реџепи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 13 Nov 2021 09:27:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png реџепи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Киднапирана држава https://arhiva.kurir.mk/kolumni/kidnapirana-drzava/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/kidnapirana-drzava/#respond Sat, 13 Nov 2021 08:52:34 +0000 https://kurir.mk/?p=594941

Секое зло за добро, вели македонскиот народ. А пустиот, секогаш бил, е и ќе биде во право. Така беше и на 11-ти ноември, лето Господово 2021-во. Веќе нема таков, но ако некој и се сомневаше до каде и колку најниско можат да одат Заев и Ахмети, сите двоумења паднаа во вода со киднапираниот пратеник, чедо со стокхолмски синдром кое соопшти дека цели четири дена ќе се крие за да в понеделник излезе во јавност. Она, кога Кастриот го скастри човекот во себе. Да, можеби ќе му треба време да се крие и да лечи модрици, може ќе се подготвува психички да излаже дека бил во подрум, можеби ќе вежба пред огледало како се потсмева со вистината за киднапирањето, веројатно и ќе чека што ќе му напишат Зоран и Алија, па ќе учи како да го презентира и повтори ко папагалче сроченото... Како и да е, добивме уште една силна потврда дека веќе 5-та година живееме во киднапирана држава. Киднапирана Македонија. Не дека не знаевме, ама повторувањето е мајка на знаењето, нели? Епа, јест да сме повтарачи, ама има една голема разлика со ситуацијата од 2018-та, година кога ко мисири и ноеви со главите в песок ја премолчевме промената на името на државата, време кога некој од страв, некој од корист, а најголемиот број од недоумица и изненадување останаа дома и не веруваа дека некој може да отиде до таму. И додека тогаш како живи мртовци во некој забеган зомби полусон ги минавме најбитните денови за Македонија, сега работите се сменети, дуваат други, убави ветришта. Да, тогаш осуммина жигосани попуштија, срам кој ќе го јадат цел живот, па и понатаму, но сега имаме убава шанса и ние делумно да се извадиме за сите работи кои не ги направивме, за се што некој премолче, за она што друг не го направи, за оние толку нормални работи кои трет требаше да ги стори со громогласно НЕ до одродите кои ја стокмија целата ујдурма, да побараме прошка за сите гревови кон Македонија. Ок, не ги вади тоа што не го стокмија сценариото туку беа само бедни, глупави статисти и  изведувачи, знаеме сите, тоа не ги пере, ама ич. Ни нас, не не’ пере ни Вардар... Ајде, да бидеме троа фер, малку повеќе самокритични ко народ и да престанеме да ја префрламе вината само на 8-те предавници од опозицијата и армијата комуњарски одроди од СДСССССС збратимени со големоалбанците од ДУИ и компанија. Тие беа алатката, ок, ама и ние не бевме на висина на задачата, не бевме баш Македонци, нели? И нема - кој признае пола му се проштева, јок. Кој знае како светот и соседите гледале на нас, а глетката гарант не била уба, ама вината е кај нас, најголема, редно е да си признаеме. Нема доволен изговор кој ќе не’ оправда, колку и да се тешиме дека некој ко новинар зборувал и пишувал, друг ко политичар рекол не, трет плукал по телевизорот ама имал работа, четврт ги банирал сите комуњари на ФБ, петти на соц-мрежите ги отерал у ПМ, шести  кажал убав збор и дал поддршка за патритоите кои заглавија во апсаана ко теористи, седми не излегол на гласање, осми не ја признавал северна, девети не одел на одмор на југ. Секоја чест и поклон до гроба за оние малкуте кои протестираа, ама премалку беа, само и само заради нас кои не бевме таму каде што треба... И да, ај да не се лажеме, не’ заболе за зголемената цена на струјата, без пари сме биле и ќе останеме, на тоа сме навикнале и ќе преживееме и со каква и да е скапотија. Она што не’ боли најмногу се изживувањата врз Македонија, Македонците и македонштината, не знам дали се разбираме. Дали тотално сум забегал и дали разбирате дека не можам да им верувам на своите очи кога Македонец вози ауто со НМК на табличка и не наоѓа за сходно да го исчкрта тоа проклето Н, да го затскрие, покрие со син маркер, смајли да му стави, што ли? Па пола аута одамна се веќе со партијски знаци на табличка и никому ништо. Што ни е бре луѓе, толку ли станавме пифтии? Сфаќаме ли дека е време за тотален бојкот на кондом-компаниите кои го „нацртаа“ идиотското, наметнато име на своите производи? Се гребат кај Зоче ли? Морале ли? Ајдееее, мајкатааа? Па како другите не мораат? Дали сфаќате дека е стасано време новинарските екипи да ги симнат камерите на секое кажување на она на „С“ од власта која владее со бедни 59 пратеници, а гарант и дел од нив сакаат да избегаат од забеганото друштво, ама не смејат, оти и нив ќе ги киднапираат или уште полошо, некого од нивните најмили? Зрело време е за граѓанска непослушност, за неплаќање сметки, за едно големо УААААААА, северни шнајдери!!! Ако не сега, кога? Ќе се дичиме што ќе умреме со Македонија на усните ли, ама нема да направиме ништо конкретно за неа? Аман од декларативци. Арам... Еј, ајде, да не дозволиме северџанчињата да го убијат и овој прекрасен момент на македонско есенско будење, да го сотрат овој здрав есенски, македонски ветер. Нема да има уште многу шанси, возот заминува. Пред очи ни ја киднапираа Македонија и не сторивме ништо пред три години, имавме победоносен Референдум и пак не сторивме ништо, спроведоа уставни измени со уцени, закани и мафијашки методи и пак и пак и пак си седевме дома. По избориве во кои народот на Заевци им покажа каде им е местото и иднината, време е да си ја почнеме да си ја враќаме. И Македонија и самопочитта и достоинството и гордоста... Чинам, не грешам дека е крајно време за улица. Покрајно, здравје. Рецептот е едноставен, знаејќи со кого си имаме работа, го вергламе веќе два-три месеца. Избори, улица, па пак избори. Замаецот е придвижен, враќање назад нема...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/kidnapirana-drzava/feed/ 0