редари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 11 Aug 2021 18:56:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png редари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Павловска Данева: ДПИ нема законска надлежност да ги легитимира гостите во угостителски објект! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pavlovska-daneva-dpi-nema-zakonska-nadleznost-da-gi-legitimira-gostite-vo-ugostitelski-objekt/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pavlovska-daneva-dpi-nema-zakonska-nadleznost-da-gi-legitimira-gostite-vo-ugostitelski-objekt/#respond Wed, 11 Aug 2021 18:56:04 +0000 https://kurir.mk/?p=549383

Поранешната потпретседателка на СДСМ и универзитетски професор Ана Павловска Данева, со законско образложение за грешките во најавените мерки. „Државен пазарен инспекторат нема законска надлежност да ги легитимира гостите во угостителски објект, ниту пак да прави увид во нивните сертификати за имунизација. Значи, единствено надлежни за спроведување на новите здравствени мерки се - редарите“, пишува таа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pavlovska-daneva-dpi-nema-zakonska-nadleznost-da-gi-legitimira-gostite-vo-ugostitelski-objekt/feed/ 0
Новите мерки на Владата нејасни: Со нив се кршат основните права- редари или вработени немаат право да го идентификуваат гостинот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novite-merki-na-vladata-nejasni-so-niv-se-krshat-osnovnite-prava-redari-ili-vraboteni-nemaat-pravo-da-go-identifikuvaat-gostinot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novite-merki-na-vladata-nejasni-so-niv-se-krshat-osnovnite-prava-redari-ili-vraboteni-nemaat-pravo-da-go-identifikuvaat-gostinot/#respond Mon, 09 Aug 2021 16:33:20 +0000 https://kurir.mk/?p=548484

Одлуката на Владата е апсурдна и невозможно е да се спроведе без законски измени за кои нема време до 16ти август. Во спротивно се крши Законот за заштита на лични податоци, велат угостителите. -Факт е дека идентификација на гостин за лични податоци и податоци од медицински карактер согласно законите утврдено е дека може да го прават службени лица односно МВР и доктор да врши контрола. По ниеден закон по ниеден основ ниту редар, ниту вработен ниту било кој во угостителскиот објект нема право да го идентификува гостинот со име презиме односно со сотојбата дали е вакциниран или не, вели Здравко Јосифовски сопственик на угостителски објект и претседател на НУК. Угостителите велат дека мерката не е удар врз нив, туку удар врз граѓаните и кршење на нивните основни права. Нејасни се многу работи. Една од нив е и што со вработените во угостителските објекти кои не се вакцинирани, дали тоа значи дека после 16ти не треба да доаѓаат на работа. Угостителските објекти со капацитет под 30 гости немаат обврска за редари, вели министерот за економија Крешник Бектеши. Но тоа не значи дека и нивните гости не треба да се вакцинирани. Министерот за економија е дециден дека пазарните инспектори ќе контролираат дали мерката се почитува. Но од инспекторатот вчера изјавија дека тие немаат право да ги легитимираат гостите и засега немаат инструкции како ќе се одвива контролата врз редарските служби. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novite-merki-na-vladata-nejasni-so-niv-se-krshat-osnovnite-prava-redari-ili-vraboteni-nemaat-pravo-da-go-identifikuvaat-gostinot/feed/ 0
Филипче: Верските лидери за Велигден и Рамазан Бајрам треба да обезбедат редари пред црквите и џамиите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-verskite-lideri-za-veligden-i-ramazan-bajram-treba-da-obezbedat-redari-pred-crkvite-i-dzamiite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-verskite-lideri-za-veligden-i-ramazan-bajram-treba-da-obezbedat-redari-pred-crkvite-i-dzamiite/#respond Wed, 28 Apr 2021 13:25:50 +0000 https://kurir.mk/?p=503306

Верските лидери за Велигден и Рамазан Барјам ќе треба да обезбедат редари, задолжени за организирање на чествувањето кои би требало да се одржува надвор, односно пред црквите и џамиите, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тоа било договорено на последната средба од која, како што потсети, произлезеле и обврската да апелираат до граѓаните максимално да ги почитуваат превентивните мерки за заштита од КОВИД. По приемот на норвешката донација од 100 механички респиратори, Филипче соопшти дека кинеските вакцини најверојатно ќе пристигнат во петок, зашто веќе се стигнати на аеродромот во Истанбул. Ситуацијата со КОВИД будно се следи, повтори министерот, и не се очекува зголемување на бројките. -Кривата е веќе парабола и ја имитира онаа од ноември-декември, паѓаат бројките на новодијагностицирани, тоа се чувствува и во болниците каде приситокот се намалува и нема многу приеми и префрлања од една во друга здравствена институција како што беше случај во почетокот на април. На состанокот со верските лидери, тие земаа обврска да обезбедат редарска служба за спроведување на протоколите и секој настан да го организираат надвор, пред црквите и џамиите. Епидемиолошката ситуацијата тоа во моментот го дозволува, истакна Филипче. Според него, не е проблем излегувањето на граѓаните надвор особено сега кога времето е веќе топло и тоа го дозволува, но мерките мора да се почитуваат. -Граѓаните мора да знаат дека имаат индивидуална одговорност и дека мора да ги почитуваат мерките, истакна Филипче. Во однос на вакцините, за помош од Србија дополнително не е разговарано. Се очекува инситутот „Торлак“ да информира кога ќе ги добијат последните сертификати од контролните лаборатории во Русија. -Тоа што ние очекуваме да стигне во следниот период се кинеските вакцини и тоа во петок најверојатно рано наутро од Белград. Веќе се стигнати на аеродромот во Истанбул. Потоа, меѓу 5.000 и 7.000 вакцини на „фајзер“ секој следен понеделник во мај, близу 26.000 и очекуваме информација од ковакс-системот, рече Филипче. Околу 150.000 граѓани се во моментов пријавени за вакцинирање, а со секоја најава за нова пратка вакцини, има и дополнителни пријави од граѓани. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-verskite-lideri-za-veligden-i-ramazan-bajram-treba-da-obezbedat-redari-pred-crkvite-i-dzamiite/feed/ 0
Во Хрватска корона-редари контролираат носење маски https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-hrvatska-korona-redari-kontroliraat-nosenje-maski/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-hrvatska-korona-redari-kontroliraat-nosenje-maski/#respond Wed, 14 Oct 2020 07:22:29 +0000 https://kurir.mk/?p=416095

Во Хрватска, освен фактот дека на кафулињата и рестораните сега им е забрането да работат по полноќ, сите гости треба да носат маски насекаде, еден од новитетите е и корона-редари кои мора да обезбедат угостителските објекти, еден на секои 50 гости. – Корона-редаритесе една од мерките, тоа се лица назначени од сопствениците на објектот, нивната цел е да ги спроведат мерките на властите. Сопствениците на угостителски објекти се должни од денеска да назначуваат корона-редари, објасни за нивната функција помошникот министер за внатрешни работи Дамир  Трут за Ер-Те-Ел. На прашањето за моменталната состојба со кршење на мерките, Трут рече дека биле идентификувани 16 прекршувања на мерките во 256 инспекции. – Станува збор за непочитување на просторот и неносење или неправилно носење маски. Издадени се само предупредувања, рече Трут, додавајќи дека сите оние кои ги прекршуваат мерките на ХЗЈЗ може да бидат казнети, а има и казна за неносење маска. – Сопственикот на објектот е должен да обезбеди спроведување на мерките во неговиот објект, тој мора да осигури дека гостите носат маски. Ако тие одбијат, односно ако не го сторат тоа, казната ќе ја плати сопственикот на објектот. Постојат казни, тие се пропишани со закон, додаде Трут.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-hrvatska-korona-redari-kontroliraat-nosenje-maski/feed/ 0
Трговците задолжително да имаат редарска служба пред и во објектите, ќе има казни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trgovcite-zadolzitelno-da-imaat-redarska-sluzba-pred-i-vo-objektite-kje-ima-kazni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trgovcite-zadolzitelno-da-imaat-redarska-sluzba-pred-i-vo-objektite-kje-ima-kazni/#respond Fri, 17 Apr 2020 11:49:16 +0000 https://kurir.mk/?p=333547

Владата на вчерашната седница донесе две уредби со законска сила по предлог на Министерството за економија, а се однесуваат за работата на трговците и концесионерите на минерални суровини. Министерот за економија, Крешник Бектеши на денешната прес-конференција информира дека е донесена уредба за примена на Законот за трговија со која се поставува ред и дисциплина при влез во објектите во кои се врши трговија на мало, продавници, самопослуги, маркети, пекари… за време на траење на вонредната состојба. -Сите трговци од денеска се должни да обезбедат редарска служба при влезот во внатрешноста на објектот за да се запази минимум потребното растојание меѓу лицата пред и во објектот и да обезбеди дезинфекција за раце при влез во обејктот. Трговецот е должен да постави соодветни ознаки со кои се обележува правец на движење и запазување на минимум потребното растојание од два метри, при чекање ред на лицата пред и во обејктот и тоа пред секоја каса за наплата и пред влезот на обејктот, појасни министерот Бектеши. Доколу не се почитуваат овие одредби, најави тој, ќе следуваат глоби и тоа за малите и микро трговци предвидена е глоба од 500 до 1000 евра, додека за средните и големите трговци кои нема да ги почитуваат одредбите од оваа уредба со законска сила, предвидена е глоба од 1000 до 2000 евра. Напомена дека Државниот пазарен инспекторат ќе врши засилен инспекциски надзор. Министерот Бектеши информира дека донесена е уредба со законска сила и за примена на Законот за минерални суровини, а е предложена со цел да им се излезе пресрет на концесионерите на минерални суровини да можат непречено да работат за време на вонредната состојба. Со оваа уредба, потенцира Бектеши, роковите за постапките за концесии престануваат да течат за време на траењето на вонредната состојба и продолжуваат по истекот на траењето на вонредната состојба, но само за онолку денови колку што преостанале и тоа од денот на истекот на траењето на вонредната состојба. Целта е, подвлече тој, да се создадат услови за непречно продолжување на работата по завршувањето на вонредната состојба, без претходно концесионерите да имаат импликации по доделените концесии заради неможноста на исполнување на конкретни обврски од Законот за минерални суровини. Министерот Бектеши напомена дека со оваа уредба не се предвидува одложувањето на наплатата на  концескиот надоместок бидејќи истиот се плаќа по продадена експлоатирана количина на минерална суровина, а од друга страна обврската за наплата на концесискиот надоместок за користење на просторот истекува на 31 декември во тековната година што подразбира дека надоместокот за користење на просторот за оваа година истекува на 31 декември 2020 година и со тоа ќе се наплаќа до крајот на годината. Министерството за економија, нагласи, во изминатиот месец откако е прогласена вонредната состојба поради Ковид – 19, внимателно ја следи состојбата и предлага во Владата уредби со зкаонска сила со цел затштита на здравјтео и безбедноста на граѓаните и олеснување на условите за работа на компаниите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trgovcite-zadolzitelno-da-imaat-redarska-sluzba-pred-i-vo-objektite-kje-ima-kazni/feed/ 0