаните. Вака конципиран ребаланс на Буџетот нема да даде одговор на прашањата кои ги мачат граѓаните. Кризата ќе се продлабочува, новите бројки за инфлацијата ќе бидат поголеми од сегашната 12 проценти. Луѓето го губат чекорот со инфлацијата, рече Стојановски, додавајќи дека ние како држава не можеме да дадеме одговор за кризата. Велковски во контрареплика рече дека и тој е свесен дека цените растат и дека е економска криза, но Владата носи антикризни мерки кои ќе помогнат во надминување на состојбата. Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Лидија Петкоска во реплика до Велковски рече дека проекциите на власта се нереални. – Како тргнавте, ќе се даваат средства за ова, ќе се даваат средства за она, народот ќе помисли дека ништо не треба да работи оти Владата ќе му даде пари, рече Петкоска. Таа потсети дека кога се носел иницијалниот Буџет, власта велела дека тој е развоен и дека ќе се создадат услови за економски раст, за само по шест месеци, да слушнеме дека од силната развојна компонента на Буџетот, сега останува да се спаси тоа што може да се спаси. Со ребалансот на Буџетот, вкупните приходи се планирани на ниво од 245,8 милијарди денари и се за околу 6,9 милијарди денари или 2,9 проценти повисоки во однос на иницијалните проекции на Буџетот. Износот на вкупните расходи е 288,5 милијарди денари или за околу 161,1 милијарда денари (5,9 проценти) повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2022 година. Капиталните расходи се планирани на ниво од 32,2 милијарди денари и се за околу шест милијарди денари пониски во однос на планот за 2022 година, но од власта најавуваат дека ќе продолжат проектите за изградба на патишта, железници, гасоводи … Во ребалансот на Буџетот предвидени се околу 70 милиони евра за антикризни мерки кои, како што најавуваа владини претставници во изминатиов период, ќе бидат таргетирани кон оние на кои им се најпотребни. Расправата за ребаланс на Буџетот на Комисијата за финансирање и Буџет продолжува во петок во 11 часот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-vtoriot-den-rasprava-za-rebalansot-na-budzetot-na-komisijata-za-finansiranje-i-budzet/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Со ребалансот на буџетот предложен од оваа власт на СДСМ и ДУИ состојбите во економијата ќе бидат уште полоши https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-so-rebalansot-na-budzetot-predlozen-od-ovaa-vlast-na-sdsm-i-dui-sostojbite-vo-ekonomijata-kje-bidat-ushte-poloshi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-so-rebalansot-na-budzetot-predlozen-od-ovaa-vlast-na-sdsm-i-dui-sostojbite-vo-ekonomijata-kje-bidat-ushte-poloshi/#respond Tue, 24 May 2022 07:20:29 +0000 https://kurir.mk/?p=680791

Ако буџетот за 2022 од самиот старт беше неразвоен, сега после ребалансот ќе биде полош. Со кратењето на средства за капитални инвестиции како основен развоен дел во рамките на буџетот и како двигател на економијата во секоја земја. Ако на ова се надодаде катастрофалната стапка на реализација која до сега изнесува само 16,3%, тогаш несомнено е дека оваа година наместо економски блескава година, ќе заврши како невидена катастрофа, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Самата власт призна дека во буџетот предвидела стотици милиони евра непродуктивни трошоци во време на криза, кои можела од самиот почеток на годината да ги искористи за заштита на стандардот на граѓаните кој вртоглаво паѓа или заштита на компаниите кои ставија клуч на врата. Заради овие стотици милиони евра непродуктивни трошоци имаме половина милион граѓани кои живеат само со 150 денари на ден и 4.000 компании кои ставија клуч на врата од почетокот на годината. Ребалансот на буџетот покажа уште еден катастрофален податок, а тоа е дека проекцијата за раст на БДП се намалува за неверојатни 1,4%, односно економијата во најдобар случај до крајот на годината ќе порасне за 25% помалку од планираното. Тоа веројатно ќе значи дека повторно и оваа година ќе го имаме убедливо најлошиот раст на БДП во споредба со земјите од регионот. Оваа проекција за помал раст во исто време значи дека од прилика за истиот процент ќе се зголеми долгот на Македонија. А, заради оваа криминална и неспособна власт на СДСМ и ДУИ долгот достигнува рекорди и изнесува над 7 милијарди евра во овој момент. Овие и најавените над милијарда евра нови долгови ќе значат дека оваа власт за 5 години успеала да ја задолжи Македонија за ист износ колку сите влади претходно. Со оваа власт на СДСМ и ДУИ кризата ќе се продлабочува бидејќи тие се извор на кризи. Со ребалансот ништо нема да се промени на подобро, туку Македонија ќе продолжи да тоне уште повеќе. Затоа се потребни предвремени парламентарни избори час поскоро за доброто на граѓаните, државата, работниците, стопанствениците, младите, земјоделците, пензионерите, просветните, здравствените работници и сите останати, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-so-rebalansot-na-budzetot-predlozen-od-ovaa-vlast-na-sdsm-i-dui-sostojbite-vo-ekonomijata-kje-bidat-ushte-poloshi/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Ребалансот на буџетот само ги покажува безидејните политики на власта на СДСМ и ДУИ кои носат економска катастрофа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vmro-dpmne-rebalansot-na-budzetot-samo-gi-pokazuva-bezidejnite-politiki-na-vlasta-na-sdsm-i-dui-koi-nosat-ekonomska-katastrofa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vmro-dpmne-rebalansot-na-budzetot-samo-gi-pokazuva-bezidejnite-politiki-na-vlasta-na-sdsm-i-dui-koi-nosat-ekonomska-katastrofa/#respond Sat, 21 May 2022 13:37:38 +0000 https://kurir.mk/?p=679885

Како што буџетот за 2022 не беше развоен и не обезбедуваше подобар стандард на граѓаните, така и презентираниот ребаланс нема да ги промени економските состојби. Напротив ќе продолжи економскиот хаос и пропаѓање. Ребалансот на буџетот само ги покажува безидејните политики на власта на СДСМ и ДУИ, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Фатмир Бесими. Од партијата велат дека кратењето на капиталните инвестиции докажува дека оваа власт нема ниту план ниту визија како Македонија да излезе од економската криза, за која самата е одговорна. - Ако на ова се надоврзе лошата реализација, тогаш доаѓаме до заклучок дека нема да има речиси никаква активност на владата на овој план, што е клучен за економијата. Ребалансот на буџетот покажува дека оваа влада во услови на криза предвидела стотици милиони евра непродуктивни трошоци, од кои само дел се кратат. Тие стотици милиони евра требаше да бидат искористени од самиот почеток на годината за заштита на стандардот на граѓаните и поддршка на економијата. Со тоа ќе се спречеа последиците на кризата, за која и самите говореа дека занеле дека ќе дојде уште од минатата есен. Сега наместо да се превенира, ќе се потрошат двојно повеќе средства за да делумно се санираат негативните ефекти, се вели во партиската реакција. ВМРО-ДПМНЕ посочи дека јавноста веќе се изнаслуша години наназад дека владата креира акциски планови, инвестиции, мерки и програми, а резултатот од тоа е економска катастрофа. - Македонија има најмал раст на БДП, Македонија е најсиромашна држава во Европа, Македонија има една од највисоките стапки на инфлација, Македонија има над 35% од населението во ризик од сиромаштија и редица други поразителни економски резултати, се додава во реакцијата на партијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vmro-dpmne-rebalansot-na-budzetot-samo-gi-pokazuva-bezidejnite-politiki-na-vlasta-na-sdsm-i-dui-koi-nosat-ekonomska-katastrofa/feed/ 0
Се подготвува ребаланс на Буџетот, најавено зголемување на јавниот долг https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/se-podgotvuva-rebalans-na-budzetot-najaveno-zgolemuvanje-na-javniot-dolg/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/se-podgotvuva-rebalans-na-budzetot-najaveno-zgolemuvanje-na-javniot-dolg/#respond Wed, 16 Mar 2022 12:09:35 +0000 https://kurir.mk/?p=648209

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека се работи на ребаланс на Буџетот кој е очекуван во услови на криза. – Ова е најкризна година во Европа и во светот по Втората светска војна и нормално дека ќе се прави ребаланс на Буџетот. Во Министерството за финансии, службите работат на подготовка на ребалансот. Тоа не е едноставен процес. Ќе се одвива низ законски пропишаната постапка и кога ќе дојде на дневен ред, ќе биде ставен на Влада и на Собрание, рече Ковачевски по увидот во активностите за отпочнување на процесот на чистење на линданот од малата депонија во кругот на фабриката „ОХИС“. Во однос на задолжувањето, Ковачевски посочи дека тоа е веќе пропишано во Буџетот во износ од 600 милиони евра и дека најверојатно дел ќе се прави на надворешниот, а дел на домашниот пазар. Владата, како што додаде Ковачевски, е во постојан контакт и со Народната банка на државата бидејќи во услови кога има увезена светска инфлација, монетарната и фискалната политика мора да бидат координирани и хармонизирани меѓу себе. Во однос на јавниот долг, Ковачевски рече дека лани јавниот долг е намален на ниво од 59,9 проценти, но оти годинава поради актуелната криза, тој ќе биде зголемен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/se-podgotvuva-rebalans-na-budzetot-najaveno-zgolemuvanje-na-javniot-dolg/feed/ 0
Продолжува собраниската расправа за дополнетиот ребаланс на Буџетот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/prodolzuva-sobraniskata-rasprava-za-dopolnetiot-rebalans-na-budzetot-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/prodolzuva-sobraniskata-rasprava-za-dopolnetiot-rebalans-na-budzetot-2/#respond Wed, 28 Jul 2021 05:32:55 +0000 https://kurir.mk/?p=542755

Собранието денеска напладне, во рамки на 47 седница, треба да ја продолжи општата расправа за дополнетиот ребаланс на Буџетот. Во текот на вчерашниот ден пратениците повторно ги спротивставија ставовите – оние од СДСМ уште еднаш рекоа дека ребалансот е развоен и ќе овозможи инвестиции, а нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ дека е за предизборен поткуп и ќе поттикне нови непродуктивни трошења. Во дополнетиот ребаланс се вметнати осумте амандмани усвоени на Комисијата за финансирање и буџет. Општата расправа почна во четвртокот, а може да трае пет дена. Според министерот за финансии Фатмир Бесими, предложениот ребаланс ги отсликува економските и социјалните политики што ќе ги спроведува Владата, насочени кон остварување на клучните цели утврдени со стратешките приоритети. – Приоритетите до крајот на 2021 година ќе бидат насочени кон определбата за поддршка на економијата со инвестиции на инфраструктурни проекти, редизајнирање на структурата на јавните финансии преку зголемено учество на капиталните расходи, како и зајакнување на процесот на планирање, извршување и известување за јавните финансии, рече Бесими, образложувајќи го ребалансот на Буџетот пред пратениците. Министерот повтори дека здравјето на граѓаните, економијата, финансиите и општество воопшто остануваат клучни приоритети за оваа година. На дневен ред на 47-та седница, по Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот за 2021 година, се уште 46 точки. Втора точка е Предлог-резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции, која првично требаше да биде разгледана како деветта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/prodolzuva-sobraniskata-rasprava-za-dopolnetiot-rebalans-na-budzetot-2/feed/ 0
Заврши расправата од вториот ден за ребалансот на Буџетот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-raspravata-od-vtoriot-den-za-rebalansot-na-budzetot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-raspravata-od-vtoriot-den-za-rebalansot-na-budzetot/#respond Fri, 23 Jul 2021 18:31:02 +0000 https://kurir.mk/?p=541090

Собранието на Република Македонија попладнето ја продолжи расправата за ребалансот на Буџетот за 2021 година, во рамки на 47-та седница. Пратениците од опозицијата рекоа дека ребалансот на Буџетот не е развоен, дека се кратат капиталните расходи, а се зголемуваат материјалните трошоци. Тие забележаа дека Владата води погрешни економски политики, која ќе ги донесе граѓаните да бидат најзадолжени во историјата, а економијата да биде во најголема криза. Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Дејанчо Ефтимов забележа дека Владата во последните три години го зголемила долгот за 2,5 милијарди евра. – Првпат ги надминавте Мастришките критериуми. Задолжувањето во моментот е 62 отсто. Првпат јавниот долг ги надмина вкупните приходи кои ги има државата. Загрижувачки показатели, кои економистите ги толкуваат како сериозен предзнак, кои укажува дека економијата ќе се движи во негативна насока, рече Ефтимов. Тој смета дека се нереални проекциите на Владата дека растот на БДП ќе биде 4,3 отсто, а стапката на инфлација 2,1 процент. – Ова ниту држи место, ниту некој од граѓаните ќе поверува. Знаеме дека инфлацијата ќе биде многу поголема од онаа што ја проектирате. Самите граѓани ја чувствуваат оваа инфлација и на основните продукти, како маслото, има пораст од 42 отсто, кај млекото има пораст од 15, 5 проценти, истото се случува и со брашното, рече Ефтимов. Пратеникот Панчо Минов рече дека го поддржува ребалансот на Буџетот, кој, според него, соодветствува со реалната состојба во државата. – Овој ребаланс има неколку приоритетни цели. Прво е справувањето со состојбата предизвикана од Ковид-19. За справување со пандемијата се предвидени 16,5 милијарди денари, од кои 4 милијарди се дополнителни средства од овој ребаланс. Тоа се средства наменети за целосна имунизација на населението, обезбедување вакцини, лекови и друго. Втора приоритетна цел е зголемување на капиталните инвестициски расходи, кои овде се димензионирање од 30,5 милијарди денари или зголемување од 5,6 милијарди денари. Овие средства се наменети за бескаматни кредити, за најпогодените стопански дејности од здравствено-економската криза, рече Минов, додавајќи дека кај стопанствениците има голем интерес за користење на бескаматните кредити. Како трета цел на ребалансот на Буџетот Минов ја наведе зголемувањето на трансферите и субвенциите, кои се зголеми за 12,7 милијарди денари. Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Велјановски рече дека Владата пред два месеца не убедувала дека има пари во Буџетот, денеска е ребалансот во кој е предвидено буџетската дупка да се зголеми за речиси 200 милиони евра. – Оваа Влада планира да потроши 4,3 милијарди евра, а во државната каса да прибере 3,6 милијарди евра. Кога го носевме Буџетот за 2021 година, предупредувавме дека Владата планира да воведе нови даноци, нови такси и поскапувања. Денеска, неколку месеци подоцна, цената на електричната енергија се зголеми за 7,12 отсто, се воведе нов данок на имот, се планира воведување на нов „арач“ во форма на развојна обврзница, зелена, за покачување на цената на горивата за четири денари по литар, се планира воведување на прогресивен данок и друго, забележа Велјановски, кој рече дека СДСМ не знае да ја води државата. Пратеничката од СДСМ Жаклина Лазаревска рече дека преку ребалансот на Буџетот јасно се воочува дека оваа Влада не сака деспотски да владее, туку да ги решава нивните проблеми во услови и последици предизвикани од ковид-пандемијата. – Во таа насока јасно се препознава континуираната грижа на Владата за спас на сечиј човечки живот, за секое работно место, за заздравување на економијата, економска стабилност и економски развој, за подобрување на живеењето на сите граѓани, за заштита на животната средина, за земјоделството. Со ребалансот на Буџетот се обезбедени плати и субвенции, притоа не изостанува и поддршката на ранливите категории. Станува збор за продуктивен ребаланс кој ги следи економските состојби, оцени Лазаревска. Инаку, вчера министерот за финансии Фатмир Бесими, посочи дека капиталните инвестиции главно се зголемуваат во буџетската структура и стигнуваат до 11,1 процент за разлика од претходните девет години кога биле 9,5 проценти. Ако се споредиме со другите години, како што рече тој, реализацијата на капиталните инвестиции била околу 55, 60, 70 проценти, а оваа година се реализирани 81 процент. Вкупните приходи со измените и дополнувањата се планирани на ниво од 222,5 милијарди денари или се за 4,7 отсто повисоки во однос на иницијалните проекции на Буџетот. Вкупните расходи се планирани на ниво од 268,8 милијарди денари или за 8,6 отсто, повисоки во однос на планот, а планираните приходи и расходи, претпоставуваат дефицит во износ од 46,2 милијарди денари, односно 6,5 отсто од БДП. Во ребалансот е предвидено да има раст на приходите од 4,7 отсто или за околу 10 милијарди денари, повеќе средства за капитални расходи за 24 отсто, како и дополнителни средства за мерките за поддршка на домаќинствата и стопанството, за здравството и за процесот на имунизација на населението, зголемена поддршка на земјоделството и социјално ранливите категории. В понеделник Собранието ќе ја продолжи расправата за ребалансот на Буџетот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-raspravata-od-vtoriot-den-za-rebalansot-na-budzetot/feed/ 0
Втор ден дебата за ребалансот на Буџетот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vtor-den-debata-za-rebalansot-na-budzetot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vtor-den-debata-za-rebalansot-na-budzetot/#respond Fri, 23 Jul 2021 13:41:21 +0000 https://kurir.mk/?p=541003

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 47-та седница ја продолжи расправата за дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2021 година. Пратениците од опозициските партии и во денешната расправа рекоа дека ребалансот е одлика на една неодговорна власт, која ги донесе граѓаните да бидат најзадолжени во историјата, а економијата да биде во најголема криза. Бедри Фазли од ДУИ говореше за пандемијата и нејзиното влијание врз економијат во земјава, како и за напорите кои Владата ги прави да ги менаџира секторите погодени од ова светска пандемија. Во контрарепликата пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски, меѓу другото рече дека и покрај тоа што се декларираат како зелена партија, не е прифатен ниту еден од доставените амандмани од страна на опозицијата, а кои се однесуваа за заштита на животната средина. На почетокот на денешното продолжение на седницата процедурално реагираше координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, кој рече дека се работи втор ден по ребалансот на Буџетот, а дека ефективно во вчерашниот ден се има сработено само три часа. Тој со забелешка дека и денеска почетокот на седницата доцнеше околу 40-минути и дека се крати деловничката можност шо пратениците ја имаат за да ги изнесат своите ставови во врска со Ребалансот. Побара овие пет дена, колку што треба да трае расправата по Ребалансот седниците да почнуваат навреме, односно во 11 часот, а да завршат во 18 часот. Министерот за финансии Фатмир Бесими, вчера посочи дека капиталните инвестиции воглавно се зголемуваат во буџетската структура и стигнуваат до 11,1 процент за разлика од претходните девет години кога биле 9,5 проценти. Ако се споредиме со другите години, како што рече тој, реализацијата на капиталните инвестиции била отприлика 55, 60, 70 проценти, а оваа година се рализирани 81 процент. Тој, во неговото експозе наведе дека предложениот ребаланс на Буџетот ги отсликува економските и социјалните политики што ќе ги спроведува Владата, кои се насочени кон остварување на клучните цели утврдени со стратешките приоритети. Бесими нагласи дека здравјето на граѓаните, здравата економија, како и здрави финансии и општество воопшто остануваат клучни приоритети за оваа година. Вкупните приходи со измените и дополнувањата се планирани на ниво од 222,5 милијарди денари или се за 4,7 отсто повисоки во однос на иницијалните проекции на Буџетот. Вкупните расходи се планирани на ниво од 268,8 милијарди денари или за 8,6 отсто, повисоки во однос на планот, а планираните приходи и расходи, претпоставуваат дефицит во износ од 46,2 милијарди денари, односно 6,5 отсто од БДП. Во ребалансот е предвидено да има раст на приходите од 4,7 отсто или за околу 10 милијарди денари, повеќе средства за капитални расходи за 24 отсто, како и дополнителни средства за мерките за поддршка на домаќинствата и стопанството, за здравството и за процесот на имунизација на населението, зголемена поддршка на земјоделството и социјално ранливите категории. Седницата продолжува во 15 часот, по редовната пауза. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vtor-den-debata-za-rebalansot-na-budzetot/feed/ 0
Продолжува собраниската расправа за ребалансот на Буџетот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-sobraniskata-rasprava-za-rebalansot-na-budzetot-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-sobraniskata-rasprava-za-rebalansot-na-budzetot-2/#respond Fri, 23 Jul 2021 06:55:01 +0000 https://kurir.mk/?p=540621

Во рамки на 47. седница денеска во Собранието треба да продолжи расправата за дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот за 2021 година. Вкупните приходи со измените и дополнувањата се планирани на ниво од 222,5 милијарди денари или се за 4,7 отсто повисоки во однос на иницијалните проекции на Буџетот. Вкупните расходи се планирани на ниво од 268,8 милијарди денари или за 8,6 отсто, повисоки во однос на планот, а планираните приходи и расходи, претпоставуваат дефицит во износ од 46,2 милијарди денари, односно 6,5 отсто од БДП. Во ребалансот е предвидено да има раст на приходите од 4,7 отсто или за околу 10 милијарди денари, повеќе средства за капитални расходи за 24 отсто, како и дополнителни средства за мерките за поддршка на домаќинствата и стопанството, за здравството и за процесот на имунизација на населението, зголемена поддршка на земјоделството и социјално ранливите категории. По дебатата за ребалансот на Буџетот, предвидено е да се расправа за втората точка, односно предлогот на резолуција за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции. На 47. седница се наведени 47 точки на дневен ред меѓу кои и предлогот за именување член на Регулаторната комисија за домување, предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста, предлог на закон за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, како и предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Собранието на Република Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-sobraniskata-rasprava-za-rebalansot-na-budzetot-2/feed/ 0