речник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 30 Jan 2023 15:09:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png речник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Србија објавен Речник на македонски глаголи https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-objaven-rechnik-na-makedonski-glagoli/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-objaven-rechnik-na-makedonski-glagoli/#respond Mon, 30 Jan 2023 15:09:33 +0000 https://kurir.mk/?p=793816

По повод 75-годишнината од универзитетската настава по македонски јазик и литература во Србија, денеска во Музејот на обединувањето во Нови Сад беше претставен Речникот на македонските глаголи на авторот Жарко Бошњаковиќ, чие објавување е поддржано од покраинската влада, пренесува Бета. Како што соопштија од Кабинетот на покраинскиот премиер Игор Мировиќ, поддршката за оваа публикација покажала посветеност на единството и односот кон македонското национално малцинство кое живее во Србија, а особено во Војводина. Авторот на речникот и професор на Филозофскиот факултет во Нови Сад, Жарко Бошњаковиќ рече дека овој речник ќе биде корисен за студентите, но и за јазичните теоретичари и лингвисти, додека претседателот на Националниот совет на Македонците, Борче Величковски, изјави дека станува збор за „капитална работа што ќе го подигне нивото на универзитетското изучување на македонскиот јазик“. Вршителот на работи во Амбасадата на Северна Македонија, Михаела Веселинов, истакна дека ова дело заслужува почит и е од големо значење за македонскиот јазик. Соработници на речникот се Националниот совет на Македонците во Србија, весникот и издавачката институција „Македонски информативен и издавачки центар“ во Панчево, Филозофскиот факултет на Универзитетот во Нови Сад и Архивот на Војводина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-objaven-rechnik-na-makedonski-glagoli/feed/ 0
Промоција на Речник на паронимите во македонскиот јазик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-rechnik-na-paronimite-vo-makedonskiot-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-rechnik-na-paronimite-vo-makedonskiot-jazik/#respond Wed, 30 Jun 2021 05:31:39 +0000 https://kurir.mk/?p=529633

Првиот Речник на паронимите во македонскиот јазик, подготвен од Емил Ниами, а во издание на Книгоиздателството Ми-Ан, вечер ќе биде промовиран на зелениот покрив на Домот на културата „Кочо Рацин“. Промотор на делото е Анета Дучевска. Речникот на паронимите во македонскиот јазик е прв од ваков вид во македонската лексикографија. Паронимите се слични зборови во пишувањето и во изговорот, но со различно значење. Токму затоа, во македонската јазична практика многу често се јавуваат грешки во нивната употреба. Во Речникот се обработени пароними кои се зборови со општа употреба, како и термини од повеќе научни области: алгебра, анатомија, архитектура, банкарство, биологија, географија, граматика, економија, лингвистика, логика, медицина, музика, политика и др. Паронимите се подредени по азбучен ред, со објаснување на значењето на секој збор и со примери за нивна употреба во одделни фрази или реченици. Емил Ниами е роден во 1977 година во Скопје. Во 1999 година дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје на групите за Руски јазик и книжевност и Американски студии. Во 2007 година ја одбранил магистерската дисертација „Паронимите во македонскиот во споредба со рускиот јазик“. Истата година заминал како лектор по македонски јазик на Московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов“. Во 2010 година ја одбранил докторската теза „Антонимите во рускиот во споредба со македонскиот јазик“. Од 2015 година работи во Рускиот центар при УКИМ. Тој се јавува како преведувач на голем број дела од уметничката литература, но и на публицистика. Автор е на голем број научни и научно-популарни трудови објавени во земјава и во странство. Негово поле на интерес се лексикологијата, лексикографијата, традуктологијата и социолингвистиката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-rechnik-na-paronimite-vo-makedonskiot-jazik/feed/ 0
Промоција на Речникот на антоними во македонскиот јазик од Емил Ниами https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-rechnikot-na-antonimi-vo-makedonskiot-jazik-od-emil-niami/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-rechnikot-na-antonimi-vo-makedonskiot-jazik-od-emil-niami/#respond Mon, 21 Jun 2021 05:18:31 +0000 https://kurir.mk/?p=525874

Во паркот пред Културно-информативниот центар – Скопје вечер ќе биде промовиран Речникот на антоними во македонскиот јазик од Емил Ниами, издаден од Книгоиздателство Ми-Ан. Во Речникот статиите се дадени во азбучен редослед на доминантата која избира антонимиски пар, кој се употребува најчесто и има најнеутрална симетрија во поглед на стилот и на семантичкиот полнеж. При толкувањата се користени постоечките речници: Речник на македонскиот јазик со српскохрватски толкувања, Т. 1 – 3; Мурговски З. Толковен речник на македонскиот јазик; Толковен речник на македонскиот литературен јазик, том I – IV; Ширилова В. Голем лексикон на странски изрази и зборови. Промотори ќе бидат Симона Груевска – Маџоска и Мишел Павловски, а предвидена е и музичка изведба на Билјана Петровска – пијано. Емил Ниами дипломирал на Филолошкиот факултет Блаже Конески во Скопје на групите за руски јазик и книжевност и американски студии. Работи во А1 телевизија и во дневниот весник Време на различни позиции. Во 2007 година ја одбранил магистерската дисертација Паронимите во македонскиот во споредба со рускиот јазик. Истата година заминува како лектор по македонски јазик на московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов“. Во 2010 година ја брани докторската теза Антонимите во рускиот во споредба со македонскиот јазик. Од 2015 година работи во Рускиот центар при УКИМ. Тој е преведувач на голем број дела од уметничката литература, но и на публицистика. Автор е на голем број научни и научно-популарни трудови објавени во земјава и во странство. Негово поле на интерес се лексикологијата, лексикографијата, традуктологијата и социолингвистиката. Емил Ниами е автор на првиот Речник на паронимите во македонскиот јазик.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-rechnikot-na-antonimi-vo-makedonskiot-jazik-od-emil-niami/feed/ 0
Владата се огласи за скандалозниот речник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-se-oglasi-za-skandalozniot-rechnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-se-oglasi-za-skandalozniot-rechnik/#respond Fri, 07 May 2021 17:40:21 +0000 https://kurir.mk/?p=507313

Владата соопшти дека првите луѓе на редакцијата на Толковниот речник и на Институтот за македонски јазик самите понудиле привремено да бидат повлечени толкувањата на некои зборови што предизвикаа реакции во јавноста и набргу да ги заменат со толкувања соодветно на современиот лингвистички и општествен контекст. – За овој чекор согласност за содржината на соопштението даде и раководителката на проектот Толковен речник на македонскиот јазик кое беше доставено до јавноста и до сите медиуми кои побараа дополнителни толкувања. Владата во комуникацијата со Институтот и со раководниот тим на Толковникот, покажа висока почит и разбирање за стручноста и автономијата на научните работници и размената на мислења поврзана за реакциите се водеше во исклучиво контекст на социолингивистичките аспекти согласно современите општествени текови и прифатени вредности, и во таа насока понуденото решение за ново вредносно толкување, со целата почит кон методологијата на тимот научници, дојде токму од нив, соопшти вечерва владината прес-служба во врска со повлекувањето зборови и нивните толкувања откако завчера Речникот беше промовиран во електронска везрија на новата платформа makedonski.gov.mk. Во соопштението Владата наведува дека заедно со Министерството за образование и наука и Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ многу јасно и прецизно ги договориле улогите во подготовката на процесот и во поставувањето на севкупниот зборовен фонд од Толковниот речник на македонскиот јазик. Нагласува дека Речникот е научен труд и авторско дело на научниците македонисти и лингвисти од Институтот коишто се единствено стручни за оваа област и имаат и надлежност за содржината на речникот, а дека Владата понатаму ќе ја има единствено улогата да го модерира техничкиот дел на процесот и да го одржува системот. – Владата на Република Северна Македонија, согласно својата програма за унапредување на македонскиот јазик, ја реализираше дигитализацијата на вкупниот број лексеми, односно зборови, со единствена цел да им го доближи и да го стави на бесплатно располагање речникот на сите граѓани и на академската јавност во земјата и во светот, за тој редовно да се ажурира, да расте и да се развива, да се дополнува и менува. Тоа значи дека платформата makedonski.gov.mk понатаму ќе се развива заедно со сите научни работници, лектори, македонисти, и други научници кои низ својата интердисциплинарна работа опфаќаат лингвистика, и кои ќе можат редовно да го ажурираат речникот, да го дополнуваат и менуваат, за истиот да расте и да се развива, а Владата и понатаму ќе ја има единствено улогата да го модерира техничкиот дел на процесот и да го одржува системот, соопшти владината прес-служба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-se-oglasi-za-skandalozniot-rechnik/feed/ 0
Герила акција: Младите му оставија англиско македонски речник на премиерот за да го научи подобро терминот „Ваксајн“ (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gerila-akcija-mladite-mu-ostavija-anglisko-makedonski-rechnik-na-premierot-za-da-go-nauchi-podobro-terminot-vaksajn-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gerila-akcija-mladite-mu-ostavija-anglisko-makedonski-rechnik-na-premierot-za-da-go-nauchi-podobro-terminot-vaksajn-foto/#respond Wed, 10 Feb 2021 11:34:39 +0000 https://kurir.mk/?p=466743

Откако премиерот Зоран Заев стана вистински хит на социјалните мрежи со неговиот англиски јазик, герила акција се случи пред владата на Македонија. Имено неколкумина млади лица денеска пред портите на владата оставија англиско македонски речник на подарок за премиерот за да „научи“ како се изговара терминот вакцина и вакцинирање на англиски јазик. Фотографиите веднаш започнаа да се шират на социјалните мрежи, погледнете: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gerila-akcija-mladite-mu-ostavija-anglisko-makedonski-rechnik-na-premierot-za-da-go-nauchi-podobro-terminot-vaksajn-foto/feed/ 0
НОВ РЕЧНИК ВО СЛОВЕНИЈА: Во коронавреме има коронајунаци, коронаглупаци и коронаидиоти https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nov-rechnik-vo-slovenija-vo-koronavreme-ima-koronajunaci-koronaglupaci-i-koronaidioti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nov-rechnik-vo-slovenija-vo-koronavreme-ima-koronajunaci-koronaglupaci-i-koronaidioti/#respond Thu, 09 Apr 2020 10:30:20 +0000 https://kurir.mk/?p=329644

Словенечки лингвисти веќе работат на мал „корона-речник”, за да „се поправат“ англизмите и другите туѓи зборови кои се вметнуваат во јазикот за време на пандемијата на Ковид-19, социјалната оддалеченост, физичкото растојание и самоизолацијата. – Не седиме со скрстени раце деновиве, и имаме многу работа со новите зборови што продираат во словенечкиот јазик заедно со смртоносниот вирус, вели д-р Козма Ахачич – директор на Институтот за словенечки јазик за весникот „Словенске новице”. Притоа, јазичарите бараат и помош од граѓаните, кои можат да им испраќаат свои предлози преку академската платформа „Фран“. Така, од позанимливите предлози, стручњаците ги издвојуваат „коронски вирус“ како алтернативен поим за коронавирусот и „коронавреме” како замена за „корона-епидемија“. Натаму – англискиот сленг „коронаидиот“ би се превел како „коронабедак” (што на македонски би се превело како „корона-глупак“), а оние коишто, напротив, ги почитуваат прописите за физичко растојание, би се нарекле „коронајунаци”. – Други предложени сложенки со зборот „корона“, се: короназакон, коронапаника, коронапакет, противкоронски мерки и слични изрази, вели д-р Ахачич. На интернет-страницата на Институтот веќе се објавени неколку статии и научни трудови на оваа тема.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nov-rechnik-vo-slovenija-vo-koronavreme-ima-koronajunaci-koronaglupaci-i-koronaidioti/feed/ 0