референдум – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 30 Sep 2023 11:04:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png референдум – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пет години од референдумот за прифаќање на Договорот меѓу Македонија и Грција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pet-godini-od-referendumot-za-prifakane-na-dogovorot-megu-makedonija-i-grtsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pet-godini-od-referendumot-za-prifakane-na-dogovorot-megu-makedonija-i-grtsija/#respond Sat, 30 Sep 2023 11:04:30 +0000 https://kurir.mk/?p=883552

На денешен ден 30. септември во 2018 година се одржа референдум со прашање: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“. Одлуката на референдумот не беше усвоена, поради тоа што не гласаа повеќе од половината граѓани запишани на избирачкиот список. Од вкупно 1.806.336, на референдумот излегоа 666.743 граѓани, или 36,91% од гласачкото тело, од кои 609.813 гласаа „ЗА“, а 37.700 гласаа „ПРОТИВ“, додека 19.230 ливчиња беа прогласени за неважечки. Владината коалиција тогаш предводена од Зоран Заев го поддржа референдумот. Многумина функционери, амбасадори и ЕУ водачи дадоа поддршка за референдумот. Од друга страна опозициската ВМРО-ДПМНЕ се закани дека ќе го бојкотира референдумот. Лидерот Хриситјан Мицкоски само неколку дена пред референдумот излезе со изјава во која кажа граѓаните да гласаат според сопственото убедување, и дека партијата ќе ги почитува мислењата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pet-godini-od-referendumot-za-prifakane-na-dogovorot-megu-makedonija-i-grtsija/feed/ 0
Премиерот на Каталонија бара референдум за независност https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierot-na-katalonija-bara-referendum-za-nezavisnost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierot-na-katalonija-bara-referendum-za-nezavisnost/#respond Mon, 11 Sep 2023 15:59:12 +0000 https://kurir.mk/?p=877012

Претседателот на каталонската влада Пере Арагонес, денеска, по повод националниот ден на Каталонија, изјави дека е неопходно да се организира референдум за независност на таа автономна покраина на североистокот на Шпанија. - Амнестијата не е и нема да биде крај на ништо. Таа е само потребен и неопходен чекор кон отворање на патот кон референдумот, изјави Арагонес во Барселона. -Каталонија треба да одлучи и ќе одлучи за својата иднина на референдум. Тоа го браниме на улица, во институциите и во преговорите, додаде тој, обраќајќи им се на шпанската влада, на кралската куќа и на судовите. Амнестијата за организаторите на забранетиот референдум во 2017 година е услов под кој двете сепаратистички партии ќе му понудат поддршка на актуелниот шпански премиер Педро Санчез да формира влада и да остане на власт уште четири години. Каталонската републиканска левица (ERC) на Арагонес и централно-десничарската партија Заедно за Каталонија (JxCat), предводена од поранешниот каталонски премиер во егзил Карлес Пуџдемон, може да добијат предност во парламентот. На крајот на месецот ќе се гласа за новата влада, по нерешените избори одржани во јули во Шпанија, на кои ниту левиот ниту десниот блок не добија мнозинство за формирање влада. Левичарската влада на Шпанија претходно соопшти дека референдумот не може да се организира бидејќи е спротивно на шпанскиот Устав.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierot-na-katalonija-bara-referendum-za-nezavisnost/feed/ 0
Австралискиот Парламент го поддржа референдумот за признавање на домородните народи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstraliskiot-parlament-go-poddrzha-referendumot-za-priznavane-na-domorodnite-narodi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstraliskiot-parlament-go-poddrzha-referendumot-za-priznavane-na-domorodnite-narodi/#respond Mon, 19 Jun 2023 07:10:01 +0000 https://kurir.mk/?p=847264

Сенатот на Австралија денеска гласаше за одржување референдум за промена на Уставот на земјата за признавање на домородните народи, Абориџините и жителите на островите на Торес Стрејт, јави ДПА. Референдумот ќе се одржи пред крајот на 2023. Според локалните медиуми, гласањето најверојатно ќе се одржи во октомври. -Заедно можеме да направиме историја со признавањето и внесувањето во Уставот на Абориџините и жителите на островот Торес, напиша австралискиот премиер Ентони Албанезе на Твитер. Министерката на домородните Австралијци Линда Барни денеска на прес-конференција изјави оти ова е еден чекор поблиску до давање глас на потребите и аспирациите на домородните Австралијци. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstraliskiot-parlament-go-poddrzha-referendumot-za-priznavane-na-domorodnite-narodi/feed/ 0
Шпанската влада ја отфрли идејата за референдум за независност на Каталонија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanskata-vlada-ja-otfrli-idejata-za-referendum-za-nezavisnost-na-katalonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanskata-vlada-ja-otfrli-idejata-za-referendum-za-nezavisnost-na-katalonija/#respond Thu, 13 Apr 2023 06:29:10 +0000 https://kurir.mk/?p=823501

Шпанската влада го отфрли предлогот на автономната област Каталонија за одржување референдум за независност, јави ДПА. -Додека е  владата на премиерот Санчез, нема да има референдум за независност на Каталонија, изјави министерката за финансии и јавни услуги, Марија Хесус Монтеро Куадрадо, во Мадрид. Таа посочи дека каталонската Влада, на регионалниот премиер Пере Арагонес, мора да се придржува до уставот на Шпанија. Арагонес во Барселона изјави дека предлогот „за решавање на каталонскиот проблем“ ќе биде изготвен во консултација со различни групи во општеството и ќе биде претставен во Мадрид најдоцна на почетокот на 2024 година. Арагонес додаде дека целта е да се направи референдум, сличен на оној во 1995 година во канадската провинција Квебек, каде што гласачите ја отфрлија независноста. -Никој не е задоволен од застојот во Каталонија, рече тој. „Конфликтот продолжува“, додаде каталонскиот премиер. Иако од различни причини, неговата изјава беше критикувана не само во Мадрид, туку и од активисти во Каталонија кои се залагаат за независност на регионот. За разлика од левичарската „Републиканска левица на Каталонија“, предводена токму од Арагонес, другите партии, како што е конзервативната „Заедно за Каталонија“, сакаат регионот да стане независен без да се чека одобрувањето на референдумот од Мадрид. По одржувањето на нелегален референдум за независност во есента 2017 година и последователната одлука за отцепување од Шпанија, Каталонија беше ставена под присилна власт на централната влада. Регионалниот премиер во тоа време, Карлес Пуџдемон, побегна во странство со другите членови на владата и сега живее во Белгија. Оние кои останаа во земјава беа осудени на 13 години затвор, но подоцна беа помилувани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanskata-vlada-ja-otfrli-idejata-za-referendum-za-nezavisnost-na-katalonija/feed/ 0
Лихтенштајн на референдум ќе одлучува за казината https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lihtenshtajn-na-referendum-ke-odluchuva-za-kazinata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lihtenshtajn-na-referendum-ke-odluchuva-za-kazinata/#respond Fri, 20 Jan 2023 13:26:45 +0000 https://kurir.mk/?p=789741

Лихтенштајн, познат по прекарот „Лас Вегас Алпа“, ќе мора да ги затвори своите шест казина доколку се изгласа референдумот закажан за 29 јануари. Поддржувачите на овој референдум тврдат дека новата индустрија ризикува да му наштети на угледот на земјата, бидејќи сега се на меѓународната црна листа на земји кои се сметаат за „даночен рај“ поради релаксираните закони за коцкање. „Не сакаме да се етаблираме како казино и жариште за покер во Европа“, рече застапникот за референдум Гидо Мајер. Претседателот на казината во Лихтенштајн, Рајнхард Фишер рече дека тие работат во рамките на законот и во некои случаи над нивото што го бара законот. Минатата година даноците од патувања, главно на странските посетители на казината во Лихтенштајн и донеле на државата 50 милиони швајцарски франци. „Ова е приход кој е важен за нашиот буџет“, рече вицепремиерката Сабине Монауни, која забраната ја оцени како „радикална и прекумерна“ и дека таа не ги решава проблемите со зависноста од коцкање. „Мораме да најдеме рамнотежа помеѓу мерките кои ќе ја намалат активноста, но во исто време нема да го уништат пазарот“, рече таа. Шест казина моментално работат во микродржавата со население од само 40.000 жители, од кои сите се отворени од 2017 година, по промената на законите за коцкање. Најмногу посетители има од Германија и соседните земји, Швајцарија и Австрија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lihtenshtajn-na-referendum-ke-odluchuva-za-kazinata/feed/ 0
Џафери: Референдумското прашање на Левица може да создаде проблем во понатамошната постапка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzaferi-referendumskoto-prashanje-na-levica-moze-da-sozdade-problem-vo-ponatamoshnata-postapka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzaferi-referendumskoto-prashanje-na-levica-moze-da-sozdade-problem-vo-ponatamoshnata-postapka/#respond Thu, 13 Oct 2022 12:29:26 +0000 https://kurir.mk/?p=744799

Начинот на кој е поставено референдумското прашање иницирано од пратеникот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев, може да создаде проблем во понатамошната постапка, изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери. -По однос на содржината на прашањето, тоа е само потсетување, не е моја обврска да навлегувам, потсетувам дека начинот на кој е поставено прашањето, може во понатамошната постапка да направи проблем, во смисла на она што укажуваат не јас, туку институциите во држава, кои утврдуваат дека таквите прашања не се општ правен акт, така што јас само го потсетувам на укажувањето на другите институции, изјави Џафери на денешната заедничка прес-конференција со претседателка на Националниот совет на швајцарскиот Федерален парламент, Ирене Келин, во одговор на новинарско прашање. Тој додаде дека подносителот на иницијативата за референдум има двегодишно искуство како пратеник и се надева оти му е позната одредбата од членот 135 од Деловникот, на кој што го упатува, бидејќи таа е јасна и прецизна по кој основ треба да се доуреди барањето. -Во секој случај ќе видиме во која насока ќе се исполнат барањата во законски предвидениот рок, додаде Џафери. Претходно Апасиев изјави дека враќањето на нивната иницијатива за референдум од страна на претседателот на Собранието е само „купување време“, но дека тие ќе ја направат корекцијата во дадениот рок и повторно ќе ја поднесат.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzaferi-referendumskoto-prashanje-na-levica-moze-da-sozdade-problem-vo-ponatamoshnata-postapka/feed/ 0
Борел ги отфрли незаконските референдуми во Украина и нивниот резултат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-gi-otfrli-nezakonskite-referendumi-vo-ukraina-i-nivniot-rezultat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-gi-otfrli-nezakonskite-referendumi-vo-ukraina-i-nivniot-rezultat/#respond Wed, 28 Sep 2022 08:48:01 +0000 https://kurir.mk/?p=738387

ЕУ го осудува одржувањето на незаконски „референдуми“ и нивниот фалсификуван исход, напиша на Твитер високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел. – Ова е уште едно кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, во услови на систематско прекршување на човековите права. Ја поздравуваме храброста на Украинците, кои продолжуваат да се спротивставуваат и да даваат отпор на руската инвазија, нагласи Борел.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-gi-otfrli-nezakonskite-referendumi-vo-ukraina-i-nivniot-rezultat/feed/ 0
Зеленски: Референдумот е фарса https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-referendumot-e-farsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-referendumot-e-farsa/#respond Wed, 28 Sep 2022 06:02:45 +0000 https://kurir.mk/?p=738288

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во синоќешното обраќањр повторно ги осуди референдумот на проруските власти во четири украински региони, нарекувајќи ги фарса. – Оваа фарса на окупираните територии не може ни да се нарече имитација на референдум, истакна Зеленски. Тој додаде дека Украина ќе го брани својот народ, кој сè уште живее под окупација во регионите Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон и во делови од регионот Харков. – Ние напредуваме и ќе ја ослободиме нашата земја, посочи Зеленски без да наведе детали од фронтот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-referendumot-e-farsa/feed/ 0
На Куба референдум за истополови бракови и сурогат мајчинство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-kuba-referendum-za-istopolovi-brakovi-i-surogat-majchinstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-kuba-referendum-za-istopolovi-brakovi-i-surogat-majchinstvo/#respond Sun, 25 Sep 2022 09:27:37 +0000 https://kurir.mk/?p=737113

Кубанците денеска на референдум ќе одлучат дали сакаат истополови бракови и сурогат мајчинство. Повеќе од осум милини Кубанци, постари од 16 години, имаат право на глас. Кубанците првпат со гласање ќе донесат одлука за некој закон. Со Законот за семејство треба да биде сменет Законот од 1975 година, кој го дефинира бракот како заедница помеѓу маж и жена. Додека Законот за семејство дозволува истополови бракови и сурогат мајчинство (под услов да не се плаќа), но им дозволува и на истополовите парови да посвојуваат деца и им се даваат родителски права на небиолошките родители. Владата на Куба сакаше да го смени Уставот во 2019 година, но го повлече предлогот поради силниот отпор на црквата и конзервативците. Кубанската Католичка црква тврди и дека „детето има право на татко и мајка“. За усвојување на законот потребни се повеќе од 50 отсто од гласовите, а ќе стапи во сила на денот кога ќе бидат познати резултатите од референдумот. Ако Законот биде одобрен, Куба ќе стане деветтата земја во Јужна Америка, која дозволува истополови бракови, по Аргентина, Бразил, Колумбија, Еквадор, Костарика, Чиле, Уругвај и делови од Мексико.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-kuba-referendum-za-istopolovi-brakovi-i-surogat-majchinstvo/feed/ 0
„Референдуми“ во Украина: Војници одат од врата до врата кај гласачите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/referendumi-vo-ukraina-vojnici-odat-od-vrata-do-vrata-kaj-glasachite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/referendumi-vo-ukraina-vojnici-odat-od-vrata-do-vrata-kaj-glasachite/#respond Sat, 24 Sep 2022 09:18:36 +0000 https://kurir.mk/?p=736843

Украинците пријавија дека вооружени војници одат од врата до врата во окупираните делови на земјата за да собираат гласови за самонаречените „референдуми“ за приклучување кон Русија. – Треба да одговорите вербално, а војникот го означува одговорот на листот и го чува, изјави една жена од Енерходар за Би-Би-Си. Во јужниот дел на Херсон, руски стражари стоеја со гласачка кутија среде градот за да ги собираат гласовите на луѓето. Гласањето од врата до врата е за „безбедност“, јавија руските државни медиуми. – Непосредното гласање ќе се одржи исклучиво на 27 септември, објави Тасс. „Останатите денови ќе се организира гласање во заедници и од врата до врата“. Една жена од Мелитопол изјави за Би-Би-Си дека двајца локални „соработници“ пристигнале со двајца руски војници во станот на нејзините родители, за да им дадат гласачко ливче да потпишат. „Татко ми рече ’не‘ [за приклучување кон Русија]“, рече жената. „Мајка ми стоеше во близина и праша што ќе се случи ако ставиш „не“. Тие рекоа: „Ништо“. „Мајка ми сега е загрижена дека Русите ќе ги прогонуваат“. Жената, исто така, рече дека има едно гласачко ливче за целото домаќинство, наместо по лице. Иако доказите се анегдотски, присуството на вооружени мажи кои го спроведуваат гласањето е во спротивност со инсистирањето на Москва дека ова е слободен или фер процес. Експертите велат дека самонаречените референдуми, кои се одржуваат пет дена, ќе и овозможат на Русија да полага право – незаконски – на четири окупирани или делумно окупирани региони на Украина. Со други зборови, лажно гласање за анексија, седум месеци по почетокот на руската инвазија. „Анексијата“ нема да биде меѓународно признаена, но може да доведе до тоа Русија да тврди дека нејзината територија е нападната од западното оружје доставено до Украина, што би можело дополнително да ја ескалира војната. Американскиот претседател Џо Бајден ги опиша референдумите како „измама“, велејќи дека тие се „лажен изговор“ за обид за анексија на делови од Украина со сила, што е прекршување на меѓународното право. „САД никогаш нема да ја признаат украинската територија како ништо друго освен како дел од Украина“, рече тој. Британскиот министер за надворешни работи, Џејмс Клеверли, рече дека Обединетото Кралство има докази дека руските власти веќе поставиле цели за „измислена излезност на гласачите и стапки на одобрување за овие лажни референдуми“. Клеверли рече дека Русија планира да ја формализира анексијата на четирите региони – Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје – до крајот на месецот. Извор од Херсон изјави за Би-Би-Си дека немало јавен напор за поттикнување на гласањето, освен најавата на руската новинска агенција дека луѓето можат да гласаат во објект во пристаниште, кој не бил користен 10 години. Друга жена во Херсон рече дека видела „вооружени милитанти“ пред зградата каде се чинело дека се одржува гласањето. Се правела дека го заборавила пасошот, па не морала да гласа. Жената рече дека сите нејзини пријатели и семејството се против референдумот. „Не знаеме како ќе ни биде животот по овој референдум“, рече таа. „Многу е тешко да се сфати што сакаат да направат. Киев вели дека референдумите нема да променат ништо, а неговите сили ќе продолжат да вршат притисок за ослободување на сите територии. Во меѓувреме, неодамнешната мобилизација на рускиот претседател Владимир Путин на најмалку 300.000 дополнителни војници предизвика многу руски военоспособни мажи да избегаат. Еден млад Русин кој замина од Санкт Петербург во Казахстан за да ја избегне мобилизацијата за програмата Outside Source на BBC World Service изјави дека повеќето негови пријатели исто така заминале. „Во моментов, се чувствувам како да е тотален колапс. Знам само можеби еден или двајца луѓе кои во моментов не размислуваат да избегаат“, рече тој. Тој рече дека некои, како него, патуваат преку граница, додека други отишле во мали руски села да се скријат. „Големиот проблем на Русија е што не размислувавме за војната во Украина во февруари како што размислуваме за неа во моментов“, рече тој. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/referendumi-vo-ukraina-vojnici-odat-od-vrata-do-vrata-kaj-glasachite/feed/ 0