редакција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 28 May 2021 08:33:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png редакција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 АВМУ до Заев: Јавните функционери да се воздржат од ставови со изразен сомнеж во кредибилноста на истражувачките новинарски стории https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avmu-do-zaev-javnite-funkcioneri-da-se-vozdrzat-od-stavovi-so-izrazen-somnez-vo-kredibilnosta-na-istrazuvachkite-novinarski-storii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avmu-do-zaev-javnite-funkcioneri-da-se-vozdrzat-od-stavovi-so-izrazen-somnez-vo-kredibilnosta-na-istrazuvachkite-novinarski-storii/#respond Fri, 28 May 2021 08:33:37 +0000 https://kurir.com.mk/?p=515936

Во врска со изјавите на премиерот Зоран Заев во интервјуто за неделникот „Фокус“, поврзани со првата епизода „Заговор против воздухот“ од документарниот серијал „Редакција“ на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), Агенцијата потенцира дека носителите на јавни функции треба да се воздржат од јавно изнесување ставови со кои се изразува сомнеж во кредибилноста на истражувачките новинарски стории, се вели во соопштението на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Тие велат дека истражувачкото новинарство е клучно во остварувањето на улогата на медиумите да ги откриваат и анализираат прашањата од јавен интерес и да служат како коректив на властите. - Во овој контекст, новинарите не треба да бидат обесхрабрувани, напротив, треба да се поттикнуваат во истражувањето различни теми поврзани со евентуални појави на корупција или злоупотреби од страна на институции или поединци. Доколку некоја засегната страна смета дека не се испочитувани стандардите и принципите на однесување утврдени во новинарските кодекси може да ги искористи постоечките механизми и да се обрати до саморегулаторните тела, појаснуваат од АВМУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avmu-do-zaev-javnite-funkcioneri-da-se-vozdrzat-od-stavovi-so-izrazen-somnez-vo-kredibilnosta-na-istrazuvachkite-novinarski-storii/feed/ 0
Редакцијата на женското списание на Ватикан поднесе оставка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/redakcijata-na-zenskoto-spisanie-na-vatikan-podnese-ostavka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/redakcijata-na-zenskoto-spisanie-na-vatikan-podnese-ostavka/#respond Tue, 26 Mar 2019 11:24:50 +0000 https://kurir.mk/?p=178933

Основачката на женското списание на Ватикан, Лучета Скарафија, како и редакцијата составена само од жени, денеска поднесоа оставка и соопштија дека тоа го направиле бидејќи Ватикан повел кампања за да ги дискредитира и стави под „директна контрола на мажите“, која е зголемена откако го осудиле сексуалното злоставување на милосрдните сестри. Основачката на списанието „Вомeн Чрч Ворлд“ (Women Church World), кој излегува еднаш месечно заедно со ватиканското списание „Л’Осерваторе Романо“, изјави дека одлуката е донесена откако новиот уредник на Л’Осерваторе Андреа Монда кон почетокот на годината соопштил дека ќе ја преземе улогата на уредник. Засега нема коментар од Ватикан. Скарафија го покрена месечниот додаток во 2012 година и го надгледуваше неговото прераснување во самостојно списание во Ватикан како женски глас за жените за прашања од интерес на целата католичка црква. Списанието, иако објавувано под покровителство на „Л’Осерваторе Романо“, уживаше уредничка независност. „Тие повторно се враќаат на праксата на избирање жени кои се послушни и кои се откажале од ’паресија’ (слобода на говор), на која папата Франциско толку често инсистира“, се наведува во соопштението на списанието. Скарафија во февруари ја вознемири јавноста во февруари кога го осуди сексуалното злоставување на милосрдните сестри од страна на свештеници и укажа на последиците од тоа – случаи кои милосрдните сестри биле принудени да абортираат или да раѓаат деца кои нивните татковци не ги признаваат. Тој напис го наведе папата Франциско по првпат да признае дека таков проблем постои и изјави дека е одлучен да направи нешто по тоа прашање. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/redakcijata-na-zenskoto-spisanie-na-vatikan-podnese-ostavka/feed/ 0